САД

Screenshot-2022-05-08-at-12.33.28

Амбасадорката Кејт Мари Брнз: Македонија треба што побрзо да стане членка на ЕУ, партнерството со САД не е замена

Амбасадорката Кејт Мари Брнз кажа дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Америка не е замена за ЕУ.„Стратешкото партнерство помеѓу РС Македонија и САД почна пред многу години. Ние сметаме дека РС Македонија ја сработе својата работа за станување членка во ЕУ. И треба да стане што побрзо членка. Страшкиот дијалог не е замена за ЕУ туку унапредување на односите кои досега сме ги имале“, рече Кејт Мари Брнз.

Македонија | пред 3 години

715054ca-78a6-4bb8-885f-26ef7bfd5226

Владата на Бајден би можела да се жали на одлуката за укинувањето на задолжителното носење маски

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе поднесе жалба на судската одлука за укинување на задолжителното носење маски во авионите, доколку службениците во јавното здравство сметаат дека е неопходно да се спречи ширењето на Ковид-19.Центрите за контрола и превенција на болести, чии совети ги поддржува администрацијата, соопштија дека ќе продолжат да проценуваат дали носењето маски сè уште е неопходно. Обврската се однесува на авионите, возовите и другиот јавен превоз, а пред судската одлука донесена во понеделник, обврската требаше да важи до 3 мај.„Ќе продолжиме да ја проценуваме потребата од задолжително носење маски во јавниот превоз, врз основа на неколку фактори, вклучително нивоата на ковид-19 во заедниците, ризикот од циркулација и новите варијанти и трендовите во случаите и сериозноста на болеста“, портпаролот на ЦДЦ.Министерството за правда соопшти дека ќе се жали на одлуката на американската окружна судијка Кетрин Кимбал Мизел во понеделникот дека одредбата стара 14 месеци е незаконска доколку ЦДЦ утврди дека обврската за носење маски е неопходна за заштита на јавното здравје.

пред 3 години

Mijalkov-Sasho

Мијалков: Одлуката на Стејт Департментот не е исправна

Сашо Мијалков на социјалните мрежи се огласи откако тој и Груевски заедно со нивните семејства се ставени на црната листа во Америка„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправнаОдлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, вели тој.„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија меѓу кои користејќи го своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, вели Стејт департментот.

Македонија | пред 3 години

gruevski-so-novinar-696x356

Груевски за црната листа на САД: Жалам за одлуката, властите во Македонија лобираа ова да се случи

Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи.Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на блаканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финасии за соборување на владата која ја предводев.Жалам за одлуката на State Department која ја објавија денес а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кој се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес.Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината.Ќе продолжам да се борам за Македонија.

Македонија | пред 3 години

ambasada

Сирени за тревога ќе се уклучат утре во Скопје кај Амбасадата на САД

Утре (09.04.2022) во период од 09,00 до 12,00 часот, припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.„Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот. Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации“, вели МВР.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања