Промени тема
Контакт

Тензија меѓу САД и Шпанија, Трамп: Ќе ги прекинеме сите трговски односи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryuvsvq7qbrcdm0Q2CBv5

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека Соединетите Американски Држави ќе ги прекинат сите трговски односи со Шпанија.

„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме ништо со Шпанија“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, за време на средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Тој додаде дека на министерот за финансии Скот Бесент му наредил да ги прекине „сите бизниси“ со оваа европска држава и членка на НАТО. Трамп ја критикуваше Шпанија во контекст на реакциите на сојузниците по американскиот ракетен напад врз Иран.

— реклама —

Во меѓувреме, шпанската државна телевизија РТВЕ објави дека Мадрид им ускратил пристап на САД до своите воздушни бази за активности што не се во согласност со постојните договори и Повелбата на Обединетите нации.

— реклама —

Според податоците на платформата FlightRadar24, најмалку 15 американски авиони ги напуштиле базите Рота и Морон на југот на Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран.

— реклама —

Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека Шпанија нема да дозволи користење на своите воени бази за напади врз Иран. Иако базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, тие се наоѓаат под шпански суверенитет.

media-library6aiqiemtcrhval9d6j0

Шпанија и го сврте грбот на Америка

Шпанскиот премиер Педро Санчез одлучи да не им дозволи на Соединетите Американски Држави да ги користат американските воени бази во Шпанија за операции против Иран, без оглед на можните политички последици од таквата одлука.Шпанската влада соопшти дека нема на кој било начин да придонесе за војната предводена од американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека станува збор за конфликт без меѓународна правна основа и без мандат на Обединетите нации,

Свет | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Иран: Ормускиот Теснец може да биде отворен за неколку дена ако САД ја укинат блокадата

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран до САД постави седум услови за преговори: „Подготвени сме за одлучувачка војна“

Свет | пред 2 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран егзекутира маж: Го обвинија дека на Мосад му давал информации за ракетни позиции

Свет | пред 3 дена

nafta-mazut

САД бараат заплена на 61 милион долари: Иран наводно „испрал“ 1,5 милијарди преку криптовалути

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања