Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Жена починала од сепса во прилепската болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bolnica-prilep-01

Во прилепската болница затворени се седумте операциони сали на сите одделенија поради интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“, поради која починала пациентка од сепса, објави ТВ Алфа повикувајќи се на болнички извори.

— реклама —

Починатата е една од четирите пациенти кои претходниве денови биле оперирани, две на Гинекологија, и по еден на Ортопедија и Хирургија, но поради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје.

— реклама —
— реклама —

Пациентката пред четири дена починала во Скопје. Станува збор за 52-годишна жена врз која била извршена полесна, рутинска хирурушка интервенција на Гинеколошкото одделение. Зафатот поминал без проблеми, немало крварење, но наместо да се опоравува, пациентката набрзо паднала во кома, по што ургентно била префрлена во Скопје каде што и починала

– Стручна комисија допрва треба да утврди за каков вид бактерија станува збор. Ќе треба да се почекаат и резултати од обдукцијата на починатата жена. Дотогаш, не би шпекулирале ништо. Неитните операции ќе се одложат, а додека итните ќе се прават во болниците во соседните градови – кратко одговориле од Болницата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradinka-2

Градинките во Прилеп полни, недостигот од персонал остава 150 деца на листа на чекање

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarylarnlb7pbcul2mENszF

Пожарот кај Прилеп сè уште активен: Огнот се шири во два правци, на терен се 20 доброволци

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk4ites8rfcaifQmEd84

Пожар во прилепско село: Огнот навлегол меѓу куќите, се сомнева дека е подметнат

Македонија | пред 2 месеци

semejno-nasilstvo

Жена од прилепско пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања