Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-librarybackgt3afp4eb2UKbKz

СДСМ: Дали ставот дека „Српска Македонија“ била окупирана е критериумот за избор на Адамовиќ?

Фатени во скандалот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во соседна Србија, ВМРО-ОКГ се обиде да се сокрие зад лаги, вели СДСМ.„Одлуката за назначување почесен конзул ја носи Владата на седница.Не поминува префрлање вина, не поминува дефокус.Бидејќи ВМРО-ОКГ вели дек Адамовиќ ги исполнувал условите да биде избран за почесен конзул треба да одговори кои се тие критериуми.Дали е критериум за Македонија да се пишува дека „Српска Македонија“ била окупирана?Или тоа што е висок функционер на СНС, нивната сестринска партија? Сестринската партија, очигледно, има многу такви функционери. Еден од нив, истакнат функционер и финансиер на СНС, беше уапсен во акција поврзана со 5 тони дрога што потекнува од Македонија.Дали бројните афери со оружје, престрелки и напади со бомби со криминална позадина значат исполнување на критериумите?Мицкоски мора да излезе и да одговори:Како од толку угледни и докажани бизнисмени во Србија, Владата го избрала токму Адамовиќ – човек со криминално минато за почесен конзул на Македонија?“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrhpvs0j72uem79YSPPW

СДСМ: Владата ја носи одлуката за почесен конзул, ВМРО-ДПМНЕ да одговори за Адамовиќ

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја избегне одговорноста во случајот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во Србија, истакнувајќи дека одлуката за именување ја носи Владата на седница.Од партијата посочуваат дека прашањето на одговорноста завршува токму таму – кај извршната власт, која формално и правно ја носи одлуката за избор на почесен конзул. Според СДСМ, покрај институционалната одлука, клучни се и критериумите врз основа на кои е направен изборот.„ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Адамовиќ ги исполнувал критериумите, но не кажува кои се тие критериуми“, наведуваат од СДСМ, отворајќи прашања дали станува збор за политичка блискост со премиерот Христијан Мицкоски или за неговата поврзаност со Српската напредна странка.Од партијата посочуваат и на информации во јавноста за наводни афери поврзани со Адамовиќ, прашувајќи дали македонските безбедносни служби направиле соодветна проверка пред именувањето и дали постоело лично лобирање.СДСМ бара премиерот јавно да одговори како од толку угледни бизнисмени во Србија Владата го избрала токму Адамовиќ за почесен конзул на Македонија и дали биле земени предвид сите релевантни околности при донесувањето на одлуката.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrhpvs0j72uem79YSPPW

(Видео) СДСМ прашува: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен конзул?

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, отвори прашања во врска со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Србија, со седиште во Панчево.Кузеска посочи дека пред околу еден месец српското Министерство за надворешни работи соопштило дека му ја предало егзекватурата на Адамовиќ, со што и официјално стапил на функцијата почесен конзул.„Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, праша Кузеска.Таа наведе дека на социјалната платформа „Икс“ може да се најдат стари објави на Адамовиќ во кои, како што рече, се користи формулацијата „српска Македонија“ и се тврди дека била окупирана, што според неа претставува скандал.Кузеска дополнително обвини дека Адамовиќ бил висок функционер на Српската напредна странка, која ја нарече сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, и дека бил близок до српскиот претседател Александар Вучиќ. Според неа, тој бил член на Извршниот одбор на СНС, координатор за Срем и координатор за Јужен Банат.Портпаролката на СДСМ се повика и на медиумски објави во Србија во кои, како што рече, се споменуваат различни афери поврзани со Адамовиќ, вклучително и наводи за негова поврзаност со трговија со оружје, како и информации за претходни инциденти и апсења.„Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво минато е избрана за почесен конзул?“, изјави Кузеска.Таа го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали македонските безбедносни служби ја провериле биографијата на Адамовиќ и дали постои каква било негова врска со Владата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ обвини дека правосудниот систем во државата се става под директна политичка контрола на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека со последните кадровски одлуки се нарушува независноста на институциите.Од партијата тврдат дека смената на јавниот обвинител била направена со цел, како што наведуваат, да се постави обвинител близок до власта. Според СДСМ, независната кандидатка Ристовска, која добила максимални оценки од Советот на јавни обвинители, била елиминирана, а изборот бил направен по политичка одлука.Во соопштението се наведува и дека лица поврзани со владејачката партија добиваат позиции во правосудните институции, посочувајќи дека сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е назначена за член на Судскиот совет, додека, како што тврдат, владини претставници однапред знаеле судски одлуки за незавршени предмети.СДСМ обвинува и за, како што велат, кампања за дискредитација на предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, со цел да се избегне одговорност за функционери блиски до власта.Партијата посочува дека институциите не реагираат на наводи за неправилности во јавни набавки, наведувајќи дека повеќе од 80 дена нема постапување по пријавите доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата, ниту реакција од обвинителството и финансиската полиција.Во соопштението се споменуваат и повеќе тендери, меѓу кои 161 тендер за фирма поврзана со семејството Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, 74 за „Ленди Груп“, како и договори во вредност од милиони евра доделени на компании со мал број вработени.СДСМ оценува дека, според нив, станува збор за повторување на практики од минатото и побара институционална одговорност.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешната власт предводена од СДС и ДУИ целосно го ставила судството под политичка контрола, тврдејќи дека изборот и разрешувањето на судии и обвинители се вршеле под партиски притисоци.Од партијата наведуваат дека, според нив, по насока на тогашното раководство на СДС и поранешниот премиер Зоран Заев се избирале „подобни и послушни“ судии и обвинители, додека судии кои не биле под политичка контрола биле разрешувани во кратки рокови.Како пример го посочуваат поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој во телевизиско гостување изјавил дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење во судски предмет, за кој, како што тврди, постоеле барања од тогашната власт и коалициските партнери СДС и ДУИ.Според неговите наводи, по изјавата дадена на судско рочиште, на кое посочил дека е потребна дополнителна консултација со колегите во случај поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, Судскиот совет свикал итна седница и наредниот ден донел одлука за негово разрешување.Катевеновски, како што пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оценил дека разрешувањето не било случајно и дека стоеле политички одлуки на тогашните власти, односно на СДС и ДУИ.Од партијата тврдат дека ваквите сведоштва, според нив, ја потврдуваат тезата дека судството и обвинителството биле под целосна политичка контрола и дека од партиските центри се одлучувало за судски постапки и одговорност.ВМРО-ДПМНЕ оценува дека случајот претставува доказ за партизација на институциите во изминатиот период и повика на утврдување одговорност.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата

СДСМ ја повика власта да го поддржи предлог-законот за минимална плата од 600 евра, оценувајќи дека граѓаните се соочуваат со раст на цените и сè потежок животен стандард, додека, како што наведуваат, државните функционери продолжуваат со непродуктивни трошоци.Од партијата соопштија дека синдикалната потрошувачка кошничка веќе надминува 67.000 денари, поради што, според нив, работниците се принудени да излегуваат на протести и да бараат повисоки плати и достоинствен живот.СДСМ посочува дека нивниот закон за минимална плата од 600 евра е ставен на дневен ред во Собранието и ја повика власта да покаже конструктивност и да го поддржи решението во интерес на работниците.Според партијата, средствата за зголемување на минималната плата може да се обезбедат преку ребаланс на буџетот и пренамена на средства кои, како што тврдат, се трошат за авион, мебел, нови службени возила, кабинети, патувања, репрезентации и тендери.„Доста е луксуз на власта, време е парите да се насочат кон работниците“, наведуваат од СДСМ во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Наместо ЕУ интеграција, Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ нудат само изолација

СДСМ денеска ја обвини опозицијата ВМРО-ДПМНЕ дека наместо реформи, ја води земјата кон изолација со секојдневен анти-ЕУ наратив. Од партијата нагласуваат дека опозицијата го блокира европскиот пат, измислува нови конфликти со соседите и не спроведува неопходни реформи за членство во Европската Унија.„После две години владеење на Мицкоски, реформите стојат, а европската перспектива на земјата е загрозена. Наместо независно правосудство, слобода на медиуми и борба против корупција, гледаме контрола врз институциите, задушување на медиумите и секојдневни црни кампањи“, велат од СДСМ.Партијата потсетува дека со државнички политики, СДСМ ја внесе земјата во НАТО, го одблокираше закочениот пат кон ЕУ и обезбеди признавање на македонскиот јазик. „Европската Унија не врши булинг, таа бара исполнување на реформите, а ВМРО-ДПМНЕ сака да остане во изолација за да контролира институции и да избегнува одговорност“, нагласуваат од партијата.Според СДСМ, неодамнешната европска перспектива за членство до 2027 година за земјите од Западен Балкан покажува дека Црна Гора и Албанија напредуваат, додека Македонија заостанува поради политика на изолација и сопствена саботажа од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупевска по изјавата на Мицкоски за Ристоска: Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на "мис"

Функционерката на СДСМ, Ана Чупевска, реагираше на јавните изјави на премиерот поврзани со изборот на обвинители, оценувајќи дека извршната власт не смее да си зема за право да утврдува кој е „подобен“, а кој не за гонење криминал.„Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на ‘мис’, па почнаа јавно да оценуваат кој е ‘подобен’, а кој не“, наведува Чупевска во својата реакција.Таа посочува дека во демократски систем премиерот нема надлежност да ги бира обвинителите според лични или политички критериуми, нагласувајќи дека доколку политиката дефинира кој ќе гони криминал, тогаш наместо правда ќе има, како што вели, „нарачана послушност“.Чупевска прашува уште колку пати јавноста ќе сведочи на, според неа, сценарио на „заробена држава“, оценувајќи дека секое директно политичко влијание врз правосудството ја нарушува неговата независност.„Кога политичарот ќе влезе во судницата, правдата по дефиниција излегува низ прозорецот“, наведува таа, апелирајќи на почитување на поделбата на власта и институционалната автономија.

Коментари | пред 3 седмици

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

СДСМ со иронично „извинување“ до Орце Ѓорѓиевски за тендерите

СДСМ со иронична реакција упати „извинување“ до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако тој ги демантираше дека чантата на неговата сопруга чини илјадници евра.„Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп.За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник.20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година.76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година.Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски?Или да се извинуваме и 74-те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра?Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе?А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е.Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

СДСМ: Мицкоски сам одлучува дека Ленче Ристовска „не е во игра“, во живо, на телевизија

Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството. Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски, вели СДСМ.„Тој одлучува кој ќе биде назначен.Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска –независната кандидатка за државен јавен обвинител.Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност.Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија.Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира.Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот.Медиумскиот октпод на Орбан во Македонија и неговите 40% медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо.На кого веќе не му е јасно?Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.Следува целосно погребување на правдата и правната држава.Исто како во времето на Никола Груевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

СДСМ: Само на Мицкоски и Сиљановска авионот им е „стар“ и „мал“ па мора нов – и тоа поголем.

Го покажаа своето вистинско лице. Маските паднаа, граѓаните го видоа нивниот „патриотизам“ на дело. За големите „патриоти“ на ВМРО мора да има и голем авион, вели СДСМ.„Многу држави, дури и членки на ЕУ, имаат постари авиони од македонскиот владин авион. Хрватскиот владин авион е 27 години, словенечкиот 23 години, црногорскиот 27 години а македонскиот 20 години.Во најбогатата земја во светот, САД просечната старост на флотата е 15,4 години (податоци од 19 февруари 2026 година).Само на Мицкоски и Сиљановска авионот им е „стар“ и „мал“ па мора нов – и тоа поголем.Тоа е нивниот „патриотизам“.  За нив луксузирањето е пред сè, пред потребите на граѓаните, пред работниците, пред земјоделците.Не прават споредби со платите во регионот, а фактот е дека македонските работници имаат најниска минимална плата.Не прават споредби со животниот стандард на граѓанитеа актот е дека македонските граѓаните имаат најнизок квалитет на живот во Европа.Само во луксузирање, тендери и авиони им е паметот.Тоа е „патриотската“ матрицата на една корумпирана и криминална власт“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

СДСМ: Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството

Портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, ја потврди владината контрола врз правосудство. Владата има податоци за судскиот процес на Андреј Жерновски којшто се уште не е завршен.  Не само што владата има информации, владата очигледно ги диктира пресудите. Како инаку би имала информации од судски процес во тек? Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството, вели СДСМ.„Го сменија јавниот обвинител, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд.Додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.За што им служи ова?За заплашување. Постојано се закануваат со обвинителство, со тужби, пресуди, нам секојдневно... сега им се закануваат и на синдикатите.Заплашувањето е модел за пресметка со и против опозицијата.Покрај сето ова, и безбедносните служби се користат за следење на сите неистомисленици. Тоа СДСМ најдобро го знае, а сега го знаат и луѓето од синдикатите.Служби за безбедност, обвинителство, судство, медиуми. Каде го има ова? Па во ВМРО.Исто како во времето на Груевски кого сега сакаат да го вратат. Затоа и владиниот авион најчесто летал во Будимпешта“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0mqu9voku8bq8ihODBh

СДСМ: Ако сѐ било по пропис со користењето на авионот зошто Владата не ги објавува листите со патници?

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници? Што се крие од јавноста, прашува СДСМ.„Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит.Генералната декларација (General Declaration) е задолжителен документ во меѓународната авијација што се доставува за да се идентификува воздухопловот, неговиот екипаж и патниците и мора да се приложи за секој меѓународен лет.Еве, Владата нека ги објави документите, за да видат граѓаните кој се патувал со владиниот авион и колку тоа ги чинело.Граѓаните го плаќаат авионот. Граѓаните ги плаќаат летовите. Граѓаните ги плаќаат трошоците за екипаж, одржување и гориво.Затоа граѓаните имаат право да знаат:Кој сѐ летал со владиниот авион?Колку точно чинел секој лет?Особено што нема пари за плати, нема пари за 600 евра минимална плата, се кратат 3 милиони евра од пациентите со ретки болести, се кратат 40 милиони евра од земјоделците.Ако сѐ било законски – објавете ги списоците. Ако нема што да се крие – покажете ги документите.Јавноста заслужува одговор“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykt09nbfuitd7cWsWRC4

Мицкоски: Мекото ткиво на македонскиот идентитет се вика СДСМ, Венко ми викаше дека нема проблем со промена на Уставот

„Секој оној кој што не и мисли добро на Македонија и граѓаните ќе бара меко ткиво и тоа го наоѓа во опозицијата во моментот. Тоа го наоѓа во опозицијата, ги слушаме изјавите на челниците на опозицијата во Македонија, кои што никогаш до сега не извлекоа поука од погрешните политики што ги правеа и партијата ја доведоа на тоа ниво, на кое што ја доведоа. Нормално, тоа беше искомбинирано со многу криминал, неработење, неиспорака“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во вечерашното интервју во емисијата Само интервју на ТВ Канал 5. Премиерот Мицкоски се потсети на средбата со тогашниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски каде што имал лидерска средба на која како што рече буквално го молел да не го прифати делот за историската комисија и условот за промена на Уставот да бидат дел од преговарачката рамка. „Јас не бев како сегашната опозиција, јас тогаш барав лидерска средба за да се изгради национален консензус. Дури се сеќавам како денес да беше таа моја последна средба со тогашниот претседател на Владата Ковачевски во Клубот на пратеници, кога го молев буквално да не го прифаќа ова. Дури му реков се што е на маса ќе прифатиме заедно, само немој делот со историската комисија и условот промена на Уставот да влезе во преговарачката рамка. Се друго ќе прифатиме, еве заедно ќе излеземе од овој состанок и подготвени сме ние како ВМРО-ДПМНЕ да прифатиме“, нагласи Мицкоски. Премиерот Мицкоски истакна дека со СДСМ имаат различни позиции и не можат да постигнат договор за национален консензус, бидејќи на средбата во Владата, лидерот на СДСМ Венко Филипче го информирал дека тој да може уште утре би го променил Уставот, потенцирајќи дека мекото ткиво кој што го има македонскиот идентитет се вика СДСМ. „Јас со претседателот на СДСМ имав една средба во Владата кога дојде, кога ја отворивме таа тема и тој јасно кажува дека има различни позиции и дека тој би го сменил Уставот кога би можел уште утре, за него тоа не е никаков проблем. И кога имаме такви различни позиции, јас не гледам како ние би можеле да најдеме консензус. Но, тоа е тоа меко ткиво кој што го има македонскиот идентитет се вика СДСМ. И ние треба да сме мудри и трпеливи, тие ќе измислуваат, напаѓаат со лаги, ние треба да сме концентрирани и јас да знаеме каде одиме“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0mqu9voku8bq8ihODBh

Опозицијата со споредба: Хрватска, Словенија и Црна Гора имаат постари владини авиони

СДСМ реагираше на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со староста на владиниот авион, наведувајќи дека леталото не е најстаро во регионот и дека споредбите покажуваат поинаква слика.Од партијата посочуваат дека македонскиот владин авион е стар околу 20 години, додека владиниот авион на Хрватска е стар 27 години, словенечкиот 23 години, а црногорскиот исто така 27 години. Сите овие земји, наведуваат од СДСМ, редовно ги користат своите летала за службени патувања.Во реакцијата се наведува и пример од Соединетите Американски Држави, каде што, според достапни податоци, просечната старост на флотата на „Јунајтед ерлајнс“ изнесува 15,4 години, при што дел од авионите се стари и до 35 години и секојдневно извршуваат комерцијални летови.СДСМ оценува дека отворањето на темата за набавка на нов и поголем авион е несоодветно во услови кога, според нив, минималната плата во земјата е меѓу најниските во регионот и Европа. Според партијата, фокусот треба да биде ставен на економската состојба на граѓаните, а не на прашања поврзани со луксуз и комфор на функционерите.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања