Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

САД

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Трампов сојузник и нафтен милијардер им порача на Американците: „Издржете еден месец“ додека растат цените на горивата

Њујоршкиот милијардер Џон Катсиматидис, близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп и сопственик на нафтената компанија United Refining Company, им порача на потрошувачите да не паничат поради поскапувањето на горивата во сенката на војната со Иран, оценувајќи дека станува збор за „привремена флуктуација“.Во интервју за „Форбс“, Катсиматидис предвиде дека цената на нафтата „во следните неколку дена“ може да се искачи и до 100 долари за барел, но истовремено изрази уверување дека ќе се намали „исто толку брзо“ кога ќе се овозможи нормално движење низ Ормутскиот Теснец. Тој, исто така, рече дека не направил промени во набавките или работењето на компанијата бидејќи очекува конфликтот да заврши за „помалку од 30 дена“.„Издржете еден месец“, порача Катсиматидис, додавајќи дека САД треба да можат да „ги елиминираат терористите“.Тој предупреди и дека „никој не треба ни да помисли да им се спротивстави на Соединетите Американски Држави“, тврдејќи дека ќе биде „срамнет“.Катсиматидис смета дека дел од меѓународните нафтени компании „ја сакаат паниката“ затоа што би можеле да заработат повеќе, но нагласи дека тоа, според него, не е случајот со неговиот бизнис. Рече и дека со Трамп не разговарал конкретно за цените на горивата, но дека би му советувал побрзо да ги заврши операциите.Во меѓувреме, цените на горивата на бензинските пумпи во САД во петокот достигнале 3,45 долари за галон, според податоците на организацијата AAA, што е речиси 50 центи повеќе отколку една недела претходно. Цената на нафтата во петокот се искачила на 90 долари за барел, а катарскиот министер за енергетика предупредил дека до крајот на месецот може да достигне и 150 долари.„Ние само произведуваме гориво. Тоа е светски пазар. Сите ќе ги почувствуваме последиците“, посочи Катсиматидис, објаснувајќи дека кога влезните трошоци растат, цените мора да се прилагодат и на пумпите.Според проценка на „Форбс“, Катсиматидис располага со богатство од околу 4,8 милијарди долари. Тој е основач и извршен директор на холдингот Red Apple Group, во чие сопствеништво е и United Refining Company, која располага и со рафинерија во Ворен, Пенсилванија, со капацитет за преработка од околу 70.000 барели сурова нафта дневно. Компанијата, според објавените податоци, снабдува околу 400 бензински пумпи под брендовите Kwik Fill и Country Fair во Пенсилванија, Њујорк и Охајо.Во текстот се потсетува и на неговите реакции во американската внатрешна политика: Катсиматидис, кој го поседува и синџирот супермаркети Gristedes во Њујорк, минатото лето остро реагирал по подемот на демократскиот кандидат за градоначалник Зохран Мамдани, кој во кампањата зборувал за поевтини намирници и градски продавници, најавувајќи дека би можел да затвори повеќе свои продавници.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

„Аксиос“: САД размислувале за заземање на иранскиот нафтен остров Харк

Американски претставници разгледувале можност за заземање на иранскиот остров Харк, стратешки терминал преку кој се извезува околу 90 проценти од иранската сурова нафта, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на извори од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.Според информациите, во рамки на дискусиите за можни сценарија во конфликтот, била разгледувана и опцијата за преземање контрола врз островот, кој претставува клучна точка за извоз на иранската нафта.Островот Харк се наоѓа во Персискиот Залив, на околу 25 километри од југозападниот брег на Иран, спроти провинцијата Бушер. Позициониран е во северниот дел на заливот, во близина на главните поморски рути што се користат за транспорт на нафта кон светските пазари.Поради неговата улога во извозот на енергенси, островот се смета за една од најважните енергетски инфраструктурни точки во Иран. Контролата врз оваа локација би можела сериозно да влијае врз иранската нафтена индустрија и врз економијата на земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Белата куќа со куп различни верзии за ударот врз Иран: Трамп и врвот на администрацијата не се усогласени за причините

Една недела по почетокот на американската воена операција „Епски бес“ против Иран, во Вашингтон сè појасно се гледа дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не успева да понуди единствено и доследно образложение за тоа зошто конфликтот е започнат и кои се неговите конечни цели.Според наративот што Трамп го претставил при објавата на војната на 28 февруари, операцијата истовремено била претставена како одбранбен одговор на „децении иранска агресија“, како удар за уништување на ракетните капацитети, но и како чекор што треба да го отвори патот Иранците да ја „вратат својата земја“. Во истото обраќање, Трамп ја опишал кампањата и како напор за отстранување на „непосредна нуклеарна закана“.Неколку часа подоцна, реториката дополнително се проширила. Во разговор за медиуми, Трамп навестил два крајно различни сценарија – од долгорочно водење на војната со можност за поширок исход, до брзо завршување со ограничени удари од „два-три дена“, оставајќи отворено дека судирот може да биде и кратка казнена операција.Потоа следувале нови несогласувања. На 1 март, наводно на брифинг за персонал на Конгресот, претставници на Пентагон признале дека Иран не планирал да нападне американски сили или бази, освен ако прво не биде нападнат од Израел – изјава што ја поткопува тезата за „непосредна“ закана што ја повторувале претставници на Белата куќа.На првата прес-конференција во Пентагон по почетокот на ударите, министерот за одбрана Пит Хегсет ја претставил мисијата како прецизно дефинирана: уништување на иранските офанзивни ракети, нивното производство, морнарицата и делови од безбедносната инфраструктура, со цел Иран никогаш да не дојде до нуклеарно оружје. Истовремено, тој инсистирал дека ова не е војна за промена на режимот, но со изјави за „променет режим“ и повици Иранците да ја искористат „можноста“ оставил впечаток на спротивна порака.Само неколку часа по тој настап, државниот секретар Марко Рубио изнел поинакво објаснување: дека Вашингтон знаел оти Израел планира едностран напад врз Иран и дека Техеран однапред дал овластувања за автоматски одговор врз американските сили – па САД, според таа логика, дејствувале „превентивно“ за да спречат поголеми загуби.Веќе следниот ден, Трамп јавно го отфрлил тој пристап, тврдејќи дека одлуката била исклучиво негова и дека мотивот бил убедувањето дека Иран ќе нападнел прв. Со тоа, во јавноста паралелно циркулирале најмалку три меѓусебно исклучиви објаснувања: дека постои непосредна нуклеарна опасност, дека Иран ќе удри поради израелска акција, или дека Иран сам се подготвувал за напад.Во вториот брифинг во Пентагон, во услови кога пристигнале вести за загинување на шест американски војници, Хегсет настапил со уште поостра формулација за исходот, тврдејќи дека иранскиот режим е „готов“ и најавувајќи систематско уништување на капацитетите. Дополнително, вовел и ново оправдување: тврдење дека Иран се обидел да го убие Трамп, како и дека е убиен командант на единица на Револуционерната гарда која наводно стоела зад план за атентат.Кулминацијата на конфузните пораки дошла во петокот, кога Трамп објавил максималистичко барање – „безусловна предавање“ на Иран – и говорел за иднина во која по „избор на голем и прифатлив лидер“ Иран би бил „вратен од работ на уништувањето“. Потоа, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит се обидела да го стесни значењето на пораката, тврдејќи дека „безусловната предавање“ во суштина значи Иран да престане да претставува закана за САД и дека целта на операцијата е „целосно остварена“.Низ сите овие пораки, од Пентагон до Белата куќа, останува впечатокот дека во врвот на американската власт се води паралелна борба за тоа која верзија ќе стане официјална: ограничена воена операција со конкретни цели, долгорочно стратешко разорување на иранските капацитети или политички проект што директно ја допира иднината на иранската власт.

Свет | пред 1 седмица

bombarder

Американскиот стратешки бомбардер Б-1 „Лансер“ слета во Британија – порака на сила во сенка на заканите за нов бран удари врз Иран

Американскиот стратешки бомбардер Б-1 „Лансер“ слета во Обединетото Кралство, потег што доаѓа во чувствителен момент на зголемени тензии околу можни нови удари врз Иран. Леталото е забележано при пристигнување во воздухопловната база RAF Fairford во англиската грофовија Глостершир.Б-1 „Лансер“ е еден од најпрепознатливите тешки бомбардери во американското воздухопловство, наменет за далечински мисии и брза проекција на сила. Долг е речиси 45 метри, со распон на крилја од 42 метри, а масата му достигнува околу 86 тони. Познат е и по прекарот „The Bone“, формиран од изговорот „B-One“.Според достапните податоци за платформата, Б-1 е способен да носи значителен товар на вооружување и опрема – до околу 34 тони – вклучително и крстосувачки ракети, а неговите перформанси му овозможуваат брзина поголема од 1.450 километри на час. Леталото го управува четиричлен екипаж и е опремено со навигациски и системи за наведување за прецизно дејствување, како и со средства за електронска заштита и мамки против противвоздушни закани.Бомбардерот во минатото беше користен во низа операции на Блискиот Исток, меѓу кои во Сирија, Либија, Авганистан и Ирак, што го прави симбол на американската способност за брзо распоредување и удар од голема далечина.Слетувањето во RAF Fairford следува по одлука на британските власти да дозволат користење британски бази за изведување одбранбени удари врз ирански ракетни постројки, што дополнително го става пристигнувањето на Б-1 во поширок геополитички контекст. Во вакви околности, распоредувањето на ваков тип авион се чита како сигнал – и до сојузниците и до противниците – дека Западот ја држи отворена опцијата за брза ескалација доколку кризата продолжи да се продлабочува.

Свет | пред 1 седмица

putin-vojna

Белата куќа ја релативизира наводната руска помош за Иран: „Не прави разлика – ги разоруваме“

Белата куќа се обиде да ја намали тежината на тврдењата дека Русија споделува разузнавачки информации со Иран што би можеле да му помогнат на Техеран да ги таргетира американските воени цели во регионот. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека таквата размена „не прави никаква разлика“ за американските операции и дека американските сили „целосно го разоруваат“ противникот.Ливит одби да одговори дали претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе разговара за овие наводи со рускиот претседател Владимир Путин, како и дали Вашингтон размислува за конкретни мерки поради можната руска улога.Според американски функционери запознаени со разузнавачките проценки, Русија на Иран му доставила информации кои потенцијално би можеле да помогнат при напади врз американски воени бродови, авиони и други цели. Во исто време, тие нагласиле дека нема докази оти Москва директно го насочува Техеран како да ги користи тие податоци.Наводите се појавуваат во момент на ескалација на судирот кој, според оценките, го отворија САД и Израел во изминатата недела. Во тие околности, информациите се толкуваат како можен прв сигнал дека Русија би можела да се обиде да преземе поактивна улога во конфликтот.Кремљ, пак, ги негираше тврдењата дека ѝ дава воена помош на Исламската Република и порача дека останува во контакт со Иран, без да прецизира каква е природата на таа комуникација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryikulb80vm26ielx9zvA

Американски адмирал: Ги намаливме иранските напади за 90 отсто, потопени над 30 бродови

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека воената операција на САД против Иран „е сè уште во почетна фаза“ и дека се одвива според планот, нагласувајќи дека Вашингтон сам го одредува темпото и времетраењето на дејствувањето.Во истото обраќање, командантот на Американската централна команда (CENTCOM), адмирал Бред Купер, изнесе нови податоци за динамиката на судирот. Според него, американските сили во последните 72 часа погодиле речиси 200 цели на иранска територија, меѓу кои и структура што ја опиша како ирански еквивалент на американската Вселенска команда.Купер тврди дека од почетокот на конфликтот иранските напади со балистички проектили се намалени за 90 отсто, додека нападите со беспилотни летала паднале за 83 отсто. Во поморската димензија на судирот, адмиралот соопшти дека досега се потопени повеќе од 30 ирански бродови, што е зголемување во однос на претходните проценки.„Во само последните неколку часа погодивме ирански брод-носач на дронови, со големина на носач на авиони од Втората светска војна. Додека зборуваме, бродот гори“, рече Купер.Изјавите доаѓаат во момент кога Вашингтон најавува долгорочна издржливост за продолжување на операциите, а од Пентагон порачуваат дека располагаат со доволно муниција и капацитет за натамошни дејствија.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Расте загриженоста за менталната состојба на Трамп: анкетите покажуваат пад на довербата кај Американците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, победи на претседателските избори откако неговиот противкандидат, тогашниот претседател Џо Бајден, се повлече од трката поради загриженост за неговата возраст и менталната острина. Но повеќе од една година по почетокот на вториот мандат на Трамп, анкетите покажуваат дека Американците не само што се сè понезадоволни од неговата работа, туку и сè повеќе се загрижени за неговите ментални способности, пишува Си-Ен-Ен.Загриженоста сè уште не го достигнала нивото што го имаше кај Бајден, кој имаше 81 година кога се повлече од изборната трка, но станува сè поголем проблем за 79-годишниот Трамп. Повеќе неодамнешни истражувања покажуваат дека мнозинството Американци на некој начин ги доведуваат во прашање неговите способности, а сомнежи се појавуваат и кај дел од републиканските гласачи.Една од најинтересните анкети беше објавена во вторникот, непосредно пред првото обраќање на Трамп за состојбата на нацијата во неговиот втор мандат, со кое го собори сопствениот рекорд за најдолг говор во Конгресот. Истражувањето на Ројтерс и Ипсос покажало дека 61 отсто од Американците се согласуваат со тврдењето дека Трамп „со годините станал непредвидлив“, а со ова се согласиле и 30 отсто од републиканците. Истата анкета покажува и пад на бројот на граѓани кои сметаат дека Трамп е „ментално остар и способен да се справи со предизвиците“ – од 54 проценти во септември 2023 година на 45 проценти денес.Сепак, Трамп, кој често истакнува дека постигнал одлични резултати на когнитивни тестови и кој одржа говор долг еден час и 47 минути, сè уште е далеку од резултатите што ги имаше Бајден. Во јули 2024 година, кога се повлече од трката, само една четвртина од Американците сметале дека Бајден е ментално остар и способен.Сличен тренд покажуваат и други истражувања, вклучително и анкетата на Си-Ен-Ен спроведена минатиот месец, според која процентот на испитаници што веруваат дека Трамп има „издржливост и острина за ефикасно извршување на претседателската функција“ паднал од 53 проценти на крајот на 2023 година на 46 проценти. Анкетата на „Вашингтон пост“, Еј-Би-Си њуз и Ипсос од минатата недела покажала дека мнозинството Американци сметаат дека Трамп нема ниту доволна ментална острина (56 проценти), ниту физичко здравје (51 процент) потребни за ефикасно извршување на должноста.Како можни причини за падот се наведува опаѓањето на неговата општа популарност, при што растечкото разочарување кај јавноста придонесува неговите необични јавни настапи да се толкуваат покритички. Сепак, загриженоста се бележи и кај дел од неговите поддржувачи. Аналитичарите укажуваат на вербални гафови, како повтореното мешање на Исланд и Гренланд, како и шпекулациите поврзани со модринките на неговите раце, наводно заспивање за време на јавни настани и ограниченото објавување информации за неговите лекарски прегледи, што дополнително поттикнува прашања во јавноста.

Свет | пред 2 седмици

Iran

Нова дипломатска понуда од Иран додека САД разгледуваат воена опција

Иран најави дека е подготвен на одредени отстапки во врска со својата нуклеарна програма во преговорите со САД, во замена за укинување на санкциите и признавање на правото на обогатување ураниум за мирољубиви цели, во обид да се избегне можен американски воен напад.Според висок ирански функционер, кој говорел за агенцијата „Ројтерс“, Техеран сериозно ќе ја разгледа можноста половина од највисоко обогатениот ураниум да биде испратен во странство, остатокот да биде разреден, а земјата да учествува во формирање регионален конзорциум за обогатување. Ова е првпат Иран да понуди нови отстапки по завршувањето на последната рунда преговори минатата недела, кога се создаде впечаток дека позициите на двете страни се сè пооддалечени.Иранските власти, според истиот извор, бараат САД да го признаат правото на Иран на „мирољубиво нуклеарно обогатување“ во рамки на евентуален договор што би предвидувал и постепено укинување на економските санкции. Клучна точка на несогласување, како што се наведува, остануваат опсегот и механизмот за укинување на санкциите, за кои двете страни имаат различни очекувања.Дополнително, Иран понудил американските компании да учествуваат како изведувачи во големи проекти во иранската нафтена и гасна индустрија, како дел од поширок економски пакет.„САД може да биде економски партнер на Иран, но ништо повеќе“, изјавил функционерот, нагласувајќи дека Техеран нема да се откаже од контролата врз своите нафтени и минерални ресурси.Вашингтон, пак, гледа на обогатувањето ураниум во рамки на Иран како на потенцијален пат кон развој на нуклеарно оружје. Иран категорично негира дека има такви намери и инсистира дека неговата програма е исклучиво за цивилни цели.Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, најави дека очекува средба во Женева со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, додавајќи дека и понатаму постојат „добри можности“ за дипломатско решение.Во меѓувреме, претседателот Доналд Трамп изјави дека разгледува ограничени воени удари, додека американската страна бара и ограничувања на иранските балистички ракети со долг дострел и прекин на поддршката за регионалните сојузнички групи.Техеран ги отфрла разговорите за својата ракетна програма и сигнализира дека прашањето за регионалните сојузници не претставува „црвена линија“, но останува предмет на чувствителни преговори.Додека САД ја зголемуваат воената присутност на Блискиот Исток, иранските власти предупредија дека во случај на напад ќе одговорат со удари врз американски бази во регионот. Сепак, последните сигнали од Техеран упатуваат дека дипломатијата останува отворена како алтернатива на воена ескалација.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryot6g2rffvd7v9oNcrRY

Данска: На Гренланд не му е потребен болнички брод од САД

Данските власти порачаа дека на Гренланд не му е потребна посебна здравствена поддршка, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати болнички брод на автономната данска територија.Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави за државната телевизија DR дека населението на Гренланд ја добива потребната здравствена грижа.„Жителите на Гренланд добиваат здравствена заштита што им е потребна. Ја добиваат на Гренланд, а доколку има потреба од специјализирано лекување, го добиваат во Данска. Нема потреба од посебна здравствена иницијатива“, рече Поулсен, додавајќи дека не е информиран за евентуално испраќање болнички брод.Премиерката Мете Фредериксен порача дека е „среќна што живее во земја каде пристапот до здравство е бесплатен и еднаков за сите“, нагласувајќи дека истиот принцип важи и за Гренланд.Иако Трамп на платформата Truth Social објави дека испраќа „голем болнички брод“ за да се грижи за „многу болни луѓе кои таму не се лекуваат“, податоците покажуваат дека двата американски болнички брода – USNS Mercy и USNS Comfort – се наоѓаат на ремонт во бродоградилиште во Мобил, Алабама, и не се на пат кон Гренланд.Гренланд управува со сопствениот здравствен систем, кој е јавно финансиран и бесплатен за граѓаните, во тесна соработка со Данска. На островот функционираат пет регионални болници, а централната болница во Нуук прима пациенти од целата територија.Објавата на Трамп дојде неколку часа по евакуацијата на член на екипаж од американска подморница во близина на Нуук, кој бил пренесен со хеликоптер на данската одбрана до болница на Гренланд.Прашањето за Гренланд добива и поширока политичка димензија, бидејќи Трамп во изминатиот период повеќепати изјавуваше дека сака САД да го преземат островот, оценувајќи го како стратешки важен за националната безбедност. Данска и властите во Гренланд досега повеќепати порачаа дека територијата не е на продажба и дека иднината ја одлучуваат нејзините жители.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Непознатото име што ги менува односите меѓу САД и Европа

Иако ретко се појавува во јавноста и речиси е непознат надвор од тесните политички кругови во Вашингтон, Енди Бејкер станува една од клучните фигури во креирањето на надворешната политика на Републиканската партија. Како заменик-советник за национална безбедност во Советот за национална безбедност на САД, тој има сè поголемо влијание врз одлуките на Белата куќа, особено преку блиската соработка со потпретседателот Џеј Ди Венс. Според „Политико“, токму Бејкер стои зад дел од најконтроверзните ставови на актуелната администрација, вклучително и сè поостриот однос кон европските сојузници.Пошироката јавност за првпат слушна за Бејкер случајно, кога во март потпретседателот Венс го посочи како свој главен човек во интерна комуникација поврзана со американските напади врз Хутите во Јемен, која протече во јавноста. Но, зад сцената, Бејкер веќе подолго време има централна улога во обликувањето на надворешнополитичката визија на Венс, кој сè почесто се споменува како можен републикански кандидат за претседателските избори во 2028 година.Извори од администрацијата и европски дипломатски кругови тврдат дека Бејкер помогнал во подготовката на остриот говор што Венс го одржа на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. Во тој говор, европските лидери беа жестоко критикувани поради, како што беше наведено, неуспехот да ги заштитат слободата на говорот и сопствените граници, а миграцијата беше посочена како клучен проблем. Според Венс, отстапувањето на Европа од „основните западни вредности“ претставува главна закана за трансатлантскиот сојуз.Истата логика е вградена и во новата Стратегија за национална безбедност на САД, за која извори тврдат дека Бејкер одиграл значајна улога во нејзината изработка. Во документот се критикува ширењето на НАТО и се доведува во прашање концептот на алијанса што постојано се проширува, а се поздравува подемот на таканаречените патриотски и националистички партии во Европа. Овој пристап, според аналитичарите, претставува директен предизвик за деценискиот американски надворешнополитички естаблишмент.Бејкер до центарот на моќта стигнува по нетипичен пат. Израснат во работничко семејство во областа Норт Беј во Калифорнија, тој студира историја на Универзитетот Беркли, а потоа меѓународни односи на Оксфорд. Долги години работи како универзитетски предавач, а во 2010 година се вработува во Стејт департментот, каде останува 13 години. Службата во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел, според неговите соработници, длабоко го зацврстиле неговиот скептицизам кон американските воени интервенции и традиционалните сојузи.По напуштањето на Стејт департментот во 2023 година, Бејкер се поврзува со тогашниот сенатор од Охајо, Џеј Ди Венс, и станува негов советник за национална безбедност. Во таа улога, тој има значително влијание врз противењето на Венс кон американската воена помош за Украина. По победата на Доналд Трамп на изборите во 2024 година, визијата на Бејкер и Венс добива можност да се спроведе во практика, особено преку настојувањето за брзо преговарачко решение на војната во Украина.Иако неговите соработници тврдат дека Бејкер не е антиукраински настроен, туку се води од идејата дека САД не треба да се врзуваат за глобални обврски кои не ги сметаат за витални, дел од европските партнери изразуваат загриженост. Тие сметаат дека неговиот поглед кон Русија е поразличен од доминантниот во Европа и дека постои ризик од потценување на заканите.Во пролетта минатата година, Бејкер е именуван за заменик-советник за национална безбедност, со што неговото влијание дополнително расте. Тој учествува во клучни безбедносни одлуки, вклучително и во процесите поврзани со Иран и со операциите против Хутите. И покрај тоа, луѓето што го познаваат го опишуваат како внимателен стратег, повеќе академик отколку класичен политички оперативец.Сè поголемиот подем на Енди Бејкер го симболизира јакнењето на новата, реалистичка струја во рамките на Републиканската партија, која отворено ги преиспитува старите сојузи и интервенционистичкиот пристап на САД. За аналитичарите, неговото име е клучно за разбирање на тоа во кој правец би можела да се движи американската надворешна политика во годините што следат, особено ако Џеј Ди Венс стане водечка фигура на републиканците по 2028 година.

Свет | пред 1 месец

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Зеленски предупредува: САД и Русија не смеат да договараат решенија за Украина без Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека постои реален ризик САД и Русија да склучат билатерални договори што се однесуваат на Украина, без учество на Киев. Тој ова го соопштува на брифинг со новинари, во услови на засилени дипломатски активности насочени кон ставање крај на војната и најава за можен продолжеток на разговорите веќе следната недела.Зеленски вели дека украинската страна јасно го пренесува ставот дека, доколку дојде до билатерални документи меѓу Вашингтон и Москва, сите одредби што се однесуваат на Украина мора да бидат во согласност со украинскиот устав. Посочува дека Киев добива сигнали за можни договори, вклучително и во сферата на економската соработка, иако Украина нема целосен увид во сите разговори.Тој открива дека преку разузнавачки канали до украинското раководство стигнале информации за т.н. „пакет на Дмитријев“, наводен предлог за обемна економска соработка меѓу САД и Русија, проценет на околу 12 билиони долари. Зеленски нагласува дека Украина нема да поддржи никакви договори во кои се одлучува за неа – без неа.Изјавите следуваат по разговорите одржани на 4 и 5 февруари во Абу Даби, каде што се состануваат делегации на Украина, САД и Русија. Според Зеленски, американската страна предлага обновување на иницијативата за деескалација во енергетскиот сектор, со оглед на речиси секојдневните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура. Украина се согласува со предлогот, додека Русија сè уште не дава одговор.Воените претставници, како што информира Зеленски, ги разгледуваат техничките аспекти на евентуален прекин на огнот, особено механизмите за надзор доколку политичките лидери донесат одлука за запирање на борбите. Тој додава дека американското учество е потврдено, а не се исклучува ниту европско вклучување.Најчувствителното прашање и натаму останува територијата. Зеленски повторува дека задржувањето на сегашните позиции е најреалната основа за прекин на огнот во оваа фаза. Русија, пак, инсистира на повлекување на украинските сили од Донбас како услов за каков било договор.„Стоиме таму каде што сме – тоа е, според нас, најправеден и најстабилен модел за прекин на огнот во овој момент“, вели Зеленски. Тој потврдува дека американската страна ја изнесува и идејата за слободна економска зона во регионот, што отвора нови дебати, но потенцира дека Украина не ја прифаќа таа опција доколку значи губење на суверенитетот.Во однос на Крим и нуклеарната централа Запорожје, Зеленски истакнува дека сè уште нема согласност и дека тие прашања се директно поврзани со безбедноста, екосистемот и обновата на регионот. Тој нагласува дека Украина нема да прифати решенија што го наградуваат агресорот и создаваат нови безбедносни ризици.Зеленски додава дека САД предлагаат војната да заврши пред почетокот на летото и дека веројатно ќе вршат притисок врз двете страни за да се испочитува тој рок. Сепак, тој вели дека од украинскиот преговарачки тим нема најава дека Вашингтон би се повлекол од процесот и истакнува дека американското присуство е клучно – не само за Украина, туку и за Русија.На крајот, Зеленски открива дека за првпат се разговара и за можност најтешките прашања да се отворат на директен трилатерален самит на лидери, оценувајќи дека таков формат бара сериозни подготовки, но дека веќе станал дел од дипломатскиот дијалог.

Свет | пред 1 месец

media-library234ev5js27l79KcOhGy

Османи: Стратешкиот дијалог со САД е клучен за безвизен режим

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска се осврна на развојот на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, потенцирајќи дека процесот, започнат во 2022 година, отвори пат за продлабочена политичка, безбедносна и институционална соработка, како и за чекори кон олеснет визен режим и безвизно патување за македонските граѓани.Пред неполни четири години, со посета на Вашингтон на 2 јуни 2022 година, започна Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД како надградба на Стратешкото партнерство од 2008 година. Тоа го отвори патот за висок политички дијалог, но и за длабока меѓуресорска и меѓуинституционална соработка меѓу двете земји.Една година подоцна, во јуни 2023 година, Владата го усвои десетгодишниот план за активности во рамките на стратешкиот дијалог со период на реализација од 2023-2033 година, кој претходно беше усогласен (no objection) и со Стејт департментот на САД. МНР беше задолжена институција за следење на реализацијата на овој план, преку хоризонтална координација на останатите ресори и институции.Во рамките на Стратешкиот дијалог, во текот на следната 2024 година, беа започнати активности за приклучување на земјата кон „Global Entry“ програмата на САД., со која требаше да се обезбеди непречен влез во САД на државјани на Северна Македонија со американска виза без спроведување на вообичаените безбедносни и царински проверки на граничните премини.Во една подолгорочна процедура, во Стратешкиот дијалог беа предвидени и во соработка со МВР и другите безбедносни служби, беа започнати активности за усогласување на земјава со безбедносните системи на САД, со цел постигнување на критериумите за влез во т.н. Visa Waiver програмата на САД, која во еден подолг процес на крајот треба да резултира со воведување на безвизен режим меѓу двете земји, пишува Османи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryg3obq27rie4a2xFRhbE

Кина против САД: Пекинг се спротивставува на употреба на сила

Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.Кина не го одобрува користењето сила, ниту заканите со сила во меѓународните односи, изјави Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовна прес-конференција, одговарајќи на прашање за ставот на Пекинг по изјавите на Трамп.Американскиот претседател претходно ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите и порача дека помошта е на пат.

Свет | пред 2 месеци

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Кина и Русија застанаа зад Венецуела по американската блокада на нафтени танкери

Милиони барели венецуелска нафта останаа закотвени на танкери откако САД воведоа блокада врз бродовите поврзани со Каракас, предизвикувајќи застој во пристаништата и нова геополитичка ескалација во Карипското Море. Потегот на Вашингтон веднаш наиде на реакции од Кина и Русија, кои застанаа зад Венецуела и ги осудија американските акции како незаконски и опасни.По одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ги блокира сите санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела, активноста во пристаништата нагло се намали. Според податоци на Ројтерс, најголем дел од танкерите сега превезуваат нафта само меѓу домашни пристаништа, додека бројот на натоварени бродови што не тргнале кон странство расте од ден во ден. Клиентите бараат поголеми попусти и измени на договорите поради зголемениот ризик од пресретнување.Американскиот претседател повторно го повика венецуелскиот лидер Николас Мадуро да се повлече од власта и порача дека САД ќе ја задржат или ќе ја продадат нафтата што ја заплениле покрај венецуелскиот брег во последните недели. На прашање дали целта е смена на режимот, Трамп оцени дека за Мадуро би било „паметно“ да ја напушти функцијата, предупредувајќи дека натамошниот отпор ќе има последици.Ескалацијата доби меѓународна димензија откако САД пресретнаа танкер што се упатувал кон Кина. Пекинг реагираше остро, оценувајќи дека ваквите дејствија претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, истакна дека Венецуела има право да развива односи со други држави и дека Кина се спротивставува на сите еднострани и нелегални санкции.Иако Белата куќа тврди дека пресретнатиот брод припаѓал на таканаречената „флота во сенка“ на Венецуела, танкерот во моментот не бил под американски санкции. Панамските власти, пак, соопштија дека супертанкерот „Сенчерис“ ги прекршил поморските правила, го сменил името и го исклучил транспондерот додека превезувал нафта од Венецуела.Кина е најголемиот купувач на венецуелска сурова нафта, која сочинува околу 4 отсто од нејзиниот вкупен увоз, што дополнително ја зголемува чувствителноста на ситуацијата.Подоцна, министрите за надворешни работи на Русија и Венецуела ги осудија американските акции во Карипскиот регион. Москва предупреди дека ескалацијата може сериозно да го загрози меѓународниот поморски сообраќај и безбедноста во регионот, потврдувајќи целосна поддршка за венецуелското раководство и народ.Во меѓувреме, сателитски податоци покажаа дека празниот супертанкер „Бела 1“, кој американската крајбрежна стража се обиде да го пресретне, се движел североисточно од Бермудите.Вашингтон тврди дека приходите од венецуелската нафта се користат за финансирање криминални и терористички активности, вклучувајќи трговија со дрога и луѓе. Од септември наваму, американските сили извршија низа напади врз бродови за кои тврдат дека се вклучени во шверц на дрога, иако без јавно презентирани докази. Според семејства и влади, во тие операции загинале повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и рибари.Каракас, од друга страна, предупредува дека станува збор за обид за промена на режимот и ги опишува потезите на САД како меѓународна пиратерија.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања