Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-libraryqga9ojubqcbb8RhMzIS

Белата куќа: Новото иранско раководство сигнализира подготвеност за преговори

Висок функционер од Белата куќа изјавил за тамошните медиуми дека потенцијалното ново раководство на Иран испратило сигнали за подготвеност за преговори со Соединетите Американски Држави.Истиот функционер, кој побарал да остане анонимен, навел дека Доналд Трамп е „евентуално“ подготвен за преговори, но нагласил дека воените операции засега ќе продолжат без прекин.Не било откриено кои се можните нови ирански челници со кои би можело да се води дијалог, ниту каков формат би имале евентуалните разговори.Изјавата доаѓа во момент на засилена воена ескалација и размена на удари меѓу САД, Израел и Иран, додека меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение за кризата.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryc48idtleuk55cYtkBTi

Масовно пукање во Америка: Најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а 14 беа повредени во масовната пука во еден бар во Остин, Тексас, рано утрово, соопшти полицијата. Сите повредени се пренесени во болница, при што тројца се во критична состојба, објави Reuters.Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во престрелка со полицајци. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за нападот сè уште не се објавени од властите.

Свет | пред 1 седмица

Iran

Иранскиот ајатолах Ширази прогласи џихад против САД и Израел

Иранскиот ајатолах Насер Макарем Ширази прогласи џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, известуваат иранските медиуми, во време на драматична ескалација на судирите на Блискиот Исток.Според достапните информации, еден од највлијателните шиитски верски авторитети во Иран упати порака во која повикува на „свет отпор“ против, како што наведе, „агресијата и криминалните напади“ на САД и Израел врз иранските цели. Неговата изјава доаѓа по интензивирањето на воздушните напади и меѓусебните закани, кои го доведоа регионот на работ на поширок конфликт.Макарем Ширази, кој важи за еден од највисоките верски авторитети во Ком, и има големо влијание меѓу верниците, претходно имал остри ставови кон Вашингтон и Тел Авив, но сега, според иранските извори, ја подигнал реториката на највисоко ниво, користејќи го терминoт „џихад“, кој во овој контекст означува верска обврска за одбрана на земјата и исламот.Ескалација на судирите Иран – САД – ИзраелНајновата криза избувна по серија напади врз воени и инфраструктурни цели во Иран, за кои Техеран ги обвинува Соединетите Американски Држави и Израел. Иранските власти тврдат дека станува збор за директна агресија и кршење на меѓународното право, додека Вашингтон и Тел Авив наведуваат дека акциите се насочени кон спречување на безбедносни закани и дестабилизација на регионот.Иран повеќепати предупреди дека на секој напад ќе одговори „одлучно и без ограничувања“. Прогласувањето џихад од страна на еден од највлијателните ајатоласи дополнително ја зголемува тензијата и испраќа силна порака внатре во Исламската Република, но и низ целиот шиитски свет.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

(Видео) Најмалку девет загинати на протест пред американскиот конзулат во Карачи, пробиена оградата

Најмалку девет лица загинаа во пакистанскиот град Карачи за време на протестите пред американскиот конзулат, кои избувнаа поради американско-израелските напади врз Иран, јавуваат агенциите повикувајќи се на спасувачките служби.Според информациите, пакистанската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, откако тие ја пробиле надворешната ограда на американскиот конзулат во Карачи. Новинар на Ројтерс пријавил и истрели, а видеоснимки од местото покажуваат запалени возила пред главниот влез на објектот.Локалните власти соопштија дека демонстрантите биле оттурнати од конзулатот, додека состојбата во градот останува тензична.Протести се одржаа и во други делови на Пакистан. Во северниот град Скарду, во покраината Гилгит-Балтистан, демонстранти ја запалиле зградата во која се сместени канцеларии на Обединети нации. Локалните власти информираа дека нема жртви во тој инцидент.Во Лахоре, стотици луѓе се собрале пред американскиот конзулат, но без сериозни инциденти. Според очевидци, полицијата ги спречила обидите за оштетување на безбедносната ограда без употреба на сила.Паралелно, протести се одржаа и во ирачкиот главен град Багдад, каде проирански демонстранти се собраа пред Зелената зона, во која се наоѓа и американската амбасада.Тензиите се прелеаја и во индискиот дел на Кашмир, каде илјадници шиити излегоа на улиците во знак на жалост и протест. Во регионалниот центар Сринагар се слушаа антиамерикански и антиизраелски пароли, но собирот минал без поголеми инциденти.Ескалацијата на протестите доаѓа во време на засилени регионални тензии по најновите воени случувања на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-library5dcc8n3212ja6bMRB41

(Видео) Иран подигна црвено знаме и се заканува: „Денес ќе ги погодиме Израел и САД со сила каква никогаш не сте искусиле“

Висок ирански безбедносен функционер упати жестока закана до Соединетите Американски Држави и Израел, најавувајќи нови напади.Али Лариджани на платформата Икс напиша дека Иран веќе испукал проектили кон двете држави и дека им биле нанесени штети.„Денес ќе ги погодиме со сила каква што никогаш досега не искусиле“, порача тој.Неговата изјава следи по предупредувањето од американскиот претседател Доналд Трамп, кој на социјалните мрежи напиша дека Иран најавил силен удар и дека „подобро е да не го сторат тоа“, бидејќи во спротивно САД ќе возвратат со сила „каква што никогаш не била видена“.Во меѓувреме, Иран подигна црвено знаме над џамијата Џамкаран во градот Ком. Во шиитската традиција, црвеното знаме симболизира крв на неправедно убиените и повик на одмазда, а се крева по ликвидација на важни лидери или по големи напади.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се заколна на одмазда, оценувајќи дека атентатот врз ајатолахот Али Хаменеи претставува објава на војна против муслиманите.Размената на закани дополнително ја зголемува неизвесноста во регионот и ја продлабочува кризата што веќе предизвика сериозни воени и дипломатски последици.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj2f4nmd2nj5r57JUWyQ

Нови детали за ликвидацијата на Хаменеи: ЦИА ја лоцирала точната позиција

Израелски одбранбени сили објавија нови информации за нападите во кои беше убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили, врз основа на прецизни разузнавачки податоци од военото разузнавање и во координација со Мосад, го погодиле комплексот на раководството во центарот на Техеран, каде што Хаменеи присуствувал на состанок со високи функционери.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разузнавачките служби го откриле движењето на Хаменеи и дека состанокот бил поместен од вечерните часови за сабота наутро, по што бил забрзан нападот.Според извештај на Њујорк тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со случајот, ЦИА непосредно пред координираниот напад ја утврдила точната локација на Хаменеи и обезбедила „високо доверливи“ информации што биле клучни за операцијата. Наводно, американските служби со месеци го следеле неговото движење и безбедносните рутини.Информациите биле споделени со Израел, по што двете земји го прилагодиле времето на нападот. Наместо првично планираниот ноќен термин, ударот бил изведен во 9:40 часот по локално време, во моментот кога се одржувал состанокот.Белата куќа и ЦИА одбиле официјално да го коментираат извештајот.Сателитска снимка од компанијата Ербас, направена во 11:06 часот по локално време, покажува густ чад и сериозни оштетувања во комплексот во централниот дел на Техеран. Според достапните информации, погодени се најмалку четири објекти.Во соопштението, ИДФ оцени дека Хаменеи „промовирал екстремистичка идеологија против државата Израел и Западот“ и дека бил „архитект на планот за уништување на Израел“. Со неговата смрт, израелската војска порача дека е „затворен историски круг со елиминацијата на лидерот на иранската терористичка оска“.

Свет | пред 1 седмица

media-library3ite0nhsfkoc9hmp4HD

Русија бара од Америка и Израел да ја прекинат агресијата врз Иран

Постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија бара од Соединетите Американски Држави и Израел да ги прекинат агресивните дејства против Иран.Небензја на итната седница на Советот за безбедност на ОН за Иран, која беше свикана на барање на Русија и Кина, рече дека Русија смета дека ударите на САД и Израел врз Иран претставуваат „нож во грб“ и „вистинско предавство на дипломатијата“, бидејќи се изведени во време кога Техеран покажувал подготвеност за дипломатски преговори со Вашингтон, пренесува Спутник.Тој изјави дека Иран доследно соопштувал дека нема планови за создавање нуклеарно оружје и дека ги исполнува обврските во таа област, додавајќи дека ескалацијата околу Иран ја загрозува нуклеарната и радиолошката безбедност.Небензја наведе дека Русија ги смета за неосновани обидите на Западот да ја оправда „агресијата“ на САД и Израел против Иран, како и изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп дека нападот бил изведен за да се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.Според неговите зборови, Русија повеќепати добивала сигнали дека Израел наводно не е заинтересиран за воена конфронтација со Иран, но дека сегашните активности на САД и Израел ризикуваат да доведат до хуманитарна и економска катастрофа. Небензја додаде дека Русија очекува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси, јасно да го осуди американскиот напад врз Иран.Во обраќањето на седницата на Советот за безбедност на ОН тој рече и дека Русија со „особена болка“ ја примила веста за ударот врз училиште во Иран и дека презема неопходни мерки за безбедноста на руските државјани во Иран.Дејствата на САД и Израел ги оцени како неиспровоциран акт на вооружена агресија и кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право, како и дека воените акции се насочени кон отстранување на држава која е „незгодна за Западот“.САД и Израел го нападнаа Иран рано вчера наутро во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма.Иран потоа започна масовни одмазднички удари врз Израел и врз цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-librarypsv3a3ksontf9wRLKmZ

Убиен шефот на иранската војска кој пред пет дена жестоко му се закани на САД

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран, Абдолрахим Мусави, бил убиен во нападите врз земјата.Според извештаите, Мусави бил меѓу околу 30 клучни политички и воени функционери кои наводно биле цел на заедничките американско-израелски удари.Пет дена пред нападите, токму Мусави во име на иранските власти упати една од најострите закани досега кон Соединетите Американски Држави, порачувајќи дека доколку „повторат грешка“, Иран ќе им нанесе тешки загуби.Засега нема независна потврда за информацијата, ниту официјално соопштение од иранското Министерство за одбрана со дополнителни детали за околностите на наводната смрт.

Свет | пред 1 седмица

sad

Стејт департментот издаде итно предупредување: Американците ширум светот се во опасност

Американскиот Стејт департмент денеска издаде соопштение во кое им препорачува на граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот да „покажат зголемена претпазливост“ поради американските и израелските воени удари врз Иран.„По започнувањето на американските борбени операции во Иран, Американците ширум светот, а особено на Блискиот Исток, треба да ги следат упатствата од најновите безбедносни предупредувања издадени од најблиската американска амбасада или конзулат“, се наведува во предупредувањето објавено на интернет-страницата на Стејт департментот.Се додава дека е можно да дојде до нарушувања во патувањата поради периодично затворање на воздушниот простор на некои земји.САД и Израел рано утрово извршија напади врз Иран во, како што е соопштено, „превентивни напади“, по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма. Потоа Иран изврши масовни удари како одмазда врз Израел, како и врз цели поврзани со САД во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Трамп во дипломатска офанзива по ескалацијата со Иран: Разговори со Ријад, Доха, Абу Даби и НАТО по нападите

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одржал серија телефонски разговори со лидерите на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по ескалацијата на судирот со Иран.Информацијата на социјалните мрежи ја објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, наведувајќи дека консултациите со сојузниците следеле по иранскиот воен одговор на ударите изведени од САД и Израел.Истовремено, беа објавени извештаи за напади врз воени бази лоцирани во Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати, што дополнително ја зголеми загриженоста за ширење на конфликтот во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-library705jkjsomcdpdm7t7jO

ЦИА: Ако падне ајатолахот, Иран ќе го преземат тврдолинијашите на Револуционерната гарда

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) процени, пред денешните напади на САД и Израел, дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, веројатно ќе биде заменет од тврдокорни припадници на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) доколку тој почине. Проценките, направени во текот на изминатите две недели, ги разгледаа можните исходи од воена интервенција на САД и нејзиниот потенцијал да предизвика промена на режимот во Исламската Република, за која Вашингтон сега отворено ја прогласи својата цел, објави Ројтерс.Двајца извори, кои зборуваа под услов на анонимност поради чувствителноста на темата, рекоа дека извештаите на разузнавачката агенција не предвидуваат никакво специфично сценарио со сигурност. ИРГЦ е елитна воена сила задолжена за заштита на шиитската клерикална влада на Иран. ЦИА одби да коментира за обвинувањата.Претседателот на САД, Доналд Трамп, со недели најавува дека САД се заинтересирани за промена на режимот во Иран, но не објасни детално кого Вашингтон смета дека треба да ја води земјата. Во видео обраќање рано утрово, Трамп ги нарече властите во Техеран „терористички режим“ и го повика иранскиот народ да ја преземе власта, велејќи дека американските воени напади ќе создадат услови за востание.Нападот на САД и Израел следеше по неколкудневни размислувања во рамките на американската администрација за тоа дали да се интервенира воено по смртоносните протести што избувнаа во Иран во декември. Американските претставници во последните недели се обидуваа да постигнат нуклеарен договор со Техеран за да избегнат интервенција.Државниот секретар Марко Рубио им рече на осум врвни конгресни лидери, познати како „Банда на осумте“, на брифинг минатата недела дека операцијата на САД веројатно ќе продолжи, но дека Трамп сè уште може да се предомисли, особено ако нуклеарните разговори вродат со плод. Тие преговори во Женева на крајот не доведоа до договор. Два познати извори потврдија дека Рубио ја информирал „Бандата од осумте“ во петокот вечерта дека нападот врз Иран веројатно ќе започне во рок од неколку часа, но повтори дека Трамп сè уште може да ја промени одлуката.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg9cfc6fusl884Ccuy0Q

(Видео) Објавени снимки од операцијата: „Епски гнев“ без загуби, минимална штета врз американските бази

Американското Централно заповедништво ЦЕНТКОМ соопшти дека по нападите врз Иран нема извештаи за американски жртви или повредени, како и дека операциите не се нарушени.„По почетниот бран американски и партнерски напади, силите на ЦЕНТКОМ успешно се одбранија од стотици ирански проектили и беспилотни летала. Нема извештаи за американски жртви или повреди во борбите. Штетата на американските објекти е минимална и не влијаеше врз операциите“, се наведува во соопштението објавено на социјалните мрежи.Нападите биле изведени во рамки на операцијата наречена „Епски гнев“, при што било употребено прецизно вооружување лансирано од воздух, копно и море, како и евтини еднонасочни напаѓачки дронови.Американската војска за првпат во борбена ситуација употребила ваков тип дронови. Во соопштението се наведува дека ударната група „Таск Форс Скорпион Страјк“ првпат во борба користела еднонасочни напаѓачки беспилотни летала. Оваа ескадрила, формирана минатата година, користи летала развиени преку обратен инженеринг на иранскиот дрон „Шахед“, кој американските сили го заплениле пред неколку години.Соединетите Американски Држави и Израел утринава извршија координирани напади врз Иран. Во Техеран се слушнале најмалку три експлозии, а погодени биле и други ирански градови.Претседателот Доналд Трамп изјави дека целта е отстранување на безбедносната закана за САД и отворање можност иранскиот народ да ја смени власта. Израел прогласи вонредна состојба поради очекувана одмазда со дронови и балистички проектили.Иран возврати со ракетни напади кон Израел и врз американски воени локации во Бахреин, Обединети Арапски Емирати и Катар, со што конфликтот влезе во нова, сериозна фаза на ескалација.

Свет | пред 1 седмица

media-library3ite0nhsfkoc9hmp4HD

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски бес“

Американското Централно командување (CENTCOM) објави дека по нападите во Иран нема извештаи за американски жртви или повреди и дека операциите не се загрозени. Штетата на американските објекти е минимална, соопшти CENTCOM на социјалните мрежи.По првиот бран на американски и партнерски напади, силите на CENTCOM успешно се одбранија од стотици ирански ракети и беспилотни летала. Нема извештаи за американски жртви или повреди во борбите. Штетата на американските објекти беше минимална и не влијаеше на операциите“, стои во соопштението.Нападите беа изведени како дел од операцијата наречена „Епски бес“ (Epic Fury). Користено е „прецизно оружје лансирано од воздух, копно и море“ како и „евтини еднопатни јуришни дронови“, се додава во соопштението на Централното командување.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryudtc7d0c0h20aLduwws

САД ги повикуваат своите државјани веднаш да го напуштат Либан

Американската амбасада во Бејрут ги повика своите државјани „веднаш да го напуштат Либан додека комерцијалните опции сè уште се достапни“. Воедно издаде и предупредување против патување во таа земја.Во соопштението се нагласува дека повикот особено се однесува на одредени делови од земјата.Амбасадата на САД силно ги поттикнува американските државјани во јужен Либан, во близина на границата со Сирија, во бегалските населби и во квартот Дахие во Бејрут веднаш да ги напуштат тие подрачја“, се вели во соопштението.За оние што ќе одлучат да останат, амбасадата советува да подготват резервни планови.Американците кои ќе одлучат засега да не заминат треба да подготват планови за вонредни ситуации во случај на влошување на состојбата“, се заклучува во предупредувањето.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhg4shmchcr896Bd60Pk

Кина повика на итен прекин на американско-израелските операции во Иран

Кина повика на итен прекин на воените операции на Соединетите Американски Држави и Израел во Иран и побара почитување на иранскиот суверенитет и територијален интегритет, пишува Anadolu Agency.Пекинг изрази „голема загриженост“ поради нападите што следеа, откако експлозии го потресоа Техеран.Кинеското Министерство за надворешни работи во соопштение ја нагласи потребата од почитување на безбедноста на Иран.„ина повикува на неодложен прекин на воените дејствија со цел да се избегне понатамошна ескалација на тензиите. Потребно е да се продолжи со дијалог и преговори и да се вложат напори за зачувување на мирот и стабилноста на Блискиот Исток“, се наведува во изјавата објавена на социјалната мрежа Икс.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања