ПРИСЛУШУВАЊЕ

venko

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување.За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на јавноста за да се суди дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност.Доколку АНБ ова не го направи, ќе биде јасно дека ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација. Исто како што беа случаите за неколку дестабилизации, за следење со дронови, за обиди за поткуп од странски компании на премиерот и слични приказни за кои никогаш ништо не се дозна ништо повеќе.ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го користи за дневна политика исто како што тоа го прави со сите други сериозни национални прашања.Ова е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, чиј единствен интерес е како да го оттргнат вниманието од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.Добро е што веќе никој не им верува на овие потрошени стратегии од времето на Никола Груевски, кои сега се рециклираат во услови кога Владата нема никаков резултат.“ стои во објавата.

Македонија | пред 4 месеци

pesevski

АНБ служи за политички пресметки, државата изорана од странски служби, вели Пешевски

Адвокатот Драган Пешевски остро ја критикуваше работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), оценувајќи дека институцијата не ја извршува својата примарна улога – заштита на државата.„Агенцијата за национална безбедност не се грижи за безбедноста на државата (исто и претходникот ДБК) туку служи за политичките пресметки меѓу куртовци и муртовци, трошејќи наши, државни пари, а во меѓувреме како држава сме изорани од странски разузнавачки служби. Не е ни чудо што сме на нивото кое сме, ако може да се карактеризира како некакво си ‘ниво’“, напиша Пешевски.Ова доаѓа по најновите информации за нелегално, незаконско, неетичко следење и прислушување на премиерот Христијан Мицкоски, разрешената обвинителка Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.

Коментари | пред 4 месеци

Venko-SDSM-1

Имам впечаток дека само се нафрлаат работи во јавноста за да се направи фама, вели Филипче за наводите за прислушувањето и следењето

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на наводите за незаконско следење и прислушување на премиерот Христијан Мицкоски, поранешната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Нека се декласифицираат информациите. Во АНБ, во наше време, направивме сериозни реформи. Јас сум за да Обвинителство направи буквално сѐ, како и ние како пратениците и да се дознае вистината за овој случај. Имам впечаток дека само се нафрлаат работи во јавноста за да се направи фама. Нека се расчисти овој случај, јавноста заслужува“, изјави Филипче.Тој додаде дека лично има доверба во ексдиректорот на АНБ, Виктор Димовски: „Јас лично му верувам на Виктор Димовски. Но едно е моето мислење, друго е институциите“.Изјавата на Филипче доаѓа во момент кога прашањето за прислушкувањата ја отвора една од најголемите политички и институционални афери последниве години.

Македонија | пред 4 месеци

unnamed-2

Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на состанокот посветен на партнерството за отворена власт порача дека најновите информации за незаконско прислушување не се личен напад врз него, туку директен удар врз демократијата и правото на слобода.„Јас лично, тогаш како претседател на опозицијата, а денеска како премиер, заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата“, изјави Мицкоски.Тој истакна дека злоупотребата на безбедносните служби нема да остане без одговорност и најави правна разрешница. „Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Времето на недопирливи заврши“, порача премиерот.Мицкоски додаде дека партнерството за отворена власт е најсилниот одговор на ваквите злоупотреби, бидејќи, како што рече, „каде што има светлина, нема простор за сенки“.„Нашата визија е да изградиме држава со силни институции, модерна администрација и економија што расте, со општество што верува во демократијата. Македонија стои цврсто на патот на реформите, на европската интеграција и на борбата против корупцијата. И од тој пат назад нема“, нагласи премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

viktor-dimovski-prislusuvanje

Ексдиректорот на АНБ: Мицкоски не ни бил таргет, да се декласифицираат документите

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, реагираше на обвинувањата изнесени од премиерот и актуелното раководство на Агенцијата за наводни злоупотреби на државните ресурси во периодот 2019–2024 година. Тој се осврна на тоа дека сегашниот премиер Христијан Мицкоски не бил таргет на агентите, но не искоментира ништо за следењето на јавната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Одговорно тврдам дека тогашниот лидер на опозицијата, а сегашен премиер, во периодот од 2019 до 2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, ниту пак бил таргет кон кого биле применувани какви било оперативно-технички мерки,“ изјави Димовски.Тој потврди дека во тој период АНБ спровела постапки за преиспитување на безбедносни сертификати, вклучително и за еден тогашен и сегашен пратеник, поради оддавање класифицирани информации, за што била поднесена кривична пријава.„Го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, особено тие што се однесуваат на прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата. Македонската јавност има право да знае кој тоа предлагал, барал, одобрувал и кој ги извршувал наводните прислушкувања,“ порача Димовски.Тој нагласи дека очекува овојпат да нема изговори за „класифицирани информации“ и предупреди на опасноста од шпекулации со имиња на лица кои, според дел од медиумите, биле поврзувани со случајот. 

Македонија | пред 4 месеци

culev

Чулев: Кога службите стануваат политичко оружје, страда демократијата

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, оценува дека безбедносно-разузнавачките служби системски биле злоупотребувани за политички цели. Тој предупредува дека незаконското следење и прислушување не е само удар врз поединци, туку врз демократијата и довербата во институциите.Кога службите стануваат политичко оружје, страда демократијата.Внатрешните истраги во Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, како и известувањата поднесени до ОЈО за грубо кршење на законот од страна на раководители и вработени во нив, недвосмислено укажуваат на СИСТЕМСКА злоупотреба на безбедносно-разузнавачките служби.Злоупотребата на државни ресурси за следење и прислушување на лидер на опозицијата и истакнати опозициски претставници, новинари, бизнисмени, обвинители, министер и кој ли уште не, не е изолиран инцидент и удар врз поединци, туку удар врз демократијата, слободата, владеењето на правото и довербата во институциите.На виделина излегоа и причините за мојата професионална дискредитација, но и дискредитацијата на други колеги, незаконското следење, клевети и координирана манипулативна кампања со цел елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем, само поради идеолошки разлики.Уште од 2020 година, и покрај сите притисоци, измислени оперативни обработки и закани, во континуитет јавно предупредував и укажував на ризиците од незаконското постапување и злоупотребата на службите со цел демонизирање на опозицијата. Тука е и латентната колатерална штета, бидејќи манипулативните и лажни белешки не застануваат кај таргетираната личност, туку отруеното досие со години фрла сенка врз сопружници, браќа/сестри и деца – блокира работни места и сертификати, комплицира визи, работни дозволи и го лимитира пристапот до граѓански права, лепи стигма, го нарушува угледот и достоинството и на тој начин станува колективна казна.Денес, кога е евидентно дека ресурсите на службите брутално се злоупотребувале за политички, бизнис и лични интереси, повторно апелирам дека е неопходно да има целосна истрага, декласификација на дел од фабрикуваните материјали и санкционирање на нарачателите и извршителите.Ова е битка, но и можност да изградиме модерен, транспарентен и одговорен безбедносно-разузнавачки систем кој ќе ја штити државата и граѓаните, а не ќе се користи за прогон на политички неистомисленици.

Коментари | пред 4 месеци

ivica-tomovski

Директорот на СОЗР: „Ќе се обидат да ги оправдаат прислушувањата, факт е дека државните механизми биле злоупотребувани“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, реагираше по објавите за незаконско следење и прислушување во периодот од 2019 до 2024 година, истакнувајќи дека станува збор за скандал од невидени размери.„Прислушкувани биле сегашниот премиер Мицкоски, следени биле новинари, медиуми, бизнисмени. Скандал кој е од невидени размери. А ќе потсетам дека на власт дојдоа со проект ‘Вистината за Македонија’. Седум години подоцна вистината е поинаква, грда, но и болна. Тогашната власт ја следела опозицијата,“ напиша Томовски.Тој смета дека тогашните власти ќе се обидат да ги оправдаат постапките со „белешки, фабрикувани случаи и измислени причини“, а суштината е дека државните механизми биле злоупотребувани за лични интереси.„Главните прашања кои мора да бидат одговорени се: кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019 до 2024 година? Дали е впрочем за тоа одговорен сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува појасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Уште поважно е што и денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем,“ додава Томовски.Тој бара одговори за тоа кому и зошто му служеле прислушуваните материјали и дали со нив се вршеле уцени врз бизнисмени. „Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени? Времето ќе покаже, и ќе ги даде одговорите. Одговорност мора да има,“ нагласува Томовски.

Македонија | пред 4 месеци

20221121072608

Ексдиректорот на АНБ денес ќе слави, а утре ќе одговори за наводите дека незаконски се следени и прислушувани политичар, јавен обвинител и новинари

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, се огласи по повод наводите дека додека раководел со институцијата, се вршело незаконско следење и прислушување. Во кратка објава на социјалните мрежи, тој порача:„Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифинг во АНБ одржан деновиве...“.Оваа негова изјава доаѓа во контекст на најновите информации од АНБ, според кои до Јавното обвинителство биле доставени три известувања за поранешен директор и група вработени поради индиции за незаконско и непрофесионално постапување во периодот 2019–2024 година. Порталот „Плусинфо“ веќе објави дека таргети биле премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.Димовски најави дека веќе од утре ќе излезе со став и аргументиран одговор на изнесените тврдења. 

Коментари | пред 4 месеци

aleksandar-nikoloski

Александар Николоски за нелегалното прислушување: „Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани“

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира одговорните за наводната злоупотреба на тајните служби, оценувајќи дека расчистувањето е клучно за демократијата.-ОДГОВОРНОСТ И ПРОЦЕСУИРАЊЕ НА ОДГОВОРНИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!

Македонија | пред 4 месеци

sledeni

Плусинфо: Мицкоски, Русковска, новинарите Ландов и Златев биле таргети - списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем

По известувањето на АНБ дека до Обвинителството пријавиле незаконско и непрофесионално постапување и следење на лидер на опозициска партија, како и група новинари, „Плусинфо“ објави дека на списокот за незаконско следење бил и јавен обвинител. Порталот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека во периодот од 2019 до 2024 година, мета биле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поранешната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Плусинфо“ пишува дека Вилма Русковска во изјава им потврдила дека била незаконски следена.„Немам информации дали сум била прислушувана, но извор во кој имам доверба ми кажа дека сум била незаконски следена од страна на Јовче Ременски, сопругот на поранешната пратеничка Фросина Ременски, против која во тоа време поведов обвинение,“ изјави Русковска.Плусинфо со Русковска ja споделиле и информацијата дека била незаконски прислушувана, во еден или повеќе разговори со новинарот Кристијан Ландов, на што искоментирала: „Јас за тоа немам информации, но не би ме изненадило да било така. Можно е јас да сум била таргет, а можно е и новинарот да бил таргет. Се надевам дека и тоа прашање ќе се расветли“.Ландов: „Не сум имал причина да се сомневам“Порталот побарал коментар и од новинарот Ландов, кој рекол: „Не сум имал причина да се сомневам. Дали било можно или не, тоа треба да го кажат службите. Со Русковска сум имал комуникација, како и со други обвинители што работеа на предмети од јавен интерес. Таа комуникација датира од 2020 година наваму, кога Русковска беше шеф на ОЈО-ГОКК“.Златев: „Се отвораа апсурдни предмети, целта беше да бидам следен“Новинарот Љупчо Златев, пак, тврди дека уште во 2019 година добил информации од свиркачи во АНБ дека бил ставен под посебни истражни мерки.„Во периодот 2019–2024 година за мене се отвораа апсурдни предмети, со единствена цел да бидам следен и прислушуван. Се користеа белешки со измислени содржини, од луѓе кои случајно ги познавав и кои постојано се обидуваа да стапат во контакт со мене. Еден од нив е осуден за убиство, друг е подкастер и уредник, трет е измамник кој пропадна една од најголемите градежни компании,“ изјави Златев.За контрола на посебните истражни мерки, според „Плусинфо“, за целиот период бил задолжен сегашниот републички обвинител, Љупчо Коцевски.Целиот текст на Плусинфо

Македонија | пред 4 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Наместо две агенции, ќе има единствена безбедносна-разузнавачка служба, но потребно е време, вели Мицкоски

Ќе се спојуваат Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност во единствена безбедносна-разузнавачка служба, но тоа ќе е долг процес кој ќе трае. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.„Таа процедура нема да биде јавна и брза. Кога ќе биде се завршено, ќе има јавна дебата, ќе дадат експертите мислења. Се подготвуваме за оваа реформа, бидејќи најголем дел од НАТО земјите ова го имаат направено. Да бидеме трперливи“, рече Мицкоски.Според него, ова ќе биде по примерите на други држави, како Словенија и Хрватска.Ова се предвидува и со програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапи на изборите.-Во соработка со домашните експерти и граѓанскиот сектор, а со цел постигнување широка граѓанска и експертска поддршка, се предвидува спојување на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност во една единствена модерна безбедносно-разузнавачка служба. Агенцијата ќе биде раководена од високи професионалци избрани под строго утврдени критериуми според стандардите на ЕУ и НАТО. За правилно функционирање на Агенцијата, предвидуваме изградба на комплетно нов објект за таа намена, врз основа на строги безбедносни НАТО стандарди, надвор од Министерството за внатрешни работи, пишува во програмата на новата Влада која синоќа беше изгласана во Собранието“, стои во програмата.АНБ и ОТА (Оперативно-техничката агенција) произлегоа од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, по големиот скандал дека УБК прислушувала над 20 илјади граѓани.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања