Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-libraryvle5a30ce9i72ESJSCs

(Видео) Лефков: Битиќи призна дека СДСМ нема да биде конкурентна на следните избори

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека поранешниот вицепремиер и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, признал дека партијата нема да биде конкурентна на следните избори.„Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори“, рече Лефков, додавајќи дека Битиќи отворено посочил оти СДСМ нема шанси за добар изборен резултат, без разлика кога ќе се одржат изборите.Лефков истакна дека во партијата постојат различни ставови околу можноста за предвремени избори, наведувајќи дека додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, бара нивно одржување, дел од раководството, меѓу кои и Битиќи, се против таа идеја.„Наместо реформи и кадровски промени во СДС, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување“, изјави Лефков.Според него, ваквите изјави се потврда за, како што рече, политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за недовербата на граѓаните кон СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3suv56c2v1800W0xezb

(Видео) Со „крвави раце“ на прес, жените од СДСМ бараа оставка од Тошковски „за загубените животи“

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по серијата трагедии поврзани со семејно насилство и институционални пропусти.„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, порача Шукова.Таа истакна дека јавноста е во тага, шок и гнев по последната трагедија во скопската населба Карпош, каде животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка.„МВР на Панче Тошковски не ги заштити. Имало 12 пријави за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана“, рече Шукова, прашувајќи колку жени пријавуваат семејно насилство, а институциите не реагираат навремено и соодветно.Шукова се осврна и на други случаи кои ја потресоа јавноста. Таа посочи дека во Велес сериски насилник одзел два животи – на младата Росица и на нејзиниот татко, додека шест месеци се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно.„Во Кумановско, во Старо Нагоричане, сериски убиец одзеде пет женски животи. Две години биле игнорирани пријавите на жителите. Повторно потфрлање на МВР“, рече Шукова.Таа потсети и на трагедијата во Кочани, во која загинаа 64 лица, оценувајќи дека министерот се обидува да ја избегне одговорноста.„Сè прави за да ја тргне одговорноста од себе. Организира собири со празни приказни дека ќе штити 24 часа. Ги повикува институциите, а тој води институција. Сè е пропаганда, никаде нема одговорност“, изјави Шукова.Во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, таа повика на гласна реакција против насилството и институционалните пропусти.Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш во Богданци со почеток во 12 часот, а воедно даде поддршка и за граѓанскиот марш во Скопје.„Од Скопје до Богданци, цела Македонија – сите во еден глас. За сите обесправени, понижени жени, за сите жртви и за сите изневерени од системот. Да се крене гласот и да се каже доста е“, порача Шукова.„Нема да молчиме. Има да нè има. Рацете ви се крвави. Оставка!“, додаде претседателката на Форумот на жени на СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

toskovski

Жените од СДСМ излегуваат на протест од каде ќе бараат оставка на Тошковски по трагедијата во Карпош

Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш поради, како што наведуваат, серија трагедии и институционални пропусти во справувањето со семејното насилство. Претседателката на Форумот, Каја Шукова, порача дека јавноста е во тага, шок и гнев по последниот трагичен настан во скопски Карпош, каде што животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка.Според Шукова, во случајот со младата Ивана имало 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство во период од две години, но институциите не успеале навреме да реагираат.„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, прашува Шукова.Таа посочи и на други случаи, како убиството во Велес во кое животот го загубија младата Росица и нејзиниот татко, како и случајот во Старо Нагоричане, каде што, според неа, пријавите на жителите за насилство биле игнорирани со години. Шукова се осврна и на трагедијата во Кочани во која загинаа 64 лица, оценувајќи дека институциите не презеле одговорност.„Сè е пропаганда, никаде нема одговорност. Пропагандата нема да ги врати загубените човечки животи“, изјави Шукова.Таа најави дека Форумот на жени на СДСМ утре, на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ќе организира протестен марш во Богданци со почеток во 12 часот, а истовремено изрази поддршка и за граѓанскиот марш во Скопје.„Од Скопје до Богданци, цела Македонија, сите во еден глас – за сите обесправени, понижени жени и за сите жртви изневерени од системот. Да се крене гласот и да се каже – доста е“, порача Шукова.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ чека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат името и ја тргнат „северна“ кои тие го сменија

СДСМ ја повика власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто не го исполнила ветувањето за враќање на уставното име на државата и поништување на Преспанскиот договор.Од опозициската партија велат дека власта избегнува да даде одговори за, како што наведуваат, низа прашања поврзани со тендери вредни 100 милиони евра, минималната плата, како и за наводни врски со криминални структури.„Нема одговор од ВМРО за криминалните тендери вредни 100 милиони евра, нема одговори зошто не се покачува минималната плата, нема одговори за дилот со Груби, за пет тони дрога преку граница, за врските со Адамовиќ и криминалецот Симе“, наведуваат од СДСМ.Според нив, темата за името повторно се отвора со цел, како што велат, да се сврти вниманието од други прашања.„Секогаш кога немаат одговори, кујните на ВМРО прават дефокус со нови црни кампањи. Наместо лажни кампањи, нека излезат пред граѓаните и нека одговорат зошто досега не го вратија името“, велат од СДСМ.Оттаму потсетуваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со години ветувале дека ќе го поништат Преспанскиот договор и дека тој „не е завршена работа“.„Еве две години Мицкоски е апсолутна власт во државата. Има мнозинство во Собранието од 58 пратеници, а со поддршка од други партии има и двотретинско мнозинство. Зошто тогаш досега не го вратија името како што ветуваа пред граѓаните?“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqhl1ku52b0cpbKJRUbv

Борозан: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски!

Од синоќа во Скопје има нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол. Уште колку жртви, што уште треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка, прашува Маја Борозан, од Форум на жени на СДСМ„За трагедијата во Карпош, во која животите ги загубија мајка и малолетно дете, пропусти на МВР.Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вкупно 12 пријави.МВР на Панче Тошковски имале сознанија, имале индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност.МВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне.Прично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.Проблемот почнува од врвот. Рацете ви се крвави! ОСТАВКА“, вели Борозан.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym4im80oeu3pid1hk8hk

Треба да им се провери деловната и медицинска состојба, вели Мицкоски за СДСМ откако бараа оставка од Тошковски

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон СДСМ, оценувајќи дека опозицијата секојдневно бара оставки и изнесува, како што рече, „лажни конструкции“.„Не би ја коментирал опозицијата, бидејќи тие бараат оставка секој ден од секого. Министерот Панче Тошковски на прес-конференција направи јасна гантограмска ретроспектива на тоа што се случувало и како се случувало“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека не сака дополнително да ја коментира, како што ја нарече, „безидејната и мекотелна опозиција“.Според премиерот, СДСМ претставува „најголема опасност за македонскиот идентитет и македонската држава“ и ги повика граѓаните со резерва да ги примаат соопштенијата што доаѓаат од седиштето на партијата на Бихаќка.„Ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите оние конструкции што доаѓаат од Бихаќка, бидејќи имаат само една цел – да го разнебитат македонското ткиво и да нанесат удар врз македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.Премиерот исто така обвини дека раководството на СДСМ во минатото било поврзувано со, како што рече, „криминални и неморални скандали“, како и со случаи поврзани со консумирање наркотични средства.„Од таков тип луѓе мислам дека треба да се провери и нивната деловна и медицинска способност дали се подготвени да ја вршат работата што ја вршат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

СДСМ: Проблемот почнува од врвот, оставка од Тошковски поради изгубените животи

Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете го отвора прашањето за сериозните пропусти на МВР за заштита од семејно насилство и повикува на одговорност, вели СДСМ.„Овој случај е болен доказ за неуспех на МВР да се заштитат човечки животи. Две години биле пријавувани случаи на семејно, физичко и психичко насилство. Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога.МВР било алармирано, постоеле пријави, имало сознанија и индиции за сериозен ризик. Но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР.Со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност – дури и кога пријавата е повлечена. Не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето и безбедноста на жртвата.Значи полицијата морарла да постапи. Дополнително, МВР е обврзано да постапува и согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.За жал, ова не е изолиран случај.Само пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, иако претходно пријавувала насилство. И тогаш МВР не реагираше навреме. Само во 2026 година веќе се изгубени четири човечки животи поради родово базирано и семејно насилство.СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и темелна истрага која со име и презиме ќе ја утврди одговорноста кај сите службени лица – во МВР.Проблемот почнува од врвот. Додека други молчат – СДСМ нема да молчи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd72ab6lmgea31aGi0A9

СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската општина Карпош, во која загинаа мајка и дете.Таа оцени дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство и системски неуспех да се заштитат човечки животи. Според неа, семејно, физичко и психичко насилство било пријавувано две години, а против сопругот имало и други пријави.„Институциите биле алармирани, имало индиции за ризик, но со несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите. Потфрли МВР, потфрлија центрите за социјална работа и целиот институционален систем“, наведува Тренчевска.Од СДСМ бараат темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност со име и презиме кај сите службени лица во МВР, центрите за социјална работа и другите институции кои постапувале во случајот.Тренчевска посочува дека ова не е изолиран случај и потсетува дека и претходно имало трагедии по пријавено семејно насилство, нагласувајќи дека е потребен „ресет на целиот систем“ и утврдување одговорност.

Македонија | пред 1 седмица

nato-mkd-3-1170x780

СДСМ: За ВМРО членството во НАТО е предавничка политика

Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години, вели СДСМ.„Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и на сите наши граѓани.Денеска, во услови на безбедносни ризици гледаме колку е тоа значајно. Зад ашата безбедност, зад сигурноста на граѓаните на Македонија стои најмоќниот сојуз - НАТО.И токму на денот на посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на Македонија, се покажаа вистинските лица.ВМРО-ОКГ излезе со став дека членството во НАТО е „предавничка политика“ на СДСМ и дека тоа било „распродажба на државните интереси“.Ја навредуваат Македонија, ја понижуват, ги навредуваат граѓаните. Со оглед на врските на првиот вицепремиер Стоиљковиќ и Адамовиќ со Русија дали ова е и намерен потег, како што прават намерни провокации и навреди кон соседите? Така изгледа „патриотизмот“ на ВМРО на дело.Левица која станува контролирана опозиција, со транспарент против НАТО во македонското Собрание го пречека генералниот секретар. Руте упати јасни пораки до македонската владата на Мицкоски и ВМРО дека кинеските пари кои преку Орбан ги земаат за  кредити не се добредојдени.Сега граѓаните имаат кристална слика“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydt5fmvu836id3FeINMO

Филипче: Руте испрати јасна порака за Русија, Владата не може да се крие

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, нагласи дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при денешната посета на државата упати јасни пораки до македонската влада, во кои посочи дека Русија е агресор во Украина и прави сојуз со Кина и со Северна Кореја и нагласи дека порака до владата е директна.„Генералниот секретар Руте имаше одличен говор. Сметам дека упати јасни пораки до Владата. Посочи дека Русија е агресор во Украина и дека прави сојуз со Кина и со Северна Кореја“, рече Филипче.Филипче нагласи дека пораката до Владата е директна и дека актуелната власт повеќе не може да ги прикрива своите политики.„Пораката кон Владата е јасна. Позициите се веќе познати и оваа Влада повеќе ништо не може да сокрие. Имаме вицепремиер кој отворено негува врски со Русија, вицепремиерот Стоиљковиќ. Вториот човек во Владата се среќава со „Ноќните волци“, кои се во директна комуникација со рускиот претседател Владимир Путин. Тука се и кинеските пари што пристигнаа преку заемот од Унгарија од една милијарда евра, средства за кои во извештаите на европските институции беше констатирано дека станува збор за кинеско финансирање“, рече Филипче.Тој додаде дека НАТО сериозно ги следи политиките што ги води владата.„Сметам дека ова е сериозен сигнал дека нашиот одбранбен чадор внимателно ги следи политиките што ги води актуелната Влада и јасно и отворено укажува на нив“, посочи Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg5npog94c2orddXXAoM

Филипче по обраќањето на Руте: ВМРО-ДПМНЕ членството во НАТО го нарекува „предавство“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, изрази жалење од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ во кои политиките на СДСМ за членството на Македонија во НАТО се оценуваат како предавнички.„Жалам што и во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ излезе со одредени квалификации, во кои политиките на Социјалдемократскиот сојуз во контекст на членството во НАТО ги нарече предавнички. Не знам за какво предавство станува збор, кога отсекогаш сме се бореле и ќе се бориме исклучиво за доброто на државата и на сите граѓани“, рече Филипче. Во изјавата Филипче додаде дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на  државата, и тоа е резултат на стратешките, визионерските и државничките политики на Социјалдемократскиот сојуз во изминатите повеќе децении. „Тој пат не беше лесен, меѓутоа сега конечно можеме да се чувствуваме безбедни, со загарантирани граници, благодарение на тоа што сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот. Колку е тоа важно гледаме особено во овие кризни времиња, кога на повеќе места во светот има војни. Ова што веќе четири години трае на територијата на Украина е резултат на агресијата на Русија. И новите жаришта што се појавуваат на повеќе места во светот дополнително ја нагласуваат важноста на нашето членство. Ова е трајна придобивка за нашата земја“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhp0p0kn61n916ioMaAa

Филипче: Членството во НАТО е трајна придобивка од политиките на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието оцени дека членството во Алијансата претставува трајна придобивка од, како што рече, стратешките политики на социјалдемократите.„Членството во НАТО е резултат на визионерските и државнички политики на Социјалдемократскиот сојуз во изминатите повеќе децении. Патот не беше лесен, но денес конечно можеме да се чувствуваме безбедни, со загарантирани граници, како дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот“, изјави Филипче.Тој нагласи дека актуелните воени конфликти, особено војната во Украина, ја потврдуваат важноста на членството во Алијансата, оценувајќи дека станува збор за „трајна придобивка за државата“.Филипче изрази жалење што, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекла предавнички политиките поврзани со членството во НАТО. „Не знам за какво предавство станува збор кога отсекогаш сме се бореле исклучиво за доброто на државата и граѓаните“, рече тој.Осврнувајќи се на пораките од Руте, Филипче истакна дека биле јасни ставовите за руската агресија врз Украина и за, како што наведе, сојузништвото на Москва со Кина и Северна Кореја.Воедно, тој упати критики кон актуелната Влада, посочувајќи дека, според него, постојат врски со Русија и Кина. Го спомена вицепремиерот Стоиљковиќ, за кого рече дека негува контакти со руски структури, како и заемот од една милијарда евра преку Унгарија, кој, според него, во европски извештаи бил поврзан со кинеско финансирање.„Ова е сериозен сигнал дека нашиот одбранбен чадор внимателно ги следи политиките на актуелната Влада“, порача Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

nato-1

СДСМ: ВМРО ја навредува Македонија и го навредува НАТО на првата посета на Руте

Што кажува ВМРО токму денеска на првата посетата на генералиот секретар на НАТО, Марк Руте на Македонија. Според ВМРО во НАТО сме примени затоа што таму некој така сакал СДСМ бил сервилен. Предавничка политика е членството во НАТО? Тоа било распродажба на државните интереси? Нека му го кажат ова денес на генералниот секретар Марк Руте: дека според ВМРО сме примени во НАТО затоа што таму некој така сакал и дека членството во НАТО е предавничка политика, велат од опозициската партија СДСМ. „Нека му го порачаат тоа кога ќе се сретнат со него.Прво Гордана Сиљановска како „командант“, па потоа Мицкоски, македонскиот Мадуро. Како што се однесуваат кон Европа, така сега и кон НАТО. Ја навредуваат Македонија, ја понижуват, ги навредуваат граѓаните во момент кога е во посета генералниот секретар на НАТО. Со оглед на Стоиљковиќ и Адамовиќ и нивните односи со Русија дали ова е намерен потег, како што прават намерни провокации и навреди кон соседите? Така изгледа „патриотизмот“ на ВМРО на дело. Не им е важна безбедноста на граѓаните. Велат Македонија не е важна, нејзиниот интерес не е важен, успехот на граѓаните и на целата државата не е важен, некој таму имал интерес и затоа сме во НАТО. Дали им е јасно на граѓаните како изгледа таа нивна „патлиџан“ политика? Ги навредуваат граѓаните, ја навредуваат Македонија, ги навредуваат соседите, ја навредуваат ЕУ, а сега и НАТО. Ете, сега сите го знаат вистинското лице на криминалната организација ВМРО-ОКГ. Изолација на Македонија, за лично богатење. А кога ќе снема пари – мигранти“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

maksim-dimitrievski-91234

СДСМ со жесток напад врз Максим Димитриевски: „Да не му фали некој тендер?“

СДСМ упати сериозни обвинувања на адреса на Максим Димитриевски, прашувајќи јавно дали „му недостига некој тендер па кука по телевизија“.Од партијата оценуваат дека Димитриевски се однесува како да не е дел од, како што наведуваат, „криминалната власт“, обвинувајќи го дека како лидер на ЗНАМ делувал во корист на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го ослаби СДСМ одвнатре.„Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка, бара да си ги наплати своите ‘заслуги’“, стои во реакцијата.СДСМ алудира и на наводни договори поврзани со случајот со Артан Груби, посочувајќи дека зад одлуките стои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Во соопштението се споменува и тендер во Пошта во вредност од 1,2 милиони евра, за кој партијата тврди дека бил доделен на фирма блиска до ЗНАМ, во време кога вработените, според нив, се соочуваат со доцнење на платите.СДСМ дополнително го критикува Димитриевски дека јавно признал дека не живее од плата, оценувајќи дека поради тоа не покажува чувствителност кон работниците и минималната плата. „Никој од нив не живее од плата, туку од тендери“, се наведува во реакцијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија?

Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, вели СДСМ.„Благодарение на таа  посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија?Дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.Нема одговори.Нема одговори ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со Ноќните волци блиски на Путин.Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања