Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Иранското Врховно советодавно тело најави „разорен одговор“ за САД и Израел

Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека вооружените сили ќе дадат „разорен одговор“ на американските и израелските напади.Во соопштението, објавено од полуслужбената агенција Мехр, се наведува дека „непријателот верува дека отпорниот ирански народ ќе се предаде на нивните ситни барања со вакви кукавички потези“.„Вооружените сили на Исламската Република Иран започнаа разорен одговор на нивните злонамерни постапки и ќе продолжат редовно да го информираат драгиот народ“, стои во соопштението.Изјавата доаѓа во услови на сериозна ескалација на безбедносната состојба на Блискиот Исток по заедничките напади на САД и Израел врз ирански цели.

Свет | пред 1 седмица

media-library3mf1rfgug4m892xXuoE

(Видео) Иран нападна американска морнарица во Бахреин

Центарот на Петтата флота на САД во Бахреин утринава бил изложен на ракетен напад, јави државната новинска агенција на Бахреин БНА.Петтата флота на американската морнарица управува со операции на Блискиот Исток, вклучително и во Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти дека се активирани сирени за тревога и ги повика граѓаните и жителите веднаш да побараат засолниште.Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите биле насочени кон локации и објекти во рамки на кралството, а биле извршени однадвор од неговата територија. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhuup808mtte8ct5PdHg

Од критики до напад: Што викаше Трамп за Иран пред 13 години

Американскиот претседател Доналд Трамп утринава објави дека американската војска започнала голема борбена операција во Иран, откако САД и Израел извршија заеднички напади врз Техеран и други ирански градови.Само ден претходно, Трамп изјави дека не е задоволен од однесувањето на Иран и дека сака да постигне договор со Техеран, но предупреди дека во одредени ситуации мора да се употреби сила. Денеска, во осумминутно видеообраќање на социјалните мрежи, тој ја потврди воената операција.Интересно е што пред 13 години Трамп јавно го критикуваше тогашниот американски претседател Барак Обама, тврдејќи дека Обама ќе го нападне Иран поради, како што напиша, „неспособност да испреговара договор“. Во објава од 2013 година на тогашниот Твитер, денес Икс, Трамп напиша дека Обама ќе нападне затоа што „нема вештина“. Сепак, Обама никогаш не изврши напад врз Иран.Трамп, пак, веќе вторпат наредува воени удари врз Иран. Првиот пат беше кон крајот на минатата година, кога САД извршија напади врз ирански нуклеарни постројки.Во денешната изјава, Трамп нагласи дека целта на операцијата е „одбрана на американскиот народ преку отстранување на непосредните закани од иранскиот режим“. Тој тврди дека Иран се обидувал да го обнови својот нуклеарен програм и дека никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје. Според него, Техеран развива далекусежни ракети што претставуваат закана за САД и нивните сојузници.Американскиот претседател најави дека ќе ги „уништи“ иранските ракетни капацитети, ќе ја „срамни со земја“ нивната ракетна индустрија и ќе ја неутрализира морнарицата, најавувајќи продолжување на воените дејствија доколку, како што рече, заканите не бидат отстранети.

Свет | пред 1 седмица

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп: Одлуката за напад на Иран не беше донесена, но „понекогаш мора да се употреби сила“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека одлуката за евентуален напад врз Иран сè уште не била донесена, иако денеска потврди дека американската војска започнала голема борбена операција во таа земја.Во обраќање до медиумите, Трамп рече дека не е задоволен од постапките на Техеран и дека неговата администрација сака да постигне договор со иранските власти, но предупреди дека во одредени ситуации е неопходна и употреба на сила.„Би сакал да не ја употребиме, но понекогаш тоа мора да се направи“, изјави тој.Трамп, одговарајќи на новинарски прашања додека ја напушташе Белата куќа на пат кон Тексас, посочи дека според американските процени, Иран не е подготвен да се откаже од нуклеарното оружје, што, како што нагласи, е клучно барање на САД.„Не сакаме Иран да има нуклеарно оружје“, рече претседателот, додавајќи дека Техеран не ги изговара, како што се изрази, „златните зборови“ што ги очекува Вашингтон.Изјавите следуваат по разговорите во Женева меѓу специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер со ирански претставници, кои не резултираа со договор. Иако вчера Трамп тврдеше дека конечната одлука за напад не е донесена, денеска во осумминутно видеообраќање на социјалните мрежи соопшти дека американската војска започнала операција во Иран, наведувајќи дека целта е „одбрана на американскиот народ преку отстранување на непосредните закани од иранскиот режим“.Во меѓувреме, американските воени сили распоредени во регионот остануваат во состојба на зголемена подготвеност, додека меѓународната заедница внимателно го следи развојот на настаните и можните последици по регионалната и глобалната безбедност.

Свет | пред 1 седмица

media-library9arb689eolvd77EsFTi

САД го нападна Иран заедно со Израел

Израел утринава покрена, како што ја нарече, „превентивна операција“ против Иран, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, додека во целата земја е прогласена вонредна состојба поради очекувана иранска одмазда со беспилотни летала и балистички проектили.Израелската влада соопшти дека одлуката за воведување вонредна состојба е донесена како превентивна мерка, во услови на зголемени безбедносни закани и можност од директен одговор од Техеран.Во главниот град на Иран, Техеран, утринава се слушнале најмалку три експлозии, јавуваат ирански медиуми. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.Според информациите што ги објави The New York Times, САД и Израел заеднички извеле напади врз цели во Иран. Официјална потврда од американските власти за обемот и карактерот на операцијата засега нема, но ситуацијата предизвика сериозна загриженост во меѓународната јавност.Во видеообраќање, американскиот претседател Donald Trump изјави дека Иран се обидувал да го обнови својот нуклеарен програм и да продолжи со развој на далекусежни проектили кои, според него, можат да ги загрозат европските сојузници на САД, американските сили распоредени во странство, па дури и американската територија.Трамп нагласи дека САД спроведуваат „масивна операција“ со цел да ја спречат, како што ја опиша, „радикалната диктатура“ да ѝ се заканува на Америка.Ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран отвора сериозни прашања за стабилноста на Блискиот Исток и можните последици по глобалната безбедност, во услови кога меѓународната заедница повикува на воздржаност и дипломатско решение.

Свет | пред 1 седмица

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Државниот секретар на САД патува во Израел за разговори за Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе допатува во Израел за три дена на кратка посетa, посветена на прашањето на Иран, додека САД и натаму ја држат отворена заканата за можна воена интервенција против Техеран.Според Томми Пигот, заменик-портпарол на Стејт Департмент, Рубио ќе „разговара за низа регионални приоритети, особено за Иран, Либан и тековните напори за спроведување на мировниот план од 20 точки на претседателот Трамп за Газа“. Првично планираното патување за утре е одложено за понеделник, а ниту еден новинар акредитиран при Стејт Департмент нема да може да го следи, што е исклучително ретко.Во меѓувреме, САД ја препорачаа на есенцијалното персонал на амбасадата во Ерусалим да ја напушти земјата. Кина, исто така, ги повика своите граѓани да го напуштат Иран „што е можно поскоро“ поради „значително зголемување на надворешните безбедносни ризици“, додека британското Министерство за надворешни работи нареди своето дипломатско персоналo да ја напушти земјата.Овие информации доаѓаат еден ден по третата рунда преговори во Женева меѓу Иран и САД, под посредство на Оман, која се смета за една од последните можности за избегнување војна по најголемото распоредување на американски војски на Блискиот исток во последните неколку децении.

Свет | пред 1 седмица

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

САД го продолжија рокот за продажба на странскиот имот на Лукоил

Соединетите Американски Држави повторно го продолжија рокот за завршување на преговорите за продажба на странскиот имот на руската нафтена компанија Лукоил, овојпат до 1 април 2026 година, соопшти американското Министерство за финансии.Според дозволата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), договорот може да биде склучен до почетокот на април, откако рокот претходно неколкупати беше продолжуван. Санкциите против Лукоил беа воведени со цел да се ограничат руските приходи за финансирање на војната во Украина.Лукоил најави продажба на странската имовина и постигна договор со американската инвестициска компанија „Карлајл“, но зделката сè уште не е финализирана, додека се водат разговори и со други заинтересирани купувачи, меѓу кои и „Шеврон“.Меѓународниот имот на руската нафтена компанија, кој вклучува рафинерии, нафтени полиња и мрежа бензински станици во повеќе земји, се проценува на околу 22 милијарди долари.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjgu0icdc64rl4OSG8PF

САД евакуираат дел од персоналот од амбасадата во Израел поради тензии со Иран

Американскиот Стејт департмент започна евакуација на „неоперативниот“ персонал од амбасадата на САД во Израел и членовите на нивните семејства поради зголемени безбедносни ризици поврзани со растечките тензии со Иран.Според извештајот, потегот се смета за сигнал дека можна американско-израелска воена операција против Иран би можела да започне наскоро. Во таков случај, Иран би можел да изврши ракетни напади врз Израел и американски цели во регионот. Претходно оваа недела САД евакуираа и дел од персоналот од амбасадата во Бејрут.Стејт департментот ги повика американските државјани да размислат за напуштање на Израел додека сè уште има комерцијални летови. Евакуацијата не се однесува на дипломатите и персоналот задолжен за безбедносни и конзуларни активности, а амбасадата продолжува со работа.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претпочита дипломатско решение со Иран, но нагласи дека САД се подготвуваат и за можен воен судир. Во меѓувреме, иранските власти предупредија дека секоја американска акција ќе предизвика широка ескалација и дека американските интереси во регионот ќе бидат цел на нивните ракети.Поради зголемените тензии, повеќе земји, меѓу кои Канада, Кина и Австралија, ги повикаа своите граѓани да го напуштат регионот или да избегнуваат патувања на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп издаде наредба: Да се стави крај на убивањето во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за ставање крај на војната во Украина да се обиде да „го запре убивањето“, изјави денеска потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.Според него, САД водат „многу внимателни преговори“ и со Русите и со Украинците, пренесува Фокс њуз.„Очигледно е дека Русите имаат одредени црвени линии, Украинците имаат одредени црвени линии, а претседателот Трамп го задолжи целиот тим, почнувајќи од државниот секретар Марко Рубио па натаму, да се обиде да го запре убивањето. Тоа е многу тешко“, рече Венс.Тој призна дека завршувањето на војната во Украина е „многу потешко“ отколку што Трамп претходно верувал, додавајќи дека сепак смета оти е постигнат напредок.„Мислам дека напредуваме и со Русите и со Украинците и ќе продолжиме да работиме на тоа. На крајот, или ќе успееме или нема“, изјави Венс.Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно најави дека украинската економска делегација, предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, ќе отпатува во Женева на преговори со американската делегација.Целта на разговорите ќе биде не само дискусија за ставање крај на војната, туку и за економската соработка меѓу Украина и САД.Зеленски потоа разговарал со Трамп за прашањата што ќе бидат на дневен ред на билатералната средба на претставниците на двете земји во Женева.Шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, изјави дека следната рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, би можела да се одржи кон крајот на неделата.Тој истакна дека и следната размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина би можела да се случи оваа недела и да биде пообемна од претходната, кога биле разменети 157 заробеници.Претходната рунда преговори се одржа во Женева на 17 и 18 февруари.

Свет | пред 1 седмица

Нема фотографија

Говорот на Трамп за состојбата во нацијата предизвика контроверзии поради неточни тврдења

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа свој најдолг говор за состојбата во нацијата во последните неколку децении, кој траеше еден час и 47 минути. Во обраќањето кон Конгресот нагласи дека „земјата повторно победува“ и ги пофали достигнувањата на својата администрација, но многу од неговите тврдења не се поклопуваат со проверени податоци.Главните теми на говорот беа американската економија и трошоците за живот. Трамп тврдеше дека цените под негово раководство почнале да паѓаат, но податоците покажуваат дека инфлацијата во 12 месеци заклучно со јануари 2026 година изнесувала 2,4 проценти, што е благ пад во однос на 3 проценти во последната година од мандатот на претседателот Џо Бајден. Иако цените на говедското месо минатиот месец благо паднаа, во 12 месеци до јануари пораснале за 15 проценти, додека вкупните цени на храната во истото време се зголемиле за 2,1 процент.Трамп изнесе тврдења за бензинот, наведувајќи дека цената на галон е под 2,30 долари во повеќето сојузни држави, што не е точно. Според податоците на Американскиот автоклуб (AAA), просечната цена на галон на 24 февруари изнесувала 2,95 долари, а само во Оклахома била близу 2,30 долари.Претседателот исто така истакна дека денес работат повеќе Американци од кога било, што е делумно точно. Во јануари 2026 година биле вработени повеќе од 158 милиони луѓе, но делот на вработените во вкупното население благо паднал, додека стапката на невработеност се зголемила од 4,1 на 4,3 проценти.Тврдењето за повеќе од 18 трилиони долари инвестиции во изминатите 12 месеци се покажа како неточно – реалниот износ изнесува 9,7 трилиони долари, вклучувајќи и ветувања кои можеби нема да се остварат.Трамп повторно ги изнесе тврдењата за изборни измами и илегална имиграција. Податоците покажуваат дека изборните измами се исклучително ретки, а иако американската гранична служба деветти месец по ред не пуштила илегални имигранти во земјата, бројот на илегални премини сепак се мери во илјадници.На крајот, претседателот тврдеше дека завршил осум војни во светот, што исто така не е точно. Додека учествувал како посредник во прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас, поголемиот дел од наведените конфликти биле краткотрајни или не вклучувале реални борби.Овој говор предизвика реакции од експерти кои предупредуваат дека многу од тврдењата на Трамп не се засновани на проверени податоци и бараат дополнителен контекст за точно да се разберат.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryev0roe6bc2tp5YrPPiz

Додека Иранците протестираат, децата на иранските функционери уживаат во луксуз на Западот

Членови на иранската владејачка елита се соочуваат со обвинувања за лицемерие, откако опозициски активисти тврдат дека државното богатство се користи за финансирање луксузен живот на нивните деца во западни земји, додека во Иран се засилуваат репресијата и економската криза. Обвинувањата доаѓаат во период кога растат тензиите со Соединетите Американски Држави, по распоредувањето значителни американски воени сили на Блискиот Исток и најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека се разгледуваат можни воени напади.Меѓу прозваните е Али Лариџани, главен советник за национална безбедност на Иран, чија ќерка Фатемех Ардешир Лариџани живее во САД, додека двајца негови внуци престојуваат во Велика Британија и Канада, иако самиот со години е меѓу најгласните критичари на западните вредности. Лариџани, поранешен претседател на парламентот и висок функционер на Револуционерната гарда, наводно имал клучна улога во задушувањето на протестите што ја потресоа земјата во јануари. Се верува дека врховниот лидер Али Хамнеи му ја доверил координацијата на подготовките за можен конфликт со САД.Јавниот гнев е насочен кон таканаречените „агазадехи“ – назив што се користи за потомците на владејачката елита. Незадоволството дополнително се засили по задушувањето на протестите, во кои според одредени извори загинале десетици илјади луѓе. Аналитичарот Алекс Ватанка од Институтот за Блискиот Исток во Вашингтон изјави дека граѓаните се револтирани затоа што децата на функционерите добиваат стипендии во долари за студии во САД и Европа, практично на трошок на државата.По протестите, Вашингтон најави дека ќе се обиде да ги укине привилегиите за престој во САД на иранските високи функционери и нивните семејства, но останува нејасно како ваквите мерки би се спровеле. Еден командант на Корпусот на чуварите на исламската револуција изјавил дека уште во 2024 година се проценувало оти околу 4.000 деца и роднини на режимски функционери живеат во западни земји.Иранскиот писател и активист за човекови права Камбиз Гафури оцени дека власта „го претворила Иран во пекол за сопствените граѓани, додека своите деца ги испратила на Запад да живеат безгрижно“, додавајќи дека огромно мнозинство граѓани би поддржале нивно враќање во земјата доколку се одржи референдум.Меѓу посочените случаи е и ќерката на Лариџани, која до неодамна работела како доцент на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори во Атланта, но ѝ бил прекинат работниот однос по интернет-петиција што барала нејзина депортација. Синот на Мохамад-Џавад Лариџани е професор на Универзитетот Глазгов Каледонијан во Велика Британија, додека неговиот брат работи како директор во Кралската банка на Канада во Ванкувер.Нејзината внука на поранешниот ирански претседател Хасан Рохани, Маријам Ферејдун, работи во „Дојче банк“ во Лондон, каде што, според опозициски извори, ги следи финансиските текови од Блискиот Исток. Во САД живее и Иса Хашеми, син на поранешната политичарка Масуме Ебтекар, позната како портпаролка на студентите кои во 1979 година држеа американски дипломати како заложници во Техеран. Во Америка престојуваат и деца на други високи функционери, меѓу кои и Махди Зариф, син на поранешниот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, за кого петиција тврди дека живеел во луксузна куќа на Менхетен вредна 16 милиони долари.Аналитичарите оценуваат дека западниот начин на живот на потомците на елитата е во остар контраст со идеолошките пораки што ги промовираат нивните родители во Иран. Според Ватанка, суштината на критиките е токму лицемерието – исламскиот политички поредок со децении проповеда строги правила на однесување, додека децата на елитата живеат сосема поинаков живот во странство.Тој додава дека западните земји можеби нема лесно да се одлучат на депортации, бидејќи ваквите лица можат да имаат и потенцијална разузнавачка вредност. Воедно, Западот нема јасно дефинирана политика за третман на потомците на режимската елита, избегнувајќи колективно казнување или санкции врз основа на потекло.

Свет | пред 1 седмица

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Германскиот министер за одбрана жестоко го нападна Трамп

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека испратил погрешни сигнали до рускиот лидер Владимир Путин и со тоа ја ослабнал позицијата на Украина во војната.Во интервју за германското радио „Дојчландфунк“, по повод четвртата годишнина од целосната руска инвазија врз Украина, социјалдемократот Писториус, кој според последните анкети важи за најпопуларен германски политичар, изјави дека односот на Трамп кон Кремљ го зајакнал самодовербата на Путин.„За жал, американскиот претседател влијаеше врз текот на војната и врз самодовербата на Путин кога му простре црвен тепих и го пречека како пријател на Алјаска, додека истовремено целосно се откажа од воената поддршка за Украина“, рече Писториус.Трамп и Путин се сретнаа на Алјаска во август 2025 година без присуство на европски лидери, што предизвика загриженост во Европа поради впечатокот дека Вашингтон се обидува да стави крај на војната без учество на Киев и европските сојузници.Американскиот претседател во текот на мандатот повеќепати го менуваше тонот во однос на војната, а на годишнината од инвазијата не објави јавна порака за поддршка на Украина. Писториус ја критикуваше и Белата куќа затоа што прерано ја исклучила можноста за украинско членство во НАТО од преговорите.„Американскиот претседател, за жал и непотребно, многу рано го тргна членството во НАТО од маса. Тоа беше тема што можеше да се искористи како преговарачки инструмент за други прашања“, изјави тој.Ова не е првпат Писториус јавно да ја критикува политиката на Трамп кон Украина. Минатата година тој изјави дека претседателот погрешно го проценил сопственото влијание врз Путин за време на разговорите за прекин на огнот.Најновите изјави доаѓаат неколку дена пред посетата на германскиот канцелар Фридрих Мерц на Вашингтон, каде што најави дека ќе ја претстави „заедничката европска позиција“ за трговијата, откако администрацијата на Трамп одлучи да воведе глобални царини од 15 проценти.

Свет | пред 1 седмица

media-library1jgnkh3tcp9s7Vg7k8T

(Видео) Неочекувана потера: Маж се криеше од полицијата во канта за ѓубре, декадека бегаше ги загуби чевлите

Општински работник во Охајо останал шокиран кога пронашол човек како се крие во корпа за отпадоци додека си ја вршел работата. Набрзо се покажало дека станува збор за осомничен кој бегал од полицијата откако не застанал на нивниот сигнал за време на сообраќајна контрола, објавува „Еуроњуз“.Видео снимено од полициска камера на автомобилот го покажува човекот како скока од корпата и бега.Полицајците веднаш тргнале за потера, а бегалецот ги изгубил чевлите додека бегал.„Благодарение на импресивните атлетски способности и брзата реакција на нашиот полицаец Перез, осомничениот е безбедно уапсен“, се вели во соопштението на полицијата, пренесуваат локалните медиуми.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп одржа рекордно долг говор за состојбата на нацијата: Нема да дозволам најголемиот спонзор на тероризмот да има нуклеарно оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го одржа обраќањето за состојбата на нацијата пред Конгресот на САД, прво во неговиот втор претседателски мандат.Во рекордно долгиот говор од 107 минути во вторник вечерта, тој ги пофали своите антиимиграциски политики, намалувањето на федералната влада, напорите за одржување на новите тарифи што неодамна ги оспори Врховниот суд на САД и способноста на неговата администрација да управува со брзи воени акции низ целиот свет, вклучително и во Иран и Венецуела, објавува АП.Пред Трамп, рекордот за најдолго обраќање за состојбата на нацијата го држеше поранешниот американски претседател Бил Клинтон, објавува Си-Ен-Ен. Клинтон го одржа својот последен говор пред Конгресот како претседател на САД на 27 јануари 2000 година, а траеше еден час и 28 минути.Поранешниот американски претседател Ричард Никсон сè уште го држи рекордот за најкратко обраќање за состојбата на нацијата – неговото обраќање пред Конгресот во 1972 година траеше помалку од 30 минути.Трамп го започна својот говор велејќи дека неговата администрација направила „историски пресврт“ и дека ова е „златно доба за Соединетите Американски Држави“.„Нашата нација сега е поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега“, рече Трамп.Тој ги нарече царините што ги воведе „зачудувачки економски пресврт за САД“, а пресудата на Врховниот суд со која поништи многу од нив – „многу несреќна“.Осум месеци по нападот на САД врз нуклеарните постројки на Иран, претседателот Трамп зборуваше за можни нови напади врз Иран во случај да не се постигне договор со иранското раководство, објавува CNN.Трамп рече дека Иран и неговите сојузници „убиле и осакатиле илјадници американски војници“ и ги обвини иранските власти дека се одговорни за смртта на речиси 32.000 луѓе за време на бранот масовни протести.Сепак, најзначајниот дел од неговиот говор за Иран беше посветен на иранската нуклеарна закана.„Тие беа предупредени да не се обидуваат да ја обноват својата нуклеарна програма во иднина, особено не развојот на нуклеарно оружје. Сепак, тие продолжуваат да ја рестартираат. Ние ја избришавме и тие сакаат да почнат одново. Во моментов тие повторно ги следат своите злокобни амбиции“, рече Трамп и рече дека сè уште сака да постигне договор.Тој предупреди дека нема да дозволи Иран никогаш да има нуклеарно оружје.„Едно е сигурно: никогаш нема да дозволам најголемиот спонзор на тероризмот во светот, што тие секако се, да има нуклеарно оружје. Не можам да дозволам тоа да се случи“, рече американскиот претседател.Тој рече дека, пред новата рунда разговори со Техеран и во услови на зголемување на американските сили на Блискиот Исток, Иран сака да постигне договор повеќе од САД.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryan9ust6u6fft9zHeLUF

(Фото) Трагедија во Вашингтон: Четири лица убиени во напад со нож

Четири лица загинаа во напад со нож извршен во вторник од страна на маж во сојузната држава Вашингтон, соопштија локалните власти и потврдија дека напаѓачот бил смртно застрелан.Канцеларијата на шерифот на округот Пирс соопшти дека заменик-шерифовите во 08:40 часот по локално време реагирале на првата пријава дека 32-годишен маж го прекршил налогот за забрана на контакт, во куќата на полуостровот Ки, северозападно од Такома.Додека патувале кон местото, околу 09:30 часот, добиле дополнителни пријави дека мажот ги прободел луѓето со нож пред куќата.„Првиот заменик-шериф стигна на местото на настанот за околу три минути и пукал во осомничениот, кој потоа бил прогласен за мртов“, изјави полицајката Шелби Боуд, портпаролка на Истражниот тим на округот Пирс.Три жртви на нападот со нож биле мртви на лице место, а една починала за време на транспортот до болницата. Судската евиденција на округот Пирс покажува дека жената што живеела на таа адреса, во мај минатата година побарала и добила едногодишна забрана за пристап за својот 32-годишен син.Во барањето напишала дека нејзиниот син има проблеми со менталното здравје и злоупотреба на недозволени супстанции, дека веќе физички ја нападнал неа, а неодамна ѝ се заканувал кажувајќи ѝ дека нејзиниот „гроб веќе е ископан“.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања