Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

talibanci

Конфликтот се шири кон Либан: Нови ирански напади и израелски удари врз Хезболах

Ескалацијата на судирот меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави добива нова регионална димензија, откако конфликтот се прошири и кон Либан. Во раните утрински часови во понеделникот, Израел започна воздушни напади врз цели за кои тврди дека се поврзани со Хезболах, откако ја обвини милитантната група дека испалила ракети кон израелска територија.Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан загинале најмалку 31 лице, а 149 се повредени. Паралелно со тоа, продолжуваат извештаите за ирански напади низ регионот, при што експлозии се пријавени во Бахреин и Дубаи, а во Саудиска Арабија избувнал пожар во нафтена рафинерија.Во заедничка изјава, Соединетите Американски Држави и шест сојузнички држави од Персискиот Залив оценија дека иранските активности претставуваат „опасна ескалација“ што ја загрозува стабилноста на Блискиот Исток.Претходно, кувајтската војска соопшти дека „неколку“ американски борбени авиони се урнале на територијата на Кувајт, при што екипажите останале неповредени. Причините за инцидентот се истражуваат, а верификувани снимки прикажуваат момент кога борбен авион паѓа од небото и се урива во близина на Кувајт Сити.Иранското Црвено полумесечје соопшти дека 555 лица загинале во Иран по нападите на САД и Израел извршени во повеќе од 130 градови. Во неделата, ирански ракетен напад усмрти девет лица во израелскиот град Беит Шемеш.Во меѓувреме, тензиите се прелеаја и кон источниот Медитеран. Британската воена база „РАФ Акротири“ во Кипар била цел на, како што се наведува, сомнителен напад со беспилотно летало веднаш по полноќ. Британското Министерство за одбрана соопшти дека членовите на семејствата кои живеат во базата ќе бидат преместени во алтернативно сместување како „превентивна мерка“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhpaffoue59tq6ZFMXFe

(Видео) САД признаа: Три авиони Ф-15 соборени во Кувајт поради „пријателски оган“

Централна команда на САД соопшти дека три борбени авиони Ф-15, кои летале како поддршка на операцијата „Епски гнев“ против Иран, се урнале над територијата на Кувајт.Според соопштението, сите шест членови на екипажот успешно се катапултирале и биле безбедно пронајдени. Не се наведуваат дополнителни детали за околностите под кои дошло до инцидентот.Претходно, кувајтската војска информираше дека „неколку“ американски борбени авиони се урнале на територијата на земјата и дека се води истрага за причините.Видео-снимка верификувана од Би-Би-Си претходно прикажува момент во кој борбен авион, наводно, бил погоден во близина на Кувајт Сити. Официјалните истраги за инцидентот се во тек.

Свет | пред 1 седмица

putin-bozik-640x473-1

Стигна реакција од Русија за војната на САД и Израел против Иран

Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство поради, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабоко разочарување од развојот на настаните.Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен верски водач ајатолахот Али Хамнеи, оценувајќи го како „цинично“. Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата и ги извлекува сопствените заклучоци по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што рече, претходно ветувачките преговори.„Кога станува збор за разговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, со посредство на Оман, можеме да изразиме длабоко разочарување бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, изјави Песков пред новинарите.Тој додаде дека се очекува Путин во текот на денот да оствари меѓународен телефонски разговор поврзан со состојбата во Иран, но не откри со кого ќе разговара.„Можам само да кажам дека сме во постојан контакт со иранското раководство и разговараме за ситуацијата во таа земја. Истовремено, продолжуваме со дијалог со раководствата на земјите погодени од конфликтот, вклучително и државите од Персискиот Залив“, нагласи Песков.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryenah8pifcung8SUS8Ot

Тишина по „Епски гнев“: Белата куќа без јасна стратегија

Американскиот претседател Доналд Трамп остана невообичаено воздржан по најавата за почеток на големи воени напади врз Иран, наместо да ѝ се обрати на нацијата од Овалната соба, како што тоа традиционално го правеле неговите претходници при објавување на воени интервенции.Сместен во своето луксузно одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида, Трамп одлучи почетокот на операцијата да го соопшти преку осумминутно видео објавено на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“. Видеото беше објавено во саботата во 2:30 часот по локално време, а следната видео-порака се појави дури во неделата попладне.При враќањето во Вашингтон во неделата, Трамп одби да одговара на прашања од новинарите кои патуваа со него во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, вклучително и на дописници на меѓународни агенции. Не одржа ниту прес-конференција со која би ја образложил одлуката за влегување во нов вооружен конфликт на Блискиот Исток.Целата администрација на Трамп остана подеднакво тивка од почетокот на операцијата „Епски гнев“, што отвори прашања за начинот на спроведување на најголемата американска интервенција во регионот во изминатите две децении. Ниту раководството на Пентагон, ниту Стејт департментот не излегоа со јавни обраќања, а ниту еден член на владата не се појави во традиционалните неделни информативни емисии за да ја брани офанзивата.Оскудните информации што стигнаа до јавноста произлегоа од серија кратки телефонски интервјуа на Трамп со американски медиуми, но тие честопати беа противречни. Во едно интервју тој изјави дека војната би можела да трае четири недели, во друго – пет. Спомена дека постојат тројца кандидати кои би можеле да управуваат со Иран по смртта на врховниот верски водач, за потоа да тврди дека сите најсилни кандидати веќе биле убиени.Белата куќа во еден момент демантираше извештај дека претседателот ќе одржи директно телевизиско обраќање, според моделот на поранешниот претседател Барак Обама, кој во 2011 година од Ситуациската соба ја објави ликвидацијата на Осама бин Ладен.Наместо тоа, Трамп објави фотографии од импровизирана ситуациска просторија во Мар-а-Лаго, на кои заедно со тимот за национална безбедност изгледа уморно, носејќи исти бели бејзбол капи.Иако викендот не играше голф, што инаку е негова честа практика за време на престојот во Флорида, Трамп присуствуваше на две донаторски вечери на Републиканската партија во својот клуб. Сепак, и таму се задржа кусо, без подолги јавни настапи или дополнителни објаснувања за започнатата воена операција.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycjukibmir0203P1caeM

(Видео) Чад над американската амбасада во Кувајт – голема безбедносна мобилизација

Утрово се забележа чад кој се крева над американската амбасада во Кувајт, изјавија очевидци. Во околината на амбасадата беа присутни голем број безбедносни сили, возила на итната помош и противпожарни возила.Очевидците забележале многу безбедносни сили и возила на итна помош, додека видео што го доби Ројтерс прикажува црн чад кој се крева од објектот.Амбасадата издаде предупредување, истакнувајќи дека постои постојана закана од проектили и дронови над Кувајт и советувајќи на јавноста да не се приближува до амбасадата. Американските државјани се советувани да останат дома и да бидат внимателни поради потенцијални напади.Противвоздушната одбрана пресретна неколку „непријателски дронови“ кои се приближуваа кон земјата по море, според агенцијата за цивилна одбрана KUNA. Нема пријавени повредени, а безбедносната состојба е оценета како „стабилна“.Кувајт, како и другите заливски држави, се соочува со напади по убиството на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи. Целите во регионот се американски воени објекти.Иран, како одмазда за американско-израелските воздушни напади, во понеделник изврши напади и врз локации во Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин.Иранската Револуционерна гарда соопшти дека лансирала ракети кон израелските градови Тел Авив и Хаифа, како и кон Источен Ерусалим.Меѓу целите на овој десетти напад беа владините комплекси на ционистичкиот (израелски) режим во Тел Авив, напади врз воени и безбедносни центри во Хаифа и напад врз Источен Ерусалим“, се наведува во соопштението на иранската идеолошка војска емитувано на државната телевизија.САД соопштија дека досега во американската операција против Иран загинале три американски војници, а Кувајт извести дека во понеделник во таа држава се срушиле неколку американски борбени авиони, но екипажите преживеале.

Свет | пред 1 седмица

media-library8u8591u43qs38AmRbYy

(Видео) Се урна американски воен авион Ф-15 во Кувајт

Се урна американски воен авион Ф-15 во Кувајт.На социјалните мрежи се објавуваат снимки на кои се гледа како авионот е погоден и паѓа.Иран објави дека неговите сили го собориле авионот.Пилотот на Ф-15 преживеа, откако успеал безбедно да се катапултира. По слетувањето за него се погрижиле група локални жители.Засега нема реакција од САД.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjt1u6hcuirnt4d1EVop

Американски сенатор жестоко го критикуваше нападот врз Иран

Американскиот сенатор Берни Сандерс остро ја критикуваше одлуката на претседателот Доналд Трамп за нападот врз Иран, доведувајќи во прашање образложението на Белата куќа дека САД не смеат да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје.Сандерс, демократски социјалист и независен сенатор од Вермонт, кој во Конгресот се приклучува на демократите и е познат по своите прогресивни ставови, се огласи преку социјалната мрежа X.Во објавата тој се потсети на претходната изјава на Трамп од јуни, во која претседателот тврдел дека иранските нуклеарни постројки се „уништени“.Тоа е истиот претседател кој во јуни рече: ‘Иранските нуклеарни постројки се уништени.’ Виетнам. Ирак. Иран. Уште една лага. Уште еден војна“, напиша Сандерс.Неговата изјава се однесува на претходните американски воени интервенции, особено војните во Виетнам и Ирак, кои оставија длабоки политички и општествени последици.Сандерс и претходно предупредуваше за опасноста од ескалација на конфликтот на Блискиот исток, залагајќи се за дипломатски решенија и меѓународна соработка наместо воена интервенција.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Арагчи: Убиството на ајатолахот е опасен преседан – одговорните ќе сносат последици

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска упати писмо до Обединетите нации и Советот за безбедност, во кое предупреди дека убиството на лидерот на Исламската револуција, ајатолах Али Хамнеи, ќе има „длабоки и далекусежни последици“ за одговорните.Во писмото до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и членовите на Советот за безбедност, Арагчи истакна дека убиениот ајатолах, кој беше врховен лидер на Иран, не беше само највисок официјален авторитет во земјата, „туку и верска личност која ја почитуваат десетици милиони муслимани ширум регионот и светот“.Таквиот напад ќе има длабоки и далекусежни последици, за кои целосна одговорност лежи единствено на извршителите“, нагласи Арагчи.Тој ја оцени како „страшна и криминална“ природата на делото кое било „извршено против големиот народ на Иран“ и потенцира дека Израел и САД извршиле напади врз Иран „во нова серија агресивни, однапред смислени и целосно неоправдани акти против суверенитетот и територијалниот интегритет“ на земјата.Арагчи предупреди дека неактивноста на ОН ќе има долгорочни последици.Недостигот на решителен одговор на таквото однесување не само што ќе ги охрабри извршителите, туку ќе нанесе и трајна и непоправлива штета врз основите на меѓународниот правен поредок во следните децении“, рече Арагчи.Тој посочи дека нападот претставува „груб прекршок на член 2(4) од Повелбата на Обединетите нации“ и дека „претставува директен напад врз најосновните принципи на меѓународното право, вклучувајќи ја забраната за употреба на сила, принципот на суверена еднаквост на државите и неповредливост и имунитет на шефовите на држави“.Арагчи нагласи дека таквиот чин „создава опасен преседан кој ја погодува основната норма која го регулира државниот суверенитет и цивилизираното однесување меѓу народите“.Шефовите на држави, истакна Арагчи, „се неповредливи, почитувани и имуни“, што е, според него, „принцип неопходен за независно извршување на нивните службени должности“. Поради тоа, „намерното целење на највисокиот официјален орган на Иран претставува тешко и невидено кршење на најосновните норми кои ги регулираат односите меѓу државите“.Арагчи подвлече дека нападот на никаков начин не ги негира „вроденото и легитимното право“ на Иран да го брани својот суверенитет, територијалниот интегритет и својот народ во согласност со член 51 од Повелбата на Обединетите нации.Министерот за надворешни работи изјави дека нападот врз Иран бил извршен „во очигледно непочитување на обврзувачките принципи на меѓународното право и обичајното меѓународно право, вклучувајќи ги и оние содржани во Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства против меѓународно заштитени лица од 1973 година“.Тој заклучи дека инцидентот „повлекува меѓународна одговорност на релевантните држави-прекршители, а исто така повлекува и индивидуална кривична одговорност на претседателот на САД, на таканаречениот премиер на израелскиот режим и на сите лица вмешани во планирање, наредување, одобрување, извршување или на друг начин помагање и поттикнување на овој кривичен чин“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryddvis9sns7kp2gsfq4r

(Видео) Напад со дрон врз британска база на Кипар

Базата на британските воздухопловни сили RAF Akrotiri на Кипар е погодена во напад за кој се сомнева дека е изведен со дрон, потврди Министерството за одбрана на Обединетото Кралство. Во нападот нема жртви, но како мерка на претпазливост персоналот што не е неопходен за функционирањето на базата привремено ќе биде преместен. Владата на Обединетото Кралство сè уште не потврдила од каде потекнува дронот, пишува Sky News.Дронот стигнал до британската воздухопловна база на островот, изјави на брифинг портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис. Немало жртви, а пријавена е само помала материјална штета.Реакција на Министерството за одбранаБританското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар.Степенот на заштита на нашите сили во регионот е на највисоко ниво, а базата реагираше за да ги одбрани нашите луѓе. Станува збор за настан што е во тек, а дополнителни информации ќе бидат објавени навремено“, изјави тој.Според информациите на Sky News, дронот што учествувал во инцидентот бил мал. Воените сили неодамна преместиле дополнителни ресурси во своите бази на Кипар, вклучително и системи за одбрана од дронови, борбени авиони F-35 и радарски системи. Министерството за одбрана наведе дека овие дополнителни капацитети се наменети исклучиво за одбранбени цели, пред сè за откривање и неутрализирање воздушни закани.Поширок контекст на судиротНападот се случи само неколку часа откако премиерот Кир Стармер потврди дека Обединетото Кралство им дозволило на Соединетите Американски Држави користење на одредени британски бази за напади врз ирански ракетни постројки. Sky News дознава дека станува збор за базите RAF Fairford во Глостершир, базата на Кипар и базата Diego Garcia на спорните острови Чагос.Реагирајќи на оваа одлука, Либералните демократи предупредија на „лизгав терен“ и ризик дека САД може да ја „вовлечат Британија во уште една долготрајна војна на Блискиот Исток“.Портпаролот на кипарската влада изјави дека информациите добиени преку различни канали укажуваат дека станува збор за беспилотно летало кое предизвикало ограничена штета.Судирите на Блискиот Исток влегуваат во трет ден, а САД и Израел продолжуваат со напади врз Иран по смртта на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Се проценува дека повеќе од 200.000 британски државјани, вклучително и воен персонал, се изложени на ризик во Заливот, додека режимот во Техеран лансира нови проектили кон соседните земји.

Свет | пред 1 седмица

w_55031023

И ЕУ се огласи за војната на Блискиот Исток: Нападите на Иран и нарушувањето на суверенитетот на низа земји во регионот се неопростиви

Европската Унија вечерва повика на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во контекст на ескалацијата со Иран, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.Во соопштение објавено во име на сите земји членки, таа нагласи дека е неопходна заштита на цивилите и целосно почитување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното хуманитарно право.Соопштението следуваше по итната видеоконференција на министрите за надворешни работи на ЕУ, свикана откако Соединетите Американски Држави и Израел извршија воени напади врз Иран, по што Техеран возврати со одмазднички дејствија кон Израел, американските сили и земји од Персискиот Залив.„Нападите на Иран и нарушувањето на суверенитетот на низа земји во регионот се неопростиви. Иран мора да се воздржи од неселективни воени напади“, се наведува во соопштението на ЕУ.Унијата исто така изрази загриженост за можните нарушувања во протокот на нафта и синџирите на снабдување, оценувајќи дека конфликтот не смее да доведе до поширока ескалација што би го загрозила Блискиот Исток, Европа и пошироко, со непредвидливи економски последици.Во текстот се истакнува дека мора да се избегнат пречки на клучните поморски патишта, како што е Ормутскиот Теснец.Соопштението претставува компромис меѓу различните ставови во рамки на Унијата, која брои околу 450 милиони жители, во однос на воените акции на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека сега не е време за држење лекции на партнери и сојузници, додека шпанскиот премиер Педро Санчез ги отфрли американските и израелските акции, оценувајќи дека тие придонесуваат кон понесигурен и понепријателски меѓународен поредок.Зад затворени врати, дипломатски извори наведуваат дека Европа има ограничено влијание врз развојот на конфликтот, иако неговите последици би можеле значително да се одразат врз континентот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп: Нападите врз Иран може да траат и до еден месец, сѐ оди според планот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воените удари врз Иран би можеле да траат и до еден месец, наведувајќи дека првичната проценка за времетраењето на операцијата изнесувала околу четири недели.Во разговор за Дејли мејл, Трамп посочил дека, иако нападите се силни, станува збор за голема земја и дека ќе биде потребно време за целосно реализирање на целите.„Отсекогаш планиравме да трае четири недели. Проценката беше околу четири недели. Колку и да се силни ударите, тоа е голема земја и ќе бидат потребни четири недели, а можеби и помалку“, изјавил Трамп, додавајќи дека засега е задоволен од текот на операцијата.Тој се осврна и на првите тројца загинати американски војници во текот на борбите, оценувајќи ги како „одлични луѓе“ и истакнувајќи дека вакви загуби, за жал, се можни во воени услови.„Разговарав со нивните семејства и ќе се сретнам со нив во соодветно време“, рече Трамп.Во однос на текот на операцијата, претседателот нагласи дека засега нема непланирани изненадувања и дека, според неговата оценка, „сè оди според планот“. Тој тврдеше дека биле елиминирани голем број високи фигури од иранското раководство, повеќе од првично очекуваното.Истовремено, Трамп изјави дека е отворен за разговори со иранското раководство, но посочи дека, според него, тие требало да се одржат порано.„Тие сакаат да разговараат, но им реков дека требаше да разговараат минатата недела, а не оваа“, изјави американскиот претседател, оставајќи отворена можност за дипломатски контакт во наредниот период.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

САД: Погодени повеќе од 1.000 ирански цели во текот на операцијата

Централна команда на САД соопшти дека во досегашниот тек на операцијата против Иран биле погодени повеќе од 1.000 цели на иранска територија.Според објавата, меѓу метите се нашле командни и контролни центри, позиции на балистички проектили, бродови и подморници на иранската морнарица, како и воени комуникациски капацитети.Од Централната команда наведуваат дека нападите се насочени кон ослабување на воената инфраструктура и оперативните способности на Иран.Во објава на социјалните мрежи, командата дополнително тврди дека иранскиот режим „активно таргетира цивили во своите одмазднички напади“, оценувајќи ја таквата практика како сериозна ескалација на конфликтот.Операцијата, според американските власти, продолжува, а засега нема официјални информации за евентуални дополнителни проширувања на целите или времетраењето на воените дејствија.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

САД: Го уништивме седиштето на Иранската револуционерна гарда

Американската војска соопшти дека во напад во Техеран е уништено седиштето на Иранската револуционерна гарда.„Америка има најмоќна војска во светот, а ИРГЦ повеќе нема седиште“, објави CENTCOM на социјалните мрежи.Во објавата се наведува дека Иранската револуционерна гарда во изминатите 47 години убила повеќе од 1.000 Американци.„Вчерашниот обемен американски напад ѝ ја отсече главата на змијата“, се додава во соопштението.Засега нема официјална потврда од иранските власти за наводите на американската страна, ниту информации за евентуални жртви или материјална штета. Ситуацијата останува во развој.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqga9ojubqcbb8RhMzIS

Белата куќа: Новото иранско раководство сигнализира подготвеност за преговори

Висок функционер од Белата куќа изјавил за тамошните медиуми дека потенцијалното ново раководство на Иран испратило сигнали за подготвеност за преговори со Соединетите Американски Држави.Истиот функционер, кој побарал да остане анонимен, навел дека Доналд Трамп е „евентуално“ подготвен за преговори, но нагласил дека воените операции засега ќе продолжат без прекин.Не било откриено кои се можните нови ирански челници со кои би можело да се води дијалог, ниту каков формат би имале евентуалните разговори.Изјавата доаѓа во момент на засилена воена ескалација и размена на удари меѓу САД, Израел и Иран, додека меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение за кризата.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryc48idtleuk55cYtkBTi

Масовно пукање во Америка: Најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а 14 беа повредени во масовната пука во еден бар во Остин, Тексас, рано утрово, соопшти полицијата. Сите повредени се пренесени во болница, при што тројца се во критична состојба, објави Reuters.Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во престрелка со полицајци. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за нападот сè уште не се објавени од властите.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања