Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-librarytnftguhi8plk1X5BrGo

САД нудат осигурување од 20 милијарди долари поради блокада на танкери во војната во Иран

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат реосигурување за морските загуби во регионот на Персискиот Залив до 20 милијарди долари со цел да ја зајакнат довербата кај сопствениците на бродови кои превезуваат нафта и природен гас за време на војната во Иран. Оваа мерка во петок ја соопшти Американската корпорација за меѓународно развојно финансирање, пренесува „Ројтерс“.Претседателот Доналд Трамп нареди на Корпорацијата за меѓународно развојно финансирање да обезбеди покривање од политички ризици и финансиски гаранции за поморската трговија во Заливот. Одлуката уследи откако беше запрен транзитот на танкери со нафта и течен природен гас низ Хормушкиот теснец, важен пловен пат помеѓу Иран и Оман, низ кој се транспортира околу 20 отсто од дневната светска потрошувачка на нафта.Од Корпорацијата за меѓународно развојно финансирање соопштија дека осигурувањето ќе се обезбедува континуирано, а во почетната фаза ќе се насочи кон осигурување на бродскиот труп, моторите и теретот.

Свет | пред 2 дена

media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Белата куќа: Разгледуваме потенцијални нови лидери на Иран

Белата куќа разгледува неколку можни кандидати за водење на Иран, изјави портпаролката Каролина Ливит, откако претседателот Доналд Трамп рече дека САД мора да учествуваат во изборот на следниот ирански лидер. „Знам дека има неколку лица на кои нашите разузнавачки агенции и американската влада обрнуваат внимание, но нема да навлегувам во повеќе детали“, додаде Ливит.Претходно, Трамп изјави дека нема да има никаков договор со Иран освен „безусловна предавање“. „Претседателот со тоа сака да каже дека кога тој, како Врховен командант на американските вооружени сили, ќе процени дека Иран повеќе не претставува закана за САД и дека целите на операцијата „Епик Фјури“ се целосно остварени, Иран практично ќе се најде во состојба на безусловна предавање, без разлика дали тоа го признаваат сами или не“, објасни Ливит.Ливит: Американската операција во Иран би можела да трае до шест неделиАмериканската воена кампања против Иран би можела да трае од четири до шест недели, рече Ливит. Доналд Трамп претходно наговести дека војната ќе трае приближно четири до пет недели, но дека може да потрае и „многу подолго“. Министерот за одбрана Пит Хегсет рече дека САД „ќе земат сè потребно време за да обезбедат успех“.Пред состанокот на Трамп со главните добавувачи на оружје, Ливит додаде дека САД имаат доволни резерви на оружје за да ги задоволат сите оперативни потреби во Иран.

Свет | пред 3 дена

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Иран не мора да биде демократска држава

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Си-ен-ен изјави дека иранското раководство е „неутрализирано“ и дека во земјата треба да се избере нов лидер кој ќе има коректен однос кон Соединетите Американски Држави и Израел, дури и ако Иран не биде демократска држава.Во краткото телефонско интервју Трамп оцени дека Иран значително ослабнал во последните денови. „Иран повеќе не е истата земја како пред една недела. Пред една недела беа моќни, а сега навистина се неутрализирани“, изјави тој.Трамп изрази уверување дека изборот на нов лидер во Иран ќе биде едноставен и нагласи дека сака да биде вклучен во тој процес. Ситуацијата ја спореди со случувањата во Венецуела, каде што, според него, Соединетите Американски Држави на почетокот на годината го заробиле поранешниот претседател Николас Мадуро и на власт ја поставиле неговата заменичка.„Тоа ќе функционира многу лесно. Ќе биде како во Венецуела. Таму имаме одлична лидерка. Работи фантастична работа. И овде ќе биде како во Венецуела“, рече Трамп, мислејќи на привремената претседателка Делси Родригес.Тој додаде дека не е против можноста Иран да добие и верски лидер. „Можеби и тоа е опција, зависи кој е таа личност. Немам ништо против верски лидери. Работам со многу верски лидери и тие се фантастични“, изјави американскиот претседател.На прашањето дали инсистира Иран да биде демократска држава, Трамп одговори дека најважно е земјата да има лидер кој ќе биде „чесен и праведен“ и кој добро ќе ги третира Соединетите Американски Држави, Израел и другите земји од Блискиот Исток.Трамп зборуваше и за односите со земјите од Блискиот Исток, тврдејќи дека тие денес се блиски партнери на Вашингтон. Според него, претходните американски администрации ги оттурнале државите како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, но дека тој успеал повторно да ги приближи кон САД.Американскиот претседател ја пофали и воената операција против Иран, оценувајќи ја со „12, можеби и 15 на скала до 10“. Тој изјави дека не е загрижен за растот на цените на горивото, додавајќи дека поскапувањето ќе биде краткотрајно и дека цените наскоро значително ќе паднат.Трамп исто така рече дека прашањето со Ормускиот теснец е „веќе решено“ и тврди дека иранската морнарица претрпела сериозни загуби. Според неговите зборови, во операциите биле потопени околу 25 ирански воени бродови.

Свет | пред 3 дена

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Конгресот не го усвои Законот за спас на Америка, Трамп се закани со блокада на владата

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази незадоволство што Конгресот не го усвоил таканаречениот Закон за спас на Америка (SAVE America Act), со кој како услов за регистрација на гласачи би се вовел доказ за државјанство. Предлог-законот заглави во Сенатот, а Трамп порача дека „не е среќен што тоа стои“ и дека „на сите им го ставил до знаење“, пишува NBC News.Тој отиде и чекор понатаму, заканувајќи се со блокада на работата на федералната влада доколку законот не стигне на неговата маса за потпис. „Поради тоа би ја блокирал владата“, изјави Трамп. „За мене тоа е прашање на основно убедување.“Во врска со републиканските предизбори за Сенатот во Тексас, Трамп не откри кого ќе поддржи во трката меѓу сенаторот Џон Корнин и државниот обвинител Кен Пакстон. Сепак, нагласи дека Пакстон го поддржува споменатиот Закон за спас на Америка, но истовремено упати пофалби и кон Корнин.„Корнин е многу потценет. Му предвидуваа пораз од 10 процентни поени, а тој победи. Тој е добар човек“, рече Трамп.Бидејќи ниту еден од трите главни кандидати во првиот круг не освои мнозинство гласови, Корнин и Пакстон ќе се соочат во вториот круг на изборите во мај.

Свет | пред 3 дена

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Медведев им порача на земјите од Заливот: Американските бази не се штит, туку закана

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска (6 март 2026) се огласи на социјалната мрежа X со порака до заливските арапски земји во контекст на војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга.Во објавата, Медведев оцени дека присуството на американски воени бази на територијата на земјите од Заливот не носи безбедност, туку ризик, тврдејќи дека Вашингтон ги користи своите партнери во регионот и дека суштински штити „само една земја“.„Заливските арапски земји дозволија американски бази на својот простор. Наивно од нив очекуваа заштита. Малку утре! САД само ги искористува, додека штити само една земја. Добро размислете дали навистина ви требаат американски бази – тие не се заштита, туку закана“, напиша Медведев.Медведев и претходно ја коментирал ескалацијата, притоа напаѓајќи го НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп, и потсмевајќи се со дискусиите во Алијансата за можноста од повикување на членот 5.Реториката на високи руски функционери за американското воено присуство на Блискиот Исток, како и за улогата на НАТО, во последните години често се засилува во моменти на регионални кризи, додека заливските монархии истовремено се обидуваат да балансираат меѓу безбедносните партнерства со САД и сопствените интереси за стабилност и економија.

Свет | пред 3 дена

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

(Видео) Трамп ја нацрта новата стратегиска карта на САД од Гренланд до Панамскиот канал, вели Хегсет

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека претседателот Доналд Трамп ја редефинира безбедносната стратегија на САД во Западната хемисфера, велејќи дека Вашингтон обликува нова геополитичка мапа што ја опфаќа областа од Гренланд до Панамскиот канал.Тој зборуваше синоќа во седиштето на Јужната команда на САД во Дорал, Флорида, на Конференцијата за борба против картелите во Америка. Хегсет изложи поширока визија за безбедносната политика на САД во Западната хемисфера. Говорот се одржа во време на војна меѓу САД и Иран, но не го спомена Иран.Зборувајќи за новата американска стратегија, Хегсет рече дека Трамп го редефинира безбедносниот простор на САД. „Претседателот Трамп нацрта нова стратешка мапа од Гренланд до Американскиот Залив до Панамскиот канал и земјите што го опкружуваат“, рече Хегсет.Тој додаде дека Пентагон ја нарекува оваа област „Голема Северна Америка“ и ја смета за клучен безбедносен периметар на САД.Според него, сите земји и територии северно од екваторот – од Гренланд до Еквадор и од Алјаска до Гвајана – се дел од непосредниот безбедносен простор што Вашингтон мора да го брани.Хегсет рече дека новата стратегија се потпира на реинтерпретација на Монроовата доктрина од 1823 година, според која странските сили не треба да го прошират влијанието на Западната хемисфера. Според него, администрацијата на Трамп сака да ја врати таа логика и да ги спречи американските противници да стекнат воено или инфраструктурно влијание во регионот.Во овој контекст, тој предупреди дека контролата врз клучните трговски точки, како што е Панамскиот канал, или военото присуство на противниците во близина на американска територија претставуваат директна закана за безбедноста на САД.

Свет | пред 3 дена

media-library87cqf33u0npf0s7WYVe

(Видео) Христијански пастори се собраа во Белата куќа за да се молат за Трамп и војната со Иран

Христијанските пастори се собраа во Овалната соба со претседателот Доналд Трамп вчера вечер за да се молат за успехот на Америка во војната со Иран, пренесува Глобал њуз.За време на состанокот, пасторите го опкружија Трамп во неговата канцеларија и се молеа заедно за водство, мудрост и заштита додека тој ја води земјата.Собирот беше организиран со учество на Канцеларијата за религија во Белата куќа, која ја води Паула Вајт, телевизиска евангелистка која беше критикувана поради нејзините контроверзни практики за собирање средства.Еден од пасторите кои учествуваа на церемонијата во Белата куќа зборуваше за неговата чест да ја води молитвата за претседателот на САД, додека другите учесници зборуваа за „неверојатен ден“ и важно време за молитва за водството на САД.Учесниците се молеа на Бога да му даде мудрост на претседателот Трамп, да го заштити од сето зло и да му помогне да промовира политики засновани на она што го опишаа како вредности засновани на вера и правда.Како што коментираат меѓународните медиуми, групната молитва го одразува континуираниот дофат на Трамп до евангелистичките христијански групи, група која е клучна политичка база за републиканците.

Свет | пред 3 дена

media-libraryv9mgv704n1np3ruzA3p

(Видео) Австралиските војници на американската подморница не учествувале во нападот врз Иран

Тројца австралиски војници биле на американска подморница која потопила ирански воен брод во Индискиот Океан, но не учествувале во самиот напад, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе, пренесува Ројтерс. Нападот се случил порано оваа недела крај јужниот брег на Шри Ланка и претставува прв случај од Втората светска војна кога Соединетите Американски Држави потопиле непријателски брод.Властите на Шри Ланка извлекле тела на 87 морнари.Албанезе појасни дека австралиските војници биле на подморницата во рамки на обука поврзана со одбранбениот договор AUKUS, кој ја обединува Австралија, САД и Обединетото Кралство. Договорот предвидува Австралија со помош на сојузниците да развива и гради подморници со нуклеарен погон.Австралијците лично не учествувало во никаква офанзивна акција против Иран“, нагласи премиерот.Тој додаде дека станува збор за долгогодишна пракса на соработка со партнерски држави и исклучи можност Австралија да учествува во воени операции во овој конфликт. Сепак, Канбера изрази поддршка за напорите за спречување на Иран да развие нуклеарно оружје.Во меѓувреме, конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалираше, откако американски и израелски борбени авиони погодиле повеќе цели низ Иран, додека градовите во Персискиот Залив повторно биле изложени на бомбардирање, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 3 дена

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

САД и дозволи на Индија привремено да купува руска нафта поради војната во Иран

По повеќемесечен притисок врз Индија да престане со купување руска нафта, Соединетите Американски Држави ѝ одобрија на Индија привремено изземање кое ѝ овозможува набавка на гориво од Москва поради ограничувањата на глобалните резерви на нафта предизвикани од војната на Блискиот Исток.Американскиот министер за финансии, Скoт Бесент, објави дека Министерството за финансии издава привремено 30-дневно изземање, со кое индиските рафинерии ќе можат да купуваат руска нафта.Целта е да се обезбеди непречен проток на нафта на светскиот пазар“, истакна Бесент, додавајќи дека оваа краткорочна мерка нема да и донесе значителна финансиска корист на руската влада, бидејќи се однесува на нафта која веќе е на пат кон потрошувачите.Тој посочи дека „Индија е клучен партнер на САД“ и истакна дека Вашингтон очекува Њу Делхи да ја зголеми куповината на американска нафта.Ова привремено решение ќе го ублажи притисокот предизвикан од обидот на Иран да ја држи светската енергетика како заложник“, заклучи Бесент.Според шест извори кои зборувале за Ројтерс, индиските рафинерии веќе започнале да купуваат милиони барели руска сурова нафта за да се справат со намалените резерви предизвикани од американско-израелската воена кампања во Иран.Оваа одлука следува по повеќемесечниот притисок од Вашингтон врз Њу Делхи да ја намали куповината на руска нафта, со цел да се ограничат клучните приходи за воените напори на Москва во Украина.

Свет | пред 3 дена

media-librarydvcrf89tq9habNebIGC

Курдите од Ирак подготвени за акција во Иран, чекаат сигнал од САД

Курдските опозициски групи на северот на Ирак изјавија дека имаат планови да преминат преку границата со Иран, но дека нивните борци сè уште не презеле акции затоа што чекаат американските и израелските сили прво да ги ослабнат иранските позиции, објави BBC.Се подготвуваме за ова последните 47 години, од времето на Исламската Република“, изјави Хана Јазданпана од Курдистанската партија за слобода (PAK), која тврди дека располага со најголема вооружена сила.Според нејзините зборови, „нема поместување на ниту еден Пешмерга“, курдски термин за оние кои се подготвени да се соочат со смртта. Јазданпана рече за BBC дека шесте опозициски групи, кои неодамна формирале коалиција, меѓусебно се координираат политички и воено, и дека никој не дејствува сам.Таа оцени дека борците не треба да напредуваат оваа недела, бидејќи САД мора најпрво да „отворaат пат“.Не можеме да се движиме ако воздухот над нас не е ослободен. Потребно е да се уништат складиштата со оружје на режимот. Во спротивно, тоа би било самоубиство. Режимот е многу брутален, а најнапредното оружје што го имаме е калашников“, додаде таа.Јазданпана исто така изјави дека сака САД да воведат зона забранета за летови за да ги заштитат курдските борци.Многу пати го побаравме тоа. Јас бев таа што испраќаше е-пораки со пораката „итно ни е потребно““, рече таа.Белата куќа ги демантираше тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за вооружување на Курдите. BBC потсетува дека многу Курди во минатото биле обучувани од американските сили за борба против Исламската држава во Ирак. Курдите, кои се четвртата најголема етничка група на Блискиот исток, се распослани меѓу Иран, Ирак, Сирија и Турција.

Свет | пред 3 дена

media-library9ip0phu5u92aegQbh8T

(Видео) Израел започна напади врз клучната инфраструктура – експлозии и густ чад низ Техеран

Израел соопшти дека започнал широки напади врз клучната инфраструктура на режимот во Техеран.Дописници на CNN јавуваат за воздушни напади низ главниот град на Иран. Иранските медиуми јавија дека низ цел Техеран се слушале силни експлозии, а меѓу целите биле и главните трговски улици во престолнината.На видеа кои кружат на социјалните мрежи се гледаат експлозии, густ црн чад и луѓе кои бегаат од областа.Претходно, Израелски одбранбени сили (IDF) ја срамнија со земја претседателската палата во Техеран, каде што се наоѓал врховниот лидер на Иран, Ајатолах Али Хамнеи, заедно со своите соработници.Иранскиот портпарол на Централниот штаб на армијата, пoлковник Ибрахим Золфгари, изјави дека одговорот на американско-израелските напади ќе биде проширен и интензивиран, и дека иранската војска продолжува да пресретнува израелски и американски авиони и дронови низ целата земја.Кукавички воени сили и објекти на ционистичкиот режим се сокриени меѓу цивилните области, но откривањето и нападите на агресорите ќе продолжат, а во наредните денови трендот на нападите ќе стане поинтензивен и пошироко распространет“, рече Золфгари.Според него, иранската војска рано утрово следела и уништила еден борбен авион F-15E и четири напредни извидувачко-борбени дронови – Hermes 900 и MQ-9 – над западните, југозападните и јужните делови на земјата.Овие напади предизвикаа хаос во Техеран, со експлозии, густ чад и евакуација на цивили.

Свет | пред 3 дена

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

САД ја засилуваат офанзивата: Уништени бродови, напади врз десетици цели во Иран

Соединетите Американски Држави во последните 72 часа погодиле речиси 200 цели во Иран, а потопиле и повеќе од 30 ирански бродови, соопштија американски претставници во најновите изјави за текот на воената операција.Адмиралот Бред Купер од Централната команда на САД информираше дека американските бомбардери извршиле серија напади врз бројни воени цели, додека американските сили продолжуваат со интензивни операции против иранските капацитети.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД располагаат со доволно муниција и дека можат да ја продолжат воената кампања против Иран онолку долго колку што ќе биде потребно. Според него, во наредниот период значително ќе се зголеми и огнената моќ над иранскиот воздушен простор.Хегсет додаде дека во операцијата се вклучиле и неколку сојузници на САД, нагласувајќи дека конфликтот не се проширува, туку дека земјите се обединуваат против Иран.Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека Иран наводно контактирал со Вашингтон со барање за договор, но дека САД во овој момент не се подготвени за таков чекор.„Тие се јавуваат и бараат договор, но ние сега сакаме да се бориме повеќе отколку што тие сакаат“, изјави Трамп.Тој додаде дека американските сили „секој час“ ги напаѓаат иранските системи за беспилотни летала и ракети, тврдејќи дека воената кампања против Иран се одвива побрзо од планираното.

Свет | пред 3 дена

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп: Војната во Иран е далеку поважна од тоа дали малку ќе поскапи бензинот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради растот на цените на горивата во САД, предизвикан од ескалацијата на конфликтот со Иран.Во интервју за „Ројтерс“, Трамп порача дека воената операција е многу поважна од евентуалното поскапување на бензинот.„Воопшто не ме загрижува тоа. Многу брзо ќе паднат цените кога ќе заврши ова. А и ако пораснат, нека пораснат. Ова е далеку поважно од тоа бензинот малку да поскапи“, изјави Трамп.Политичките аналитичари предупредуваат дека долгорочниот раст на цените на горивата би можел да им наштети на републиканците на парламентарните избори во ноември, кога ќе се одлучува за контролата врз американскиот Конгрес.Според податоците на Американскиот автомобилски клуб, просечната цена на бензинот во САД пораснала за 27 центи во изминатата недела и достигнала 3,25 долари по галон. Глобалните цени на нафтата, пак, пораснале за околу 16 проценти од почетокот на војната.Трамп изјави дека засега не планира да ги користи стратешките резерви на нафта и дека очекува клучниот Ормутски теснец да остане отворен за транспорт на нафта.Во Белата куќа се надеваат дека воената кампања против Иран ќе трае релативно кратко, иако дел од политичките и воените аналитичари предупредуваат дека конфликтот може да се прошири и да трае подолго од очекуваното.

Свет | пред 3 дена

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп го нападна Такер Карлсон: „Скренал од патот“ и „не е МАГА“

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше конзервативниот коментатор Такер Карлсон, откако Карлсон јавно се спротивстави на војната со Иран и ја нарече „апсолутно одвратна и зла“.Според главниот дописник на ABC News од Вашингтон, Џонатан Карл, кој разговарал со Трамп, претседателот рекол дека Карлсон „скренал од патот“ и дека „не е МАГА“. Во истата изјава Трамп ја бранеше својата политичка платформа „Америка на прво место“, оценувајќи дека Карлсон „не е ништо од тоа“ и додавајќи навредлива забелешка за неговата интелигенција.Во текстот се наведува дека Карлсон, поранешен водител на Fox News, наводно се обидувал да го одврати Трамп од влегување во војна со Иран. Карлсон во изминатиот месец трипати се сретнал со Трамп во Овалната соба за да го убеди да се откаже од воената опција, за која се тврди дека ја поттикнувал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Според наводите, Карлсон предупредил на ризиците за американските војници, можниот притисок врз цените на енергенсите и последиците врз партнерствата на САД со арапските држави во регионот. Откако конфликтот почнал, Карлсон јавно повикал Соединетите Држави да го „воздржат Бенјамин Нетанјаху“, тврдејќи дека неговите одлуки можат да доведат до загинување Американци и да влијаат врз текот на светските настани.

Свет | пред 3 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: САД побараа помош од Украина во борбата против иранските дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави побарале од Украина помош во одбраната од беспилотни летала на Блискиот Исток.Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс појасни дека станува збор за конкретно барање за поддршка во одбраната од иранските дронови од типот „Шахед“.„Добивме од Соединетите Американски Држави барање за конкретна помош во одбраната од ‘Шахед’ на подрачјето на Блискиот Исток“, напиша Зеленски.Тој додаде дека веќе издал наредба да се обезбедат потребните средства и да се ангажираат украински експерти кои можат да ја гарантираат потребната безбедност.

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања