Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

DSC_0097

Успешни антикризни мерки и финансиска помош за граѓаните, вели СДСМ

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ постојано се посветени на реализација на мерки и политики што го штитат економскиот стандард на граѓаните, вели СДСМ„Во време на криза, државата одвојува значајни средства за помош и поддршка на граѓаните и на компаниите.Со укинување на Данокот за додадена вредност на основните прехранбени продукти успеавме да ги заштитиме семејните буџети од нови ценовни шокови.Минималната плата расте на 18.000 денари, веќе од следниот месец стотици илјади работници ќе добиваат повисоки плати, а ова зголемување ќе поттикне раст и на останатите плати.Во следните три месеци, 330.000 пензионери и околу 36.000 семејства со ниски примања месечно ќе добиваат дополнителни 1.000 денари кои ќе можат да ги искористат за купување на основни производи, плаќање сметки и слично.Од септември следува и рекордно зголемување на пензиите по таканаречениот „швајцарски модел“.Дополнително, околу 7.000 семејства веќе добиваат месечна помош од 600 до 800 денари за плаќање сметки за електрична енергија.Сето ова се само дел од мерките што СДСМ ги презема за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните.Како одговорна партија внимателно ја следиме ситуацијата и подготвени сме да преземаме нови навремени економски мерки за помош на граѓаните и компаниите.СДСМ останува на страна на граѓаните, на страна на домашното стопанство“, се вели во соопштението

Македонија | пред 3 години

kuzeska

Антикризните мерки вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, вели Кузеска

Во време на најголема светска енергетска и економска криза, предизвикана од агресијата врз Украина, Владата предводена од СДСМ континуирани презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ„Антикризните мерки вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, стабилизирани се цените на храната и горивата, граѓаните финансиски се поддржани во време на криза.Минималната плата ја зголемувме, пензиите ги зголемуваме за досега највисоко ниво, ја субвенционираме струјата за граѓаните да не плаќаат поскапа струја. Сите институции се задолжени и веќе спроведуваат и мерки за штедење.Тоа е одговорноста на СДСМ, во време на криза да се штеди а сите пари да се насочат кон финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.Од друга страна е расипништвото на ВМРО-ДППМНЕ. Градоначалниците од оваа партија не само што ништо не работат расипнички ги трошат парите на граѓаните.Само четири општини раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ годинава, во време на најголема криза ќе потрошат речиси еден милион евра за партиски вработувања.Наместо за конкретни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ аздисуваат со парите, ги трошат на непродуктивни расходи и за партиски вработувања.Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања. Тоа е истата Арсовска која немаше пари да им помогне на скопјани за парното.Потоа следи Бобан Стефковски кој за истата цел од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра народни пари.Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потроши 100.000.Еден милион евра се сериозни средства со кои може да се реализираат десетици проекти или конкретно да им се помогне на одредени категории граѓани во време на криза.Мицкоски за ова расипништво молчи, не собра храброст ниту јавно да ги повика да прекинат со трошењето на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните.Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните а расипништвото е нејзин симбол“, додава таа.

Македонија | пред 3 години

boban-stefkovski-gazi-baba-882

ВМРО-ДПМНЕ аздисува, Стефковски среде криза троши 200.000 евра за партиски вработувања, вели СДСМ

Додека Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ крчмат општински буџети за партиски вработувања и аздисување, вели СДСМ.„Јавноста секој ден сведочи нов случај на оштетување на општинските буџети за партизација на општините и непродуктивни трошоци.Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ќе потроши 12,2 милиони денари или 200.000 евра за привремени вработувања во општината.Стефковски ќе потроши и 200.000 денари или над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.Во време кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека немаат пари и најавуваат некаква радикализација, Стефковски троши над 200.000 евра за партизација, што е двојно повеќе од градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски кој за вдомување на партиски кадри ќе потроши 100.000 евра.Наместо да инвестираат во развојни проекти, наместо парите да ги насочат кон помош на граѓаните, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немилосрдно трошат општински пари.ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на расипничко и криминално трошење на народни пари, партизација и дејствување против граѓаните“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

hrana

Антикризниот пакет од 26 мерки веќе дава видливи резултати, тврди СДСМ

Приоритет на Владата предводена од СДСМ во време на најголемата глобална криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството, вели СДСМ„Антикризниот пакет од 26 мерки веќе дава видливи резултати.Со укинување на ДДВ, цените на основните производи остануваат стабилни. ДДВ од 0% има за леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5%, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца.Додека насекаде низ регионот цените на горивата растат, кај нас се намалуваат.Благодарение на намалувањето на ДДВ и на акцизата, нашите граѓани точат нафтени деривати по најниски цени во регионот.Дополнително се намалени цените на бензините за два денари по литар, а цената на дизелот е намалена за три денари.СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економска стабилност“, вели СДСМ.

Македонија | пред 3 години

DSC_0070

ВМРО-ДПМНЕ паријата симбол за расипништво двојно го зголеми јавниот долг, денес парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните, вели СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за економија и управување со парите на граѓаните, вели СДСМ„За време на режимското владеење, ВМРО-ДПМНЕ успеа двојно да го зголеми јавниот долг, државата и граѓаните да ги презадолжи за споменици, палми, гипс – картон фасади и криминални тендери.Додека државата се задолжуваше заради криминални зделки на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните тонеа во сиромаштија а платите и пензиите со години беа замрзнати.За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со финансиите обезбедува повеќе пари за граѓаните но и повеќе буџетски средства за реализација на важни капитални проекти.Минималната плата денес е двојно поголема отколку пред четири и пол години, просечната плата е зголемена за над 6.000 денари, денес имаме повисока просечна пензија и следува рекордно зголемување на сите пензии, социјалната помош е зголемена за 300 отсто, додека бележиме рекордна исплата на субвенции за земјоделците.Грижата на СДСМ за граѓаните се гледа и за време на оваа криза преку пакетот од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра со кои се заштитува стандардот на граѓаните но им се помага и на компаниите да останат ликвидни и да ги задржат своите вработени.Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за економијата и граѓаните најдобро покажува однесувањето на нивните градоначалници кои во време на криза трошат стотици илјади евра за вдомување партиски кадри и за непродуктивни трошоци.Додека СДСМ се грижи за граѓаните, за стопанството, ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници расипнички ги троши парите на граѓаните, како што впрочем тоа го правеше цели 11 години на централно ниво“, се вели во реакцијата на прес-конференцијата на Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

267751866_137356661998744_1730377212378213618_n

Градоначалникот Стефковски троши 200.000 евра за партиски вработувања, а нема реализирано ниту еден свој проект, вели СДСМ

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не реализираат ниту еден проект кој го ветуваа пред граѓаните, но затоа се силно посветени на расипништво и партизација на општините, вели СДСМ.„Нема ден а во јавноста да не се појави нов случај на крчмење на општинските буџети на партиски вработувања и непродуктивни трошоци од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.Последен случај е градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој ќе потроши 12,2 милиони денари или неверојатни 200.000 евра за привремени вработувања во општината.Дополнително на ова, Стефковски ќе потроши и 200.000 денари или над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.Во време на криза, кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека немаат пари и најавуваат некаква радикализација, Стефковски троши над 200.000 евра за вдомување на партиски кадри.Тоа е дури двојно повеќе од градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој за вдомување на партиски кадри ќе потроши 100.000 евра.Во време на криза, наместо инвестиции во развојни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се по начелото на Зоран Ставревски „трошиме на чоколадо а немаме за леб“ немилосрдно ги трошат општинските пари.ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар од режимската матрица, тоа е партија симбол за расипништво, партизација на институциите и дејствување против граѓаните“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања