Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-libraryagpl0bk7en9i8Cr6VSb

СДСМ: Наместо 600 евра минималец, Владата понуди 1.660 денари усогласување

СДСМ ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека ги изиграла работниците, откако наместо најавено зголемување на минималната плата, било направено само законско усогласување од 1.660 денари.Од партијата велат дека со ваквото ниво на минимална плата работниците се доведени на раб на егзистенција, бидејќи не можат да ги покријат основните трошоци за храна, сметки и живот на своите семејства. Според СДСМ, ветувањата за минимална плата од 600 евра останале нереализирани.Во соопштението се наведува дека Владата има средства за, како што велат, луксузирање со владиниот авион, набавка на мебел и службени возила, како и за „криминални тендери“, но нема пари за зголемување на примањата на работниците. Посочуваат и дека во Буџетот и натаму стои ставка од 124 милиони денари за авионот.СДСМ оценува дека работниците не се приоритет на Владата и дека наместо повисоки плати, фокусот е ставен на тендери и привилегии за функционерите. Од партијата порачуваат дека граѓаните заслужуваат достоинствена минимална плата и реално подобрување на животниот стандард.

Македонија | пред 1 седмица

rabotnik-600x404

СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците, срамни 1.600 денари наместо 600 евра минимална плата

Нема ништо од зголемување на минималната плата, само законско усогласување од срамни 1.660 денари, велат од опозициската СДСМ.„Владата на Мицкоски ги изигра работниците кои едвај врзвуваат крај со крај.Со волку ниско ниво на минимална плата работниците се доведени на раб, бидејќи не можат да ги покријат трошоците за основни потреби на своите семејства, за храната и сметки.Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра има за лукзсузирање со владиниот авион, за мебел и возила за функционерите, има за криминални тендери.Дури и авионот не сакаат да го тргнат, се уште стои во Буџетот сумата од 124 милиони денари, доволен за рата. Ќе измислат и лизинг поради колената.Само за работниците нема пари.Очигледно работниците не се вклопуваат во бизнистот на Мицкоски, кој времето го мери на скапи часовници од 60 илјади евра кои вредат колку 150 минимални плати.Не сака Мицкоски поголеми плати за работниците, сака само тендери“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

СДСМ: Прегреа кујната на ВМРО пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО

ВМРО вели за членовите на СДСМ дека се истурени играчи на руската политика? Дали сте свесни што напишавте? Кој им ги пишува овие соопштенија и прес конференции? Дали Мицкоски во бес, лично, или пак Ивона, или нејзиниот соработник од српските служби Латас?Дали знаете што е НАТО? Изгледа дека не знаете, вели СДСМ.„НАТО е најмоќниот воен сојуз во светот и го сочинуваат 32 земји (претежно Европа, САД и Канада).Сите овие земји воведоа санкции против Русија, освен Турција и вашиот Орбан (оној кому му дадовте енергетика, телекомуникации и преку кого контролирате 40% од медиумите во Македонија, кои ги објавуваат вашите глупости)!СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку еден од најкратките постапки во споредба со мнозинството членки – за помалку од две години.Што направиве вие од ВМРО по прашањето на евроинтеграциите во овие две години катастрофална, криминално-коруптивна власт, освен изолација на земјата и пад на економијата?Треба ли уште нешто да се каже за вашиот наслов „играчи на руската политика“?По Дубаи, зграда од 42 ката, Харис Џиновиќ, скокови во далечина, Венеција, Сен Мориц, др. Жан, модуларни болници (ова и да не го спомнуваме што ги навредувате семејствата на загинатите), сега и ова.Сето ова за помалку од два месеца.Па зарем не ви е јасно дека веќе не поминува ни во Северна Кореја или во некои далечни земји од третиот свет, на чија листа ја ставивте Македонија за американски визи.Дали вие навистина мислите дека Македонците се слепи и глуви?Станува сè посмешно.Ви прегреа кујната.Утре доаѓа Марк Руте, генералениот секретар на НАТО, сојуз во кој е Македонија благодарение на сериозната државничка политика што се водеше во времето на мандатот на СДСМ.Благодарение на таа сериозна посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија и нивните деца се помирни, побезбедни и побезгрижни.А Мицкоски нека смисли што ќе му каже на генералот секретар на НАТО за своите најблиски – вицепремиерот  Стоиљковиќ и почесниот конзул Адамовиќ, како и за нивните врски со Русија и нивната служба за безбедност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvgeqf0597udn7fWiI93

Дојчиновски: Ова се ботовите на ВМРО-ОКГ!

Граѓаните после „талог на општеството“, сега за Мицкоски се и „прокси ботови“. Секогаш кога нема аргументи, Мицкоски прибегнува кон навреди и етикетирања, вели Кристијан Дојчиновски од СДММ„Сите граѓани кои мислат поинаку од него, оние што го критикуваат неговото владеење, ги нарекува „прокси ботови“, откако претходно ги нарекуваше „талог на општеството“.Ова не е начин на кој се води демократска држава. Ова е стил само на некој што се плаши од вистината и од одговорноста.Граѓаните не се ниту талог, ниту ботови !Денес ви откриваме кои се вистинските ботови !ВМРО-ОКГ има цела мрежа на социјалните медиуми, доминантно на Фејсбук, најчесто со лажни профили, но и лични профили, со кои напаѓаат неистомисленици, навредуваат и шират омраза меѓу народот.Секој пост којшто не и се допаѓа на власта или го критикува Мицкоски, се напаѓа со коментари  полни со омраза, псовки и навреди.Идејата на ВМРО е да го подели народот во Македонија.Затоа во своите настапи го напаѓа СДСМ, членовите, симпатизерите, претседателот на партијата. Но и сите слободоумни граѓани коишто ја критикуваат власта им се таргет.Поради свои интереси, тендери и интереси на други држави, ВМРО-ОКГ на Мицкоски работи на поделба на македонскиот народ.Но и на поделби по етничка линија, за што од истите овие ботови таргет се често и граѓаните Албанци.Дури се користат и ресурси на нивната сестринска партија СНС.Граѓаните знаат, гледаат, слушаат како ги навредува Мицкоски, не се слепи, ниту глуви“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

rute

СДСМ со прашања пред посетата на Руте: Какви се врските на Владата со Москва?

Од партијата велат дека со денови бараат одговор од Мицкоски за неговите, како што наведуваат, врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на владина седница бил избран за почесен конзул на Македонија во Србија.СДСМ тврди дека јавноста е запознаена со ставовите на Адамовиќ, меѓу кои и изјави дека „Српска Македонија“ била окупирана, како и со, како што велат, бројни контроверзии и сомнежи поврзани со оружје и со наводни врски со Москва. Во соопштението се посочува и поврзаноста со Српската напредна странка, која ја нарекуваат сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата оценува дека, доколку тоа се критериумите за почесен конзул, тогаш секој со криминално минато и радикални политички ставови би можел да биде именуван на таква функција. Во таа насока, во соопштението се споменува и лице по име Симе, за кое се тврди дека има фотографии со премиерот.СДСМ дополнително го отвора прашањето што Мицкоски ќе му соопшти на Руте во врска со Адамовиќ и со вицепремиерот Стоиљковиќ, за кого наведуваат дека е негов близок соработник во Владата и дека има врски со Русија.„Дали тоа е соодветно за земја членка на НАТО? Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција?“ – прашуваат од СДСМ, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ со жестоки обвинувања: Мицкоски работи за тендери, не за државата

СДСМ со остро соопштение го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека наместо да се фокусира на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните, се занимава со тендери, црни кампањи и пропаганда.Од партијата наведуваат дека, според нивните податоци, 161 тендер биле доделени на семејна фирма на Томовски, 51 тендер на „Пирамид Билдинг“, 74 тендери на „Ленди Груп“, девет милиони евра биле доделени на фирма со двајца вработени, а 1,2 милиони евра тендер преку Пошта завршил кај фирма блиска до ЗНАМ.СДСМ оценува дека Мицкоски е „способен само за тендери за свој приватен бизнис и да биде уредник на таблоид“, додавајќи дека тоа е, како што наведуваат, единственото за што има капацитет.Во соопштението се тврди и дека странските инвестиции се намалиле за 729 милиони евра, дека работниците едвај врзуваат крај со крај, дека нема зголемување на платите и дека економијата „тоне од ден во ден“.„Да води држава – не е способен“, порачуваат од СДСМ, повикувајќи го премиерот наместо, како што велат, да измислува афери и да спроведува црни кампањи, да се обиде да најде луѓе кои можат да помогнат во управувањето со државата.Во завршницата од соопштението, партијата го нарекува ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ОКГ“, оценувајќи дека тоа е реалниот капацитет на партијата и на нејзиниот лидер.

Македонија | пред 1 седмица

grubi-41

СДСМ: Како ВМРО-ОКГ знае што ќе проговори Груби ако не е сѐ наместено?

ВМРО-ОКГ секојдневно го потврдуваат тоа што го зборуваме од почетокот на реализација на договореното враќање на Груби. Сѐ е дел од однапред смислено сценарио, политички дил, велат од СДСМ.„Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби освен ако не е сѐ наместено?Како однапред знаат, па уште и најавуваат од партиска говорница на ВМРО-ОКГ?Дури и листа на имиња имаат кои што Бране Петрушевски ги објавува.Исто како што портпаролката на Владата, Митева, јавно, на телевизија кажа дека предвреме знае како ќе заврши судски процес против Андреј Жерновски.Однапред им е договорено.ВМРО-ОКГ тонат сѐ подлабоко во сопствените лаги бидејќи не знае како да се оправда, разоткриени се, причитани се, не им поминува веќе.Театарот започна на граница, со очила, насмевка, камер, само уште црвен килим недостасуваше и Мицкоски да го пречека Груби. Имало безбедносна проценка, па немало. Дале МВР и АНБ, па не дале. Имало странски служби, па немало.  Циркус.Секој ден излегуваат со нова верзија, нов спин, нова лага преку нивните медиуми под контрола на Орбан.Наместо да се занимаваат со подобар стандард на граѓаните, тие се занимаваат со црна кампања и бесмислена пропаганда, за да ги прикријат сите неуспеси на оваа криминално-коруптивна тендер коалиција што ја води државата.Тоа е капацитетот на ВМРО-ОКГ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

СДСМ: Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра

Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка, велат од опозициската СДСМ.„Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година.Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра.Дебакл.Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места.  Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери.Нема интеграција – следи економска изолација“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање, секогаш прави дефокус, Дубаи, Харис Џиновиќ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи  дека премиерот Христијан Мицкоски континуирано избегнува да даде конкретни одговори на клучните прашањата што ги поставува опозицијата, а се од интерес на јавноста. Како што кажа Филипче, одговорите на власта се секогаш сведени на дефокус.„На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор. Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето кое што јас го поставив кој е Душан Адемовиќ новопоставениот конзул на Македонија во Србија, премиерот не одговори. Избегна да одговори поради тоа што одговорот не му одговара“, рече Филипче.Тој додаде дека наместо одговори, јавноста постојано сведочи на обиди за пренасочување на вниманието и лажни весто.„Секогаш е дефокус, Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа, тоа одговара премиерот. Тоа е недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води владата и државата“, истакна Филипче.Како што кажа Филипче, исто е и со прашањата за доаѓањето на Артан Груби, власта нема  одговор на ниту едно прашање.„Еве ги прашањата за Артан Груби ние ги поставуваме од моментот кога дојде, еве и сега ги поставувам. Како е можно да на тој начин се врати бегалец од правдата? Да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор. Сте слушнале одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не, ниту ќе слушнете поради тоа што имаат договор, тоа е вистината“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: Власта кумуваше на пренесувањето 5 тони дрога преку граница

Оваа власт кумуваше на трансферот на пет тони дрога преку граница, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.Филипче укажа дека власта упорно молчи и не дава одговор на ниту едно прашање, како толкава количина дрога поминала на македонската граница.„Пет тони дрога не можат да се пренесат без знаење на власта, без структурите од царината и без структурите во полицијата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема визија за напредокот на државата, единствено што знаат е да шират лажни вести и да ги интересираат сопствените интереси.„Оваа власт ја гуши слободата на говорот. Има своја мрежа на медиуми преку кои што шири лажни вести, оцрнува, дискридитира, спинува. Ние имаме работа со еден би рекол терминално неспособен премиер, терминално неспособна влада кои што немаат ниту капацитет, ниту знаење, ниту визија каде ја водат државата и се интересираат само за сопствениот интерес“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС почна да пушта исти соопштенија, сигурно кога работат логиката има слободен ден!

Од СДС целосно отидоа со паметот. Вчера во 16.36 часот и денес во 11.06 објавуваат исто соопштение и тоа буквално што би се рекло, од а до ш. Да, мајката на знаењето е во повторувањето. Но, има едно големо НО, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.„Не знаеме дали треба човек да им се смее или да плаче. Еве со дијагнози нема да се расфрламе и да ги навредуваме, ама рамнодушни не можеме да останеме.Кога е СДС во прашање очигледно сме сведоци на ново ниво на размислување!СДС веројатно има некоја своја визија која постои само во нивните мозоци.Кога станува збор за СДС кои отидоа до таму да пуштаат копи пејст сопштенија веројатно ако промашувањето беше стратегија ќе беа непобедливи.Едно е очигледно, кога тие работат логиката сигурно има слободен ден“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

(Видео) За нив раководењето на државата е само приватен бизнис, вели Филипче за Владата на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека во земјата има драматичен пад на странските директни инвестиции од 61 отсто, повикувајќи се на извештај на Народна банка на Република Северна Македонија.Според него, во 2024 година, како резултат на економските политики спроведувани во изминатите седум години, биле реализирани рекордни 1 милијарда и 196 милиони евра странски инвестиции, додека во 2025 година таа бројка изнесува 467 милиони евра. „Тоа е резултатот на економската политика – дебакл“, рече Филипче.Тој нагласи дека бројките не се само статистика, туку претставуваат конкретни работни места и квалитет на живот за илјадници семејства. Посочи дека за време на мандатите на СДСМ биле отворени 16 фабрики и биле создадени над 10.000 работни места во технолошко-индустриските развојни зони.„Сега има губење на работни места. Голема германска компанија најави повлекување и околу 500 лица остануваат без работа. Разликата е јасна – ние отворававме фабрики и работни места со добри и високи плати, а сега работниците се оставени во неизвесност“, изјави Филипче, додавајќи дека според него „има средства само за тендери што водат до високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ“.Филипче оцени дека состојбата во буџетот е загрижувачка и дека „дупката во буџетот е огромна“. Тој потсети дека СДСМ предложил зголемување на минималната плата, но, како што рече, тој предлог бил одбиен од актуелното парламентарно мнозинство.

Настани | пред 1 седмица

media-libraryqqssq6lilkkf2M5AB3M

„Сè е однапред смислено сценарио“ – нова размена на обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи „како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Артан Груби“ и оценувајќи дека со ваквите изјави владејачката партија, како што наведуваат, практично признава дека постои договор.„Сè е договорено. Сè е дел од однапред смислено сценарио што се одвива пред очите на граѓаните“, се наведува во реакцијата, во која настаните се оценуваат како „циркус“ и „театар на граница“.Од СДСМ прашуваат дали ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека, според нив, „секој ден тоне подлабоко во сопствените лаги“, обвинувајќи дека преку пратеникот Бране Петрушевски се пласираат политички пораки.Во соопштението се поставуваат и прашања до премиерот Христијан Мицкоски, меѓу кои: „Кој е Симо?“ и „Во каков однос е Мицкоски со Душан Адамовиќ, член на сестринската партија Српска напредна странка?“Политичката размена на обвинувања меѓу двете најголеми партии продолжува, додека јавноста сè уште очекува конкретни институционални одговори и постапки во врска со случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска обвини дека СДСМ бил „сојузник на криминалот“ на поранешниот вицепремиер Артан Груби и затоа, како што рече, партијата силно го брани.Според Петрушевски, опозициската партија не поставила ниту едно пратеничко прашање до Владата поврзано со Груби, а пратениците од СДСМ, како што тврди, ја напуштиле собраниската сала кога било спомнато неговото име. Тој оцени дека поранешни високи функционери на СДСМ се во „паника и хистерија“ поради можни искази што Груби би можел да ги даде во Обвинителството.Петрушевски изјави дека во СДСМ се свесни за потенцијалните последици од евентуалното сведочење на Груби и затоа го бранат, додавајќи дека доколку тој „прозбори“, дел од поранешните функционери би можеле да се соочат со обвиненија.Тој го повика Јавното обвинителство да ги истражи, како што рече, сите индиции и сомнежи што ВМРО-ДПМНЕ досега ги изнесувала во јавноста.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, оцени дека случувањата поврзани со Артан Груби претставуваат „театар“ кој, како што наведе, веќе прераснува во циркус.„На темата бегање од одговорност, театарот што го приредува ДПМНЕ-ОКГ овие денови веќе станува циркус. Ова се напади ад хоминем против СДСМ, а всушност јавноста и сите знаат дека де факто и де јуре оваа ситуација е политички дил меѓу ВМРО и ДУИ“, изјави Фрчкоски.Тој додаде дека наместо аргументирана дебата и институционална одговорност, во јавноста се пласира реторика насочена кон дискредитација на опозицијата, додека, според него, суштината на случајот укажува на политички договор меѓу владејачките структури.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања