Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-libraryjc969la2ohkj9rzWe1A

Филипче: Мицкоски велеше ДУИ се криминалци а што се случи, се договориле со Груби

„Мицкоски ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци а што излезе? Се договориле со Артан Груби“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија.Филипче нагласи дека случувањата на граничниот премин Блаце претставуваат сериозен удар врз правниот систем.„Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден – во државата се случи урнисување на правниот систем.“ рече Филипче.Тој посочи дека начинот на кој се одвивало враќањето на Артан Груби отвора сериозни сомнежи во јавноста.„Се појави бегалец кој што е на листа, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка… единствено нешто што недостасуваше беше Црвен Килим.“Во однос на одлуката за домашен притвор, Филипче укажа на контрадикторностите меѓу институциите.„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот кој што кажа дека ниту АНБ, ниту МВР, кои се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле проценка. Тоа не се случило. Очигледно е дека договор има. На кој насмеан сте виделе да и му ставаат лисици?“ рече Филипче.Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ нема страв од никакви постапки и дека секој што го прекршил законот треба да одговара.„Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем.“ потенцираше претседателот на СДСМ.Филипче оцени дека со партизирано судство не може да се обезбеди вистинска правда.„Не се прави тоа со партизирано судство… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

Филипче: Урнат е правниот систем, за Груби фалеше уште црвен килим

Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител.Филипче посочи дека по начинот на кој беше спроведено е очигледно дека договор има.„Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден, тоа утро во државата се случи урнисување на правниот систем, се случи целосно губење на довербата на сите граѓани. Се појави бегалец кој што е на листа, луѓе кои ги бараат во државата, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, му ставија лисици луѓе кои што претходно беа дојдени, полицајци, не полицајците кои што се, кои работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим“, рече Филипче.Тој посочи дека граѓаните веќе чувствуваат страв поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача конкретни резултати за напредокот на државата.„Стравот е кај сите граѓани, дека оваа држава нема да ја биде. И стравот им е оправдан, затоа што видоа што и како се прават тие договори. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Се случи целосно губење на довербата на сите граѓани, на сите луѓе кои што живеат во оваа држава, дека ова власт може да испорача тоа што треба, нешто што треба - реформи, вистинска правда, и тоа се случи на очите на сите граѓани“, рече Филипче.Во интервјуто Филипче посочи дека никој повеќе не може да ги излаже граѓаните и покрај силната пропагандна машинерија на ВМРО.„40% од медиумите се контролирани од ВМРО ДПМНЕ, тоа се Орбановите медиуми кои што шират дефетизам, кои што шират анти ЕУ пропаганда, се вклучија да го одбранат, а тоа едноставно не се брани. Такви политички договори во кои што судството и обвинителството испорачуваат тоа што треба во интерес на некакви непринципиелни политички договори, не му носи добро на никој“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9fgms75jrhe8c9W4W0V

Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Минималната плата не е само бројка, туку прашање дали едно семејство ќе може да ја плати сметката за струја, дали ќе има доволно храна до крајот на месецот. Денес зборуваме за тема што не е само бројка на хартија, туку реалност за илјадници семејства. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот континуирано растат, а истовремено синдикатите предупредуваат дека ниту три минимални плати не ја покриваат синдикалната кошница, посочи пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница.Тој укажа дека минималната плата мора да обезбеди минимум достоинство за живот. Ако работникот работи полно работно време, а останува сиромашен, тогаш системот не функционира.„Држава во која работник што работи полно работно време, а не може да живее од сопствената плата, е држава која потфрла во својата основна социјална функција. Висината на минималната плата, динамиката на растот и начинот на усогласување се директно поврзани со борбата против сиромаштијата кај вработените, намалувањето на нееднаквостите и обезбедување на достоинствени услови за работа“, појасни Цветков.Во 2026 година, за еден месец, синдикалната кошница се зголемила за 1.000 денари. Во однос на февруари 2025 година, синдикалната кошница се зголеми за 3.609 денари, а во споредба со 2022 година за скоро 30.000 денари.„Затоа минималната плата мора да се усогласува автоматски со трошоците за живот и просечната плата за да обезбеди барем минимум достоинство кај работникот. Наместо политички калкулации на власта, треба да донесеме одлука што ќе биде вистинска поддршка за работникот  и за неговата егзистенција“, заклучи пратеникот на СДСМ, Борче Цветков.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykmggvk1l26psak85UWu

Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница укажа дека доколку не се покачи минималната плата, Македонија ќе се соочи со недостиг на работна сила.„И сега дури и немаме доволно работници, од други причини. Ако не продолжи растот на платите, ќе имаме уште поголем проблем, затоа што никој повеќе не може и не сака да работи без пари“, рече Спасовски.На собраниската седница на која на дневен ред е предлог-законот на СДСМ и коалицијата за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра, Спасовски нагласи дека покачувањето на минималната плата на 600 евра е прашање на консензус бидејќи се работи за интересите на граѓаните.„Ако за Изборниот законик, кој директно ги тангира политичките партии и нивните интереси, можеме да постигнеме консензус, тогаш кои сме ние да не постигнеме консензус кога станува збор за граѓаните? Дали сме поважни ние како политички субјекти или се поважни граѓаните и нивниот животен стандард? Прво треба да седнеме и да постигнуваме договор за прашањата што ги засегаат луѓето, за нивните плати, за нивната егзистенција, за нивната сигурност. А не консензус да правиме само таму каде што се во прашање партиските интереси“, рече Спасовски.Во образложението, Спасовски посочи дека кога се зборува за минимална плата и за создавање систем, треба да се има кредибилитет во однос на тоа што се предлага. Тој потсети дека благодарение на јасно воспоставениот систем во периодот на владата на СДСМ, минималната плата растеше.„Во 2012 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, минималната плата беше 8.050 денари. Кога се презеде власта, во 2017-та беше 10.080 денари, а во 2017 година расте на 12.000 денари, па понатаму континуирано расте благодарение на системот што беше воспоставен, за да во 2024 година имаме минимална плата од 22.567 денари. Фактот дека минималната плата пораснала од 8.000 на 22.567 денари дава кредибилитет токму на СДСМ и коалицијата кои направија систем за раст на минималната плата“, рече Спасовски.Тој потсети дека кога владата на СДСМ го носеше решението за раст на минималната плата, тогашните функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа против таквото законско решение.„Сегашниот гувернер на НБРМ, Трајко Славески, и ден-денес вели дека била погрешна политиката да се гради систем за раст на минималната плата и дека треба да живееме во времето во кое ВМРО-ДПМНЕ продаваше басни низ светот дека евтината работна сила ќе донесе инвеститори во Македонија. Тоа време заврши. Со години ги плашевте фирмите дека ако се зголеми минималната плата ќе пропаднат, а ги плашевте и работниците дека ако се зголеми минималната плата ќе останат без работа. После толку години од тој систем се покажа следново – фирмите наместо да пропаднат, растат, затоа што се зголемува продуктивноста на трудот, а работниците ги задржаа работните места“, рече Спасовски.Притоа, Спасовски додаде дека барањето на синдикатите е оправдано, бидејќи трошоците на живот во секоја ставка рапидно растат.„Прехранбени производи, здравствени услуги, комунални услуги, енергетика – сè има раст. Вие сте две години власт, ги имате институциите на системот, ги имате скоро сите општини под контрола. Ако не знаете, прашајте ги вашите градоначалници во колку општински совети доставија предлози за зголемување на комуналните такси на јавните претпријатија. И ќе ви биде јасно дека трошоците и понатаму растат и тие одлуки не се носат за да Владата ги плати тие трошоци, трошоците ги плаќаат граѓаните. И оттука доаѓа и барањето на синдикатот минималната плата да се зголеми на 600 евра, па понатаму да имаме и систем на раст на платите“, рече Спасовски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybungj1i5d2e86ughnyJ

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено

Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со наочари и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па се до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ„Сакајќи да се исперат од скандалозна одлука за одредување куќен притвор Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.Вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.Истиот ден, излезе директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, го демантираше Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ „не се обратиле ниту усно ниту писмено до затворот за да побараат мислење за безбедноста“.Епа како донеле одлука во Обвинителството?Има ли подобра потврда од ова тврдење дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже и се замајува?Сè е јасно.Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.Тоа го имаме како потврда и за овој случај. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби?  Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио.Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се.Граѓаните гледаат и знаат сè. Одговорност ќе има“, вели Кузеска.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysif786ucg7iadex4LE9

СДСМ: Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка

Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ, велат од опозициската СДСМ.„Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри.Сопруга на екс градоначалник на ВМРО ја назначија за член на Судскиот совет.Советник на Мицкоски беше избран во Уставниот суд.Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди за случаи во тек.Шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец.На кого веќе не му е јасно?Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана, правда нема, има контролирано обвинителство и судство кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.Правна држава нема – има дил за политички цели и кампања на власта“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0mqu9voku8bq8ihODBh

СДСМ: Власта се нема откажано од авионот

Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет.  Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години, вели СДСМ.„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати.Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

СДСМ: Сакајќи да се испере за куќниот притвор Обвинителство го закопа Мицкоски

Во обид да се испере за скандалозната одлука за куќен притвор на Артан Груби, Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски, вели СДСМ.„Министерството за внатрешни работи, раководено од Панче Тошковски од ВМРО-ОКГ, и Агенцијата за национална безбедност, раководена од Бојан Христовски исто така од ВМРО-ОКГ, дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.Не е прашањето дали државата не може да гарантира безбедност во притвор. Ова е уште една потврда дека  сè е договорено одапред.Режираното сценрио за реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ се случува пред очите на јавноста.Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби?Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова.Доаѓањето на Груби е очигледно временски темпирано, прво да се преземе целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ.Сега коцките на целото режирано сценариот се немастени.Тошковски и Христовски од ВМРО-ОКГ даваат проценка, обвинители назначени од ВМРО-ОКГ реализираат.Граѓаните конечно гледаат сè и знаат.Мицкоски треба да излезе и да одговори што треба ДУИ да добие за возврат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

pari-1

СДСМ: Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата

Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, вели СДСМ.„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб.Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари…Повеќе не можете така да поминувате.На сите им е сè јасно.План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето.Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит.Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендери за друга, 74 тендери за трета, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1.2 милиони евра тендер за фирма на ЗНАМ преку Пошта… вашите тендер-томболи мора да запрат.Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај.Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате!Правдата ќе победи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynjdtlpbns75tely7ZBc

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано, вели опозициската СДСМ.„Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор.Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола.Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д обвинителка избраа на поранешен заменик министер на ВМРО.Власта има целосна контрола врз обвинителството и судството. Одлуката за куќен притвор ја носи обвинител под Скопското обвинителство каде што за шеф пред само еден месец е избран Анел Фидоски.Јасно е што се случува.Дилот ВМРО–ДУИ се реализира пред очите на јавноста и му донесе куќен притвор на Груби.Прашањето што останува е само што ќе добие сега ДУИ за возврат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Куќниот притвор за Груби е доказ дека постои договор, реагира СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираше по одлуката за куќен притвор на Артан Груби, оценувајќи дека ваквата мерка е „потврда дека сè е договорено“.Од СДСМ тврдат дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Христијан Мицкоски и, како што наведуваат, „ВМРО-ОКГ“, обвинувајќи за политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби замина преку граница, иако бил на стоп-листа. Но, за неговото враќање камери има на секој чекор“, наведуваат од партијата.Според СДСМ, следела, како што велат, „веќе подготвена медиумска кампања“, а одлуката за куќен притвор ја оценуваат како продолжение на истото сценарио.„Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор? Пеш преминал преку граница и побегнал, а бил на стоп-листа. Сега, по 14 месеци, се враќа и добива куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио?“, прашуваат од СДСМ.Од партијата порачуваат дека „ништо не е случајно“ и дека, според нив, станува збор за дел од договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека останува да се види „која е цената“.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Целиот инженеринг со пречекот на Груби е договор меѓу ВМРО и ДУИ

Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан Груби е договор помеѓу владејачката ВМРО- и ДУИ, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во вечерашната дебата во емисијата „Само вистини“ на Канал 5. Тој посочи дека денешното приведување на Груби наликуваше повеќе на пречек отколку на приведување.„Да се потсетиме, Артан Груби ја напушти Македонија како кој било граѓанин кој туристички заминува од држава. Ако се сеќавам добро, камерите на граничниот премин тогаш не работеа. Беше обвинет некој службеник, случајно најден позади компјутерите на царината. И денеска, со едни фанфари како на свадба, го пречекаа во 6 сабајле, и нормално, тоа, како што личи, беше проследено од медиумите блиски до власта, од изјавите на владејачката партија, како една „церемонија“ на испраќање од граница до притвор, од притвор до обвинителство. Ништо не наликуваше на приведување, имаше видео во 6 часот наутро со камери, и не мислам дека некој станал во 6 наутро да снима природа на Блаце“, рече Фрчкоски.Во дебатата, Фрчкоски посочи дека и „приведувањето“ на Груби е дел од внимателно конструирана наметната реторика на власта која ја дефокусира јавноста од темите кои сака да ги сокрие.„Ова е дел од мантрата на ВМРО и како чаршав покрива многу теми од кои бега целиот овој период, како што се непокачувањето на минималната плата, скандалот со петте тони марихуана кој се уште нема никаква разрешница, едно чудо тендери, криминали кои СДСМ ги објавува. Така што, сѐ она што ќе следи во наредниот период ќе биде една камуфлажа со која ќе се обидат да го покријат, а преку случајот со Артан“, рече Фрчкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4dmre2e8cfhsea0U6XW

СДСМ: Тетар во живо, нема ниту една камера за 5 тони дрога а има камери за Груби

Тетарот во живо продолжува. Од 65 илјади камери нема ниту камера за 5 тони дрога, никој ништо не видел, вели СДСМ.„Камерите „случајно“ не работеа ниту кога Груби излезе од државата, слободно, пешки, со пасош, иако бил на „стоп“ листата.Ама за враќањето на Груби камери има, од граница, од пречек, до Обвинителство и секако и понатаму.Веднаш се спремни и медиумите под контрола на Орбан, кои имаат 40% од медиумите. Геро, Бетмен, Латас, веднаш со коорднирани објави.Власта ја презеде контролата врз судството и обвинителството, се рушат предметите на СЈО, сите спремни да ја одиграат својата улога во „предавањето“ на Груби.Режирана претстава како дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ.Само да видиме која е цената за овој  договор, што ќе добие ДУИ за возврат“, се вели во соопштението,

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg99ac7jt117b4pR5atQ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби може да изнесе податоци за аферите и криминалите на Заеви, Филипче и Спасовски

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.„Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себе си“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryil0repj8ar032AFmIjN

Кузеска за Груби: Како што се договорија да го пуштат, така се договорија да се врати, кој се смее кога го апсат?

ДУИ го спасува Мицкоски, му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница, веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. За да само ова го најави, уште во декември 2024 година, сега само се потврди пред очите на македонската јавност, вели Богданка Кузеска од СДСМ.„Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин, ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на владата на Мицкоски. Но и бројни скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори. 161 тендер за семејна фирма на директорот на Созара, 51 тендер за пирамид билдинг, 74 тендери за Ленди Груп, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку пошта за фирма блиска до "Знам".Сите тендери почитувани водат до најтесниот круг околу Мицкоски, а повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството. Повеќе од 20 дена нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за сликите со Симе, за Адамовиќ.Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата, но ќе добијат театар како денеска. Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Копи-пејст по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е под пад најавува некоја апсење.Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус. Нема одговор за 5 тони дрога, веднаш 100 тони запленета марихуана од Струмица. Лесни македонски перници, на овој начин 5 тони дрога била пренесена преку границата. Значи, замешани се и од царината и од полицијата и од други институции под контрола на владеачката структура и на Мицкоски. Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во владата на Мицкоски ќе одговара. Затоа почитувани им е потребен Артан Груби.Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината, почитувани, е дека ВМРО-ОКГ се во договор со ДУИ.Власта го презема судството и обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде. Кој се смее кога го апсат?“, вели Кузеска.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања