„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

сдсм

media-libraryubcsa556keil7DKsDUc

ДУИ нудела влез во Владата по секоја цена, Ахмети прифатил помалку министерства и без претседател на Собрание, вели Стојаноска

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, изјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бил подготвен на значајни отстапки само за да стане дел од новата влада, вклучително и прифаќање помал број министерства од коалицијата ВЛЕН и откажување од барањето Албанец да биде претседател на Собранието.Стојаноска посочи дека Ахмети во јавноста тврди оти пред една година со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, договорил предвремени избори, но, како што нагласи, не ја кажува целосната вистина за средбата што се одржала во нејзината канцеларија. Според неа, на таа средба Ахмети нудел влез во Владата без барање за претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од она што го барала коалицијата ВЛЕН, само за да биде дел од истата влада.„Ние останавме истрајни во она што беше јасна порака од народот – дека ДУИ мора да оди во опозиција. Затоа, пред да кажува невистини, нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини“, изјави Стојаноска.Таа додаде дека останува отворено прашањето дали ваквите јавни изјави на Ахмети имаат за цел да ја спречат ерозијата во сопственото членство и кај досегашните поддржувачи на ДУИ.

Македонија | пред 6 часа

posta.jpg

СДСМ: Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.

Вработените во Пошта од целата земја денеска протестираат затоа што сè уште не земале плата. Доцни платата на 1.700 работници, и тоа со месеци. Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нема пари за плати ама има за криминални тендери, велат од СДСМ.„Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.СДСМ веќе го објави скандалот, како фирма на советникот од ЗНАМ, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер од Пошта во вредност од 1,2 милиони евра за чистење.Но за овој сканадал со тендерот во Пошта нема никаква реакција од ниту една институција досега.Што се чека?Корупцијата и криминалот на ВМРО-ЗНАМ ја загрозува егзистензијата на работниците.Не може да нема пари за плати на работниците. За ова мора да има одговорност.АКТ продолжува борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи.Сите ќе одговарате!Работата не е завршена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 8 часа

IMG_4328

СДСМ со амандмани бара измени на КЗК и враќање на 353 од пред 2023 година

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик.„Во нив се земени предвид аргументите на експертите и невладините организации изнесени на јавната расправа како и заложбите на СДСМ за прецизни законски решенија кои ќе обезбедат услови за борба притив криминалот и корупцијата.СДСМ бара менување на членот 353 Злоупотреба на службената положба и овластување и враќање на решението пред измените на Кривичниот законик од 2023 година.Сегашните измени кај челнот 353 ја намалуваат одговорноста кај најважното – тендерите.Ова мора да се промени.Тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ е позната по начинот на којшто ги дели тендерите на свои фирми и без оваа промена нема никаква борба против криминалот и корупцијата.СДСМ бара и целосно бришење на рокот од 5 години. Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден. Правдата и украдените пари на граѓаните не смеат да имаат рок на траење!Дигиталните податоци и снимки од системот „Safe City“ мора да се бришат во рок од 48 часа! Пристап до нив може да има само и исклучиво со судски налог. Не може да се дозволи МВР да го злоупотребува, да бидат партиски инструмент за следење и уцена на граѓаните.Бараме драстично зголемување на казнената политика за секој кој се организира во група за вршење тешки кривични дела. Мора да има јасно разграничување и максимални казни за мафијашките структури.Бараме зајакнување на кривично-правната заштита на децата од најтешките форми на експлоатација. Тука нема место за компромис или благи казни.Покрај овие клучни столбови, СДСМ со амандмани бара и проширување на условите за конфискација: за имотот да не може да се сокрие зад туѓи имиња и параван-фирми.Додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го подготвуваат теренот за легален грабеж на парите на граѓаните, СДСМ поднесе амандмани кои значат само едно – одговорност и казна“, информираат до партијата.

Македонија | пред 9 часа

media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

СДСМ обвинува: ВМРО со кривични предмети врши притисок врз Деспотовски и Шилегов

Како СДСМ со сета сила го објавува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ така се засилуваат хајките, црните кампањи и обидите за рушење на СДСМ одвнатре. Сите диригирани и координирани од еден центар - ВМРО, велат од СДСМ.„ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството.  Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ?Кои се причинско последичните факти?Против Јово Деспотовски е поднесена Кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.Осомничен е дека како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје во 2022 година, заедно со други службени лица му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од  10 милиони евра.  Постапката сè уште е во тек.Сега дали е појасно?По неуспешните првични обиди, Деспотовски ги продолжи нападите кон СДСМ, во директна координација со Геро и објави на неговиот портал.Дури се користи и иста реторика и истите теми како ВМРО. од страна на Деспотовски, но и од страна на Шилегов.Предавството на Шилегов можеби е очекувано поради пороците, приватните слабости и долгови. Но, според информации со кои располагаме, Основното јавно обвинителство во 2024 година доставило барање за доставување податоци и за оформен предмет за јавна набавка на Град Скопје од 2021 година.Овој предмет се уште е во истражна постапка но се однесува на времето на времето кога Петре Шилегов ја извршуваше функцијата Градоначалник на Скопје.ВМРО ги уценува со кривични пријави или други процеси.СДСМ уште еднаш порачува дека обидите за рушење на СДСМ од внатре нема да успеат.Ќе се избориме со сите напади.Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба против криминалот и корупцијата на ВМРО“, стои во соопштението.

Македонија | пред 11 час

media-librarye5tprdemmlaic8JV2X4

СДСМ обвинува: Орбановата 4iG со политичка поддршка на ВМРО влегува на македонскиот пазар

Мицкоски во Давос ја покажа изолацијата, немаше средба со високи европски и светски лидери. Во видеа кои сам си ги снимаше видовме само средби со неколку негови партнери меѓу кои и со сопственикот на унгарската 4iG, вели опозициската партија СДСМ.„Ова уште еднаш го потврдува она што СДСМ цело време го говори, за политичката и бизнис спрега Орбан-Мицкоски и како влијае врз Македонија.4iG е унгарска ИТ и телекомуникациска компанија која прерасна во голем играч во телекомуникацискиот сектор, вклучително и во мобилните оператори. Таа е сопственик на Vodafone Hungary (денес под брендот One Hungary), кој беше купен во 2023 година во партнерство со унгарската држава. 4iG поседува 51%, а државата 49%. Компанијата стана „национален шампион“ во Унгарија, со ширење и во други држави.4iG е длабоко поврзана со Виктор Орбан и неговата бизнис-империја. Тој лично интервенирал во преговорите за аквизиции, како на пример при купувањето на Invitech во 2021 година, кога во Лондон ги убедил кинеските сопственици да ја продадат компанијата на 4iG, со поддршка на унгарската дипломатија.Унгарската влада обезбеди масивна поддршка: повеќе од 189 милиони евра тајни државни инвестиции преку фондови како iG COM, олеснувања во регулаторните постапки (на пример изземање од антимонополски контроли) и финансирање преку државни банки за купувањето на Vodafone.Компанијата е дел од планот на Орбан за изградба на провладин бизнис во стратешки сектори, како што се телекомуникациите, со цел да се намали влијанието на странските компании и да се зголеми контролата врз информативните мрежи.Оваа поддршка ѝ овозможи на 4iG брз раст – од мала ИТ фирма до конгломерат со интереси во одбраната (партнерство со Rheinmetall и купување државни удели во воената индустрија во 2025 година).Медиумите во ЕУ ова го гледаат како начин Орбан да пренасочува државни средства кон своите сојузници, во согласност со неговата политика од 2010 година наваму.Сега е појасно зошто оваа врска потсетува на врските на Мицкоски и неговите ортаци кои добиваат тендери.Исто така, појасна е и бизнис позадината на „тендер коалицијата““, се вели во соопштението.

Македонија | пред 12 часа

filipce-51

Филипче: Лажните вести се дефокус, во позадина се краде и се договараат мигранти за пари

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека додека ВМРО-ДПМНЕ објавува лажни вести, во позадина под диригентство на премиерот Мицкоски се спроведува кражба и договор за мигранти.„Она што е важно граѓаните да го знаат, додека се објавува лажна вест, во позадина се одвива кражба. Додека ние се занимаваме со лажни вести, измислени афери Жан, кули итн, притоа паралелно на тоа Мицкоски на средба во Давос преку посредничка компанија договара мигранти. Така тоа оди - кучињата си лаат, караванот си врви“, рече Филипче.Притоа, Филипче посочи дека она што секојдневно го прави ВМРО е дефокус преку лажни вести и медиумски напади кон него лично и кон СДСМ, со единствена цел да ги прикријат нивните криминали.„Погледнете ги овие токсични, ужасни наслови, тие зборови, тие изрази. Можете ли да замислите како ние се чувствуваме? Дали ние некогаш сме изјавиле, рекле или напишале нешто вакво? Не, никогаш. Со ова се бориме секојдневно, невистини, лаги, навреди, хајки, линч. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање. Зошто власта го прави ова – за дефокус од вистинските, реални проблеми“, нагласи Филипче.Тој додаде дека интензитетот на нападите кон него и кон СДСМ почна по договорот „мигранти за пари“ и разоткривањето на корупциските скандали на власта.„Кога започна да се зголемува интензитетот на нападите врз мене и врз СДСМ? Кога откривме дека постои договор ‘мигранти за пари’, кога почнавме да објавуваме ‘бомби’ – 161 тендер за една фирма, 52 милиони евра преку општините, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра преку Пошта, сè за ортаците на Мицкоски. Кога кажавме дека недостига една милијарда евра, а сега, за жал, веќе недостигаат две милијарди, а јануари сè уште не е ни завршен“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvta2lhaa4gvl1xXuewo

Филипче: Најавата на мојот линч е од 19 ти декември

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција презентираше дел од илјада токсични и навредливи медиумски наслови, кои се производ на „медиумскиот октопод на ВМРО“.Филипче посочи дека со вакви напади секојдневно се соочува и лично тој и СДСМ. Филипче потсети  дека најавата за неговиот линч се случи на 19-ти декември минатата година, со што стана јасно дека се работи за смислено и координирано сценарио од ВМРО-ДПМНЕ.„Дозволете да ја цитирам, најавата за мојот линч, повторно, уште на 19 ти декември минатата година - “Венко Филипче којшто треба да одговара за криминали од набавката на вакцини до клинички центри “. И ова е најава ако сакате така да ја наречам на една ваша колешка, претседателка на едно од таканаречените независни здруженија на новинари. Дали е сега појасно кога велиме дека е сценарио, смислено и координирано?“, изјави Филипче.Притоа, Филипче нагласи дека од здруженијата на новинари очекува да застанат на страната на вистината.„Во Здруженијата на новинарите, гледавме последен зрак надеж дека ќе можат да се одбранат од притисоците на ВМРО и да застанат на страната на вистината. Се уште чекаме одговор за поднесените осум претставки за навреди од страна на Геровски. Тој ме споредува со убиец на деца, замислете убиец на 300 деца. И никој не реагира“, рече Филипче.На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека целта на ваквата кампања на ВМРО е дефокусирање од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.Тој најави дека СДСМ ќе се обрати до Европската Унија, до  нејзините институции, како и до сите меѓународни организации за заштита на слободата на говор и слобода на медиумите.„Ова нема да нè запре. Сега сме посилни, затоа што ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат, на патот на вистината и правдата. А правдата ќе победи“, порача Филипче.

Македонија | пред 1 ден

filipce-ck-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“, проблемот на СДС е криминалот

Очигледно портпаролката Боданка Кузеска кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче. Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДС е партија на многу интриги и проблеми, се велли во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„На Филипче, крив му е народот и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои што правеле криминал заради што секој мисли дека се криминалци.Венко Филипче треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДС е криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и менторот Заев, кои ја доведоа СДС на вака ниски гранки.Жална е епизодата кога лидер на некогаш големата СДС, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма, за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите.Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите кои си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите кои се излеаа врз СДС и народот сето тоа го гледа.Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и национални интереси.Наместо факти, Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“. Тие „октоподи“ седум години му служеа на СДС како портпароли, додека се пљачкаше државата. Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста.Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти, ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

avmu

АВМУ со жестока реакција до СДСМ: Политичките напади врз новинарите ја загрозуваат медиумската слобода

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми.„Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ја почитува улогата и автономијата на медиумите. Јавното дискредитирање или етикетирање на новинари и медиуми создава атмосфера на притисок, го поткопува јавниот дијалог и може директно да влијае врз безбедноста и професионалниот интегритет на новинарите.Медиумите не смеат да бидат третирани како политички противници, ниту да бидат вовлекувани во партиски или политички конфронтации. Напротив, тие треба да имаат можност непречено, слободно и без притисоци да ја извршуваат својата професионална улога, во интерес на јавноста и демократските процеси.Агенцијата ги повикува сите политички субјекти да се воздржат од реторика која придонесува за поларизација, притисок или дискредитација на медиумите и новинарите и да ја почитуваат нивната уставна и професионална улога во демократското општество“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

СДСМ: Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба со иста реторика на Мицкоски

ВМРО, Шилегов, Деспотовски, сите користат иста реторика, исти техники од кујните и пораките ги шират преку истите провладини портали, вели СДСМ.„Координацијата на нападите врз СДСМ веќе на сите им е јасна.1.ВМРО ја напаѓа СДСМ за лидерската средба. Излегува Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба, дури употребува „изолирана партија“ односно со иста реторика на Мицкоски.Денеска Депостовски исто така ја напаѓа СДСМ за “неучеството на средба на лидерите на најголемите партии”.2.ВМРО ја напаѓа СДСМ затоа што бара законска заштита на податоците од системот „Сејф сити“.Деспотовски денеска за истата тема ја напаѓа СДСМ дека се инаети за „клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните”.Шилегов во емисија ја напаѓа СДСМ како била донесена одлуката да не се поддржи законското решение за истата тема.3.ВМРО бара оставка од претседателот Филипче. Шилегов и Деспотовски исто така.4.Деспотовски и Шилегов немаат ниту еден единствен критички збор упатено за Мицкоски и ВМРО, за нивните криминални тендери, за изолацијата на земјата, ниту пак за некоја владина политика. Ништо.Дали сега има некој што не му е јасно?Кога СДСМ вели дека сè е договорено, координирано и синхронизирано со ВМРО, нивните кујни и медиумскиот октопод Алфа-Алта, ова е нивното разоткривање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

J4A3115

Деспотовски: Доста е од лаги и манипулации, одговорноста за кризата во СДСМ е кај раководството

Поранешниот функционер на СДСМ, Јован Деспотовски, со остар фејсбук статус реагира на, како што наведува, лагите, манипулациите и внатрепартиските пресметки на актуелното раководство на партијата, предупредувајќи дека ќе преземе и правни чекори доколку не следи јавно извинување.„Мене, но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ.Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функционери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и за политиките и одлуките на сегашниот партиски врв.Никој друг освен сегашното раководство нема одговорност за исклучувањето на партијата од клучните процеси во државата. Од неучеството на средба на лидерите на најголемите партии, што е само дистанцирање од сопствената земја и граѓани. Од инаетењето со клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните.Ова што се случува одамна ја помина секоја границата на внатрепартиска дебата. Станува збор за свесна клевета и политичка хајка, која нанесува штета не само на моето име и интегритет, туку се гази и угледот на партијата. Партија што низ децениите ја градеа илјадници другари, кои сигурно не сонувале дека нашата СДСМ ќе води дневна борба со медиуми и медиумски работници.Отворањето на внатрешни битки и поделби е политика на сегашното раководство на партијата, кое го применува како метод за опстојување и преживување.Доколку веднаш не следи јавно извинување и повлекување на сите лажни и навредливи наводи во серијата соопштенија, ќе бидам принуден да преземам правни чекори за клевета и лична, а потоа и за континуирано нарушување на угледот на СДСМ.Никој нема право со валкани игри да руши нешто што е создавано со жртва, верба и идеали“, вели Деспотовски.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrsq2gvq5gp92bOvwsja

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов

Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ„Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања:Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ.Второ, како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: СДСМ го дозакопаа Филипче правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик

Не ја разбираме возбудата на СДС и нивните српски тутори, да шират изјава од Милорад Додик, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ.„Веројатно соопштението го пишувале во придружба на песната Ко то каже, ко то лаже или Над краљевом жива ватра сева..и можеби Грегоријанецот Венко кој е изгубен меѓу неколку календари, а веројатно и три четири држави, наоѓа некаква логика, но навистина не ја гледаме возбудата да одговориме на глупаво соопштение на СДС каде шират изјава на Милорад Додик.Ниту едно соопштение не може да го оправда Венко Филиповиќ, во неговите лудории и гафови“, се вели во реакцијата

Македонија | пред 2 дена

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

СДСМ: Ќе одговори ли ВМРО за честитката на Додик

Да ја прашаме ВМРО што сега има да каже во врска со честитањето на нивниот Милорад Додик за Богојавление? По обидот за исмејување на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дури и на голем верски празник Богојавление, бидејќи за ВМРО не постои свет ден, и по соопштението со кое беше објаснето дека ВМРО воопшто не ја познава православната традиција, следеше нов напад со навреди без никаква основа, велат од СДСМ„Ова е специфично за препишувачка школа на ВМРО и за нивните црни кампањи.Дали сега може ВМРО да ни одговори дали нивниот Додик „е изгубен во простор и време“, дали е „Грегоријански Додик“?Ааа, не може.Затоа што Стоилковиќ, првиот човек на Мицкоски, слави со него и со Ноќните волци, па не им оди сега него да го напаѓаат за да докажат дека се во право.Што правиме сега?“, се додава во соопшетнието.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

СДСМ: ВМРО дури и на голем верски празник се обидува да го исмее претседателот Филипче

ВМРО дури и на голем верски празник ВМРО се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление - Водици. Овој вид евтина политичка манипулација само покажува колку ВМРО е оддалечена од реалните проблеми на граѓаните и колку се подготвени да злоупотребуваат се, дури и верските традиции за политички поени, велат од СДСМ„По црковната традиција, божиќниот поздрав „Бог се роди“ се користи од Божиќ на 7 јануари па сѐ до Богојавление на 19 јануари.Значи, не е погрешно да се користи и на овој ден, заедно со вообичаениот поздрав „Бог се јави“.Дополнително, во некои локални обичаи и традиции, овој поздрав може да се користи и подолго, што го покажува богатството на православната култура.Во текстот на кујните на ВМРО стои, цитираме:„Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божиќ, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот, или на 7 јануари според Јулијанскиот календар.“Прво, не се поздравува по Божиќниот празник, туку од тоа утро, од тој ден на празникот!Второ, не е „7. јануари по Јулијанскиот“, по јулијанскиот календар е 25. декември, но ние денес живееме по грегоријанскиот календар, па го перципираме како 7 јануари.Трето, да поставиме прашање до ВМРО: Кој се поздравува со христијанскиот поздрав „Бог се роди“, пред сѐ застапен во православието, на 25. декември по грегоријанскиот календар?ВМРО толку ништо не знае, вистински „ќаци“. Напредна верзија 2.0, полоша од својата вмро сестринска „copy-paste“ СНС варијанта!ВМРО се обидува да се претстави како бранител на верата, додека всушност, дури и сега ненамерно (бидејќи секојдневно прават намерно) со своето незнаење, повторно шири дезинформации.СДСМ останува посветен на единството, толеранцијата и решавањето на реалните предизвици за сите граѓани на Македонија, без злоупотреба на религијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања