Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Поранешен шеф на ЦИА: Ова е катастрофална грешка

Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран биле „драстично лоша грешка“. Во емисијата „The Weeknight“ на MS NOW, Бренан ги спореди нападите со американската инвазија на Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала децении хаос.Споредба со инвазијата на Ирак„Мислам дека ова е втор пат во овој век САД да направат катастрофална грешка со влегувањето во конфликт на Блискиот Исток. Првиот пат беше во 2003 година кога го нападнавме Ирак, што предизвика години и години хаос, насилство и тероризам“, рече Бренан.„Тоа доведе до подемот на ИСИС и сè уште се опоравуваме од 20 години тој хаос. Сега го започнуваме овој голем напад врз Иран, многу голема земја, многу поголема од Ирак“, додаде тој. „Она што го видовме во последните денови се катастрофални напади врз Иран и иранската влада. Иранскиот режим во моментов не попушта и затоа напаѓа цели во близина со сите расположиви средства, без разлика дали станува збор за американски бази или заливски арапски држави.“„Нетанјаху го вовлече Трамп во ова“„Сведоци сме на трагична, бесмислена и непотребна загуба на животи. Како што рече сенаторот Ворнер, немаше непосредна закана“, продолжи Бренан. „Мислам дека е јасно дека администрацијата сега измислува работи за да се обиде да го оправда она што се случува“.„Она што ми е јасно е дека Бенјамин Нетанјаху, кој долго време посакуваше ваков вид воена операција против Иран, успеа да го освои Трамп и да го вовлече во нешто вакво“, заклучи Бренан, кој беше шеф на ЦИА од 2013 до 2017 година.

Свет | пред 6 дена

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Трамп: Односот со Британија повеќе не е како порано

Доналд Трамп го критикуваше британскиот премиер Киер Стармер поради неговата улога во американските напади врз Иран, истакнувајќи дека не бил од помош и дека односот меѓу двете земји очигледно не е како порано. Во разговор за британскиот весник The Sun, Трамп го изрази разочарувањето од ставот на Обединетото Кралство.Никогаш не би го очекувал ова од Обединетото Кралство“, рече Трамп во телефонско интервју, додавајќи дека особено не би очекувал таков однос од нив.Споредувајќи ги со другите сојузници, тој посочи дека Франција и другите земји биле одлични, додека Обединетото Кралство се покажало сосема поинакво.Критиката на Трамп доаѓа по променливиот став на британската влада, која првично ја одбила САД за употреба на британските бази за напади врз Иран, а подоцна прифатила, како што наведе, одбранбени акции.Стармер во понеделник во Долниот дом на Парламентот нагласи дека владата не верува во промена на режимот од воздух, мислејќи на нападите.

Свет | пред 6 дена

netanjahu

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на САД и Израел против Иран би можела да потрае „одредено време“, но дека нема да трае со години.Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како што беше случај со некои претходни војни во регионот.Реков дека може да биде брза и одлучна. Можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години. Ова не е бесконечна војна“, изјави тој во емисијата „Hannity“ на телевизијата Fox News.Израелскиот премиер додаде дека војната ја гледа како можност за траен мир на Блискиот Исток, вклучително и меѓу Израел и Саудиска Арабија.Тој посочи дека заедничката воена кампања на САД и Израел создава услови иранскиот народ сам да ја смени својата влада.Секако, на крајот е на народот на Иран да ја промени владата, но ние создаваме – Америка и Израел заедно создаваат – услови тоа да се случи“, изјави Нетанјаху.Американскиот претседател Доналд Трамп првично процени дека војната ќе трае четири до пет недели, но додаде дека би можела да потрае и подолго, настојувајќи да ја оправда пошироката, временски неограничена кампања против Иран.

Свет | пред 6 дена

media-library994788oia20nbHcJMQ0

(Видео) Почнаа погребите на ученичките убиени во училиштето во Иран

Во Иран започнаа погребите на ученичките кои загинаа во своите училници на првиот ден од американско-израелските бомбардирања на земјата. Според иранските официјални лица, најмалку 168 ученички загинале кога воздушните удари на САД и Израел во саботата наутро погодиле основно училиште за девојчиња во јужниот град Минaб.Според иранската државна телевизија IRIB, голем број луѓе утринава ги пополниле улиците на Минaб, собирајќи се пред главниот плоштад. Насобраните граѓани носеле слики од убиените девојчиња и скандирале пароли. Полуофицијалната новинска агенција Тасним пренесува дека мајката на една од ученичките го критикувала претседателот Доналд Трамп, нарекувајќи ги неговите постапки „лудачки“.Училиштето се наоѓа околу 60 метри од иранска воена база. На прашањето за нападот, портпаролот на американското Централно командување соопштил дека „се запознаени со извештаите и ги истражуваат“.

Свет | пред 6 дена

media-library6ke5je9jinkb0dsloTk

(Видео) Ирански медиуми: Американската воздушна база во Бахреин уништена

Се појавуваат извештаи за ирански напад во кој е уништена американската воздушна база во Бахреин.Снимки објавени од новинската агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, наводно прикажуваат бран ракети кои погодуваат далечни цели.Се тврди дека нападот со дронови и проектили на IRGC ја уништил командната и штабната зграда на американската база во регионот Шеик Иса во Бахреин и предизвикал експлозии на резервоари за гориво.САД засега не ги коментирале наводните напади.Претходно над американската морнаричка база во Бахреин бил видлив чад.Американското Министерство за надворешни работи им нареди на своите граѓани веднаш да го напуштат Бахреин, како и уште десетина други земји на Блискиот Исток.

Свет | пред 6 дена

merc

Мерц пристигнува кај Трамп: Прва посета од почетокот на војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе го пречека германскиот канцелар Фридрих Мерц, при што се очекуваат разговори за чувствителни теми – од американско-израелските напади врз Иран до најавените нови царини на Вашингтон и неодамнешната посета на германскиот лидер на Кина.Мерц отпатува од Берлин за Вашингтон во момент кога Германија и Франција најавија продлабочување на соработката во областа на нуклеарното одвраќање, како дел од прилагодувањето на европските сојузници кон промените во трансатлантските односи, во услови на постојани закани од Русија и нестабилност поврзана со конфликтот со Иран.Германскиот канцелар неодамна се сретна и со кинескиот претседател Си Џинпинг, а во Вашингтон ќе настојува да го зачува позитивниот однос изграден со Трамп во текот на изминатата година, паралелно со зголемените германски издвојувања за одбрана.Мерц ќе биде првиот европски лидер што ќе го посети Вашингтон по нападите врз Иран, кои доведоа до блокада на една од клучните светски рути за транспорт на нафта и предизвикаа нарушувања во глобалниот воздушен сообраќај.За време на викендот, во американско-израелските напади, според извештаите, беше убиен иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи, како и други високи ирански претставници.Во неделата, Мерц не ги критикуваше американските воздушни напади, но ниту експлицитно ги поддржа. „Ја разбираме таа дилема“, изјави тој, посочувајќи дека повеќедецениските обиди не го одвратиле Иран од стремежот кон нуклеарно оружје ниту од репресијата врз сопствениот народ.Затоа нема да им држиме предавања на нашите партнери за нивните воени напади врз Иран“, порача германскиот канцелар.

Свет | пред 6 дена

media-library6kk7tjiocmha4Vb7jfF

Затворена Амбасадата на САД во Кувајт

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Кувајт е затворена до понатамошно известување поради, како што е наведено, трајните регионални тензии.Во објава на платформата Икс се наведува дека се откажани сите редовни и итни конзуларни термини, а јавноста ќе биде известена кога амбасадата повторно ќе започне со вообичаениот режим на работа.Според информациите, Амбасадата на САД во Кувајт наводно вчера била цел на напад со дронови.

Свет | пред 6 дена

media-library994mc2d9vijp39RoULd

Вашингтон со итен апел: Американците на Блискиот Исток веднаш да ги напуштат земјите

Помошничката на американскиот државен секретар за конзуларни работи Мор Намдар упати итен апел до американските државјани кои престојуваат на Блискиот Исток веднаш да ги напуштат земјите поради „сериозни безбедносни ризици“.Во објава на социјалните мрежи се наведува дека Американците во Бахреин, Египет, Иран, Ирак, Израел, Западен Брег, Газа, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Јемен треба „ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТАТ земјата со комерцијални летови“.Предупредувањето доаѓа во услови на засилена ескалација на конфликтот во регионот, со зголемени ракетни и напади со беспилотни летала, како и растечки безбедносни закани за странските државјани.Американските власти ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните соопштенија и безбедносните насоки, како и да преземат итни мерки за заминување додека сè уште постои можност за комерцијални летови.

Свет | пред 6 дена

media-libraryqa4v73qc85iifmTUxDQ

(Видео) Извори тврдат: Дроновите кон британската база во Кипар биле лансирани од Либан, веројатно од Хезболах

Иранските беспилотни летала што ја таргетираа британската воена база на Кипар биле лансирани од соседен Либан, а најверојатно зад нив стои вооружената група Хезболах, изјавил извор од кипарската влада за агенцијата Франс прес.Според истиот извор, „потврдено е“ дека дроновите, од кои еден ја погодил пистата на базата, биле испратени од либанска територија. На прашањето дали зад нападот стои проиранската група, изворот одговорил дека тоа е „многу веројатно“.Британското Министерство за одбрана засега не ја потврдило информацијата. Владин извор во Лондон посочил дека анализата што треба да го утврди потеклото на дроновите „сè уште е во тек“.Дронот што во неделата навечер ја погодил британската база во Акротири претставува прв напад врз земја членка на Европска Унија од почетокот на војната што избувна по американско-израелските воздушни напади во саботата.Британскиот премиер Кир Стармер, обраќајќи се во парламентот, изјави дека Соединети Американски Држави „не ги користат и нема да ги користат двете британски воени бази на Кипар“. Иако базата Акротири беше нападната само неколку часа по неговата изјава дека одобрил користење на британските бази против Иран, Стармер уверуваше дека нападот „не бил одговор на ниту една одлука што сме ја донеле“.„Според нашата проценка, дронот бил лансиран уште пред нашата објава“, рече тој, без да го прецизира потеклото на леталото.

Свет | пред 6 дена

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Рубио: САД го нападнаа Иран превентивно, знаевме дека Израел ќе удри

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединети Американски Држави извршиле превентивен напад врз Иран во саботата, бидејќи имале сознанија дека Израел подготвува воена акција која би предизвикала одмазднички напади врз американските сили.„Знаевме дека ќе има израелска акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили“, изјави Рубио пред новинарите.Тој додаде дека проценката на Вашингтон била оти, доколку САД не реагираат превентивно, би се соочиле со поголем број жртви.„Знаевме дека ако не ги погодиме превентивно пред да ги лансираат тие напади, ќе имавме повеќе жртви, можеби и значително повеќе загинати“, рече Рубио.Изјавата доаѓа во момент на засилена ескалација на конфликтот во регионот, при што иранските и израелските сили разменуваат удари, а американското воено присуство на Блискиот Исток е ставено во состојба на зголемена готовност.

Свет | пред 6 дена

media-library3mf1rfgug4m892xXuoE

Бројот на загинати американски војници се искачи на шест

CENTCOM соопшти дека бројот на загинати припадници на американските вооружени сили се искачил на шест заклучно со 16:00 часот по источноамериканско време во понеделник.Во најновото соопштение се наведува дека американските сили ги пронашле посмртните останки на „двајца претходно непронајдени војници“ во објект кој бил погоден за време на првичните ирански напади во регионот.Од СЕНТКОМ информираат дека „големите борбени операции продолжуваат“, без да се наведат дополнителни детали за локацијата на нападите или за околностите под кои загинале војниците.Ова е најновата ескалација во конфликтот, кој во изминатите денови доведе до зголемен број жртви и проширување на воените активности во регионот.

Свет | пред 6 дена

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Безбедносна закана: САД привремено го повлекоа персоналот од амбасадата во Јордан

Амбасада на САД во Јордан соопшти дека привремено го евакуирала својот персонал од комплексот во главниот град на Јордан, поради неодредена безбедносна закана.„Од крајна претпазливост, целиот персонал на американската амбасада привремено го напушти комплексот поради закана“, се наведува во безбедносното предупредување објавено на социјалните мрежи.Аман се наоѓа меѓу регионалните центри кои се под зголемени безбедносни мерки по иранските противнапади, започнати како одговор на заедничката американско-израелска воена кампања во која беше убиен иранскиот врховен лидер.Засега нема дополнителни детали за природата на заканата, ниту за тоа кога персоналот ќе се врати во амбасадата.

Свет | пред 6 дена

media-library62kcirat0qesalzHw2Y

(Видео) Државните медиуми во Техеран објавија снимка од наводно соборување на „Хермес 450“

Иран објави снимка за која тврди дека прикажува соборување на израелски беспилотен летачки апарат над негова територија.Според државната агенција Tasnim, дронот бил соборен над Хорамaбад и станува збор за модел „Хермес 450“. Сепак, како што пренесува The Times of Israel, на самата снимка се чини дека е прикажан дрон од типот „Херон“, што отвора дилема околу точниот модел.

Свет | пред 6 дена

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Ен-Би-Си: Имало обид да се спречи војната со Иран на тајна средба во Женева, иранскиот шеф на дипломатијата викал на претставник на Трамп

Последната можност да се избегне војна меѓу Соединетите Американски Држави и Иран била на средбата одржана во четврток во Женева, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на висок претставник на администрацијата на Доналд Трамп кој сакал да остане анонимен.Според наводите, американската делегација побарала Иран во следните десет години да не врши збогатување на ураниум, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за спречување развој на нуклеарно оружје. Иранската страна остро се спротивставила на ова барање. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека неговата земја има „неотуѓиво право“ на збогатување ураниум, на што американскиот претставник Стив Виткоф возвратил дека и САД имаат „неотуѓиво право“ да го спречат тоа.По размената на ставови, според изворот на Ен-Би-Си, Арагчи почнал да вика на Виткоф, кој на состанокот бил придружуван од Џаред Кушнер. Американската делегација потоа го информирала претседателот Трамп за текот на разговорите. Според истиот извор, Трамп не бил вознемирен од случувањата.Откако преговорите западнале во ќор-сокак, администрацијата на Трамп одлучила да започне воена операција. Претседателот во кратко телефонско интервју за Ен-Би-Си изјавил дека одлуката била донесена бидејќи Иран не бил подготвен да го запре нуклеарното истражување и да гарантира дека нема да поседува нуклеарно оружје.Трамп, кој во минатото ја градеше својата политичка реторика на ветување дека ќе ги избегне „бесконечните војни“, повторно истакна дека нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Во меѓувреме, американските и израелските сили извршија воздушни напади, при што, според извештаите, биле погодени стотици цели во Техеран, а загинал и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.Според американски извори, дипломатските напори паралелно биле проследени со значително распоредување на воени сили во регионот, вклучително и испраќање носач на авиони. Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно изјавил дека САД намерно предизвикале економски притисок врз Иран со цел да го принудат на отстапки.Во меѓувреме, конфликтот веќе има човечки жртви. Ирански контранапад во Кувајт усмрти четворица американски војници, а Трамп предупреди дека е можно бројот на жртви да се зголеми пред да заврши операцијата.

Свет | пред 1 седмица

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Иранската ракетна програма беше закана за САД и Европа, за еден час го уништивме военото раководство, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на церемонија за доделување медали во Белата куќа, се осврна на тековната воена кампања против Иран, нагласувајќи дека операцијата и понатаму трае.„Денес војската на САД продолжува со ударите врз ужасниот терористички режим во Иран. Го предупредивме Иран по операцијата ‘Полноќен чекан’ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но тие нè игнорираа. Покрај тоа, продолжија да ја зајакнуваат својата програма за балистички ракети“, изјави Трамп.Тој оцени дека операцијата била неопходна бидејќи, како што рече, ракетната програма на режимот растела брзо и драматично и претставувала јасна и голема закана за Соединетите Американски Држави и за американските сили стационирани во странство.„Ирански режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје би бил закана што не може да се толерира“, рече Трамп.Тој додаде дека САД обезбедуваат иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници, потсетувајќи дека четворица американски војници загинале во операциите.„Имаме најсилна војска во светот и со леснотија ќе победиме. За еден час го уништивме нивното воено раководство, и тоа многу пред зададениот рок“, изјави Трамп.Претседателот нагласи дека Иран веќе поседувал ракети способни да погодат цели во Европа и американски бази во регионот и пошироко, а според неговите зборови, наскоро би можел да развие и проектили што би достигнале до територијата на Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања