Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија: Веќе нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина.

— реклама —

„Нема смисла повеќе да се негира“, рече таа за прорежимскиот весник „Известија“.

— реклама —

Според руската државна новинска агенција Тас, полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски претходно на конференцијата по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО изјави дека армијата на НАТО е веќе во Украина.

— реклама —

Да потсетиме, францускиот претседател Макрон по конференцијата за Украина одржана во Париз на 26 февруари изјави дека не е исклучено испраќање копнени сили на членки на НАТО во Украина. По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.

— реклама —

Коментирајќи ги изјавите на Макрон, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил „неизбежен“ доколку западните сили бидат испратени во Украина. Тој, исто така, рече дека земјите од НАТО „треба да ги проценат последиците од таквите дејства“, според Тас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 21 час

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 1 ден

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања