Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Проблемот почнува од врвот, оставка од Тошковски поради изгубените животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете го отвора прашањето за сериозните пропусти на МВР за заштита од семејно насилство и повикува на одговорност, вели СДСМ.

„Овој случај е болен доказ за неуспех на МВР да се заштитат човечки животи. Две години биле пријавувани случаи на семејно, физичко и психичко насилство. Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога.

— реклама —

МВР било алармирано, постоеле пријави, имало сознанија и индиции за сериозен ризик. Но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР.

— реклама —

Со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност – дури и кога пријавата е повлечена. Не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето и безбедноста на жртвата.

Значи полицијата морарла да постапи. Дополнително, МВР е обврзано да постапува и согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

За жал, ова не е изолиран случај.

— реклама —

Само пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, иако претходно пријавувала насилство. И тогаш МВР не реагираше навреме. Само во 2026 година веќе се изгубени четири човечки животи поради родово базирано и семејно насилство.

СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и темелна истрага која со име и презиме ќе ја утврди одговорноста кај сите службени лица – во МВР.

— реклама —

Проблемот почнува од врвот. Додека други молчат – СДСМ нема да молчи“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања