Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Не ми е гајле дали Иран ќе игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп, ја коментираше ситуацијата со Иран, и нивните закани за откажување од настапот на Мундијалот, кој треба да се одржи годинава во САД, Канада и Мексико.Иранската фудбалска федерација ја разгледува оваа можност по нападот на САД и Израел врз Иран во последните денови.Воопшто не ми е гајле“, беше коментарот на Трамп, а потоа додаде:Иран е земја која претрпе катастрофален пораз. Нивната сила е исцрпена“, изјави Трамп, пренесе Политико.

Свет | пред 5 дена

merc

Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.Трамп ме увери уште еднаш дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, рече Мерц во Вашингтон по средбата со Трамп во Белата куќа, додавајќи дека тоа се добри вести и дека ништо друго не очекувал.Со оглед на критичкиот став на Трамп кон Европа, во последните месеци се шпекулираше дека би можел да ги повлече американските трупи од Германија. Мерц не појасни дали Трамп ветил дека американскиот воен контингент ќе остане на сегашното ниво.Германскиот канцелар истакна дека со американскиот колега на разговорот пред самитот на НАТО во Анкара во јули дискутирале како подобро да се организира заедничкото воено одвраќање во иднина, без да открива детали.Трамп призна дека германската влада исто така презела одредена водечка улога во зајакнувањето на европската компонента на НАТО“, нагласи Мерц, заклучувајќи дека САД ја почитуваат Германија и нејзиното големо вложување во конвенционалната армија.

Свет | пред 5 дена

media-librarynio5g0j5frt12VSESf0

Американските сили погодија речиси 2.000 цели во Иран

Американските сили погодија речиси 2.000 цели во Иран откако САД и Израел почнаа офанзива од големи размери против земјата во саботата, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), која ги надгледува американските сили во регионот.Нашата војска на Блискиот Исток презема операција без преседан за да ја елиминира способноста на Иран да ги загрозува Американците, изјави адмиралот на ЦЕНТКОМ, Бред Купер, во оперативниот извештај објавен на X.–Веќе погодивме речиси 2.000 цели со повеќе од 2.000 парчиња муниција. Сериозно ја деградиравме иранската воздушна одбрана и уништивме стотици ирански балистички ракети, лансери и беспилотни летала – рече Купер.За помалку од 100 часа, војската уништи и 17 ирански воени бродови, додаде тој. Меѓу нападнатите цели била и „најоперативната“ подморница на Иран. Целта е да се потопи целата иранска морнарица, повтори тој.Денес нема ниту еден ирански брод што плови во Арапскиот Залив [познат и како Персиски Залив или Заливот], Ормускиот Теснец или Оманскиот Залив, рече Купер, додавајќи дека Иран со децении го вознемирува меѓународниот поморски сообраќај.

Свет | пред 5 дена

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Како беше убиен Али Хамнеи: хакирани камери, вештачка интелигенција и тајни служби

Хакирани сообраќајни камери, сложен разузнавачки систем и анализа со помош на вештачка интелигенција одиграле клучна улога во нападот во кој беше убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објави Си-Ен-Ен.Според израелски официјален извор, хакираните сообраќајни камери во Техеран со години обезбедувале увид во движењето на потенцијалните цели во реално време. На тој начин израелските служби можеле детално да го мапираат градот, да ги следат моделите на движење и да создадат сложена разузнавачка слика за случувањата во иранската престолнина.Камерите биле само дел од многу поширок систем кој, според наводите на израелски извори, функционирал како „машина за создавање цели“ управувана со вештачка интелигенција. Системот обработувал огромни количини податоци – визуелни информации, податоци од доушници, пресретнати комуникации, сигнални разузнавачки информации и сателитски снимки.Крајниот резултат биле прецизни координати за напад, претставени како 14-цифрена мрежна локација. Анализата на такви количини податоци барала моќни компјутерски системи и тим од технолози, аналитичари и инженери кои ги потврдувале предложените цели.Израел, според извештајот, со години користел слични методи за операции против иранските структури, што му овозможило длабока инфилтрација во безбедносните кругови на земјата. Во изминатите години, со вакви операции биле ликвидирани повеќе ирански нуклеарни научници, украден бил дел од нуклеарниот архив на Иран, а извршени биле и други тајни акции.Нападот во кој загина Хамнеи бил изведен во рамки на голема заедничка операција на Соединетите Американски Држави и Израел. Според американскиот генерал Ден Кејн, операцијата била одобрена со директна наредба од претседателот Доналд Трамп.Како што наведуваат изворите, нападот бил изведен во момент кога се појавила можност врховниот лидер да биде лоциран надвор од подземните бункери, каде претходно се криел и ја прекинал комуникацијата.Потврдата за неговата смрт пристигнала следното утро, кога иранската државна телевизија објавила дека „врховниот лидер на Иран постигнал мачеништво“.

Свет | пред 5 дена

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

САД разгледуваат воена придружба на танкери низ Ормускиот Теснец, за да ги стабилизира цените на енергенсите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за обезбедување воена заштита на танкерите со нафта и гас кои минуваат низ Ормускиот Теснец, во обид да ги стабилизира цените на енергенсите кои нагло пораснаа по иранските закани за напади врз бродови во овој стратешки поморски коридор.Според информации од извори запознаени со разговорите, станува збор за „воена поддршка за снабдување со нафта и гас“, а во опциите што се разгледуваат е и придружба од страна на американската морнарица.Загриженоста во Вашингтон расте поради можноста енергетските пазари да се соочат со дополнителен притисок доколку воената кампања се интензивира и прошири. Ормускиот Теснец е клучен за извозот на природен гас и сурова нафта, особено од Катар и Саудиска Арабија, а преку него минува околу 20 проценти од светската нафта.Цената на американската нафта порасна за речиси 10 долари по барел од крајот на минатата недела, а порастот веќе се одразува и врз цените на горивата. Администрацијата, според медиумските извештаи, разгледува и можност федералната влада да гарантира осигурување за танкерите, со оглед дека поморските осигурителни компании ги зголемуваат премиите или го повлекуваат покритието за пловидба низ теснецот.Во меѓувреме, американската војска соопшти дека од почетокот на заедничката операција со Израел потопила 11 ирански бродови. Идната мисија, доколку биде одобрена, би се фокусирала повеќе на пресретнување проектили насочени кон цивилниот поморски сообраќај, отколку на директно одвраќање на поморски упади.Државниот секретар Марко Рубио најави дека администрацијата ќе претстави план за справување со растот на цените на нафтата, но без да открие детали за конкретните мерки.

Свет | пред 6 дена

media-librarymqsielc95u6kbyOtIlg

Американска организација тврди: На војници им се кажува дека војната во Иран е дел од Божји план

Поединечни американски воени команданти им зборуваат на своите војници дека војната што се води во Иран е дел од библиски план кој води кон крајот на светот каков што го познаваме, се наведува во низа пријави поднесени од повеќе од сто припадници на вооружените сили. Жалбите ги собрала Фондацијата за верска слобода во војската (MRFF), а за нив известува HuffPost.Основачот и претседател на организацијата, Мајки Вајнштајн, изјавил дека пријавите пристигнале од повеќе од триесет воени единици распоредени во најмалку триесет различни воени бази. Според него, поплаките почнале да пристигнуваат веднаш по почетокот на американско-израелските бомбардирања врз Иран.„Луѓето ни кажуваа дека нивните команданти се воодушевени од случувањата и им порачуваат: ‘Не грижете се, сето ова е дел од Божјиот план’“, рекол Вајнштајн.Тој предупредил дека ваквите пораки се повикуваат на библиската Книга на Откровението и на апокалиптичната битка кај Армагедон, опишувајќи визии за „река од крв“ долга стотици километри. Според него, проблемот е што војниците практично не можат да им се спротивстават на надредените кога религиозните убедувања се претставуваат како дел од службени наредби, бидејќи непослушноста во војската претставува казниво дело.Една од жалбите била поднесена од подофицер кој се наоѓа надвор од Иран и очекува распоредување, а кој реагирал во свое име и во име на уште 15 војници од различни вероисповеди. Нивниот командант, според пријавата, им наредил на припадниците на единицата да им кажуваат на другите дека војната во Иран е „дел од божествениот план“, при што цитирал пасуси од Откровението и зборувал за скорото враќање на Исус Христос.Подофицерот навел дека ваквите пораки го нарушуваат моралот и единството во единицата и претставуваат сериозно прекршување на уставното начело за верска слобода. Во пријавата се тврди и дека командантот изјавил оти претседателот Доналд Трамп бил „помазан од Исус“ да започне војна во Иран со цел да го поттикне Армагедон.Некои војници, според Вајнштајн, дополнително пријавиле дека биле поканувани на библиски средби во домовите на нивните команданти, каде што се разговарало за тоа дека актуелните воени настани се исполнување на христијанските есхатолошки пророштва.Тој нагласил дека поднесувањето официјални жалби во рамки на војската носи ризик за самите војници, бидејќи може да доведе до изолација и негативни последици во кариерата. Иако постојат механизми како обраќање до воени инспектори, правници или капелани, Вајнштајн предупредил дека и тие понекогаш не нудат вистинска заштита.Според него, ваквите појави не се изненадувачки со оглед на религиските тенденции во делови од администрацијата на Доналд Трамп и Министерството за одбрана. Тој потсетил дека министерот за одбрана Пит Хегсет неодамна изјавил дека САД се „христијанска нација“, како и дека молитвени собири редовно се одржуваат во Пентагон.Белата куќа засега не одговорила на барањето за коментар, додека MRFF предупредува дека мешањето на религијата со военото командување може да предизвика долгорочни последици врз американската војска и општество.

Свет | пред 6 дена

media-libraryuvsvq7qbrcdm0Q2CBv5

Тензија меѓу САД и Шпанија, Трамп: Ќе ги прекинеме сите трговски односи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека Соединетите Американски Држави ќе ги прекинат сите трговски односи со Шпанија.„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме ништо со Шпанија“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, за време на средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц.Тој додаде дека на министерот за финансии Скот Бесент му наредил да ги прекине „сите бизниси“ со оваа европска држава и членка на НАТО. Трамп ја критикуваше Шпанија во контекст на реакциите на сојузниците по американскиот ракетен напад врз Иран.Во меѓувреме, шпанската државна телевизија РТВЕ објави дека Мадрид им ускратил пристап на САД до своите воздушни бази за активности што не се во согласност со постојните договори и Повелбата на Обединетите нации.Според податоците на платформата FlightRadar24, најмалку 15 американски авиони ги напуштиле базите Рота и Морон на југот на Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран.Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека Шпанија нема да дозволи користење на своите воени бази за напади врз Иран. Иако базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, тие се наоѓаат под шпански суверенитет.

Свет | пред 6 дена

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Војната на Трамп со Иран – ризик за украинската одбрана?

Американско-израелската воена кампања против Иран отвора сериозни дилеми за иднината на поддршката за Украина, која веќе петта година се брани од руската агресија. Европските сојузници стравуваат дека приоритетот на Вашингтон ќе се пренасочи кон Блискиот Исток, со што Украина би можела да остане без клучна воена помош.Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека доколку конфликтот со Иран се одолжи, тоа „сигурно ќе се одрази на снабдувањето“ со оружје. За Киев, американските ракети-пресретнувачи ПАК-3 за системите „Патриот“ се од витално значење во одбраната од секојдневните руски ракетни напади.Претседателот Доналд Трамп изјави дека операцијата против Иран може да трае четири до пет недели, но дека е подготвен и за подолг ангажман. Аналитичари предупредуваат дека доколку САД се вплеткаат во долготраен конфликт, тоа ќе значи трошење на значителни резерви од муниција и ракети, што би ја намалило достапноста за Украина и Европа.Според извештаите, американските залихи на пресретнувачи и други ракети веќе се под притисок. Европските влади исто така немаат доволни резерви за да ја надоместат евентуалната празнина, а развојот на сопствени капацитети ќе трае со години.Во меѓувреме, мировните разговори за Украина продолжуваат, но во сенка на кризата со Иран. Американскиот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер неодамна се сретнаа со украински претставници, а беше најавена и нова рунда разговори. Сепак, состаноците веќе се одложуваат поради безбедносната состојба.Од друга страна, некои украински функционери гледаат и можни предности. Американско-израелските удари врз Иран го ослабуваат еден од клучните сојузници на Москва, особено во делот на снабдувањето со дронови тип „Шахед“. Дополнително, Киев смета дека конфликтот може да ја зацврсти нарацијата за „оска на злото“, во која Русија, Иран, Северна Кореја и Кина се прикажуваат како поврзани актери.Сепак, клучното прашање останува исто: доколку војната на Блискиот Исток се пролонгира, дали Украина ќе ја изгуби стратешката позиција во американските приоритети? Европските дипломати предупредуваат дека вниманието и ресурсите се ограничени – а нова воена фронта секогаш значи ново прераспределување на моќта.

Свет | пред 6 дена

media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

САД го употребија новиот „самоубиствен дрон“ ЛУКАС во напад врз Иран

Соединетите Американски Држави употребија нов „самоубиствен дрон“ во напад врз Иран, само осум месеци по неговото официјално претставување во Пентагон. Леталото било дел од повеќе од десет модели што минатото лето биле презентирани пред американскиот министер за одбрана Пит Хегсет од страна на конкурентски компании.Дронот, наречен ЛУКАС (Low-Cost Uncrewed Combat Attack System), е развиен од компанијата „Спектр Воркс“ од Аризона и е дизајниран по примерот на иранскиот дрон „Шахед“. Американските одбранбени претставници наведуваат дека вообичаено развојот и оперативното воведување на ново оружје во Пентагон трае со години, но во овој случај постапката била значително забрзана.Според нив, забрзаната процедура е резултат на лекциите извлечени од војната во Украина, каде што руските сили масовно користат ирански дронови „Шахед“. Тоа, како што се посочува, покажало дека беспилотните летала станале клучен елемент на современото војување.Цената на еден дрон ЛУКАС изнесува околу 30.000 евра, што е повеќекратно пониско во споредба со значително пософистицираниот и повеќекратно употреблив дрон MQ-9 Reaper, чија цена достигнува и до 35 милиони евра. За разлика од „Рипер“, ЛУКАС е наменет за еднократна употреба, односно функционира како т.н. „самоубиствен дрон“ кој ја уништува целта при удар.

Свет | пред 6 дена

media-library6aiqiemtcrhval9d6j0

Шпанија и го сврте грбот на Америка

Шпанскиот премиер Педро Санчез одлучи да не им дозволи на Соединетите Американски Држави да ги користат американските воени бази во Шпанија за операции против Иран, без оглед на можните политички последици од таквата одлука.Шпанската влада соопшти дека нема на кој било начин да придонесе за војната предводена од американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека станува збор за конфликт без меѓународна правна основа и без мандат на Обединетите нации, пренесува „Pais“.Санчез, со поддршка на шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Алварез и министерката за одбрана Маргарита Роблес, наложи да не се одобри користење на базите Rota и Moron за операции поврзани со Иран.Владата во Мадрид смета дека интервенцијата е во спротивност со меѓународното право и верува дека поради таквиот став нема да следат американски одмазди. Засега, како што наведуваат шпанските официјални лица, нема официјални поплаки од Вашингтон.Шпанската влада порано истакна дека се противи на иранскиот режим, но ги отфрла воените акции без јасна цел и меѓународен мандат.Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Алварез порача дека Европа мора да дејствува како глас на рамнотежа и деескалација, а не да поддржува еднострани воени акции надвор од Повелбата на ОН. Министерката за одбрана Маргарита Роблес потврди дека Пентагон, по шпанската одлука, повлекол околу 10 авиони-цистерни KC-135 од базите Moron и Rota, каде биле распоредени за поддршка на американските операции.Шпанија е една од ретките европски земји кои јавно го осудија американско-израелскиот напад, додека некои членки на ЕУ изразија резерва, но истакнаа дека ги разбираат целите на нападот.

Свет | пред 6 дена

media-libraryenah8pifcung8SUS8Ot

(Видео) Трамп и неговите соработници не можат да се договорат дали се во војна или не

Емитувањето на Newsnight на CNN вчера прикажа монтажа која ги истакнува контрадикторните пораки на Доналд Трамп и членови на неговата администрација за американско-израелските воени удари врз Иран, како и за тоа дали тие сметаат дека САД моментално се во војна.Прилогот започна со признавањето на Трамп дека постојат ризици, при што рече:Може да има жртви, тоа често се случува во војна.Потоа беше прикажан сенаторот Линзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, кој изјави дека тоа „технички“ можеби и не е војна.Следуваше изјавата на министерот за одбрана, Пит Хегсет: Ние не ја започнавме оваа војна, но под Доналд Трамп ќе ја завршиме.По него, сенаторот Марквејн Мулин, републиканец од Оклахома, инсистираше:Ова не е војна, ние не објавивме војна.Монтaжата потоа се врати на Хегсет, кој тврдеше дека Америка ја поставува „агендата на оваа војна, од почеток до крај“, додавајќи:Војната е пекол и секогаш ќе биде.„Конгресмените што ги видовте во овој исечок се уверени дека ова не е војна, бидејќи тоа би значело дека требало претходно да си ја завршат својата работа и да го одобрат тоа“, рече водителката Еби Филип по емитувањето на прилогот.Но, изгледа дека сепак сме во војна“, заклучи таа.

Свет | пред 6 дена

media-library7t486sgrkkhn5ubXnkH

(Фото) Иранци објавија фотографии: „Во Јемен е уништен американски дрон“

Иранската новинска агенција Tasnim објави фотографии за кои тврди дека прикажуваат „уништен беспилотен летач MQ-9“ во планинско подрачје на југот на Јемен. Агенцијата наведува дека дронот припаѓа на американската војска.Во објавата не се наведува како дошло до падот на леталото ниту точното време на инцидентот.Иранската армија соопшти синоќа дека во различни делови на Иран соборила седум напредни непријателски дронови.Во соопштението пренесено од Tasnim се наведува дека станува збор за дронови тип MQ-9, Heron, Hermes и Orbiter, кои биле погодени и соборени со системи за противвоздушна одбрана во подрачјата Тебриз, Техеран, Исфахан, Хорамабад и Бушер.Се додава дека со ова вкупниот број на соборени дронови од почетокот на, како што се наведува, „ционистичко-американската агресија“ се зголемил на 29.

Свет | пред 6 дена

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Трамп: Зеленски не е свесен, може да остане без оружје поради Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалната мрежа Truth Social истакна дека Соединетите Држави никогаш немале поголеми залихи на муниција, додавајќи дека ги обновил залихите откако, како што тврди, биле потрошени за време на мандатот на неговиот претходник Џо Бајден.Трамп рече дека САД можат да водат војна „засекогаш“ бидејќи залихите се „неограничени“.Залихите на муниција на САД, на средно и повисоко средно ниво, никогаш не биле поголеми или подобри – како што ми беше кажано денес, практично имаме неограничени залихи од ова оружје. Војните можат да се водат ‘засекогаш’ и многу успешно, користејќи ги само овие залихи (кои се подобри од најдоброто оружје на другите земји!)“, истакна американскиот претседател.Сепак, тој додаде дека САД сè уште не се таму каде сакаат да бидат, и покрај тоа што на највисоко ниво располагаат со добри залихи. Трамп исто така го критикуваше Бајден за давање оружје на украинскиот претседател Володимир Зеленски.Зеленски не е свесен, може да остане без оружје поради Иран. Многу дополнително висококвалитетно оружје е складирано за нас во далечни земји. Соничниот Џо Бајден го потроши целото свое време и пари на нашата земја, давајќи го сето тоа на П.Т. Барнум (Зеленски!) од Украина – стотици милијарди долари вредно – и, додека толку многу висококвалитетно оружје го подари (БЕСПЛАТНО!), не се потруди да го замени“, рече Трамп, алудирајќи на американскиот шоумен, бизнисмен и политичар П.Т. Барнум, познат по промовирање на измами и основање на циркусот „Барнум и Бејли“.Среќа што ја обновив војската во мојот прв мандат и продолжувам да го правам тоа. Соединетите Држави се опремени и подготвени за ПОБЕДА, ГОЛЕМА!!!“, заклучи Трамп.

Свет | пред 6 дена

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп се јави кај Курдите, бара помош во војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата имал телефонски разговори со курдските лидери во Ирак за американско-израелската војна со Иран и можниот понатамошен развој на настаните, потврдија за американскиот портал Axios три извори запознаени со повиците. Трамп стапил во контакт со лидерите на двете главни курдски фракции во Ирак – Масуд Барзани и Бафел Талабани – ден по почетокот на бомбардирањето во саботата.Курдите располагаат со илјадници борци долж ирачко-иранската граница и контролираат стратешки подрачја кои би можеле да станат клучни во понатамошниот тек на војната. Покрај тоа, ирачките Курди одржуваат блиски врски со курдската малцинска заедница во Иран.Телефонските повици следеле по повеќемесечно лобирање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го поттикнувал Трамп на напад и промена на режимот во Иран. Израел со децении има блиски безбедносни, воени и разузнавачки врски со Курдите во Сирија, Ирак и Иран.Еден официјален претставник изјавил:Превладува мислењето, кое е и став на Нетанјаху, дека Курдите ќе ‘излезат од сенка’… дека ќе се побунат.“ Нетанјаху првпат ја изнел идејата за вклучување на Курдите на средба со Трамп во Белата куќа.Кога првпат дојде и со часови седеше со Трамп, изгледаше како Нетанјаху да има сè испланирано“, рече еден официјален претставник. „Имаше подготвен наследник. Сè знаеше за Курдите: кои се двете групи, каде се наоѓаат. Знаеше и колку луѓе ќе се дигнат на востание“, додаде тој.На директно прашање за повиците на Трамп кон Курдите, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одби да коментира детали.Претседателот Трамп во последните денови бил во контакт со бројни сојузници и партнери во регионот“, изјави таа за Axios.Во неделата, Курдската партија на слободата, опозициска група на иранските Курди со седиште во ирачки Курдистан, го обвини Иран за одмазничка кампања со ракетни напади и беспилотни летала. Шест дена пред почетокот на војната, пет дисидентски курдски групи кои дејствуваат од Ирак го објавија основањето на Коалиција на политички сили на ирански Курдистан за борба против Иран.

Свет | пред 6 дена

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Дел од МАГА се сврте против Трамп поради Иран, тој порача: „Не ми е гајле“

Дел од движењето МАГА отворено негодува поради воената операција на Доналд Трамп во Иран, стравувајќи од долготраен конфликт и зголемен број жртви меѓу американските војници. Претседателот, сепак, одговори кратко: „Не ми е гајле“, нагласувајќи дека МАГА стои зад него.Според анализата на „Ју-Ес-Еј тудеј“, незадоволството во дел од базата произлегува од стравот дека операцијата може да прерасне во уште една долга и скапа војна на Блискиот Исток. Трамп во минатото ги градеше своите кампањи врз критика на војните во Ирак и Авганистан, нарекувајќи ја инвазијата врз Ирак „катастрофа“ и „една од најлошите одлуки во историјата на земјата“.Иако првичните операции во Иран и Венецуела во неговиот втор мандат беа кратки и без американски жртви, актуелната ескалација веќе резултираше со смрт на шест припадници на американските вооружени сили. Трамп изјави дека операцијата првично била планирана да трае четири до пет недели, но дека САД имаат капацитет да дејствуваат и многу подолго.Во подкастот „Воена соба“, што го води Стив Бенон, сојузници на Трамп предупредија дека долготрајна и исцрпувачка операција може политички скапо да го чини претседателот. Бенон истакна дека во кампањата за 2024 година не било најавено сценарио на „тежок и исцрпувачки пат“, додавајќи дека поддршката може да се намали.Меѓу конзервативните гласови што ја доведуваат во прашање интервенцијата се и Такер Карлсон и Мегин Кели. Карлсон ја оцени кампањата како „одвратна и зла“, додека Кели изјави дека сака да биде поуверена дека жртвите се оправдани. Трамп, пак, ги отфрли нивните критики, нагласувајќи дека „МАГА е Трамп“ и дека движењето ја поддржува неговата политика.Министерот за одбрана Пит Хегсет се обиде да ги отфрли споредбите со Ирак, тврдејќи дека операцијата во Иран има „јасна, решителна и разорна мисија“ и дека не станува збор за бесконечна војна.Сепак, дел од конзервативците прашуваат кои се вистинските цели: промена на режимот, уништување на нуклеарните капацитети, ограничување на воената моќ или поширока геополитичка стратегија. Недостигот од, како што велат, кохерентна порака отвора дилеми во пресрет на клучните избори на средината од мандатот, кога републиканците настојуваат да ја задржат контролата врз Конгресот.Политичката дебата околу Иран сè повеќе го дели републиканскиот табор и ја става на тест способноста на Трамп да ја задржи мобилизираната и обединета својата база во услови на растечки безбедносни ризици и неизвесен исход од конфликтот.

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања