САД

Нема фотографија

Хаос во Америка: Петмина повредени во престрелка, полицијата трага по напаѓачот, има мртви

Полицијата во Вашингтон трага по осомничениот кој побегнал по смртоносното пукање.Според ABC News, две лица загинале, а пет се ранети.Полицијата трага по Афроамериканец „со просечна градба, облечен во светли панталони и сина кошула“, соопшти полициското одделение.„Последен пат е виден како трча по улицата. Не се обидувајте да го спречите, повикајте полиција“, велат од полицијата.Причината за нападот се уште не е позната.

Свет | пред 1 година

2088885_epa-tramp_ls

Нож во грб на Трамп: „Нема да го поддржам“

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс денеска соопшти дека нема да го поддржи својот поранешен шеф и републикански кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.„Не треба да изненадува што нема да го поддржам Доналд Трамп оваа година“, рече Пенс за Фокс њуз.Тој додаде дека е горд на резултатите на администрацијата што ја водел заедно со Трамп.„Тоа беше период кој ја направи Америка попросперитетна и побезбедна“, рече Пенс.Сепак, тој истакна дека има „длабоки разлики“ меѓу него и Трамп „за голем број прашања“.Пенс рече дека не го поддржува Трамп, меѓу другото, поради неговото противење на забраната на TikTok во САД и затоа што вели дека републиканскиот претседателски кандидат нема план да се справи со огромниот јавен долг на Соединетите држави.„Доналд Трамп следи и артикулира агенда што е спротивна на конзервативната агенда што ја следевме во текот на нашите четири години. И затоа не можам со чиста совест да го поддржам Доналд Трамп во оваа кампања“, рече американскиот политичар од Индијана.Во 2021 година, Пенс изјави дека нема овластување да ги поништи резултатите од претседателските избори, и покрај притисокот од Трамп да го стори тоа за време на конгресната потврда на резултатите.

Свет | пред 1 година

677z381_tramp-donald

Судија на Менхетен го одложи судењето на Доналд Трамп за секс скандалите

Судијата на Менхетен, Хуан Меркан, донесе одлука за одложување на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во врска со наводното прикривање на секс скандали за време и по претседателската кампања во 2016 година.Судењето, првично закажано за 25 март, според одлуката на судијата ќе биде одложено за 30 дена, јавува американската телевизија NBC.Окружните адвокати во Менхетен претходно оваа недела поддржаа судењето да биде одложено за да можат да ја разгледаат новата серија документи што ги добиле од федералните обвинители.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-11.38.51

Агелер укажа дека знае за притисоци врз судии: Тоа е нешто што мора да престане!

Амбасадорката Анџела Агелер алармираше да се почитува независноста на судиите за кои рече: „треба да бидат слепи на политичките влијанија и јавните мислења“. Таа посочи дека американски уставен суд, смета дека Уставот не е напишан во песок за да се измие со секој бран од нови судии, кои се под влијание на политички бранови.„Притисокот кој е ставен на судиите во овие судови може да биде огромен, ние како граѓани инсистираме тие притисоци да бидат елиминирани, а нашите судии секогаш да бидат независни без разлика на нивните лични мислења. Од аспект на престојните избори, судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега, само независни судии, може да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата, судиите мора да делуваат објективно и правично“, кажа Агелер.Посочи дека има чуено за притисоци врз судиите и судската власт.„Притисоци врз судксата власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат ослободени за да го практикуваат правото. Граѓаните го бараат тоа“, додаде таа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Америка ќе продава ракети со долг дострел

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на речиси 1.800 ракети воздух-земја на Полска.Вклучени се повеќе од 800 крстосувачки ракети JASSM-ER и повеќе од 700 ракети со среден дострел AIM-120C-8 AMRAAM, а целата зделка е во вредност од 3,7 милијарди долари.Американската државна безбедносна агенција за соработка (DSCA) во вторникот објави три одобренија на Стејт департментот за продажба на оружје на Полска.Првото одобрение се однесува на продажбата на 821 AGM-158B-2 JASSM-ER проектили со продолжен дострел, заедно со оружените системи за поддршка и интеграција и опрема за тестирање, каде што е ангажиран Локхид Мартин и проценетата вредност е 1,77 милијарди долари. Ова оружје има дострел од 920-1.000 километри, пренесува rmx.news.Полска претходно ги купи AGM-158A JASSM AGM-158B JASSM-ER проектилите и изрази интерес за поновата верзија AGM-158B-2 со дострел од 1.600-1.900Второто одобрение се однесува на продажба на 745 ракети воздух-воздух со среден дострел AIM-120C-8 AMRAAM заедно со фрлачи, ракети за обука, контејнери за транспорт и резервни делови, во вкупна вредност од 1,69 милијарди долари.Покрај тоа, Полска доби одобрение за купување на 232 проектили со краток дострел AIM-9X Tactical Sidewinder Block II и дополнителна опрема, вклучително и термографска камера за снимање надвор од видливиот дострел, а вкупната цена е над 219 милиони „зелембац“, пренесува порталот. км.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ескобар:Северна Македонија треба да биде целосен и итен кандидат за ЕУ

Американскиот заменик помошник државен секретар, Габриел Ескобар, изјави дека САД го охрабруваат дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, којшто треба да остане заснован на факти и базиран на обврската дека Северна Македонија и натаму ќе има перспектива во ЕУ.,,Добивме уверување од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Треба да ја искористиме предноста на овие можности, бидејќи Северна Македонија треба да биде рамноправен кандидат за членство во ЕУ. Верувам дека имаме сигурност од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде дел ид ЕУ.Сакаме да ги искористиме тие можности затоа што Северна Македонија треба да биде целосен и итен кандидат за членство во ЕУ”, рече денеска Ескобар на онлајн брифинг со новинарите пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица.САД очекуваат и Владата што ќе дојде по изборите да биде посветена на НАТО, ЕУ и борбата против корупцијата.На прашање дали Предлог-резолуцијата на американскиот Сенат со која се бара отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со земјава без дополнителни билатерални услови, претставува промена на позицијата на САД во однос на промената на Уставот, Ескобар нагласи дека и Северна Македонија и Бугарија се важни членки на НАТО и сојузници на Вашингтон, па затоа американската администрација сака мирно разрешување на сите прашања.Ескобар кој утре ќе допатува во Приштина истакна дека овојпат нема да го посети Скопје, бидејќи не сака посетата да се протолкува како мешање во внатрешните работи пред изборите.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

САД дневно произведува најмногу нафта во светот

САД произведува просечно 12,9 милиони барели нафта дневно и водат на светската ранг листа на производители, шеста година по ред, објави Министерството за енергетика.Во декември 2023 година, производството на сурова нафта во САД достигна нов месечен рекорд, надминувајќи 13,3 милиони барели дневно, според Управата за енергетски информации на Министерството (EIA).„Во текот на изминатите шест години, САД постојано произведуваа повеќе сурова нафта од која било друга земја, според нашата меѓународна енергетска статистика“, објави ЕИА во понеделникот.Мали се шансите други земји да го соборат тој рекорд во блиска иднина, според американската Управа за енергетски информации.Во јануари, владата на Саудиска Арабија му нареди на енергетскиот гигант Aramco да го прекине планот за зголемување на производството на нафта и да се насочи кон максимален одржлив производствен капацитет од 12 милиони барели дневно, еден милион барели помалку од планираното во 2020 година.Саудиска Арабија е водечки производител на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), која заедно со своите сојузници одлучи да ја намали понудата за 2,2 милиони барели дневно до средината на годината за да ги поддржи цените во период на слаба побарувачка под притисок на слабата економскиот раст.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

САД со Резолуција го поддржа пристапувањето на Македонија во ЕУ

Американските сенатори Питер Велч, Џин Шахин, Пит Рикетс и Том Тилис предложија Резолуција со која САД даваат поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.Сенаторите ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.,,Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на Северна Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија”, се вели во резолуцијата.,,Горд сум што ја ко-спонзорирам оваа двопартиска резолуција, која потврдува дека иднината на Северна Македонија е со европското семејство. Откако ја пречекавме Северна Македонија во НАТО во 2020 година, време е да работиме за да му помогнеме на нашиот сојузник да ги исполни сите одредници потребни за да се постигне членство во ЕУ. САД треба да продолжат да работат со нашите северномакедонски партнери за проширувањето на Европската унија да стане реалност“, рекол сенаторот Шахин. Уверен сум дека членството на Северна Македонија во ЕУ ќе донесе зголемени можности за размена на бизнис и трговија, како и дополнителна координација меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Северна Македонија“, рекол сенаторот Велч.,,Северна Македонија е вреден стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот“, посочил сенаторот Тилис.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Русија: Веќе нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина.„Нема смисла повеќе да се негира“, рече таа за прорежимскиот весник „Известија“.Според руската државна новинска агенција Тас, полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски претходно на конференцијата по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО изјави дека армијата на НАТО е веќе во Украина.Да потсетиме, францускиот претседател Макрон по конференцијата за Украина одржана во Париз на 26 февруари изјави дека не е исклучено испраќање копнени сили на членки на НАТО во Украина. По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.Коментирајќи ги изјавите на Макрон, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил „неизбежен“ доколку западните сили бидат испратени во Украина. Тој, исто така, рече дека земјите од НАТО „треба да ги проценат последиците од таквите дејства“, според Тас.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Америка започна акција што ќе го разбесни Израел: Почнува изградбата на пристаниште во источниот Медитеран

Американскиот воен брод Генерал Френк С. Бесон (LSV-1) ја напушти базата Ленгли-Јустис во САД и се упати кон Источниот Медитеран, каде што ќе биде ангажиран во воспоставувањето на прекуокеанска рута за испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа, рано утринава соопшти американската централна команда (CENTCOM).Бродот носи основна опрема за изградба на привременo пристаниште за испорака на витални хуманитарни материјали, пренесува Ројтерс.Овој брод за воена логистичка поддршка отплови на мисија нешто помалку од 36 часа по американскиот претседател.Џозеф Бајден најави дека САД ќе изградат пристаниште за да помогнат во испораката на помош за Појасот Газа по море.Обединетите нации предупредија дека хуманитарната катастрофа поради недостигот на храна во Појасот Газа, каде што Израел и палестинската милитантна група Хамас се во војна, е „речиси неизбежна“ и дека децата умираат од глад како копнена и воздушна испорака на хуманитарна помош се покаже тешко и опасно..

Свет | пред 1 година

e28ac7fa-e653-4da7-8732-d1f8366dfb33

Бајден: Знаете ли со кого се среќава Трамп денес? Со човек кој сака диктатура

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа го критикуваше републиканскиот ривал Доналд Трамп за средбата со Виктор Орбан, велејќи дека унгарскиот премиер се обидува да воспостави диктатура. Виктор Орбан објави дека вчера на Флорида се сретнал со неговиот „добар пријател“ Доналд Трамп.Унгарскиот премиер е еден од ретките лидери во Европа кои посакаа победа на републиканскиот кандидат на претседателските избори во ноември против демократот Бајден.„Дали знаете со кого се среќава во Мар-а-Лаго денес? Ова го изјави Џо Бајден на поддржувачите за време на предизборниот митинг. „Орбан од Унгарија, кој отворено рече дека не мисли дека демократијата функционира и дека сака диктатура. Гледам иднина во која ја браниме демократијата, а не во која ја слабееме“, рече 81-годишниот демократ, за кого ова прашање е едно од главните во кампањата против Доналд Трамп.Орбан синоќа на Фејсбук објави фотографија со поранешниот претседател, заедно со зборовите: „Направете ја Америка повторно голема“, слоганот на кампањата на Трамп. „Врати се и донесе ни мир претседателе“, објави тој на X, поранешен Твитер, заедно со фотографија со Трамп.„Посетата беше фокусирана на градење на односите меѓу американските и унгарските конзервативци и на придобивките што би можеле да дојдат од изборот на претседателот Трамп во ноември“, изјави соработничката на Орбан, Гладен Папин, потврдувајќи дека средбата се случила.

Свет | пред 1 година

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Македонска компанија развивала шпионски софтвер - се прошири црната листа

Министерството за финансии на САД ставија санкции за два поединци и пет ентитети поврзани со конзорциумот Intelexa, вклучително и македонската компанија Сајтрокс АД. Компанијата била клучен играч во развивање шпионски софтвер Предатор – сериозна закана за безбедноста и интересите на Соединетите Американски Држави. Сите физички и правни лица биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ и имаат значајна улога во развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијалната технологија за шпионскиот софтвер „Предатор“ со кој се таргетирале и владини претставници на САД. Оттаму сметаат дека комерцијалниот шпионски софтвер претставува посебен и растечки безбедносен ризик за САД кој бил злоупотребен од странски актери. Со помош на софтверот се прекршиле човековите права на повеќе граѓани низ светот за репресија и одмазда.„САД остануваат фокусирани на воспоставување јасни заштитни огради за одговорен развој и употреба на овие технологии, истовремено обезбедувајќи ја заштитата на човековите права и граѓанските слободи на поединците ширум светот“, изјави потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање од САД, Брајан Е. Нелсон.Порталот it.mk уште во 2021 година објави профил на Сајтрокс (Cytrox) од Македонија, кога оваа компанија беше банирана од МЕТА, компанијата на Фејсбук.Во објавениот текст под наслов „Зошто Meta ја банираше македонската компанија за шпионски софтвер“, Cytrox, од it.mk пишуваат дека стартапот во Македонија е основан во 2017 година. Истата година се основани и компаниите во Израел под името „Cytrox EMEA Ltd.“ и „Cytrox Software Ltd.“; Во Унгарија во 2017 е основана „Cytrox Holdings Zrt“. Citizen Lab не објави подетални информација за македонската компанија освен името на основачот. Сепак Централниот депозитар за хартии од вредност на 3 април 2017 објавил дека е евидентирано Друштво за развој на софтвер, трговија и услуги САЈТРОКС АД Скопје.Сајтрокс АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

Македонија | пред 1 година

obama

Трамп го помеша Бајден со Обама, па рече: Имаме будала, будала за претседател

На митинг во Вирџинија, Доналд Трамп (77) по грешка го помеша Барак Обама со Џозеф Бајден.Тој го направи тоа откако претходно се обиде да ги оправда претходните такви грешки тврдејќи дека биле намерни.„И (рускиот претседател Владимир) Путин, знаете, има толку малку почит кон Обама што почнува постојано да го кажува зборот „нуклеарно“. Да, сте слушнале, нуклеарно. Тој денеска почнува да зборува за нуклеарно оружје. Само чекав да се случи тоа. да се случи. Но, имаме будала, будала за претседател“, рече Трамп на предизборниот митинг на републиканците во Ричмонд, Вирџинија.Си-Ен-Ен пренесува дека за време на истиот говор, Трамп претходно се обидел да го оправда фактот дека ги мешал Бајден и Обама во предизборните говори во претходните прилики, тврдејќи дека тоа го направил намерно.Грешката на Трамп дојде еден ден откако Бајден двапати ги збуни Украина и Газа кога објави дека САД ќе доставуваат хуманитарна помош по воздушен пат до Палестинците во Газа кои гладуваат поради израелските бомбардирања и блокади.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Масовно пукање во САД: Едно лице загина, неколкумина повредени

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во престрелка во Орландо, Флорида, соопшти полицијата.Приближно во 23 часот по локално време, полицајците од полицискиот оддел на Орландо реагираа во областа на Iron Wedge Drive и јужното езеро Орландо во врска со неколку испукани истрели и по пристигнувањето открија повеќе луѓе повредени и најмалку едно лице мртво, пренесува ABC NEWS.„Работиме на идентификација на сите повредени. Истрагата е во тек, кога ќе имаме повеќе информации ќе ја информираме јавноста“, беше соопштено.

пред 1 година

tramp-un-1

Трамп: Црнците ме сакаат затоа што сум дискриминиран како нив

Доналд Трамп тврди дека неговата поддршка пораснала меѓу Афроамериканците поради неговите четири кривични случаи поврзани со дискриминација.Поранешниот американски претседател Трамп изјави за време на митинг за црните конзервативци во Јужна Каролина дека „црното население ја прифатило“ неговата снимка направена по обвинението за обид за поништување на изборите во 2020 година во Џорџија, пишува Sky News.„Црнците најдобро ја прифатија мојата фотографија од Атланта“, рече тој.Во говорот, Трамп ги спореди своите правни проблеми со историското наследство на предрасудите кон Афроамериканците во правниот систем на САД.Трамп, кој се надева дека ќе се врати во Белата куќа на изборите во САД во ноември, вчера на годишната церемонија на Црната конзервативна федерација изјави дека црнците го сакаат затоа што поминале низ истата дискриминација како него.„Кога бев обвинет по втор, трет и четврти пат, многу луѓе велеа дека затоа ме сакаат црнците. Тие исто така беа многу повредени и дискриминирани во правосудниот систем. Ме гледаа како да сум дискриминиран“, Трамп кажа.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања