Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

benziska-guzva-goriva

СДСМ: Цените на светските берзи паѓаат, само кај нас не, владата на Мицкоски профитира од народот 

Владата на Мицкоски одбива да ја намали цената на горивата, иако на светските берзи цената на нафтата се намалува, велат од опозициската СДСМ.„Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува?Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, се ќе поскапи.Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не.Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот.Во ек на нафтената криза, РКЕ го смени начинот на одредување на цените на горивата. Да важеше стариот систем на пресметка, РКЕ денес ќе мораше да ја намали цената на горивата и граѓаните веќе од утре ќе купуваа поевтин бензин и дизел.Вака граѓаните плаќаат поскапи горива, 3 милиони евра повеќе за само 7 дена. Толку ги чини граѓаните оваа одлука на владата на Мицкоски.За Мицкоски и неговата Влада сè е бизнис – дури и кога граѓаните плаќаат поскапо секој ден“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Мицкоски за мерките на СДСМ: Несериозни предлози од творците на „канабис економијата“

Опозицијата побара итно намалување на цените на горивата и прифаќање на нивните мерки за олеснување на трошоците за граѓаните. Од СДСМ предлагаат намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за четири денари, како и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.Премиерот Христијан Мицкоски, пак, оцени дека ваквите предлози се „прилично несериозни, неточни и непрецизни“.Намерно не ги прокоментирав бидејќи станува збор за прилично несериозни, неточни непрецизни предлози. Бидејќи ако ги слушате како создаваат хистерија за 600, 700, 800 евра минимална плата, а од друга страна велат да се избришат даноците, да нема данок на додадена вредност и така натаму, па не враќаат во едни други времиња на соцболшивизм и еден вид на таква економија, затоа се обидов воопшто да не ги коментирам творците на канабис економијата во Македонија, луѓе коишто буквално ја ограбија Македонија, ги понижија македонските граѓани, ја понижија државата, и понекогаш можеби и молкот е доволен одговор на некои прашања.

Македонија | пред 4 дена

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

СДСМ: На грбот на граѓаните власта профитира по промена на начинот на уредување на цените за горивата

Регулаторната Комисија за енергетика во ек на нафтена криза го смени начинот на одредување на цените на горивата во Македонија и наместо секој ден во зависност од движењето на цената на нафтата на светските берзи, го утврди еднаш недело, на 7 дена, велат од СДСМ.„Резултатот е огромни колони на бензинските пумпи и профит врз грбот на граѓаните.Денес цената на нафтата на берзите се движи од 84 до 86 долари за барел и е поевтина во споредба со цената од 96 евра во петокот, кој го направи високиот просек за вчерашното поскапување од 20% на цената на дизелот.Да важеше стариот начин на пресметка, денес РКЕ ќе ја намалеше цената на горивата и веќе од утре граѓаните ќе купуваа поевтин дизел и бензин.Вака, поради избрзани и штетни одлуки на РКЕ, граѓание цела недела ќе плаќаат поскапи деривати, околу 3 милиони евра повеќе за само 7 дена.Дали намерно е сменет Правилникот?Очигледно  поради празниот буџет, на владата на Мицкоски и одговара поскап бензин, за повеќе пари од акциза и ДДВ.Сè е бизнис за Мицкоски и неговата Влада“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

СДСМ: Власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија по падот на светските берзи

По падот на цените на светските берзи власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија. Цените на светските берзии паднаа а во Македонија од денеска се зголемени цените на горивата, велат од СДСМ.„Зошто граѓаните да плаќаат поскапо? Или владата намерно им зема повеќе пари на граѓаните.Просечната дневна потрошувачка на дизел гориво во Македонија се движи меѓу 1.800 тони дневно а на бензин околу 260 тони.Во ситуации како вчера кога е зголемена побарувачката, потрошувачката на дизел гориво може да надмине 2.000 тони.14 денари по литар, колку што е зголемувањето, тоа се 450.000 евра дневно или над 3 милиони евра неделно, колку што со новиот правилник е предвидено да се менува цената.Значи 3 милиони евра би платите граѓаните повеќе само ако не се корегира веднаш цената со оглед на падот на цените на светските берзи.Каде завршуваат овие 3 милиони евра?Кој има интерес од сегашното зголемување на цената? Продавачите?Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера?Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро.Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации. Секоја работа за Мицкоски е бизнис. Тоа граѓаните многу добро го знаат.Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk3norc9qu08i7yqlFlF

СДСМ: Што крие Мицкоски од врските со партнерот Адамовиќ?

Пред неколку дена, во македонското Собрание, на прашање на претседателот на СДСМ, Филипче, за неговата поврзаност со Душан Адамовиќ, рече дека зад неговото поставување за конзул во Србија стои македонскиот амбасадор, велат од опозициската СДСМ.„Мицкоски излажа.По закон, за назначување почесен конзул, одлука носи Владата, на седница. Зад назначувањето на Адамовиќ стои Мицкоски.Заедничка фотографија на Христијан Мицкоски, Душан Адамовиќ и претседателот на СНС, сестринската партија на ВМРО, Милош Вучевиќ во Охрид покажува дека постои и поинаква поврзаност и поцврти односи помеѓу нив.Адамовиќ е негов пријател и бизнис партнер!  Човек со криминално минато. Висок функционер на СНС, сестринската партија на ВМРО која беше вмешана во нарко скандалот со 5 тони дрога запленети врз основа на информации од ДЕА во соседна Србија.Сè е лага до лага. Граѓаните веќе гледаат дека зборовите на Мицкоски не значат ништо.Со право прашуваат: Што точно крие Мицкоски од јавноста?Зошто Мицкоски го постави токму Душан Адамовиќ за почесен конзул? Кои се нивните бизнис релации? Имаат ли некаква врска со струја?СДСМ ќе продолжи да ги отвора овие прашања додека јавноста не ја дознае целата вистина“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

media-library7qqlfqprapbcfjYVQZA

Петрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагираше на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека предлага мерки кои, според него, ВМРО-ДПМНЕ ги предложила уште во 2022 година.„Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне“, напиша Петрушевски.Тој посочи дека мерките кои денес ги бара Филипче, според него, биле воведени уште во 2022 година со измена на член 92 од Законот за акцизите.„Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Законот за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат“, наведе Петрушевски.Според него, тогашната влада на СДСМ планирала и нова „еколошка“ такса која дополнително ќе ја зголемела цената на горивата, но, како што тврди, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција успеала да го блокира тој закон.„Врвот на лицемерието на Филипче и СДСМ е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување“, додава Петрушевски.Тој оцени дека актуелната влада работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот и да се ублажи ценовниот шок и покрај притисоците од глобалните движења на цените.

Македонија | пред 4 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Во режија на ВМРО, Богдановиќ го напушта ЗНАМ

Со нова режија за збунување на избирачите, ВМРО во соработка со српската БИА формира проруска партија „Српска лига“, велат од СДСМ.„Со истата таа партија во Србија управува Милош Вучевиќ, првиот човек на Александар Вучиќ и претседател на СНС, сестринската партија на ВМРО. Вучевиќ е координатор задолжен за Мицкоски. Тука е и Адамовиќ, пријател и бизнис партнер на Мицкоски, кој редовно ја посетува ВМРО, па дури и нивните конгреси. Сите тие се луѓе на Вучиќ задолжени за српско/руско влијание во Македонија.Она што СДСМ им го најави на граѓаните уште пред еден месец сега се потврдува.Се формира ново „движење“, уште една сателит-партија во режија на ВМРО – „Српска демократска лига“.Проектот ЗНАМ, кој беше креиран како алатка за одземање гласови од СДСМ, веќе е целосно маргинализиран и се дели. Со оглед на тоа што ЗНАМ речиси и не се појавува во најновите истражувања, ВМРО се одлучи на уште едно уситнување на опозициските гласови.Улогата на ЗНАМ е сведена само на гласање закони по налог на ВМРО и давање легитимитет на тендерската коалиција и криминалните зделки со тендери додека трае оваа влада.Сега, откако ЗНАМ ја исцрпи својата употребна вредност, ВМРО оди чекор понатаму и прави нова сателит-партија.По copy-paste модел преземен од Вучиќ и СНС, нивните сестрински партии, со цел создавање контролирана опозиција и дополнително збунување на избирачите.Станува збор за т.н. „Српска демократска лига“, директна копија на Српска лига, со изразен прорускки наратив и отворена поддршка на политики кои се спротивни на интересите на НАТО и ЕУ, но и на европската иднина на Македонија.Богдановиќ го напушта ЗНАМ, од СДСМ одамна не е дел.Имало повеќе обиди за врбување и на членови на СДСМ за приклучување кон овој нов „движење“, но без успех.Во јавноста се појавуваат приказни за „платформи“ кои се во режија на ВМРО, со јасна цел – слабеење на СДСМ, кој во последно време добива голема поддршка од граѓаните токму затоа што е единствената конструктивна, а не контролирана опозиција.СДСМ нема да дозволи сценарија на контролирана опозиција и политички инженеринг по туѓи модели. Граѓаните ја препознаваат вистината и знаат кој работи за нивниот интерес, а кој за туѓи агенди.Власта ќе биде вратена во рацете на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 дена

media-library65a9ce1nk8pu7m7a8Ch

СДСМ: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски

Оставка од Панче Тошковски после толку многу трагедии и згаснати животи е првиот чекор кон одговорност и основен услов за некаква промена на системот кој не успеа да ги заштити жртвите, велат од опозициската партија СДСМ.„Заедничко за сите трагедии е потфрлањето на МВР со кое раководи Панче Тошковски.За последната трагедија во Карпош, во која згаснаа животите на мајка и малолетна ќерка, во период од две години имало дури 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана.МВР било информирано, алармирано, но реакција немало.Во Велес, сериски насилник одзеде два животи – на младата Росица и на нејзиниот татко. МВР на Тошковски повторно потфрли. Дури шест месеци после тоа се уште се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно.Во Старо Нагоричане, сериски убиец одзеде пет женски животи, иако жителите со години пријавувале и предупредувале МВР не реагирало навреме.Во трагедијата во Кочани, згаснаа 64 животи, а Тошковски наместо одговорност, ги штитеше неговите началници.Уште колку трагедии и животи треба да се загубат?Кога институциите потфрлаат и кога човечки животи се губат поради системски пропусти, мора да има политичка и морална одговорност.Крвави ви се рацете“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

Филипче предупредува: Под знак прашање исплатата на плати и пензии

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на регионална средба со општинските организации од изборната единица 4 во Струмица оцени дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат значајни проблеми во јавните финансии кои веќе се одразуваат врз работењето на компаниите.Филипче посочи дека буџетскиот дефицит се продлабочува, а државата продолжува да се задолжува.„Ја следиме ситуацијата со финансиите. Владата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу 2 милијарди евра. Една милијарда евра беше обезбедена преку еврообврзница, но тоа не е доволно“, рече Филипче.Тој додаде дека власта доцни со подмирување на обврските кон приватниот сектор, што, според него, создава дополнителни проблеми за компаниите.„Се доцни со исплатата кон економските субјекти, некаде околу 500 до 600 милиони евра. Околу 100 милиони евра е долгот по основ на повратот на ДДВ за компаниите. Има компании кои затвораат бидејќи не можат да издржат, земаат кредити. Луѓето живееле од повратот на ДДВ, а сега земаат кредити, заглавуваат и ги затвораат компаниите“, истакна Филипче.Според него, ваквата состојба може да ја доведе во прашање и редовната исплата на платите и пензиите.„Под сериозен знак прашање е редовната исплата на платите и пензиите. Кога наесен ќе се наталожат последиците од енергетската криза, случувањата на Блискиот Исток, финансиската криза, долговите и дупките во Буџетот и во Фондот за пензиско осигурување, економската состојба во земјава ќе биде блиску до катастрофа“, рече Филипче.

Македонија | пред 6 дена

toskovski

СДСМ бара оставка од Тошковски: „Доста е од жртви и трагедии“

СДСМ побара итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оценувајќи дека институциите потфрлиле во повеќе случаи на насилство и трагедии во државата.Од партијата посочуваат дека последната трагедија во скопската населба Карпош, во која животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка, силно ја потресла јавноста.„Уште колку животи треба да згаснат за да има одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок, но и во огромен бес“, се наведува во реакцијата на СДСМ.Според партијата, во случајот со Ивана, која подолг период пријавувала семејно насилство, биле поднесени 12 пријави во период од две години, но, како што велат, институциите не реагирале навреме.СДСМ потсетува и на други случаи на насилство, меѓу кои убиствата во Велес, случајот во кумановско Старо Нагоричане, како и трагедијата во Кочани, оценувајќи дека сите тие, според нив, укажуваат на системски пропусти.„Сите овие трагедии имаат заедничка точка – систем што потфрла и МВР што не реагира навреме“, наведуваат од партијата.Од СДСМ обвинуваат дека наместо да преземе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ја префрли вината, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.„Нема да молчиме. Доста е од жртви и трагедии. Одговорност мора да има. Оставка од Панче Тошковски – веднаш“, порачаа од СДСМ.

Македонија | пред 6 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Отпуштени 50 македонски работници, се реализира планот за „економските работници“

Според СДСМ, компанијата „Бехтел и Енка“ отпуштила педесетина македонски работници ангажирани на изградбата на Коридорот 8, иако нивните договори за работа се уште важат. „На работа се задржани претежно странски државјани“, пренесуваат од партијата.„Најави за отпуштања на македонски работници има и во други странски компании. Се реализира подготвениот план за ‘економските работници’“, велат од СДСМ.Од партијата наведуваат дека „Владата на Мицкоски ги отвори вратите за така наречените ‘економски работници’ со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година, иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени“.СДСМ посочува дека владата прво склучила „стратешки договор“, а потоа го сменила Законот за странци, „ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија“. „Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има ‘стратешки партнер’“, додаваат од партијата.„Владата одби да ја покачи минималната плата на 600 евра и ги држи македонските работници со најниски плати во регионот и во Европа. Со носењето ‘економски работници’ ќе се намали цената на трудот и платите за работниците нема да пораснат. Не тоа не се мигранти, тоа се ‘економски работници’“, завршува соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 дена

media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Филипче: СДСМ ќе поднесе предлог до Собранието за помош на производителите на зелка

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци производители на зимска зелка, во валандовско Јосифово, порача дека СДСМ во наредниот период ќе предложи предлог во Собранието за надминување на проблемот со откупот на зимската зелка.„Свесни сме дека оваа власт нема да има слух да им помогне на овие земјоделци, како што немаше слух за лозарите,  за грозјето. Во текот на следните недели ќе дадеме предлог во Собранието, да се постигне соодветна откупна цена  на зимската зелка, поради тоа што овие земјоделци издржуваат семејства, тие сега практично се соочени со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче.Тој додаде дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на зимската зелка, откупната цена е драстично намалена, а власта нема слух да им помогне.„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка.Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.

Македонија | пред 6 дена

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Оваа влада го доведе до пропаст земјоделството, земјоделците се на раб на егзистенција

Сите земјоделски гранки се соочуваат со сериозни проблеми, власта ги понижи и измами земјоделците, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделците производители на зимска зелка во валандовско Јосифово.Филипче посочи дека проблемите со откупот и цената на производителите на зелка, се дел од низата проблеми со кои сите земјоделци се соочуваат поради незаинтересираноста на власта за поддршка и развој на земјоделството.„Ова е само еден од сегментите од практично сите во земјоделството кои што се сочуваат со огромни проблеми. Не беше решен проблемот со откупот на грозјето се намали цената по килограм, се скратија европските пари поради тоа што оваа власт беше фатена во кражба на европските фондови,  се намалија парите за субвенции и тоа и за тутун и за други продукти во земјоделството“, рече Филипче.Тој додаде дека дополнителен удар за земјоделците покрај намалувањето на субвенциите се и новите правила за добивање државна поддршка.„Се најавува закон и нови правилници со кои што се зголемува прагот на земја која што земјоделците треба да имаат за да воопшто аплицираат за субвенција од 3 на 5 декари, а над 80% барем во овој регион се мали земјоделци. Тие воопшто нема да може да аплицираат за субвенции“, рече Филипче.

Македонија | пред 6 дена

media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, попладнево во валандовско Јосифово имаше средба со земјоделците производители на зимска зелка од овој регион, на која се разговараше за откупот на зелката и начинот како да им се помогне на земјоделците. На средбата земјоделците беа револтирани од моменталната откупна цена на зимската зелка која како што кажаа, не ги покрива ниту производните трошоци.Филипче посочи дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем, мака мачат да го продадат производството, а откупната цена на зимската зелка е понижувачка.„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка“, рече Филипче.Тој додаде дека власта со своето однесување покажа дека не ѝ е грижа за земјоделците и покрај нивните апели за помош.„Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.Околу 90% од производството на зелка е токму во валандовско, кој е специфичен регион по производство на ваква зелка и е единствен во Македонија каде се негува производство на зимска зелка. Денеска земјоделците, револтирани од игнорантскиот однос на Владата, наместо да ги берат, се принудени да ги изораат зелките.

Македонија | пред 6 дена

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го откажува традиционалниот марш по повод 8 Март, кој требаше да се одржи утре во Богданци, и наместо тоа ќе се приклучи на протестниот марш „Нема да нè снема“. Ова го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакнувајќи дека партијата ќе биде заедно со граѓаните на протестот што го организираат граѓански организации, активисти и иницијативи за родова еднаквост.Филипче посочи дека и оваа година СДСМ планирал да го одбележи Меѓународниот ден на жената со традиционалниот марш, на кој требало да се истакнат достигнувањата на жените и да се побара подобрување на нивната положба во општеството. Сепак, трагичниот настан во Скопје, во кој животот го загубија мајка и дете, длабоко ја потресол јавноста и партијата.Според него, станува збор за трагедија која укажува на сериозни системски проблеми поврзани со насилството врз жените и недоволната заштита од институциите.„Ова не е само индивидуална трагедија, туку уште еден трагичен доказ за системскиот проблем со насилството врз жените, за неадекватната заштита и реакција на институциите“, нагласи Филипче.Тој додаде дека членовите и симпатизерите на СДСМ на утрешниот протест ќе учествуваат како граѓани, а не како организатори.Филипче порача дека институциите мора итно да реагираат на секоја пријава за насилство, да обезбедат вистинска заштита за жртвите, како и брзи мерки и соодветно казнување на насилниците.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања