Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Војната во Иран е далеку поважна од тоа дали малку ќе поскапи бензинот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради растот на цените на горивата во САД, предизвикан од ескалацијата на конфликтот со Иран.

— реклама —

Во интервју за „Ројтерс“, Трамп порача дека воената операција е многу поважна од евентуалното поскапување на бензинот.

„Воопшто не ме загрижува тоа. Многу брзо ќе паднат цените кога ќе заврши ова. А и ако пораснат, нека пораснат. Ова е далеку поважно од тоа бензинот малку да поскапи“, изјави Трамп.

— реклама —

Политичките аналитичари предупредуваат дека долгорочниот раст на цените на горивата би можел да им наштети на републиканците на парламентарните избори во ноември, кога ќе се одлучува за контролата врз американскиот Конгрес.

— реклама —

Според податоците на Американскиот автомобилски клуб, просечната цена на бензинот во САД пораснала за 27 центи во изминатата недела и достигнала 3,25 долари по галон. Глобалните цени на нафтата, пак, пораснале за околу 16 проценти од почетокот на војната.

Трамп изјави дека засега не планира да ги користи стратешките резерви на нафта и дека очекува клучниот Ормутски теснец да остане отворен за транспорт на нафта.

Во Белата куќа се надеваат дека воената кампања против Иран ќе трае релативно кратко, иако дел од политичките и воените аналитичари предупредуваат дека конфликтот може да се прошири и да трае подолго од очекуваното.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања