Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Коце Трајановски веднаш да го разреши Миланчо Митревски, фатен е како ја злоупотребува службената положба“, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
BogdankaSDSMpres

„Мора да има одговорност за сканалите во ЈПДП и злоупотребите на патарините. Веќе објавивме дека Коце Трајановски и ДПМНЕ го поставиле Миланчо Митревски за шеф на контролорите на Наплатната служба на патарините во Петровец, иако не ги исполнува условите за тоа“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Фатен бил како ја злоупотребува службената положба. На Митревски му е изречена дисциплинска санкција за тоа што наплаќал повеќе пари на патарините, а вишокот го присвојувал за себе.

— реклама —

Неговиот единствена квалификација за оваа функција е тоа што е партиски кадар на ДПМНЕ и сопруг на советничка на истата партија во Велес. ДПМНЕ ја враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба на институциите како до 2016 година.

Но, скандалот во ЈПДП е уште поголем затоа што за Митревски не важат прописите и законите. Снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи покажуваат дека Митревски не плаќа патарини.

— реклама —

Ова е апсолутно недозволиво. Народот да плаќа, додека за партиските шерифи на Мицкоски и Трајановски да не важат закони и прописи и да прават што сакаат.

Ова е типичен пример на партиска злоупотреба на институциите и јавните ресурси.

И овие скандали се случуваат во исто време кога МВР поднесе 18 кривични пријави за неплаќање патарина, за 12 полицајци и за 6 вработени во патарините.

— реклама —

Тошковски и МВР треба да одговорат зошто Митревски не е сакнциониран? Зошто за него нема кривична пријава?

МВР има селективен пристап или за него не важат законите затоа што е кадар на ДПМНЕ?

— реклама —

СДСМ бара итна разрешница на овој скандал и одговорност. Коце Трајановски треба веднаш да го разреши Миланчо Митревски од функцијата шеф на контрола на Наплатна служба.

МВР и Тошковски веднаш да реагираат, да преземат мерки сите надлежните институции за соодветна одговорност.

Не може да има двојни стандарди во владеењето – еден за народот и друг за партиските шерифи на ДПМНЕ“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 45 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања