РУСИЈА

88b0472ed537d2705d35117e07b3ba9511

Kој треба да го глуми Зеленски на филм

Претседателот на Украина, Волдомир Зеленски, преку ноќ ја доби поддршката на социјалните мрежи и стана еден од омилените политичари во светот. Неговите обожаватели одат дотаму што веќе размислуваат кој актер би можел да го глуми, ако се снима филм за војната во Украина. Повеќето фанови на Твитер велат дека идеален избор ќе биде Џереми Ренер, најпознат како Хокај од филмовите на Марвел и серијалот „Одмаздници“.„Дали на сите им е очигледно дека Џереми Ренер е единствениот логичен избор кој може да го глуми Зеленски во биографските филмови? Сценаристите речиси сигурно веќе подготвуваат ваков филм“, напиша корисник на Твитер кој сподели слики од претседателот и актерот.https://twitter.com/VincentVega677/status/1497917703839010820?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497917703839010820%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Freporter.mk%2Fdzet-set%2Fvojnata-ushte-ne-e-zavrshena-a-lugeto-veke-razmisluvaat-koj-treba-da-go-glumi-zelenski-na-film%2FОсвен што личат, двајцата се со приближно иста висина, длабоко поставени очи, кратка кафена коса и речиси идентична линија на вилицата.Меѓутоа, забавата на Твитер престана за брзо време, оти луѓето почнаа да пишуваат дека Украина е среде вистинска војна.https://twitter.com/NorthCaroliNats/status/1497722587496910852?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497722587496910852%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Freporter.mk%2Fdzet-set%2Fvojnata-ushte-ne-e-zavrshena-a-lugeto-veke-razmisluvaat-koj-treba-da-go-glumi-zelenski-na-film%2F„Украинците ги губат своите животи и ги уништуваат своите домови и бизниси, а ние навистина имаме луѓе кои твитаат ‘Џереми Ренер треба да го глуми Зеленски во филм за ова’, стои во коментарите“.„Тоа е најпатетичното и најневкусното нешто што можете да го замислите во моментов. Ова не е забавно. Луѓето умираат, раселени се од своите домови“, вели друг.По ова, споредбите на Твитер стивнаа. Но, за потсетување, самиот Зеленски беше актер пред да стане претседател. Во јавноста се прераскажуваат сите негови улоги, учеството во Танц со ѕвездите, како и синхронизацијата на популарни цртани филмови.

Магазин | пред 3 години

1741391b-1bd8-4bf1-8a5f-176318142687

Интернетот е преплавен со мемиња за Путин, во Русија за ова се оди во затвор

Додека овие денови беснее војната во Украина, корисниците на социјалните мрежи се забавуваат со различни монтажи на рускиот претседател Владимир Путин.https://twitter.com/theMemesBot/status/1496230064366620673?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496230064366620673%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fmagazin%2Fclanak%2Finternet-preplavili-memovi-o-putinu-u-rusiji-se-za-njih-ide-u-zatvor%2F2343946.aspxПо нападот на Путин на Украина, многу корисници на социјалните мрежи почнаа да објавуваат шеги и меми за рускиот претседател. Ваквите шеги се забранети во Русија, а на секој што ќе реши да се пошегува со некој од владејачката партија му се заканува затвор.https://twitter.com/realdogeboss/status/1498338325760917506?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498338325760917506%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fmagazin%2Fclanak%2Finternet-preplavili-memovi-o-putinu-u-rusiji-se-za-njih-ide-u-zatvor%2F2343946.aspxДоколку се шегувате со владетелите во Русија, според законот од 2019 година ви се закануваат 15 дена затвор и парична казна. Сепак, многу Руси кои завршуваат во затвор за овој прекршок подоцна се обвинети за создавање лажни вести, за што казната е многу построга.https://twitter.com/Kateryna_Kruk/status/1497731623005179904?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497731623005179904%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fmagazin%2Fclanak%2Finternet-preplavili-memovi-o-putinu-u-rusiji-se-za-njih-ide-u-zatvor%2F2343946.aspxПутин сака светот да има слика за него како силен и моќен човек, поради што во Русија е можно да се купи апсолутно се со неговиот имиџ. Маици, чаши, чоколадо, вотка, сето тоа се предмети кои го красат лицето на претседателот, а многу од нив го прикажуваат како јава мечка без маица или удира американски орел.https://twitter.com/beeple/status/1498824790727090186?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498824790727090186%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fmagazin%2Fclanak%2Finternet-preplavili-memovi-o-putinu-u-rusiji-se-za-njih-ide-u-zatvor%2F2343946.aspxhttps://twitter.com/realdogeboss/status/1498339064692436996?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498339064692436996%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fmagazin%2Fclanak%2Finternet-preplavili-memovi-o-putinu-u-rusiji-se-za-njih-ide-u-zatvor%2F2343946.aspx

Магазин | пред 3 години

275022925_5097405687041511_5113560205548415842_n

Се собираат донации за Украина! Ова се неопходни продукти!

Во скопски Ѓорче Петров е отворен пункт за собирање помош за Украина и граѓаните кои се погодени од војната која ја започна Русија. Тетјана Урбанович, Украинка која живее во Македонија упати апел до сите хумани граѓани.„Здружението на Украинци Лесја Украина и иницијатива „Greening of the planet“ отворија пункт на собирање на хуманитарна помош за Украина во -Магацин на компанија “Кодинг Горска” на адреса: Ѓорче Петров, ул. Шарпланина бр. 4 Секој работен ден од 10:00 до 19:00 часот , сабота од 10:00 до 14:00. Потребната хуманитарна помош е наведена во списокот подолу. Секоја помош е добредојдена!“, вели таа.

Македонија | пред 3 години

274957152_324226306195739_870186043837454092_n

Твитер го ограничува досегот на медиумите на Путин во Европа

Твитер објави дека ќе ги почитува санкциите на Европската унија наметнати на руските државни медиуми РТ и Спутник штом оваа одредба стапи во сила, објави синоќа социјалната мрежа.„Санкциите на Европската унија веројатно ќе бараат од нас, преку правни мерки, да ограничиме одредени содржини во земјите-членки“, рече портпаролот на Твитер во изјавата испратена до Ројтерс преку е-пошта.„Имаме намера да ја исполниме оваа наредба веднаш штом стапи во сила“, додаде тој.Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон вчера изјави дека Европската комисија очекува одобрение од земјите-членки за забрана на руските државни медиумски содржини до крајот на денот.Твитер најави дека ќе продолжи да ја ограничува видливоста на овие содржини, како и да ги означува надвор од Европската унија.Facebook, Google, YouTube и TikTok исто така најавија дека ќе го блокираат пристапот до RT и Sputnik на нивните платформи во Европската унија. Мета, која е сопственик на Фејсбук, вчера објави дека ги санкционира руските државни медиуми и на глобално ниво.

Магазин | пред 3 години

alina

Украинската пејачка се откажа од Евровизија

Организацискиот одбор во Украина, одржа уште едни избори за Евровизија, па одлучи која песна ќе ја претставува нивната земја на овој натпревар во Торино, откако Алина Паш се откажа.Украина го испраќа оркестарот Калуш и песната „Стефанија“ во Италија. Водечкиот пејач на групата Олех Псиук беше воодушевен кога ја слушна веста.-Благодарни сме на сите што не поддржаа во финалето и ни дадоа место на евровизиската сцена. На секој човек од Украина му ветуваме дека ќе ја оправдаме нивната одлука. Во овие тешки моменти за нашата земја, на сите ќе им покажеме кои сме. Подготвени сме Украина да и ја претставиме на цела Европа, изјави Псиук за официјалните евровизиски канали.Во коментарите на Јутјуб добија пораки со поддршка од целиот свет.Алина Паш, која пред неколку дена го освои првото место, објави зошто се повлече од натпреварот.-Не сакам да учествувам во оваа виртуелна војна и омраза. Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат, истакна таа.Се започна откако во јавноста протече информацијата дека Алина го посетила Крим во 2015 година, поради што почнале да ја напаѓаат на социјалните мрежи и да и се закануваат. Меѓу другото, и било кажано дека е непријател на Украина.

Магазин | пред 3 години

eksplozija-ukraina-irpen

Македонци заглавени во Харков, каде се најголемите војни

Само 20 граѓани заминале од Украина пред да почне војната. Низ безбедносни коридори, извлечени се уште 30 граѓани. Вкупно 50 граѓани биле таму. Според министерот за надворешни работи, Бујар Османи, околностите во Украина ќе се влошуваат.„15 се монитори во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ. 15 наши граѓани, цивили, се извлечени, во партнерска соработка со други држави, пред се со Бугарија. Шестмина од нив од ЕСА, а десет преку конвои на Бугарија, кои извлегкуваа 200 нивни граѓани“, кажа министерот Бујар Османи.Тој додаде: „Очекуваме денеска да ги извлечеме и остантите монитори. Има семејство со петдневно бебе во Харкив каде се одвиваат најголемите воени дејствија. Во постојана комуникација сме со нив. Не можеле да одговорат на повикот, бидејќи чекале породување. Имаме комуникација со многу држави, за тие кои имаат пристап до тој град, кој се наоѓа до границата со Русија, да го извлечеме тоа семејството“.

Македонија | пред 3 години

269763897_805643980301785_3353312909023763222_n

Македонски возачи на камиони заглавени во Украина, не ги пуштаат да излезат од државата со руска роба

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, посочи дека македонски возачи на камиони се заглавени во Украина. Тие не можат да ја напуштат државата, бидејќи украинските власти не дозволуваат да излезат од државата бидејќи превезувале руска стока.„Имаме проблем со транспортери, кои се на границата Украина-Полска. Тргнале од Русија накај дома. Не ги пуштаат Украинците бидејќи во нивните камиони имаат руски продукти. Тие се на безбедно. Можат само сами да ја напуштат државата, но не и со камионите. Тие се во камионите сега. Се обиде нашиот амбасадор од Варшава да ги извлече, отиде на границата, но Украинците имаат други проблеми, не ги пуштаат“, рече Османи.Досега, досенесна е одлука за војна и хуманитарна помош од Македонија до Украина, а пак, истовремено, Владата го затвори воздушниот простор за Русите.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-02-28-at-09.40.42

ВИДЕО: Пристигна укранската делегација на преговори со Русија

Делегатите на Украина на местото на преговорите пристигнаа со хеликоптер. Претходно, на границата меѓу Унгарија и Белорусија пристигнаа руските делегати. Меѓу делегатите на Украина е и министерот за одбрана Резников.https://twitter.com/nexta_tv/status/1498215362881544194

пред 3 години

profimedia-0664566147-830x0-1

Последни информации за Македонците кои се евакуираат од Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Омсани, на социјалните мрежи објави последни информации за Македонците кои се евакуираа од Украина„Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава.Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош“, се вели во објавата.Претходно МНР информираше дека е во постојан контакт со Властите на Романија и Унгарија, од каде исто така е остварена соработка и овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина.„Граѓаните кои се во можност треба да се упатат во западниот дел на Украина, кон Конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево. Информираме дека на овие локации ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина преку овие земји. Во постојан контакт сме и со Властите во Молдавија, од каде исто така имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација.Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со сите наши партнери, и се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори/конвои. Во таа насока информираме дека е активиран и механизмот на ЕУ за цивилна заштита, и за евентуално новите воспоставени коридори МНР дополнително ќе информира.Оние наши државјани кои сѐ уште не оставиле свои податоци, веднаш да го контактираат Министерството за надворешни работи, со цел достава на прецизни податоци и информации за нивната локација и состојба, со цел да се оствари можност да бидат дел од координацијата на процесот за евакуација.Потсетуваме дека дежурниот телефонски број +389 75 273 732 е постојано активен“, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

son-pen-vo-ukraina-3

(ФОТО) Актерот Шон Пен испрати порака од Украина: Ова е брутална грешка

Американскиот актер и режисер Шон Пен моментално е во Украина, каде планира да сними документарен филм за тековниот конфликт, а во изјава за „People“ рече дека „американската душа ќе биде изгубена“ доколку Украинците се остават сами на себе.Тој целиот конфликт го нарече „брутална грешка“. „Тоа е веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца, а ако не попушти, верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво“, рече Пен.Тој понатаму рече дека претседателот Зеленски и украинскиот народ се издигнале како историски симболи на храброст и принципи, и ја нарече Украина врвното „копје на демократијата“.– Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена – изјави познатиот актер. Како што објавија украинските медиуми пред неколку дена, Пен дошол во оваа земја за да му ја каже на светот вистината за руската инвазија. 

Магазин | пред 3 години

makedonski-semejstva-vo-ukraina

Македонските семејства кои бараа помош денес ќе бидат евакуирани од Украина

Информираме дека денес, преку воспоставениот коридор обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија, две семејства со наши државјани од Одеса, Украина, веќе се дел од коридорот и очекуваме во текот на денот да пристигнат во Бугарија. Во контекст на истата соработка, упатуваме апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, доколку се во можност, да се упатат во Одеса, во просториите на Генералниот Конзулат на Република Бугарија, од каде сѐ уште има активни коридори за евакуација.Информираме дека сме во постојан контакт со Властите на Романија и Унгарија, од каде исто така е остварена соработка и овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина. Граѓаните кои се во можност треба да се упатат во западниот дел на Украина, кон Конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево. Информираме дека на овие локации ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина преку овие земји. Во постојан контакт сме и со Властите во Молдавија, од каде исто така имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација.Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со сите наши партнери, и се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори/конвои. Во таа насока информираме дека е активиран и механизмот на ЕУ за цивилна заштита, и за евентуално новите воспоставени коридори МНР дополнително ќе информира.Оние наши државјани кои сѐ уште не оставиле свои податоци, веднаш да го контактираат Министерството за надворешни работи, со цел достава на прецизни податоци и информации за нивната локација и состојба, со цел да се оствари можност да бидат дел од координацијата на процесот за евакуација.Потсетуваме дека дежурниот телефонски број +389 75 273 732 е постојано активен.

Македонија | пред 3 години

51826228506_db015eee40_c

Македонија воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата за руските авиокомпании

Владата на Република Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација.Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.„Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација“, велат од Владата.

Македонија | пред 3 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

И Македонија го затвора воздушниот простор за руските авиони

И Македонија го затвора воздушниот простор за руските авиони, откако тоа го направија повеќе европски земји во изминативе неколку дена.Оваа информација ја објави самиот министер за надворешни работи Бујар Османи.„Владата тукушто одлучи да им се придружи на други ЕУ држави во забраната за прелет на руските авиони во воздушниот простор. Ние сме одлучни во нашата поддршка за Украина и ја повикуваме Русија веднаш да престане со воените акции. #StandWithUkraine“ – напиша на друштвените мрежи Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Македонија | пред 3 години

dd7f163d-0119-4186-804f-01ee028afd5f

(ФОТО) Хрватските репортери примија 5 деца во комбе: Таткото останува во војната, мајката е во Полска

Од вчера изутрина од Киев патуваат телевизиските екипи на Н1, Нова ТВ и РТЛ. Се јавија неодамна, беа блиску до границата со Полска. Репортерот на Н1 откри дека во комбето примиле и пет деца. Таткото на три од петмината ги замолил да ги пренесат преку граница кај нивната мајка која е во Полска. Тој останува. Ќе се бори за Украина. Леона Шиљег од РТЛ изјави дека нивното комбе се заглавило во калта.„Ова патување е многу тешко, сите прашуваат кога ќе стигнеме, колку време ќе трае. Но имаше и непредвидени проблеми. Нашето комбе се заглави, чекаме да не извлечат за да продолжиме понатаму. Се надеваме дека ќе го извлечеме ова комбе од калта, продолжи кон Полска“, изјави Леона Сиљег.https://twitter.com/Ana_Mlinaric/status/1497566783347343368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497566783347343368%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fhrvatski-reporteri-u-kombi-primili-5-djece-otac-ostaje-u-borbi-majka-je-u-poljskoj%2F2342880.aspx„Илјадници луѓе во своите автомобили сега го чекаат третиот ден за да преминат од Украина во Полска. Можете да ја видите и оваа група млади луѓе кои решиле да ги земат куферите во рака и едноставно да одат до граничниот премин бидејќи е речиси овде е невозможно да се движат автомобили“, изјави Ана Млинариќ.„Кога дојдовме до задниот дел од колоната, таа беше долга 40 километри, но сигурна сум дека се зголеми бројот на автомобили кои чекаат да ја поминат оваа граница. Успеавме да се пробиеме до 30-от километар од преминот и гледаме колку време сме тука, а тука сме веќе околу три часа, бидејќи оваа колона едвај се помести“, додаде таа.Та вели дека биле шокирани што некои луѓе се во колоната се од четвртокот наутро, односно од моментот кога Путин ја започнал војната со Украина.„Одлучија да одат на безбедно место и видовме многу семејства кои имаат паркирани автомобили од страна и кои сега ја поминаа границата, по третата ноќ  помината во автомобили чекајќи некако да се реши оваа ситуација. Има многу семејства со деца. Во комбето примивме и пет деца и ќе се обидеме да ги донесеме на граничниот премин. Нѐ праша полицијата. Мајката на децата е од другата страна на границата во Полска“, вели таа.„Ќе се обидеме да се пробиеме до граничниот премин и да видиме зошто е толку долго чекањето, една од причините е сигурно бројот на луѓе. Овде има илјадници луѓе, илјадници семејства кои сакаат да поминат малку време на побезбедно место“, рече Млинариќ.

Актуелно | пред 3 години

Screenshot-2022-02-25-at-15.20.55

(ВИДЕО) „Путин убива деца“, од Скопје се бара да прекине војната, а Европа да се разбуди

„Путин фашист!, Путин фашист!“, „Стопирајте ја војната во Украина“, „Путин убиец“, „Путин убива деца“. Украинци во Македонија бараа да се стопира војната во Русија.„Тука сум повеќе од пет години, дојдовме тука да започнеме бизнис. Во Украина имам мои пријатели, блиски. Кога видов што се случи, тоа беше шок за мене. Не можев да сфатам што се случува во 21 век. И сега ги гледам сите овие чекори на Русија. Мислам дека 99 проценти од светот не може да разбере што се случува. Европа разбуди се, Русија што правиш?! Во Украина имам мајка, татко, внуци, многу блиски роднини. Јас сум на протестов за сите мои Украинци. Ова е минимум што можам да го направам. Јас нема друг избор, јас сакам да ја одбранам државата. Ако треба ќе одам да се борам. Ние никого не напаѓаме, само се браниме. Путин е убиец“, рече Андреј Х. државјанин на Украина кој живее во Македонија.„Ние сме принудени да дојдеме во 21 век, да дојдеме до Амбасада на агресор и да им кажеме дека не е нормално да гинат луѓе за Путин да остане на власт. Нашата војска е спремна да даде отпор, ама целта е да има мир на Балкан, Украина, Европа. Путин убива невини луѓе. Семејството во Украина е загрижено, ако треба ќе дадат и отпор. Ако има протести низ цел свет, ќе запре војната. Ќе пробаме на мирен начин. Ние сме спремни да помогнеме на Украинците за било која помош“, Александар Убановиќ, претседател на здружението на Украинци во Македонија.„Денеска ме прашаа како се чувствувам за случувањата во Украина, тоа како да имаш неизлечива болест. Кај мене настанаа по овие фази, следната, гнев. Јас сум преполна со гнев. Во сегашноста некој може да нападне држава, поради нереални причини. Ние бараме ослободување, ние сме слободни и го избравме патот. Знам дека денешниот протест нема да смени многу. Но секојслободен човек може да изрази протест на овој начин“, рече украинката Камила Велковска, која во Македонија живее повеќе од 25 години.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања