Промени тема
Контакт

Скандал, градоначалникот на Прилеп со 5 директори фатени во криминал со превозот на ученици, обвини Лукароска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

„На денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обелоденува нов случај за незаконско работење на избрани и именувани функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Постои основано сомнение дека градоначалникот од Прилеп и 5 директори од средни училишта го прекршиле законот со незаконски јавни набавки“, обвини Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ Прилеп и додаде:

Бараме итна реакција на надлежното Јавно обвинителство и соодветни кривични пријави.

Имено, на 6-ти март 2023 година, директорите на 5-те средни училишта од Општина Прилеп: „Ѓорче Петров", „Кузман Јосифоски – Питу“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески – Ричко“ и Гимназијата „Мирче Ацев“, во својство на застапници на договорни органи и правни лица, склучиле Договори за јавна набавка на услуги за превоз на ученици.

— реклама —

Договорите биле со важност до 31.12.2023 година и освен времетраењето, со нивното потпишување двете страни ја прецизирале и вредноста на Договорите.

Две недели пред истекот на времетраењето на Договорите, директорите на 5-те училишта и превозниците склучиле анекси со кои важноста на Договорите ја продолжиле до 29.02.2024 година.

После првиот, следувало потпишување нов, втор по ред анекс на Договорот.

— реклама —

Меѓутоа, освен што неговата важност ја продолжиле за нови 50 дена, овој пат директорите направиле измена и во вредноста на Договорот, поточно ја зголемиле цената на услугата, што е спротивно на Законот за јавни набавки.

За целото тоа време превозниците вршеле превоз на ученици без важечки договори, а за извршената услуга доставувале фактури кои директорите ги исплаќале без претходно спроведена јавна набавка.

— реклама —

Со склучените анекси на Договорот за јавна набавка на услуги за превоз на ученици, сметаме дека постојат основи за сомневање дека директорите на 5-те средни училишта и градоначалникот на општина Прилеп направиле неколку кривични дела, меѓу кои и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“.

Од тие причини, доколку Обвинителство не отвори предмет по допрен глас, тогаш Социјалдемократскиот сојуз на Македонија до Основното јавно обвинителство Прилеп ќе поднесе кривична пријава против петтемина директори и градоначалникот на Општина Прилеп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradinka-2

Градинките во Прилеп полни, недостигот од персонал остава 150 деца на листа на чекање

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarylarnlb7pbcul2mENszF

Пожарот кај Прилеп сè уште активен: Огнот се шири во два правци, на терен се 20 доброволци

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk4ites8rfcaifQmEd84

Пожар во прилепско село: Огнот навлегол меѓу куќите, се сомнева дека е подметнат

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

Жена од прилепско пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања