Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-library16rsbbrcm96p7DkWGbf

(Видео) САД објавија снимки од воздушни напади врз ирански воени бази

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) објави снимки од воздушни напади врз ирански воени цели.На видеата се гледаат удари врз засолништа за авиони и други летала во ирански воздушни бази.Од ЦЕНТКОМ соопштија дека способноста на иранскиот режим да ги загрози американските сили и нивните сојузници во регионот „брзо слабее“, додека американската воена моќ продолжува да се зголемува.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД во наредните денови ќе имаат целосна и неоспорна контрола над иранскиот воздушен простор.Тој порача дека Иран „не може да ја издржи“ американската воена сила и дека неговите воени капацитети исчезнуваат „од час во час“.

Свет | пред 4 дена

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Медведев: НАТО е луд, САД започнаа војна на Блискиот Исток

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев остро го нападна НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп поради војната со Иран.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Медведев ги критикуваше дискусиите во НАТО за можно активирање на членот 5 од Алијансата.„НАТО е луд. Прво САД го убиваат иранскиот лидер и започнуваат војна на Блискиот Исток. Потоа НАТО-идиоти, предводени од послушниот ‘синче’ на Трамп, Марк Руте, размислуваат за активирање на членот 5“, напиша Медведев.Тој саркастично додаде дека американскиот претседател би можел да биде номиниран за Нобелова награда за мир „затоа што започнал голема војна“, додавајќи дека „Орвел бил во право – војната е мир“.Претходно Медведев на Телеграм оцени дека американските напади врз Иран го покажале „вистинското лице“ на САД и дека преговорите со Техеран биле само параван.

Свет | пред 4 дена

media-libraryccdsakbp475idFLxmQG

Американски сенатор: „Продолжете да ги убивате иранските лидери додека не исчезнат“

Републиканците во американскиот Сенат блокираа резолуција со која од претседателот Доналд Трамп ќе се бараше да добие одобрение од Конгресот за продолжување на воените операции против Иран.Резолуцијата беше одбиена главно по партиска линија, а единствениот демократ што се спротивстави на мерката беше сенаторот Џон Фетерман од Пенсилванија.Во телевизиско гостување, Фетерман ја поддржа ликвидацијата на иранското раководство.„Да, само продолжете да ги убивате додека не исчезнат“, изјави тој, додавајќи дека целосно ја поддржува израелската намера да ги елиминира идните лидери на Иран.Според него, таквите акции се оправдани сѐ додека Иран не избере раководство кое ќе се откаже од, како што рече, обидите за дестабилизација на регионот и уништување на Израел.Се очекува и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес подоцна денеска да гласа за слична мерка поврзана со воените операции против Иран.

Свет | пред 4 дена

benzine

Дизелот во САД достигна највисока цена во речиси две години

Цените на дизелот во Соединетите Американски Држави достигнаа ниво кое не се забележало речиси две години, предупредуваат аналитичарите, додека геополитичките тензии на Блискиот Исток ја зголемуваат неизвесноста на глобалниот пазар на енергенти. Според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), денешната просечна малопродажна цена на дизелот достигна 4,166 долари за галон, што претставува скок од 3,2 проценти во однос на вчерашниот ден.Ова значително поскапување е уште поизразено ако се спореди со минатата недела, само неколку дена по воздушните напади на САД и Израел врз Иран, цената на дизелот се зголеми за околу 11 проценти. Во однос на истиот период минатата година, дизелот сега е поскап речиси за 14 проценти.Бензинот, исто така, го чувствува ефектот на глобалните потреси. Денешната просечна цена на бензин изнесува 3,251 долари за галон, што е за 1,6 проценти повеќе од вчера, а во однос на минатонеделниот просек, за девет проценти поскапа. Споредбено со минатата година, цената бележи раст од 4,6 проценти.

Свет | пред 4 дена

media-librarydkjeqkt3jrvr0nO8i4v

(Видео) Ајатолахот Абдолах Џавади Амоли повика на пролевање крв на Трамп и Израелци

Иранската државна телевизија емитуваше порака од големиот ајатолах на Иран во која повикува на пролевање крв на Израелци и на американскиот претседател Доналд Трамп.Пораката дојде од ајатолахот и исламскиот ученик Абдолах Џавади Амоли и претставува една од ретките клерикални изјави од Иран во време кога земјата се соочува со воздушни напади од Израел и САД.Сега сме на работ на голем тест и мораме внимателно да го сочуваме ова единство, да го зачуваме овој сојуз“, рече тој во своето обраќање.Тој повика на пролевање на „ционистичка крв“, како и на крвта на Трамп и на „личности слични нему“.Потоа се повика на имамот Мехди и цитираше:„Борете се против ционистите и пролевајте ја нивната крв. Јас ќе одговарам за нивната крв. Борете се против угнетувачката Америка и пролевајте ја нејзината крв. Јас ќе одговарам за нивната крв.“Кој е Абдолах Џавади АмолиАбдолах Џавади Амоли е ирански шиитски религиски авторитет, философ и теолог, роден 1933 година во градот Амол, Иран. Се смета за еден од највисоките клирици во шиитскиот ислам (голем ајатолах) и долгогодишен професор по исламска филозофија, теологија и егзегеза на Куранот во верското центар во Кум.Автор е на бројни книги за исламската филозофија, толкување на Куранот и односот меѓу религијата и науката. Во политички контекст поврзан со иранскиот револуционерен систем: бил член на Иранската Скупштина на експерти, тело кое го избира врховниот водач, и години наназад делувал како влијателен идеолог на Исламската Република.Големиот ајатолах е највисок ранг во шиитската хиерархија, означувајќи врвен верски авторитет и правен ученик (marja-e taqlid – извор на следење) на чиј авторитет верниците можат да се повикуваат при религиозни одлуки.

Свет | пред 4 дена

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Зеленски донесе одлука: Украина испраќа експерти за ирански дронови на Блискиот исток

Володимир Зеленски објави дека неговата земја ќе испрати дел од своите воени експерти на Блискиот исток за да помогнат во борбата против иранските дронови и проектили. Зеленски на платформата X соопшти дека ги задолжил клучните министри и шефовите на безбедносните служби да изработат план за помош кој нема да ги загрози одбранбените способности на Украина, јавува The Hill.Според зборовите на Зеленски, Иран во само неколку дена лансирал повеќе од 800 проектили и над 1.400 јуришни дронови.Токму иранските дронови и проектили претставуваат главна закана за слободната пловидба, дестабилизирајќи ги глобалните цени на нафтата, нафтените деривати и гасот“, напиша тој.Зеленски посочи дека се советува со партнери во Европа и САД, како и дека веќе разговарал со лидерите на Обединети Арапски Емирати, Катар, Јордан и Бахреин. Во план се и разговори со Кувајт и други земји во регионот.Сите тие се соочуваат со сериозна закана и отворено зборуваат: иранските јуришни дронови се исти 'Шахеди' кои напаѓаа по нашите градови, села и украинската инфраструктура за време на оваа војна“, додаде Зеленски.Иранските дронови Шахед-136 се оружје кое го користат руските сили во војната против Украина.

Свет | пред 4 дена

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иран: Ќе ги гаѓаме бродовите на САД, Израел и Европа ако поминат низ Ормутскиот теснец

Иранска револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец, една од најважните светски поморски рути, е затворен само за бродови од САД, Израел, Европа и други западни сојузници.Претходно рековме дека, во согласност со меѓународното право и резолуциите, Исламската Република Иран во време на војна ќе има право да го контролира преминот низ Ормутскиот теснец“, соопшти IRGC, пренесува државната телевизија IRIB.Тие додадоа дека бродовите кои припаѓаат на САД, Израел, Европа и нивните сојузници, ако бидат забележани, сигурно ќе бидат погодени.Ормутскиот теснец практично е затворен откако САД и Израел започнаа заедничка операција против Иран, што доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и предизвика загриженост за можните последици врз глобалната економија.

Свет | пред 4 дена

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Иранската војска тврди: Погоден американски танкер во Персискиот Залив

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека нејзината морнарица утрово погодила американски танкер во северниот дел на Персискиот Залив.Во соопштението се наведува дека воени и трговски бродови на Соединетите Американски Држави, Израел и европските земји кои ги поддржуваат „нема да можат да минуваат“ низ тоа подрачје.Од иранската гарда додаваат дека Иран претходно предупредил дека во време на војна има право да го контролира преминот низ Ормуски Теснец.Веќе кажавме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, Исламската Република Иран во време на војна ќе има право да го контролира преминот низ Ормускиот Теснец“, се наведува во соопштението, пренесе иранската новинска агенција Tasnim.

Свет | пред 4 дена

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Закана: САД извршија злосторство на море, горко ќе зажалите

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Соединетите Американски Држави ја нападнале иранската фрегата „Дена“ и дека „горко ќе зажалат поради преседанот што го поставиле“.Според него, фрегатата „Дена“ имала околу 130 морнари и била гостин на индиската морнарица, а нападот бил извршен во меѓународни води без претходно предупредување, пренесува Ројтерс.САД извршија злосторство на море, на 2.000 милји од иранските брегови. Запомнете ги моите зборови: САД горко ќе зажалат за преседанот што го поставија“, напиша тој на социјалната мрежа X.Според информациите, нападот на американска подморница го погодил иранскиот брод во близина на јужниот брег на Шри Ланка, илјадници километри од Персискиот Залив.

Свет | пред 4 дена

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Белата куќа: Нема рок кога САД ќе го обезбедат Ормутскиот теснец

Белата куќа засега не открива временска рамка за плановите на САД за обезбедување на пловидбата низ Ормутскиот теснец, еден од најважните поморски коридори во светот.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека не сака да се „обврзе со рок“ кога станува збор за американските планови за безбедност на овој клучен поморски премин.Таа додаде дека ситуацијата активно ја анализираат американското Министерство за одбрана, кое администрацијата на претседателот Доналд Трамп го нарекува Министерство за војна, како и Министерството за енергетика.Ормутскиот теснец, кој е под контрола на Иран, е еден од најважните морски патишта за транспорт на нафта, низ кој поминува околу една петтина од светското снабдување со овој енергенс.Техеран претходно соопшти дека теснецот е затворен за меѓународен сообраќај.Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американската морнарица, доколку биде потребно, ќе почне да ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец, додека Иран предупреди дека ќе ги нападне бродовите што ќе се приближат до тоа подрачје.

Свет | пред 4 дена

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија остро ги отфрли наводите на Белата куќа за соработка со американската војска

Белата куќа денеска соопшти дека Шпанија наводно прифатила воена соработка со Соединетите Американски Држави во услови на ескалација на конфликтот со Иран, но шпанската влада веднаш ги отфрли овие тврдења.Соопштението од Вашингтон следуваше еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Мадрид со целосен прекин на трговските односи, објави шпанската јавна телевизија РТВЕ.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави пред новинарите дека „Шпанија во изминатите неколку часа се согласила на соработка со американската војска“, додавајќи дека, според неа, шпанските власти „многу јасно ја слушнале пораката на претседателот“. Таа истакна и дека американската армија се координира со своите колеги во Шпанија.До најновите тензии дојде откако Шпанија претходно одби да им дозволи на Соединетите Американски Држави користење на своите воени бази за операции насочени против Иран. Како реакција на таа одлука, Трамп вчера најави дека ќе ја прекине „сета трговија со Шпанија“.Сепак, шпанската влада категорично ги негираше наводите на Белата куќа дека е постигнат каков било договор за воена соработка со американската армија.

Свет | пред 5 дена

media-libraryth1nrhuoccsv6cN13oX

(Видео) Белата куќа: Трамп нареди напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“ дека иранскиот режим подготвува напад врз САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.Според неа, претседателот се соочил со избор – дали американската војска прва да ја отстрани заканата или да чека Иран да нападне.„Претседателот беше соочен со избор: дали САД ќе ги искористат своите воени способности за први да ја отстранат заканата која 47 години ѝ се заканува на нашата земја или, како врховен командант, ќе седи и ќе гледа како иранскиот режим ги напаѓа нашите луѓе во регионот“, изјави Левит.Таа додаде дека од перспектива на Трамп, неактивноста била „неприфатлива“, што ја поттикнало одлуката за почеток на воената операција.Според Белата куќа, точниот момент на нападот бил одреден врз основа на разузнавачки процени за локацијата на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи и други високи претставници на режимот.„Тоа очигледно имало влијание врз временската рамка на операцијата, но не и врз самата одлука на претседателот“, додаде Левит.

Свет | пред 5 дена

media-librarylpgrepfjo4bo1ySjGIW

Иран до соседните земји: Го почитуваме вашиот суверенитет, нападите од САД и Израел нè принудија на одбрана

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати порака до лидерите на соседните држави во која нагласи дека Техеран го почитува нивниот суверенитет.Во објава на социјалната мрежа Икс, Пезешкијан истакна дека Иран се обидувал да избегне војна, но дека нападите од САД и Израел ја оставиле земјата „без избор освен да се брани“.Во меѓувреме, неколку соседни држави пресретнуваат ракети и дронови во текот на конфликтот, иако дел од нив успеале да ја пробијат противвоздушната одбрана и да погодат цели.Обединетите Арапски Емирати соопштија дека од почетокот на конфликтот биле цел на повеќе од 1.000 ирански напади. Еден дрон вчера предизвикал помал пожар во близина на американската амбасада во Дубаи, при што загинале три лица.Напади со дронови биле регистрирани и врз американската амбасада во Ријад во Саудиска Арабија, како и врз едно пристаниште во Оман.

Свет | пред 5 дена

Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Иран се закани: Израелските амбасади ќе бидат легитимни цели

Иранските вооружени сили се заканија дека ќе ги сметаат израелските дипломатски мисии ширум светот за легитимни цели доколку Израел изврши напад врз иранската мисија во Либан.Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, во телевизиско обраќање изјави дека Техеран ќе одговори со напади врз израелските амбасади.„Доколку Израел го изврши тој злостор, ќе бидеме принудени сите израелски амбасади ширум светот да ги сметаме за легитимни цели“, изјави Шекарчи.Претходно, портпаролот на израелската армија за арапското говорно подрачје, Авихај Адраеи, предупреди дека Израел им дал рок од 24 часа на претставниците на, како што рече, „иранскиот терористички режим“ да го напуштат Либан.„Ги предупредуваме претставниците на иранскиот режим кои сè уште се во Либан веднаш да заминат пред да станат цел“, изјави Адраеи.

Свет | пред 5 дена

mkd-393567

Се стабилизираат цените на нафтата по ветувањето на Трамп за заштита на танкерите

Цените на нафтата се стабилизираа откако американската администрација најави мерки за заштита на танкерите што минуваат низ Персискиот Залив, по наглиот раст предизвикан од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Американската сурова нафта WTI порасна за 12 центи, односно 0,16 проценти, и достигна цена од 74,68 долари по барел. Во меѓувреме, глобалниот референтен бренд Брент се зголеми за 37 центи, или 0,45 проценти, на 81,77 долари по барел.Претходно неделава цената на WTI се приближи до 78 долари по барел, по масовните воздушни напади што САД и Израел ги изведоа врз Иран, членка на ОПЕК.Иран возврати со ракетни и дронски напади врз цели на Блискиот Исток, вклучително и енергетска инфраструктура, што предизвика раст на цената на американската нафта од 6 проценти во понеделник и дополнителни 5 проценти во вторник.Пазарот се смири откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе обезбедат поддршка за танкерите преку Меѓународната корпорација за развојно финансирање, а по потреба и поморска придружба за транспортот на нафта низ Персискиот Залив.Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека Белата куќа подготвува дополнителни мерки за поддршка на трговијата со нафта во регионот.Тензиите го погодија и сообраќајот низ Ормутскиот теснец, клучен поморски коридор низ кој се транспортира околу 20 проценти од светската потрошувачка на нафта. Поради страв од ирански напади, дел од бродовласниците привремено го прекинаа сообраќајот низ овој теснец.

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања