Зеленски: САД побараа одложување на преговорите со Русија поради кризата на Блискиот Исток
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за нови мировни преговори со Русија со поддршка на Соединетите Американски Држави, но дека вниманието на меѓународната заедница во моментов е насочено кон конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Зеленски соопшти дека Вашингтон побарал одложување на претстојниот состанок, кој требало да се одржи оваа недела, поради актуелната безбедносна криза на Блискиот Исток.„Целото внимание на нашите партнери е насочено кон ситуацијата околу Иран и затоа состанокот, планиран за оваа недела, се одложува на предлог на САД“, напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.Тој додаде дека Украина примила 11 барања од држави во соседството на Иран, како и од САД и европски земји, за помош во соборување на беспилотни летала кои, според нив, биле лансирани од Техеран.„Русија се обидува да ја искористи ситуацијата на Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив за да манипулира во корист на својата агресија“, наведе Зеленски.Мировните преговори, чија цел е завршување на четиригодишниот конфликт меѓу Украина и Русија, досега не донеле напредок по клучните прашања, особено поради руските барања Украина да направи територијални отстапки.По состанок за национална безбедност, Зеленски изјави дека постои значителен интерес за украинското искуство во развојот на системи за пресретнување дронови, електронско војување и обука за борба против беспилотни летала.Тој нагласи дека Украина е подготвена позитивно да одговори на барањата на државите кои ѝ помагаат во одбраната и заштитата на нејзината независност.Во изјава за „Њујорк тајмс“, Зеленски посочи дека Украина испратила дронови-пресретнувачи и тим специјалисти во Јордан, додека според информации на агенцијата „Ројтерс“, САД и Катар водат преговори за купување украински дронови-пресретнувачи.
Свет | пред 1 минута