Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека со назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, премиерот Христијан Мицкоски ја става институцијата во функција на, како што наведе, сопствени бизнис интереси.Фрчкоски тврди дека Димовска е сопруга на Димитар Димовски, кого го посочува како долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во проекти поврзани со хидроцентрали, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Според него, поставувањето на Димовска отвора сомнежи за конфликт на интереси, особено имајќи предвид дека Развојната банка одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти.Во изјавата се споменува и дека Димовски бил инволвиран во предметите „Топлик“ и „Шпански скали“, како и дека моментално извршува функција секретар за јавни политики во Владата.Фрчкоски посочува дека Димовска е сопственик на компанијата „Херба Натура“ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект „ХН Соларис“, оценувајќи дека на тој начин се воспоставува „директен линк“ меѓу приватни фирми и државна финансиска институција.Од СДСМ бараат итно повлекување на Димовска од функцијата и реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата и другите надлежни институции, оценувајќи дека станува збор за класичен конфликт на интереси и злоупотреба на институциите во партиски и бизнис цели.

Македонија | пред 2 седмици

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

СДСМ со остра реакција оценува дека случајот со куќниот притвор на Артан Груби се претворил во, како што наведуваат, „циркус пред очите на целата јавност“, тврдејќи дека одлуките на институциите се дел од однапред договорено сценарио.Од партијата обвинуваат дека Обвинителството, кое според нив е под контрола на премиерот Христијан Мицкоски, ја оправдувало одлуката за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.„Само неколку часа подоцна, директорот на затворот ‘Шутка’, кадар на ВМРО-ОКГ, го демантираше Обвинителството, тврдејќи дека ниту АНБ ниту МВР воопшто не извршиле безбедносна проценка“, наведуваат од СДСМ.Партијата посочува дека премиерот Мицкоски во телевизиско гостување изјавил дека станува збор за класифицирани информации кои не можат јавно да се соопштат, додека, како што велат, сега се појавуваат тврдења дека „странски служби“ уште пред една година доставиле предупредувања, а формална безбедносна проценка од АНБ и МВР не била изготвена.„Кои се тие странски служби? И ако нема безбедносна проценка од АНБ и МВР, врз основа на што Обвинителството донело одлука за куќен притвор? Ако нема проценка, како тогаш се тврди дека била класифицирана?“, прашуваат од СДСМ.Според опозициската партија, контрадикторните изјави околу постоењето на безбедносна проценка – дека имало, па немало, дека била доверлива, па дека не постоела – претставуваат дополнителна потврда дека случајот е однапред договорен и режиран.Од СДСМ оценуваат дека целата ситуација го нарушува кредибилитетот на институциите и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем, барајќи целосна транспарентност и јасни одговори за основот врз кој е донесена одлуката за куќен притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi1tjglj1j3c5ap6wUDn

Кузеска: Српска или руска странски служби за Груби кажале, па ова е веќе циркус

Сè што досега кажа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага. Тетарот и режираното сцанарио со Груби веќе стана циркус. Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна проценка дадена од МВР и АНБ, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.„Не бил безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.Истиот ден, директорот на затворот Шутка, инаку кадар на ВМРО-ОКГ, го демнатираше обвинителството. Според него ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направиле проценка.Мицкоски вчера, јавно, на телевизија рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти.Имал чувство.Сега излегуваат информации дека „странски служби“ јавиле и тоа уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?Ако нема проценка од АНБ и МВР како Обвинителството донело одлука за куќен притвор?Ако нема проценка од АНБ и МВР како Мицкоски вели дека „тоа било класифицирано“.Или неговите лаги почна да ги третира како класифицрани?Циркус.Нема посилна потврда од ова дека сè е договорено и смислено.Се измислуваат нови лаги, се прави дефокус за да се покрие сценариото, дилот којшто го направиле.Претстава на граница, доаѓање со наочари, со насмевка, само уште црвен килим недостасуваше.Пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.Одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.Има, па нема безбедносна проценка. Дале проценка АНБ и МВР па не дале.Сега странски служби. Недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна. Циркус Медрано како што велеше Гордана Јанкуловска.Ова почитувани го разобличува целото режирано сценарио, целокупниот театар.Мицкоски прво разрешува и поставува нови обвинители на телевизија, во живо во емисија, а сега повторно во емисија најавува што ќе зборува Груби и што ќе прави обвинителството.Кому веќе не му е јасно дека Мицкоски, покрај тоа што ги уредува 40% од медиумите што преку Орбан ги има под контрола, управува и со обвинителството?Сè е договорено.Граѓаните не се глуви и не се слепи, гледаат и знаат се.Имаме чувство Мицкоски“, вели Кузеска.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Опозицијата реагира: Имаме чувство дека српски служби пробуваат да го ослабнат СДСМ

Имаме чувство дека странски служби работат за различни цели., велат од опозициската СДСМ.„Излезе информација дека странски служби дале информација за Груби дека е во опасност.Беше 14 месеци, како што вели ВМРО (изгледа имале информации, а никој не го барал), на Косово и во Албанија – без никаква опасност.А сега е во опасност во затворот Шутка, покрај сите мерки за обезбедување.Посигурен е дома. Тоа сигурно – храната стигнува од ресторани, а и на телевизија има интересни содржини. Како во хотел.Она што не го кажа Мицкоски е од која странска служба ја добиле информацијата, бидејќи како што се гледа од изјавите за медиумите од МВР и АНБ, никој ја нема таа информација.Дали информацијата му стигнала од српска или од руска служба? Може ли тоа да ни го каже, или и тоа е тајна?Исто така, покрај ова што наводно го прават странските служби во земја членка на НАТО, имаме чувство дека истите тие служби се занимаваат и со членови на СДСМ.По бројните обиди за слабеење на СДСМ одвнатре, кои што не успеаа, истиот модел продолжува.Така, имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци – како што одамна прават некои т.н. новинари кои се во служба на водење антиевропска кампања со цел јакнење на руското влијание во Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybackgt3afp4eb2UKbKz

СДСМ: Кои критериуми ги исполнил Адамовиќ за да биде назначен за почесен конзул на Македонија во Србија?

Нервозните реакции на Христијан Мицкоски во Собрание се силна потврда дека се плаши од откривањето на вистината за неговите релации со Адамовиќ, велат од СДСМ.„Мицкоски покажа голема нервоза а немаше одговори на прашањата од претседателот Филипче.Кој е Душан Адамовиќ?Кои критериуми ги исполнил за да биде назначен за почесен конзул на Македонија во Србија?Неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана?Неговото криминално минато, бројните афери со кои се поврзува?Успешноста на неговото позиционирање високо на функции во СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ?Или контактите и врските во Русија?Дали се ова исполнетите критериуми за Адамовиќ да биде избран?Очигледно е дека именуваниот Душан Адамовиќ не ги исполнува клучните критериуми за да биде поставен за почесен конзул.Па како тогаш е избран? Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори.Бидејќи  во вторник во Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, што ќе кажат Мицкоски и Стољкоивиќ за Адамовиќ кој се фали со своите контакти во Москва?Соодветно ли е тоа за земја членка на НАТО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

artan-grubi

СДСМ: Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус

Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен килим за Груби, велат од СДСМ.„Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направвиле проценка.Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.Сега излегуваат информации дека наводно „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.Циркус. Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измисллува за да се покрие сценариото.Исто како во времето на Никола Груевски. Какви странски служби, какви проценки, нема посилна потврда од ова дека сè е договорено“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

Мицкоски нема одговор на прашањето кој е Адамовиќ, повторно Харис Џиновиќ и Дубаи, вели СДСМ

Социјалдемократски сојуз на Македонија обвини дека премиерот Христијан Мицкоски нема одговори на клучните прашања поврзани со именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија.Од СДСМ посочуваат дека Мицкоски во Собранието покажал нервоза и не одговорил на прашањата поставени од претседателот на партијата, Венко Филипче.„Кој е Душан Адамовиќ? По кои критериуми е избран за почесен конзул и дали тие критериуми се испочитувани?“, прашуваат од СДСМ.Тие наведуваат дека на социјалните мрежи Адамовиќ користел формулации како „Српска Македонија“ и прашуваат дали таквите ставови се во согласност со критериумот за „докажан пријател“ на државата.Дополнително, опозицијата отвора прашања за безбедносната проверка, посочувајќи на информации дека негов автомобил бил дигнат во воздух, а во друг случај било пукано кон него.„Дали АНБ направила соодветна проверка? Дали МВР издало потврда дека нема кривични пријави или судски постапки?“, прашуваат од СДСМ.Партијата го проблематизира и неговото наводно позиционирање во српската владејачка партија, како и контактите што, според нив, ги има во Русија.„Како членка на НАТО, дали Македонија има потреба од човек кој се фали со врски во Москва, особено во услови кога Русија е под санкции од Европската Унија?“, наведуваат од СДСМ.Во контекст на најавената посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, опозицијата бара одговор од премиерот каква порака испраќа Владата со вакви именувања.„Мицкоски треба да одговори каков однос има со Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

СДСМ: Сè е договорено, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

На граѓаните им веќе јасно и знаат сè. Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби, велат од опозициската партија СДСМ.„Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан.Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ.И на крај целосно разобличување.Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.Излезе директорот на затворот Шутка, го демантираше Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле и не побарале мислење.Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже.Сè е договорено.Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

paridenari1

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците 

Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни, велат од опозициската СДСМ.„Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ преку Пошта.Нема пари за работниците, има само за луксузирање и криминални тендери.Владата на Мицкоски постојано се задолжува, пари обезбедуваат врз грбот на народот ама за криминални тендери а не сакаат да обезбедат пари за плати за работниците.Одбивањето на законот е директен удар врз животниот стандард на граѓаните и на над 200 илјади работници.  Во услови кога синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, кога храната, струјата и основните трошоци растат од месец во месец, ВМРО-ОКГ ги изневери работниците.СДСМ понуди реално и одржливо решение – со ребаланс на Буџетот и пренамена на пари од луксузи, како мебел, коли, авион, да се обезбедат пари за 600 евра плата, како што заслужуваат работниците.СДСМ нема да се откаже. Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за работниците, за граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Тема на денот“, на телевизија Сител, нагласи дека граѓаните од власта не можат да очекуваат ништо, ниту подобрување на животниот стандард, ниту економска стабилност, ниту пак стопанството може да очекува поддршка.Филипче предупреди дека економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски ја туркаат државата кон сериозна економска неизвесност.„Не може да се очекува ништо. Може само да се очекува да тоне стандардот на граѓаните, не го изгласаа Законот за минимална плата. Може да се очекува банкрот на државата, затоа што веќе 2 милијарди е дупката во Буџетот. Може да се очекува компаниите само да пропаѓаат, заради тоа што ниту имаат поврат на ДДВ, ниту имаат поддршка од страна на владата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата не работи во интерес на граѓаните, нема слух за покачување на платите ниту на социјалната помош, се крати од земјоделците, од сите граѓани, само повеќе да има за личните интереси на власта.„Може да се очекува да нема никакво зголемување на платите ниту во образованието, ниту во здравството. Може да се очекува да нема зголемување на социјалната помош. Може да се очекува да нема никаква поддршка, напротив намалување на парите во земјоделството, како што има сега, за 20 до 30 пати им се намалени. Од оваа влада не може граѓаните, ниту државата, да очекува ништо. Единствено нешто што може да очекуваат се нивни лични финансиски интереси“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

filipce-ck-sdsm

Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија истакна дека суштинската разлика меѓу СДСМ и ВМРО е во концептот – дали ќе има функционален систем или еден човек кој ги контролира сите институции.„Ние се бориме да има систем, не еден поединец. Не треба тука да има еден човек, владетел кој што ги контролира сите работи, како што тоа сака Христијан Мицкоски да го прави. И го прави. Не, не. Ние се бориме да има систем. Затоа што само системот ќе врати вербата на граѓаните во оваа држава“, порача Филипче.Тој предупреди дека партизацијата на судството и обвинителството ја уништува довербата на граѓаните во правдата.„Не се прави тоа со партизирано судство. Да ставите судија за судија во Судски совет, жена на градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, да ставите во Уставен суд советник на премиерот. Да квалификувате јавно обвинители со различни погрдни зборови… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, изјави Филипче.Според него, токму ваквото однесување создава чувство на безизлез и недоверба кај граѓаните.„Стравот го чувствуваат граѓаните поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача тоа што треба. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни“, рече тој.Филипче потенцираше дека единствениот начин да се врати довербата е преку вистински реформи и европски стандарди.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека, според нив, делува спротивно на националните интереси и шири политички ставови кои не носат придобивки за државата. Од партијата реагираат на негови изјави поврзани со можноста за внесување на Бугарите во Уставот, тврдејќи дека таков чекор би значел отстапки без соодветен бенефит за Македонија.Во партиското соопштение се наведува дека Филипче, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, покажува страв во врска со случајот поврзан со поранешниот функционер Артан Груби, при што изразуваат сомнежи дека евентуални негови искази би можеле да опфатат повеќе актуелни и поранешни функционери. За овие тврдења не се приложуваат докази во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги обвини Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев за, како што наведуваат, политичко влијание врз правосудниот систем во минатото, оценувајќи дека токму тие биле одговорни за, според нив, најголемите политички притисоци врз судството во поновата историја на државата.Од партијата порачаа дека правдата ќе биде воспоставена и дека институциите треба да постапуваат независно, без оглед на, како што велат, политичките реакции и притисоци. Од СДСМ засега нема реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 седмици

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение, на младите не им се живее во државата

 Граѓаните се презаситени и веќе немаат трпение, на младите веќе не им се живее во државата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта не презема не презема суштински реформи во правосудниот систем.„Нема очигледно желба да се реформира правосудниот систем. Само еден од 12-те реформски закони кои што требаше лани да се донесат, се донесе. И тоа се направи трик и тој не се донесе согласно препораките на Оценската мисија,  и тој закон кој што е во рамки на реформската агенда, се донесе така да служи на власта“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче порача дека  излезот е јасен - вистинско реформирање на системот и силна борба против корупцијата.„Тоа што ни е суштински потребно, тоа што ќе врати ја довербата во државата, во институциите, тоа што ќе ја врати довербата на младите,е само вистински реформирано правосудство и за почеток канцеларија на Европското обвинителство, на обвинителката Лаура Ковеши, која што ќе има одврзани раце, како што ги има во сите други земји, и во овие последни кои што се приклучија кон Европското обвинителство, да се расчисти со корупција и криминалот“, рече Филипче.Тој посочи дека власта свесно ја држи државата изолирана со закочен евроинтеграциски процес,  а поради погрешните владини политики страда државата и граѓаните.„Треба храбри чекори. Доста ние само стоиме во место и премиерот и цело раководство на ВМРО ДПМНЕ, цела влада лаже дека нешто е загрозено. Дека они се борат за некакви национални интереси. Ништо не е загрозено. Страда државата, страдаат граѓаните, страдаат младите. Ние сме сега граѓани од втор или трет ред. Ние немаме пристап до единствениот пазар во Европа, немаме слободно движење низ Европа. Не ставаат на страна, отисоци, печати, пасоши и итн. Ние сме сега таму кај што не сакаме да бидеме. Владата има механизам, има начин, има понуда на масата, која што никако не е ризична. Треба да го направи чекорот“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

Филипче: Јасно и гласно да ви кажам, кој прекршил закон нека одговара

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител кажа дека секој што го прекршил законот треба да одговара, ама не со политички договори кои ја поткопуваат довербата во правосудниот систем.„Да ви кажам многу јасно и гласно да знаат гледачите, да знаат граѓаните. Кој што има, нека каже. Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем“, посочи Филипче.Во контекст на случувањата со Артан Груби, Филипче појасни дека по целиот театар на границата јасно е дека покрај урнисувањето на правниот систем граѓаните ја изгубиле довербата во институциите . Тој истакна и дека контрадикторните информации од институциите дополнително ја продлабочуваат недовербата кај јавноста.„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот којшто каже дека ниту АНБ, ниту МВР, коишто се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле процена. Тоа не се случило. Тие помеѓу себе почнаа да си пукаат политички, не во нога, во гради и во глава. Тоа не го сакаат граѓаните. Така да договор очигледно е дека има. Кој така доаѓа на граница? На кој сте виделе насмеан да му ставаат лисици на рацете?“, нагласи Филипче.Филипче додаде дека доколку постојат какви било информации или докази, тие треба да бидат изнесени јавно, но нагласи дека власта нема капацитет тоа да го спроведе со, како што рече, партизирано судство.„Апсолутно, нека се открие сè што треба. Ама ова власт нема капацитет да го правите. Не се прави тоа со партизирано судство. Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, истакна Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и неговата партија се единствените кои, како што наведуваат, покажуваат страв поради наводна поврзаност со корупција и криминал на структури блиски до СДСМ. Од партијата порачаа дека граѓаните треба да бидат спокојни, нагласувајќи дека „правда мора да има“ и дека институциите треба целосно да профункционираат.Во партиското соопштение се наведува дека, според нив, завршило времето на политички нарачани пресуди, при што се алудира на изборот на судии и обвинители во минатото. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат и дека, како што велат, „нема скандал или корупциски случај“ без поврзаност со поранешниот премиер Зоран Заев и со Венко Филипче, обвинувања за кои не се приложени докази во соопштението.Партијата ја обвини СДСМ дека со денови, како што наведуваат, создава медиумска врева околу случајот со запленета марихуана и актуелните случувања поврзани со поранешниот функционер Артан Груби, тврдејќи дека опозициската партија се наоѓа во паника поради можни сведочења.Во соопштението се поставуваат прашања дали СДСМ стравува од евентуален исказ на Груби и дали, според ВМРО-ДПМНЕ, тој би можел да инволвира и други политички функционери. Дополнително, од партијата го обвинија Филипче дека давал неточни изјави во врска со негови наводни познанства со лица поврзани со фирмата „ЦБД Медплант“, повикувајќи се на фотографии кои се појавиле во јавноста.ВМРО-ДПМНЕ порача дека владеењето на правото мора да важи за сите и дека секој што го прекршил законот треба да одговара пред институциите. Од СДСМ засега нема официјална реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања