„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_4328

СДСМ: Итно да се врати бесплатниот пристап на новинарите до Централниот регистар

„Одлуката на актуелната власт да го укине бесплатниот пристап на новинарите до информациите од Централниот регистар претставува директен напад врз слободата на медиумите и уште еден очигледен чекор кон намалување на транспарентноста во државата. Оваа одлука е обид да се забави работата на новинарите и да се спречи нивната брза и ефикасна истрага за теми од јавен интерес. Со ова, Владата не само што ги гуши медиумите, туку и го загрозува правото на граѓаните да бидат информирани за случувањата во земјата“, велат од СДСМ.„Да потсетиме, уште од 2017 година, благодарение на одлуката на Владата предводена од СДСМ, новинарите имаа бесплатен пристап до базата на Централниот регистар, со што можеше брзо и ефикасно да се обезбедат потребните податоци за истражувачките новинарски стории. Со сегашната одлука, ова право се укинува, што дополнително го ограничува пристапот до информации од јавен карактер, кои се клучни за транспарентноста и отчетноста на власта.Актуелното раководство на Централниот регистар одлучи дека оваа одлука на претходната влада „не е во согласност со законот“, според кој бесплатен пристап имаат само корисниците на средства од Буџетот на Република Северна Македонија, но не и новинарите. Ова е неприфатливо и претставува брутален обид за замолчување на медиумите и ограничување на нивната улога во контролата врз власта.СДСМ најостро ја осудува оваа одлука и бара итно да се врати бесплатниот пристап на новинарите до Централниот регистар! Власта нема право да ги спречува новинарите во нивната работа и да ја урива транспарентноста која е темел на демократијата. Новинарите мора да имаат слободен пристап до сите информации кои се во интерес на јавноста, за доброто на граѓаните и на нашето општество.Транспарентноста е должност, а не право кое треба да се ускратува!“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-1100PM

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

„Станува се потешко да се изборјат лагите на ВМРО-ДПМНЕ во овие стотина дена откако ја преземаа власта. Најновата лага која со месеци ја трубеше министерот Александар Николоски е дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот“, велат од СДСМ.„Ништо од ова што го кажувал Николоски не било точно. Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата.Има ли нешто за што не излажа Николоски откако е седнат на фотелјата?СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе.Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Единствено што постигнаа е да ја окупираат јавноста и медиумите со нивните бескрајни соопштенија и прес конференции.Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира.Неодамна Владата во целост го потврди и планот за раст кој СДСМ го подготви и во целост го потпиша, Мицкоски се повикува на Преспанскиот договор како добар приемр за дипломатија и бара таков договор со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ги призна сите добри политики на Владата кои претходно ги криткуваше. Лицемерието е огромно и невидено на овие владини простори“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Ljubica1

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа“, кажа Јанчева

„Извештајот на Европската Комисија јасно го потврдува она што скопјани го чувствуваат секојдневно: јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба, најлош во Европа! Ваквата состојба е директен резултат на неспособноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, кои, за само 3 години владеење, успеаја да го доведат Скопје на дното, не само во транспортот, туку и во сите други области“, рече Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.„Наместо да ги исполнат ветувањата за инвестиции и модернизација на јавниот превоз, станавме сведоци на епско потфрлање и тотален хаос во јавниот градски сообраќај.Пред само 3 години ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси, дури и бесплатен превоз. Ниту едно од ветувањата на ДПМНЕ не е остварено.Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Страдаат поради надостигот на нови автобуси и поради целосно нефункционалниот и застарен концепт на јавен сообраќај во Скопје.Одговорноста лежи кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се против проектот БРТ, и намерно не гласаат за набавката на нови автобуси, кои ги ветуваа, како и кај Владата на Мицкоски која не презема никакви мерки.Наместо да се грижат за потребите на скопјани, тие се фокусираат на своите неуспешни бизнис интереси и сојузништва, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со хаосот. ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособност се најголемите виновници за катастрофата во јавниот превоз во Скопје“, изјави Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

Скопје | пред 1 година

MitkoTrajculeski

(Видео) СДСМ против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини, вели Трајчулески

„СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН. Категорично сме против формирање на паралелна Академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, наместо институции за сите граѓани“, рече пратеник Митко Трајчулески од СДСМ.„Она што го промовира ВЛЕН служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и нашето мултиетничко општеството.Оваа идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици од причина што МАНУ е и треба да остане институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници.Науката ниту треба да се партизира ниту да се етнизира и злоупотребува во дневно политички цели и потреби.СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните.Општините се на сите граѓани, буџетот е од сите граѓани и треба да биде за сите граѓани, да се инвестира во решавање на проблемите а не во создавање поделби и тензии. Најавуваме дека советниците на СДСМ во овие општини нема да го поддржат Буџетот за наредната 2025 година.Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат, особено советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку тоа не го направат, ВМРО-ДПМНЕ ќе стане директен поддржувач и соучесник“, изјави пратеник Митко Трајчулески од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6239

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за идејата за формирање на паралелна Академија за науки и уметности. Во пост на Фејсбук, Филипче остро реагира против ваквиот проект, нагласувајќи дека е категорично против етнички поделби во науката.-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање на "етнички чисти" институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, вели Филипче.Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите.-СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче.Тој изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ молчи за ова прашање, што според него значи одобрување на иницијативата и најави дека СДСМ ќе се спротивстави на ваквите проекти со сите механизми.-Жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува. СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект, порача претседателот на СДСМ, Венко Филпче.

Македонија | пред 1 година

jsp

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа, велат од СДСМ

„Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска успеаја да го донесат Скопје на дното во Европа и во делот на транспортот и во секој можен поглед“, соопшти СДСМ.„Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што директно ги погодува жителите на Скопје.Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно не гласаа за набавка на нови автобуси, Владата не презема ништо.ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остави скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата која што му се случува на јавниот превоз и на целиот град“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Скопје | пред 1 година

02102024-Mickoski-8

Прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на Мицкоски, премиерот да каже која е алтернативата, прашуваат од СДСМ

„Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И како опозиција и како власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно и намерно го блокираат европскиот пат на државата. Резултат на тие погрешни политики и дипломатски промашувања го гледаме денеска. Албанија продолжува напред по патот на ЕУ а Македонија влегува во нова неизвесност, без план како да понатаму“, вели СДСМ.„Наместо да биде ден кога сите политички субјекти и граѓаните заедно ќе се радуваат на нов национален и државен успех, на нова надеж за подобро утре, денеска со горчина може да контстаираме дека Македонија повеќе нема европска перспектива.Никој друг не е виновен за тоа освен Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ не може да биде параван за промашените политики на Мицкоски за ЕУ.Со визионерски и храбри одлуки СДСМ ги реши отворените прашања кои ги имавме, ја внесе Македонија во НАТО и ја донесе пред прагот на ЕУ.Последниот чекор кој ВМРО-ДПМНЕ намерно и свесно не го направи е единствено поради лични и бизнис интереси на Мицкоски и неговите соработници.Сега власта треба да излезе пред граѓаните, да им се извини и да каже која е алтернативата“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

jovanka

Тренчевска: За само 110 дена новата влада не врати назад, Албанија е веќе пред нас на пат кон ЕУ

Во изминатите 110 дена не видовме никаков оптимизам за државата, туку песимизам, за само 110 дена со новата влада на ДПМНЕ толку сме назад, што не тргнаа од патот кон ЕУ, не сме веќе заедно ниту со Албанија, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.Тренчевска порача дека СДСМ нема да биде кочничар, како што беа ВМРО-ДПМНЕ, на европскиот пат на Македонија но ќе се спротивстави на секоја манипулација на власта.Власта, додаде таа, има обврска да го претстави планот како ќе продолжи европскиот пат понатаму или да каже која е алтернативата.-Ние како СДСМ повикуваме на затворена седница да разговараме за европската иднина, да даде извештај и вицепремиерот за европрски парашања и премиерот и да видиме како понатаму, нагласи Тренчевска.Пратеничката Тренчевска потсети дека СДСМ го заврши скринингот и тоа е голем успех и ако ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период не беше кочничар на европскиот пат, да се донесеа уставните измени, сега ќе одевме напред со Албанија, сега ќе имааше втора меѓувладина конференција, на која што ќе почнеа преговорите за првото поглавје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст“, велат од СДСМ.„Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР.Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка?Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ДПМНЕ. Ова е трето пукање за само еден месец, минатата недела беше повреден 19 годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години.Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства.Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“, соопштува СДСМ.

Македонија | пред 1 година

BogdankaSDSMpres

(Видео) „Коце Трајановски веднаш да го разреши Миланчо Митревски, фатен е како ја злоупотребува службената положба“, вели Кузеска

„Мора да има одговорност за сканалите во ЈПДП и злоупотребите на патарините. Веќе објавивме дека Коце Трајановски и ДПМНЕ го поставиле Миланчо Митревски за шеф на контролорите на Наплатната служба на патарините во Петровец, иако не ги исполнува условите за тоа“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„Фатен бил како ја злоупотребува службената положба. На Митревски му е изречена дисциплинска санкција за тоа што наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот го присвојувал за себе.Неговиот единствена квалификација за оваа функција е тоа што е партиски кадар на ДПМНЕ и сопруг на советничка на истата партија во Велес. ДПМНЕ ја враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите како до 2016 година.Но, скандалот во ЈПДП е уште поголем затоа што за Митревски не важат прописите и законите. Снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи покажуваат дека Митревски не плаќа патарини.Ова е апсолутно недозволиво. Народот да плаќа, додека за партиските шерифи на Мицкоски и Трајановски да не важат закони и прописи и да прават што сакаат.Ова е типичен пример на партиска злоупотреба на институциите и јавните ресурси.И овие скандали се случуваат во исто време кога МВР поднесе 18 кривични пријави за неплаќање патарина, за 12 полицајци и за 6 вработени во патарините.Тошковски и МВР треба да одговорат зошто Митревски не е сакнциониран? Зошто за него нема кривична пријава?МВР има селективен пристап или за него не важат законите затоа што е кадар на ДПМНЕ?СДСМ бара итна разрешница на овој скандал и одговорност. Коце Трајановски треба веднаш да го разреши Миланчо Митревски од функцијата шеф на контрола на Наплатна служба.МВР и Тошковски веднаш да реагираат, да преземат мерки сите надлежните институции за соодветна одговорност.Не може да има двојни стандарди во владеењето – еден за народот и друг за партиските шерифи на ДПМНЕ“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kocze-trajanovski

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите“, вели СДСМ.„Шефот на контрола во Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски, ДПМНЕ и Коце Трајановски го поставија на оваа позиција иако не ги исполнува условите поради тоа што бил фатен со бројни злоупотреби. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините а вишокот пари си ги земал за себе.Но скандалот е уште поголем затоа што кадарот на Коце и ДПМНЕ, Митревски не плаќа патарини.За ова говорат снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи, како и електронската евиденција на патарините кои целосно потврдуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина откако е назначен.Тоа што ДПМНЕ застана во целосна одбрана на Митревски говори дека ДПМНЕ вака ја замислува власта.Партиските шерифи да ја злоупотребуваат позицијата, да не ги почитуваат законите и прописите, да не плаќаат патарина, со еден збор да прават што сакаат.СДСМ повикува на итна одговорност и разрешување, потенцирајќи дека злоупотребите се показател за неспособноста на раководството на ЈПДП и Коце Трајановски“, соопшти СДСМ

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-08-at-11.48.34

Запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци - вчера изгореа четири возила, сторителите не се познати, вели СДСМ

„Дури 7 возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа“, вели СДСМ и додава:.Неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена.Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства.Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див запад. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-134313

Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените немаат ефект, велат СДСМ

„Министерката за финансии, Димитриевска Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените на производите немаат никаков ефект. И моментално состојбата во маркетите потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи“, велат од СДСМ.„Добро е што Димитриевска јавно кажа дека не се согласува со овие мерки на Владата и потврдува дека не се ефикасни.Но ја потсетуваме Кочовска дека веќе не е опозиција туку е министерка во Влада и води едно од најважните министерства. Ако не се сложува нека даде решение. Граѓаните очекуваат решенија за намалување на цените а не само мислења.Исто постапи и со кредитот од Унгарија кога не кажа ниту збор во Собрание.Граѓаните се оптоварени од поскапувањата, особено во делот на храна. Владата на ДПМНЕ не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот за што цената ја плаќаат токму граѓаните.За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, Владата да презема мерки со задоцнување кои немаат никаков ефект а министерката којашто е најповикана да нема решение туку мислење.Стандардот на граѓаните опаѓа, потребна е итна интервенција и нови мерки за конкретни резултати“, соопшти СДСМ.

пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДС како раштиман оркестар две недели повторува исто партиско соопштение, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС како раштиман оркестар две недели повторува едно исто соопштение. СДС е до толку демолирана партија што се обидува да ја манипулира јавноста со теми кои се веќе анализирани, образложени и надминати. СДС се дефокусирани, расеани и исплашени од Божиновска, поради тоа што почна да открива каков се криминал правеле СДС во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС дефокусираат поради тоа што 7 години катастрофално се справуваа и не ги решаваа проблемите во енергетиката. СДС не донесе странски директни инвестиција во енергетиката.СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони евра од Владата кон ЕВН не се платени.Небулозни се соопштенијата на СДС, во време на СДС и ДУИ 7 години од МЕПСО парите наместо за енергетската мрежа се трошеа за донации и спонзорства на фитнес клубови.Во време на СДС и ДУИ единствени инвестиции беа фамилијарните бизниси со фотоволтаици, каде државно земјиште им се продаваше по багателни цени на членови од фамилијата на највисоките структури на власта.Заврши времето кога на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски се доделуваше државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен.Заврши времето кога камиони со струмички таблици вртеа во РЕК Битола.Заврши времето на криминалот и корупцијата во енергетиката.Време е за инвестиции во енергетскиот сектор, време е за инвестиции во обновливи извори на енергија. За разлика од СДС владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште во првите 100 дена донесе нова инвестиција, нов ветерен парк тежок 500 милиони евра помеѓу Штип, Радовиш и Карбинци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

sanja1

Лукаревска: Бараме затворена седница, ВМРО-ДПМНЕ мора да понуди решение за ЕУ интеграцијата

СДСМ бара седница за да го слушнеме лекот на власта за продолжување на европскиот процес којшто го најавуваше во кампањата, рече пратеничката Сања Лукаревска во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.-Ние и јавноста сакаме да го слушнеме оној лек за евро интегративниот процес којшто го слушавме во рамки на кампањата, да видиме кој е. Да го видиме решението на власта, нивната рамка, временски рокови. Да ја видиме која е содржината на тоа писмо коешто се најавува до европските институции. Власта има обврска за тоа. Патот којшто го поминуваме за членство во ЕУ е макотрпен, еве шанса да ги откочиме тие процеси за земјата да продолжи понатаму, рече Лукаревска.Затоа СДСМ бара да се одржи една таква седница во Собранието затоа што ова е клучно стратешко прашање, за власта да ја презентира стратегијата, кој е нивниот план и дали има алтернатива ако не успее, потенцираше таа.-Кога беше актуелен Францускиот предлог ние подадовме рака и ја повикавме опозицијата на лидерска средба за да може заеднички да седнеме. Но денеска што гледаме? Едно се зборуваше пред и во рамки на кампањата друго се зборува сега. Реалноста е таа. Одложено дејство на уставните измени, подобра преговарачка рамка и слично. Но што ако не успее тоа, јавноста нема одговори која е алтернативата, рече пратеничката Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања