Телото на Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани донесено во Македонија, погребот ќе биде утре
Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани, вчера е транспортирано во Македонија од Литванија, по што е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.Погребот на Карадакоски ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани.Карадакоски по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше на лекување во Литванија. Здравствените влати во Македонија потврдија дека тој бил најкритичниот пациент со околу 35% изгореници
Македонија | пред 1 година