Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-library62kcirat0qesalzHw2Y

(Видео) Државните медиуми во Техеран објавија снимка од наводно соборување на „Хермес 450“

Иран објави снимка за која тврди дека прикажува соборување на израелски беспилотен летачки апарат над негова територија.Според државната агенција Tasnim, дронот бил соборен над Хорамaбад и станува збор за модел „Хермес 450“. Сепак, како што пренесува The Times of Israel, на самата снимка се чини дека е прикажан дрон од типот „Херон“, што отвора дилема околу точниот модел.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Ен-Би-Си: Имало обид да се спречи војната со Иран на тајна средба во Женева, иранскиот шеф на дипломатијата викал на претставник на Трамп

Последната можност да се избегне војна меѓу Соединетите Американски Држави и Иран била на средбата одржана во четврток во Женева, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на висок претставник на администрацијата на Доналд Трамп кој сакал да остане анонимен.Според наводите, американската делегација побарала Иран во следните десет години да не врши збогатување на ураниум, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за спречување развој на нуклеарно оружје. Иранската страна остро се спротивставила на ова барање. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека неговата земја има „неотуѓиво право“ на збогатување ураниум, на што американскиот претставник Стив Виткоф возвратил дека и САД имаат „неотуѓиво право“ да го спречат тоа.По размената на ставови, според изворот на Ен-Би-Си, Арагчи почнал да вика на Виткоф, кој на состанокот бил придружуван од Џаред Кушнер. Американската делегација потоа го информирала претседателот Трамп за текот на разговорите. Според истиот извор, Трамп не бил вознемирен од случувањата.Откако преговорите западнале во ќор-сокак, администрацијата на Трамп одлучила да започне воена операција. Претседателот во кратко телефонско интервју за Ен-Би-Си изјавил дека одлуката била донесена бидејќи Иран не бил подготвен да го запре нуклеарното истражување и да гарантира дека нема да поседува нуклеарно оружје.Трамп, кој во минатото ја градеше својата политичка реторика на ветување дека ќе ги избегне „бесконечните војни“, повторно истакна дека нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Во меѓувреме, американските и израелските сили извршија воздушни напади, при што, според извештаите, биле погодени стотици цели во Техеран, а загинал и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.Според американски извори, дипломатските напори паралелно биле проследени со значително распоредување на воени сили во регионот, вклучително и испраќање носач на авиони. Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно изјавил дека САД намерно предизвикале економски притисок врз Иран со цел да го принудат на отстапки.Во меѓувреме, конфликтот веќе има човечки жртви. Ирански контранапад во Кувајт усмрти четворица американски војници, а Трамп предупреди дека е можно бројот на жртви да се зголеми пред да заврши операцијата.

Свет | пред 1 седмица

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Иранската ракетна програма беше закана за САД и Европа, за еден час го уништивме военото раководство, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на церемонија за доделување медали во Белата куќа, се осврна на тековната воена кампања против Иран, нагласувајќи дека операцијата и понатаму трае.„Денес војската на САД продолжува со ударите врз ужасниот терористички режим во Иран. Го предупредивме Иран по операцијата ‘Полноќен чекан’ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но тие нè игнорираа. Покрај тоа, продолжија да ја зајакнуваат својата програма за балистички ракети“, изјави Трамп.Тој оцени дека операцијата била неопходна бидејќи, како што рече, ракетната програма на режимот растела брзо и драматично и претставувала јасна и голема закана за Соединетите Американски Држави и за американските сили стационирани во странство.„Ирански режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје би бил закана што не може да се толерира“, рече Трамп.Тој додаде дека САД обезбедуваат иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници, потсетувајќи дека четворица американски војници загинале во операциите.„Имаме најсилна војска во светот и со леснотија ќе победиме. За еден час го уништивме нивното воено раководство, и тоа многу пред зададениот рок“, изјави Трамп.Претседателот нагласи дека Иран веќе поседувал ракети способни да погодат цели во Европа и американски бази во регионот и пошироко, а според неговите зборови, наскоро би можел да развие и проектили што би достигнале до територијата на Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 1 седмица

media-library5nc4soo10qvpb4tZHqq

Трамп: Нуклеарно вооружен Иран би бил нетолерирана закана, целта е уништување на ракетните капацитети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целите на операцијата против Иран се „јасни“, наведувајќи дека меѓу нив се уништување на иранските ракетни капацитети, „анихилирање на нивната морнарица“ и спречување Иран некогаш да се здобие со нуклеарно оружје.Трамп нагласи дека Иран „не може да продолжи да вооружува, финансира и насочува терористички армии надвор од своите граници“, оценувајќи дека таквите активности ја дестабилизираат целата регија.Според него, иранската програма за балистички ракети била наменета како заштитен штит за развој на нуклеарно оружје. Тој додаде дека иако Соединетите Американски Држави биле земјата што инсистирала на запирање на таа закана, „сите биле зад нас“.Американскиот претседател предупреди дека ирански режим вооружен со нуклеарно оружје и далекусежни ракети би претставувал „нетолерирана закана“ за Блискиот Исток и за американскиот народ.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Иран најави нов бран напади: Лансирани „различни“ проектили кон цели на САД

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека започнала нов бран напади врз американски воени бази во регионот, јавуваат државните медиуми.Во соопштението се наведува дека биле лансирани „различен вид“ проектили, но без да се објават дополнителни детали за нивниот тип, дострел или конкретните цели. Засега нема официјална потврда од американска страна за евентуални последици од нападите.Претходно во текот на денот, Револуционерната гарда информираше дека е во тек бран ракетни и беспилотни напади врз израелскиот град Беершева, со што дополнително се засилува ескалацијата на конфликтот во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrqrpsv0i0ecudaRrxMG

Стармер: Морам да го штитам интересот на Велика Британија, не се придружуваме на напади врз Иран

Британскиот премиер Кир Стармер се обрати пред пратениците во Долниот дом на Парламентот за ситуацијата на Блискиот Исток и одлуката да ѝ се дозволи на САД да користат британски воени бази за „одбранбени“ напади врз Иран.На почетокот, Стармер нагласи дека Обединетото Кралство не учествувало во почетните напади врз Иран, и дека тоа било „намерна“ одлука.„Најдобриот пат понатаму е преку преговори“, рече Стармер, додавајќи дека тоа подразбира дека Иран треба да се откаже од „секоe тежнеење за развој на нуклеарно оружје и да ги запре „дестабилизирачките активности“ во регионот.Потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп „изразил несогласување“ со британската одлука да не се вклучи веднаш во нападите, но истакна:Моја должност е да проценам што е во национален интерес на Британија“ и дека стои зад своите одлуки.Стармер додаде дека Велика Британија нема да се придружи на американските и израелските напади врз Иран.Американските власти побарале дозвола да ги користат британските бази за да го спречат лансирањето на иранските проектили „на изворот“, додека се во складишта или подготвени на лансери. Стармер рече дека го прифатил тоа барање „за да се спречи Иран да лансира проектили низ регионот“ и да убива цивили.Тој нагласи дека Лондон не учествува во офанзивни операции, туку дозволува активности насочени кон одбрана. Франција и Германија, како што додаде, се подготвени да им овозможат на САД активности во своите бази за уништување на иранските капацитети за лансирање проектили.Стармер исто така рече дека Иран постапува „сè поспонтано“ и дека неговата должност е да ги штити британските животи. Затоа, британските борбени авиони биле подигнати во воздух „во рамките на координирани одбранбени операции“.Тој посочи дека овие операции веќе дале резултати, вклучувајќи уништување на дрон што се упатувал кон база каде што се сместени британски војници.

Свет | пред 1 седмица

napad-liban

САД ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан

САД ги повикаа своите граѓани кои се наоѓаат во Либан веднаш да ја напуштат земјата.Ги повикуваме американските граѓани да не патуваат во Либан. Ако сте во земјата, напуштете го Либан веднаш додека сè уште се достапни комерцијалните летови“, соопшти американската амбасада во Бејрут на социјалната мрежа X.Сигурносната ситуација во Либан е нестабилна и непредвидлива. Воздушни напади се забележани низ целата земја, особено на југот, во долината Бека и во делови од Бејрут“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 1 седмица

kina

Кина ја поддржува одбраната на Иран и повикува на прекин на воените акции

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг И, во телефонски разговор со својот ирански колега искажа дека Пекинг ја поддржува одбраната на Иран од американско-израелските напади, во време на ширење на конфликтот на Блискиот Исток. Преку серија разговори со колеги од Иран, Оман и Франција, Ванг го презентирал ставот на Кина околу ескалацијата на конфликтот, јавува AFP.Во разговорот со иранскиот министер Абас Арагчи, Ванг истакнал дека Пекинг „го негува традиционалното пријателство со Иран“. Според извештајот на државната телевизија CCTV, тој додал:Ја поддржуваме одбраната на суверенитетот, безбедноста, територијалниот интегритет и националното достоинство на Иран, како и заштитата на неговите легитимни права и интереси“.Ванг исто така упатил повик до Соединетите Држави и Израел веднаш да ги прекинат воените операции.Ја повикуваме САД и Израел веднаш да ги запрат воените акции, да избегнат понатамошна ескалација и да спречат ширење на конфликтот низ целиот Блиски Исток“, изјавил Ванг, пренесува CCTV.Во посебен разговор со оманскиот министер за надворешни работи, Бадр Албусаиди, Ванг ги обвинил САД и Израел дека „намерно поттикнуваат војна против Иран“, со што се „кршат целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“. Тој истакнал дека Кина е подготвена активно да учествува во решавање на кризата.Кина е подготвена да одигра конструктивна улога, застапувајќи правда, мир и запирање на војната преку платформата на Советот за безбедност на ОН“, рекол Ванг.За време на разговорот со францускиот колега Жан-Ноел Баро, кинескиот министер предупредил дека светот се соочува со „враќање на законот на џунглата“.Големите сили не можат самоволно да напаѓаат други земји врз основа на својата воена моќ“, истакнал тој, додавајќи дека иранското нуклеарно прашање „мора да се врати на патот на политичко и дипломатско решение“.

Свет | пред 1 седмица

media-library1o0benahr62b5ENI9vG

Иранскиот шеф за безбедност: Спремни сме за долгогодишнa војна

Иранскиот шеф за безбедност Али Ларијани, изјави денеска дека Иран е спремен за долгогодишна војна во објава на X. Тој додаде дека иранските вооружени сили „не учествувале во никакви напади, освен во самоодбрана“.Како и во последните 300 години, Иран не ја започна оваа војна и нашите храбри вооружени сили не учествувале во никакви напади, освен во одбрана. Жестоко ќе се браниме себеси и нашата цивилизација стара шест илјади години, без разлика на цената, и ќе ги натераме непријателите да зажалат за својата погрешна проценка“, напиша тој.Ларијани претходно истакна и дека Исламската Република нема да преговара со САД.Ден претходно претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека новото иранско раководство сака да разговара со него и дека тој се согласил на тоа.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Началникот на Заедничкиот штаб на САД: Очекуваме дополнителни загуби во операциите против Иран

Претседателот на Заедничкиот штаб на американските вооружени сили, Ден Кајн, изнесе нови детали за досегашните воени акции на САД против Иран.Кајн изрази сочувство до американските војници кои загинале или биле ранети во операцијата. Американското Централно командување претходно потврди дека четврти американски војник „подлегнал на повредите“ добиени за време на почетните ирански напади.Очекуваме дополнителни загуби и, како и секогаш, ќе работиме на тоа да ги сведеме американските загуби на најмало можно ниво“, рече тој.Кајн посочи дека во саботата во 01:15 по источноамериканско време започнала „Операција Епски бес“, додавајќи дека не станува збор за еднократна ноќна мисија.Тој истакна дека во операцијата учествуваат морнарицата, маринците, воздухопловните сили и крајбрежната стража, во соработка со израелската армија.Процесот на распоредување на силите продолжува и денес“, рече тој, додавајќи дека пристигнуваат дополнителни сили.

Свет | пред 1 седмица

media-librarys0cd5gpk11jraBNKnz9

Американски сенатор: Куба е следна

Американскиот сенатор и сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, Линдзи Греам, гостуваше во емисијата „Sunday Night in America“ на телевизијата Fox News, каде ја изнесе својата проценка за тоа што би можело да следи по американскиот напад врз Иран.Сè што можам да кажам е дека претседателот Трамп ja заврши работата што претседателот Рејган не успеа да ја доврши. Јас сум голем обожавател на Роналд Рејган, но тука сум да ви кажам дека Доналд Трамп, според моето мислење, е златен стандард за републиканците, можеби и за секој претседател кога станува збор за надворешна политика“, нагласи Греам.Тој додаде:Мадуро, сите зборуваа за него. Па, Доналд Трамп го стави во затвор. Куба е следна. Тие ќе паднат. Оваа комунистичка диктатура на Куба има броени денови.Греам исто така изјави дека иранскиот режим, кој го нарекува „матичното пловило на меѓународниот тероризам“, е на работ на колапсот, откако највисокиот водач, ајатолахот, бил убиен во нападите. Тој изрази благодарност за жртвата на американските војници кои загинале и повика на „завршување на работата“.Според некои процени, ситуацијата на Куба се влошила откако падна режимот во соседната Венецуела и кога американската војска го уапси поранешниот претседател Николас Мадуро, што доведе до прекини во снабдувањето со нафта и енергетска криза на островот. Истовремено, САД ја зголемија својата политичка и економска политика кон Куба, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу двете земји.

Свет | пред 1 седмица

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Американскиот министер за одбрана: Нападите врз Иран не се за промена на режимот

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, се обрати до јавноста и изјави дека американските напади врз Иран не се насочени кон „промена на режимот“, иако призна дека лидерството во таа земја се променило.Ова не е таканаречена војна за промена на режимот, но режимот навистина се промени и светот поради тоа е подобар“, рече Хегсет на конференција за новинари во Пентагон.Министерот исто така нагласи дека САД не ја започнале војната, истакнувајќи дека Иран со децении извршувал напади во, како што рече, „едностраната војна против Америка“.Не ние ја започнавме оваа војна, но под претседателот Трамп ја завршуваме“, додаде Хегсет.Хегсет истакна дека војната против Иран не може да се спореди со војната во Ирак и дека САД нема повторно да се најдат во долготраен процес на градење држава како пред две децении.Ова не е Ирак“, рече Хегсет од Пентагон. „Ова не е бескрајно. Јас бев таму во двата случаи. Нашата генерација знае подобро, а знае и овој претседател. Последните 20 години војни за градење држави ги нарече глупави и е во право.“Ова е сосема спротивно“, додаде тој. „Оваа операција е јасна, разорна и одлучна мисија: уништување на заканата од проектили, уништување на морнарицата, без нуклеарно оружје.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Трамп: Разочаран сум од Стармер

Доналд Трамп „многу е разочаран“ од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за изведување напади врз Иран, изјави американскиот претседател во интервју за Телеграф.Обединетото Кралство првично го одбило барањето на САД за користење на своите бази, но Стармер во недела навечер соопштил дека го прифаќа барањето за нивна употреба во „одбранбени напади“ на американските сили врз иранските цели.Трамп за британските дневни весници изјавил дека Стармер „предолго се двоумел“.Веројатно тоа никогаш порано не се случило помеѓу нашите земји“, рекол Трамп за Телеграф.Звучи како да бил загрижен за законитоста“, додал тој.Премиерот на Обединетото Кралство соопштил дека го прифаќа американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади против складишта на ирански ракети или лансери.Ние не бевме вклучени во почетните напади врз Иран... и нема да се придружиме сега“, рекол Стармер, но додал дека Иран сега „спроведува стратегија на запалена земја, па Обединетото Кралство ги поддржува колективните мерки за самоодбрана на нашите сојузници и нашиот народ во регионот“

Свет | пред 1 седмица

talibanci

Конфликтот се шири кон Либан: Нови ирански напади и израелски удари врз Хезболах

Ескалацијата на судирот меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави добива нова регионална димензија, откако конфликтот се прошири и кон Либан. Во раните утрински часови во понеделникот, Израел започна воздушни напади врз цели за кои тврди дека се поврзани со Хезболах, откако ја обвини милитантната група дека испалила ракети кон израелска територија.Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан загинале најмалку 31 лице, а 149 се повредени. Паралелно со тоа, продолжуваат извештаите за ирански напади низ регионот, при што експлозии се пријавени во Бахреин и Дубаи, а во Саудиска Арабија избувнал пожар во нафтена рафинерија.Во заедничка изјава, Соединетите Американски Држави и шест сојузнички држави од Персискиот Залив оценија дека иранските активности претставуваат „опасна ескалација“ што ја загрозува стабилноста на Блискиот Исток.Претходно, кувајтската војска соопшти дека „неколку“ американски борбени авиони се урнале на територијата на Кувајт, при што екипажите останале неповредени. Причините за инцидентот се истражуваат, а верификувани снимки прикажуваат момент кога борбен авион паѓа од небото и се урива во близина на Кувајт Сити.Иранското Црвено полумесечје соопшти дека 555 лица загинале во Иран по нападите на САД и Израел извршени во повеќе од 130 градови. Во неделата, ирански ракетен напад усмрти девет лица во израелскиот град Беит Шемеш.Во меѓувреме, тензиите се прелеаја и кон источниот Медитеран. Британската воена база „РАФ Акротири“ во Кипар била цел на, како што се наведува, сомнителен напад со беспилотно летало веднаш по полноќ. Британското Министерство за одбрана соопшти дека членовите на семејствата кои живеат во базата ќе бидат преместени во алтернативно сместување како „превентивна мерка“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhpaffoue59tq6ZFMXFe

(Видео) САД признаа: Три авиони Ф-15 соборени во Кувајт поради „пријателски оган“

Централна команда на САД соопшти дека три борбени авиони Ф-15, кои летале како поддршка на операцијата „Епски гнев“ против Иран, се урнале над територијата на Кувајт.Според соопштението, сите шест членови на екипажот успешно се катапултирале и биле безбедно пронајдени. Не се наведуваат дополнителни детали за околностите под кои дошло до инцидентот.Претходно, кувајтската војска информираше дека „неколку“ американски борбени авиони се урнале на територијата на земјата и дека се води истрага за причините.Видео-снимка верификувана од Би-Би-Си претходно прикажува момент во кој борбен авион, наводно, бил погоден во близина на Кувајт Сити. Официјалните истраги за инцидентот се во тек.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања