Промени тема
Контакт

СДСМ: Прегреа кујната на ВМРО пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО вели за членовите на СДСМ дека се истурени играчи на руската политика? Дали сте свесни што напишавте? Кој им ги пишува овие соопштенија и прес конференции? Дали Мицкоски во бес, лично, или пак Ивона, или нејзиниот соработник од српските служби Латас?Дали знаете што е НАТО? Изгледа дека не знаете, вели СДСМ.

„НАТО е најмоќниот воен сојуз во светот и го сочинуваат 32 земји (претежно Европа, САД и Канада).

Сите овие земји воведоа санкции против Русија, освен Турција и вашиот Орбан (оној кому му дадовте енергетика, телекомуникации и преку кого контролирате 40% од медиумите во Македонија, кои ги објавуваат вашите глупости)!

СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку еден од најкратките постапки во споредба со мнозинството членки – за помалку од две години.

Што направиве вие од ВМРО по прашањето на евроинтеграциите во овие две години катастрофална, криминално-коруптивна власт, освен изолација на земјата и пад на економијата?

Треба ли уште нешто да се каже за вашиот наслов „играчи на руската политика“?

— реклама —

По Дубаи, зграда од 42 ката, Харис Џиновиќ, скокови во далечина, Венеција, Сен Мориц, др. Жан, модуларни болници (ова и да не го спомнуваме што ги навредувате семејствата на загинатите), сега и ова.

Сето ова за помалку од два месеца.

Па зарем не ви е јасно дека веќе не поминува ни во Северна Кореја или во некои далечни земји од третиот свет, на чија листа ја ставивте Македонија за американски визи.

— реклама —

Дали вие навистина мислите дека Македонците се слепи и глуви?

Станува сè посмешно.

Ви прегреа кујната.

— реклама —

Утре доаѓа Марк Руте, генералениот секретар на НАТО, сојуз во кој е Македонија благодарение на сериозната државничка политика што се водеше во времето на мандатот на СДСМ.

Благодарение на таа сериозна посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија и нивните деца се помирни, побезбедни и побезгрижни.

А Мицкоски нека смисли што ќе му каже на генералот секретар на НАТО за своите најблиски – вицепремиерот  Стоиљковиќ и почесниот конзул Адамовиќ, како и за нивните врски со Русија и нивната служба за безбедност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 19 часа

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 21 час

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања