Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

siljanovska-davkova-1

СДСМ: Наместо за авиони, Сиљановска да зборува за најниските плати во Европа

СДСМ со реакција ја критикуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по нејзините изјави во врска со користењето на владиниот авион, оценувајќи дека наместо за летала, треба да се зборува за економската состојба на граѓаните.Од СДСМ наведуваат дека претседателката досега најмногу го користела владиниот авион и дека не соопштува колку тоа ги чини граѓаните. Според партијата, наместо да се отвора прашањето за набавка на поголем или поудобен авион, фокусот треба да биде ставен на ниските плати, поскапувањата и животниот стандард.Опозициската партија тврди дека минималната плата во државата е најниска во регионот и меѓу најниските во Европа, посочувајќи дека предлогот за минимална плата од 600 евра не наидува на поддршка од власта. Во реакцијата се наведува и дека летовите со владиниот авион можат да чинат и до 40 илјади евра, што, според СДСМ, е значително повеќе од комерцијален лет во економска класа.СДСМ поставува и прашање дали претседателката разговарала со своите колеги од регионот за економската состојба на македонските работници и нивниот животен стандард. Според партијата, во јавноста се отвораат теми за луксуз и авиони, додека прашањата за платите и социјалната сигурност остануваат во втор план.Од СДСМ порачуваат дека приоритет треба да бидат граѓаните и нивниот стандард, а не, како што наведуваат, луксузот на функционерите.

Македонија | пред 3 седмици

01102021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_obrakanje-za-novata-akademska-godina_9

Кога нема одговор за скандалите – веднаш Заев и нова измислена афера, вели СДСМ за власта

СДСМ со реакција обвини дека, како што наведуваат, кога нема одговор за актуелните скандали, владејачката партија веднаш отвора нови, според нив, измислени афери и лажни вести со цел дефокус на јавноста.Од партијата посочуваат дека повторното споменување на Зоран Заев, кој веќе пет години не е активен во политиката, претставува обид за пренасочување на вниманието од актуелните прашања. Според СДСМ, во јавниот дискурс се користи идентична реторика, со квалификации за „панична и хистерична реакција“, што, како што велат, укажува на недостаток на аргументи.Во соопштението се наведува дека, кога нема одговор за наводите во странските медиуми во врска со мигрантите, се отвора нова афера, кога се поставува прашањето за состојбата во буџетот и тендерските постапки, се пласираат други теми, а истото се случува и во контекст на случаите поврзани со модуларната болница, канабис-индустријата и други актуелни настани.СДСМ оценува дека во изминатите два месеца во јавноста биле пласирани повеќе различни наративи, кои според нив имаат за цел да создадат конфузија и да го прикријат одговорот на суштинските прашања поврзани со управувањето со државата.Од партијата додаваат дека, како што наведуваат, вистината не може да се надмине со лаги и медиумски конструкции и порачаа дека правдата ќе победи.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0mqu9voku8bq8ihODBh

СДСМ: Ако авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа и да го објави списокот на патници

Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, велат од СДСМ.„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

pari

СДСМ: Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра

Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е на дневен ред во Собранието, вели СДСМ.„Овој закон е реален и конкретен одговор на барањата на синдикатите и на работниците – 600 евра минимална плата за достоинствен живот.Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра.Дополнително, пратеничката група на СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата.Тоа значи – пари има, потребна е само политичка волја.Нема повеќе оправдување дека нема пари.Сите пратеници да дадат поддршка на Законот и да гласаат за 600 евра минимална плата.Без изговори. Без калкулации.Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-library4mhc6ssfenpdcTR9R2z

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета, вели СДСМ.„Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање:Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион.Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи.Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

aleksandar-nikoloski

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС, да не манипулира, за превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води една црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДС и нашите стратешки пријатели.„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе'', појасни Николоски.Вицепремиерот Николоски истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

Македонија | пред 3 седмици

vladin-avion

СДСМ: Очигледно за Мицкоски патувањето на море со авион е „хумано“

Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија. Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано“, велат од СДСМ.„Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе му бидат потребни.Често народот вели дека и парите може да бидат лековити.Хумано не е исто што и хуманитарно.Би било хумано да се зголемат платите на работниците на 600 евра. Затоа што луѓето едвај врзвуваат крај со крај,  не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства.А ако се плаши да лета со владиниот авион, како што вели, постојат и комерцијални летови. Е сега не мора со бизнис класа како што е навикнат и со карти од 4.000 евра, може да патува и со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.Тука „бизнис“ главно прави тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ.Сега кога Мицкоски призна дека го водел семејството на море на трошок на граѓаните, нека каже и кај кого беше на Јадранско море! За на граѓаните да им биде сè јасно.Овие жалопојки на Мицкоски тешко се слушаат. Морало кај Орбан, читај Груевски, морало кај сестринската партија по copy-paste инструкции за кампања.Дури толку ги применува инструкциите што почна да вметнува латински изрази како Вучиќ во своите изјави. Човек не знае дали го слуша Вучиќ или Мицкоски.Шкодата не му одговара, да, знаеме – подобар е мерцедес. Сигурни сме дека Груевски може и модел да му каже кој е најдобар.Срцепарателните приказни го понесоа дотаму што кажа дека ако загине, СДСМ ќе биде виновен.Почнува да звучи како неговата сестринска партија со која негуваат односи – таму секоја недела најавуваат дека нешто ќе му се случи на Вучиќ.Вистинска филмска сцена, солзите се тука. Само нема одговор за 5-те тони дрога преку граница и зошто не се укине луксузот на власта па работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

СДСМ прашува: Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски?

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на премиерот и на неговата расипничка власт, велат од опозициската СДСМ.„До толку се опиени од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери.Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата, им кратат 40 милиони евра на земјоделците, 5 милиони евра во спортот, премиерот ужива со парите на народот, со владин авион на море.Со часовници од 60 илјади евра, и со владин авион, Мицкоски покажа дека е ист како Никола Груевски кој се луксузираше со очила од 60 илјади евра и мерцедес од 600 илјади евра.Додека недостасуваат милијарди во буџетот, додека храната, струјата и греењето се поскапени, Владата планира нови стотици милиони евра за авион – за нови туристички патувања на премиерот и министрите.Ова е врв на аздисаност и ароганција на една корумпирана и криминална власт.Мицкоски нека не се крие, нека излезе пред граѓаните и нека одговори:Колку ги чинеше граѓаните неговото лукзусно летање со авион?Кој бил со него во владинот авион“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryae5pp36ld8i67XUSXCa

СДСМ бара одговор: Колку чинело летот на Мицкоски до Јадран и кој патувал со него?

СДСМ јавно го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори колку средства од буџетот чинело неговото патување со владин авион до Јадранското Море и со кого бил на тоа патување.Од партијата тврдат дека користењето на владин авион за, како што наведуваат, приватно луксузирање претставува „вистинското лице на власта“, оценувајќи дека додека граѓаните се соочуваат со економски притисоци, извршната власт демонстрира непримерен однос кон јавните пари.СДСМ наведува дека во исто време Владата одбива зголемување на минималната плата на 600 евра, кратела средства за земјоделците во висина од 40 милиони евра, како и пет милиони евра во спортот, додека, според нив, се користат буџетски средства за луксузни патувања.Во соопштението се прави паралела и со поранешниот премиер Никола Груевски, со тврдења за претходни набавки на луксузни предмети, како и со наводи дека дел од членовите на Владата патувале со владин авион во Будимпешта.Партијата дополнително реагира и на информациите за можноста за набавка на нов владин авион, оценувајќи дека станува збор за непотребен трошок во услови на буџетски дефицит. Според СДСМ, ваквите приоритети се спротивни на реалните потреби на граѓаните, кои се соочуваат со зголемени трошоци за живот.„Нека не се крие Мицкоски, да излезе пред граѓаните и да каже колку чинело неговото возење со авион до море и кој бил со него“, порачаа од СДСМ, барајќи транспарентност и отчетност за трошењето на јавните средства.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

СДСМ: 17 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал: како 5 тони дрога поминале преку граница

Трета недела веќе, 17 дена нема одговор како 5 тони дрога, вредна 40 милиони евра поминале преку македонската граница во Србија, вели СДСМ.„Сите молчат за најголемиот нарко скандал во регионот, сите се прават дека ништо не знаат.Мицкоски се прави дека не знае, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски, цела Влада не знае.На 65 илјади камери, скренери, контроли, полиција, царина, и никој ништо да не знае?Молкот не е случаен, молкот е потврда дека скандалот со 5 тони дрога води во врвот на власта и дека некој де обидува да го заташка.Не поминува дефокусот ниту лицитациите на Мицкоски за наводно запленета нелегална марихуана од 25, 40 или 100 тони.Ако се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, крива е повторно владата. Одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале, за сите што требале да спречат, а не спречиле.СДСМ нема да дозволи најголемиот нарко скандал да се заташка. Сите ќе одговараат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

297518608_641502313685107_970508072134121291_n

Премиерот на море со авион а за работниците нема пари за 600 евра плата, вели СДСМ

Премиерот ужива во луксузот на грбот на народот. Дури и на Јадранско море, на капење оди со владиниот авион, вели СДСМ„Додека нема пари за работниците, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека се кратат 40 милиони евра за земјоделците.Исто како Никола Груевски, тој купуваше мерцедес од 600 илјади евра и носеше очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купи нов авион, за нови туристички прошетки.Додека Мицкоски лета, работниците тонат.Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, се борат со скапотијата и ниските плати а премиерот Мицкоски се луксузира во свет на привилегии, ароганција и расипништво.Колку ги чинело граѓаните ова луксузирање на премиерот со владиниот авион“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

zemjodelci

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква „мала реформа“, велат од СДСМ.„Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра.Кај тутунот, субвенцијата за прва класа е намалена од 100 на 80 денари по килограм, што претставува директен удар врз тутунопроизводителите.Со зголемувањето на минималните површини за лозарство, овоштарство и поледелските култури, неколку илјади земјоделци за прв пат од 2004 година наваму ќе останат без денар субвенции.Дали за „реформа“ Трипуновски и владата на Мицкоски го сметаат елиминирањето на илјадници земјоделски семејства од системот на државна поддршка?Што е следно, дека и најголемиот криминален скандал со ИПАРД Програмата ќе го прогласат за „реформа“?Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остави земјоделците и без европска помош и со намалени субвенции.Оваа влада не ги крати парите за тендери туку ги кратат субвенциите од кои живеат земјоделците.161 тендер за една фирма, 51 тендер за втора, 74 тендери за трета, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку пошта, 9 милиони евта за фирма со двајца вработени.Не се крати тука ништо, како колачи се делат тендери.Нема пари за субвенции, нема пари за минимална плата од 600 евра, има пари само за криминални тендери, нов авион и за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarya6c1psbkkpqs88n6Ilf

Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Темата на денешната прес-конференција е Законот за високо образование, кој што од страна на партиската комисија беше детално анализиран и сакам да ги изнесам во јавноста нашите согледувања. Тука се вклопени секако и се забелешките согласно увидот на голем број универзитетски професори надвор од нашата партиска структура и може да кажам дека буквално сите без исклучок ги имаат овие забелешки кои што денеска ќе ги презентирам, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.„Имено сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, образовен една форма тоталитаризам, создаваат дискриминација кај младите ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди. Со една реченица класична вмровска работа на партизација и контрола на секој еден од секторите во државата. Прашање е дали ваква форма на закон може да се поправи со амандманска расправа и затоа дозволите ми е една по една да ги образложам овие забелешки. Прво во однос на владината контрола на универзитетите и рушење на автономијата. Со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај министерот односно кај владата и со тоа се нарушува автономијата на универзитетите. Преку членовите од 198, 199 201 министерот станува најмоќна фигура во високото образование, со можност да укинува одлуки на универзитетски органи. Наместо координатор, министерот станува наредбодавец и една форма на апсолутен владетел. Членот 13 наместо да ја штити институционалната независност отвара механизам за директна контрола од извршната власт. Ова е спротивно на европските стандарди и принципите на институционална автономија. Универзитетите не смеат да бидат продолжена рака на владата. Второ дискриминација на младите и партизација на кадарот. Тоа што законот го нуди на некој начин е гробница за младите асистенти,додека внимавајте создава привилегии за веќе пензионирани професори. Член 175 практично создава неправичен систем кој ги деградира младите кадри, а им овозможува продолжено влијание на веќе пензионирани професори. Додека младите наставници и асистенти се соочуваат со рестрикции, автоматски исклучување и несигурност, пензионирани професори добиваат право да предаваат и да користат институционални ресурси. И ова создава сериозен генерациски дисбаланс, го блокира природниот процес на академска обнова и практично го поттикнува одливот на млади кадри од државата. Наместо систем што ги охрабрува младите добиваме закон што нив ги оттурнува. Со една реченица ќе се протеруваат од државава најдобрите умови.Понатаму трето, практично се нуди закон во којшто науката станува луксуз само за богатите. Зошто? Поради тоа што се наметнуваат строги критериуми за публикации со инпакт фактор, без државата да обезбеди стабилно финансирање на науката, фондови за објавување, истражувачка инфраструктура и институционална поддршка притоа квалитетот се сведува само на бројки. Се поистоветуваат хуманистичките и биолошките науки. Додека хуманистичките науки се занимаваат со системот во државата и тука се прават истражувањата во нашите околности во нашите системи, истражувајќи ги тие работи ние немаме доволен број на национални списанија којшто нудат голем импакт индекс. И тука е несоодветно тоа поистоветување со биолошките науки. Понатаму член 123, 161, практично тоа се часописи со инпакт фактор во кој што објавувањето чини над 2.000 евра. Наместо да се понуди систем во кој што државата ќе инвестира во механизми и инструменти кои што на научно истражувачките работници, наставници на факултетите, младите кадри ќе им овозможи зголемен квалитет на истражување, наеднаш се наметнуваат критериуми коишто е невозможно во овој систем да се имплементираат. И тоа е практично дискриминирачки и социјално неправедно. Понатаму скандалозно би кажал се воведува сопственичка дискриминација и монопол на јавните универзитети над приватните што е спротивно и на Уставот и на европската практика. Член 132 став 10, се забранува приватните универзитети образуваат кадри во клучни области медицина, право, архитектура иако овие факултети со децении наназад некои нив имаат валидни акредитации добиени од државата. Станува збор за факултети кои што вработуваат професори, друг наставен научен кадар, кои што едуцираат студенти. Во овој момент има на раководни функции во државата луѓе кои што имаат дипломи од тие универзитети. Се поставува прашањето зошто се сака така брутално на тие универзитети односно факултети дај ми се одземат акредитациите и да се затворот. Зошто не е јавен интерес приватен факултет и зошто се поистоветува интересот со сопственоста. Јавен интерес е да се има факултет, а нема врска дали сопственоста притоа е приватна или државна. Битно е да е јавен интересот. Понатаму  дополнително студентите се лишуваат од дополнителен избор. Следно, сметам дека практично има една форма на академски терор престанок на звање и губење на работа по автоматизам. Се воведува казнено дисциплинарен модел каде професорите живеат практично во постојан страв од губење на работата. Член 164 предвидува по внимавајте, автоматизам, доколку не се исполнат дел од условите за реизбор, наставникот го губи звањето и работниот однос по сила на закон без заштитни и механизми од законот за работни односи. И ова е една форма академска гилотина, што сѐ сака да се направи, да се наметне страв, кадар кој ќе молчи и кој ќе биде послушан. Следно удар врз интердисциплинарноста и доживотното учење. Членовите 116-122-123 се ограничува упис на магистерски, докторски студии само на исто или сродно подрачје според статистички кодови, со што се убива можноста за промена на кариерата. И додека светот се спојува се формираат нови струки, тие еволуираат оваа власт ги сече врските помеѓу науките и со тоа се губи можноста луѓето да се доквалификуваат. Следно докторските студии стануваат привилегија. Барањата за докторски студии се поставени без реална проценка на времето и на трошоците. Докторатот практично останува скап премногу и недостапен и тоа ќе доведе до една неминовност младите повторно да заминуваат да ги прават тие научно истражувачки активности и истражување во странство. Член 124 став 1 се поставуваат апсурдни кумулативни услови, 50 меѓународни проекти, 500 научни публикации за 5 години, кои ги исполнуваат само неколку универзитети. И ова не е за квалитет туку за вештачко стеснување на кругот на оние кои смеат да произведуваат знаење принудувајќи ги младите да одат во странство. Последна точка којашто сметам дека треба да се спомене е една форма на дискриминација. Вонредните студии да се забранат е практично социјално неправедна и родово дискриминаторска пракса, затоа што се ограничува пристапот со оваа забрана до образование на вработени лица, возрасни студенти, лица со семејни обврски. Сметам дека ова ќе има сериозен ефект во родовиот контекст, бидејќи непропорционално и погодува и жените во образовниот сектор. Член 27 став 6 забрана на вонредни студии за наставнички професии директно се погодуваат жените кои треба да ги усогласат семејните обврски со професионалниот развој. Затоа во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во мое лично име, во име на огромен број на професори кои што интервенираа, кои што не контактираа во изминатиот период, верувам во име на буквално сите приватни универзитети а гледаме дека веќе и поединечно имаат реакции, прво апелирам овој закон вака да не се поднесува со Собрание. Доколку се поднесе и доколку оваа власт опстои така како што тоа го прави во секој еден сектор и тврдоглаво влезе во брутална партизација, елиминација на автономијата на универзитетите, кратење на можностите на младите, промовирање на некои нивни стари пензионирани веќе професори за дополнителна партиска контрола, немање ефикасни и ефективни предлог механизми како да се развие системот, да може да се развива научни истражувачката работа па тогаш да стигнеме после 5-10 или 15 години да може да се продуцираат такви трудови, тогаш ако се поднесува во оваа форма во Собранието ќе иницираме јавна расправа за да може целокупната стручна јавност да земе збор, да се слушне нивниот глас за да овој закон никако не помине во оваа форма туку да се модифицира“, вели Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Се случува она што го најави СДСМ, се формира нова сателит партија на ВМРО- „Српска Демократска лига“

Она што СДСМ го најави пред граѓаните уште пред еден месец се потврдува. Се формира ново „движење“, уште една сателит-партија во режија на ВМРО, „Српска Демократска лига“, велат од опозициската СДСМ.„Проектот ЗНАМ, кој беше креиран како алатка за одземање гласови од СДСМ веќе е целосно маргинализиран и се дели.Нивната улога сега е сведена само на гласање закони по налог на ВМРО и давање легитимитет на тендерската коалиција и криминалните зделки со тендери.Сега, откако ЗНАМ ја исцрпи својата употребна вредност, ВМРО оди чекор понатаму, прави нова сателит партија.По copy-paste моделот преземен од Вучиќ и СНС, нивната сестринска партија, со цел создавање контролирана опозиција и дополнително збунување на гласачите.Станува збор за т.н. „Српска демократска лига“, директна копија на Српската лига, со изразен проруски наратив и отворена поддршка на политики кои не се во интерес на европската иднина на Македонија.Во ова сценарио се споменува и Саша Богдановиќ како можен претседател, поради неговите директни релации со структури блиски до СНС, со задача да ја игра улогата како ЗНАМ. Паралелно со работаа на Стоилковиќ кој ги координра активностите во име СНС и БИА.СДСМ располага со информации дека имало повеќе обиди за врбување на членови на СДСМ за приклучување кон ова ново движење но без успех.Разговори се водат и со поединци кои се уценуваат или се обидуваат да бидат купени со финансиска поддршка обезбедена од ВМРО.Целта е јасна: раздробување на гласовите и слабеење на единствената вистинска опозиција – СДСМ.Затоа се постојаните напади врз СДСМ. Затоа не престануваат црните кампањи. Затоа се обидите за внатрешно разнебитување.Нема одговор за 5 тони дрога но затоа има дефокус и нова сателит – партија.Но, СДСМ нема да дозволи сценарија на контролирана опозиција и политички инженеринг по туѓи модели“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

СДСМ: Поминале 5 тони дрога преку граница а дома дозволиле 40 фудбалски стадиони марихуана, кој е крив?

16 дена јавноста чека одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. Нема одговор кој од власта ќе одговара за најголемиот нарко скандал, вели СДСМ.„Наместо одговори, гледаме дефокус, лицитирање со бројки за запленета наводно нелегално произведена марихуана во Македонија и обиди за заташкување  на скандалот.Премиерот Мицкоски лицитира со 25, 40, па и 100 тони запленета марихуана, наводно нелегално произведена.Ако навистина станува збор за нелегално производство од такви размери, тоа отвора уште посериозно прашање за одговорноста која мора да се прошири на повеќе институции токму во власта.Како се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, а институциите не знаеле, не провериле, не контролирале?Одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале. За тие што требало да спречат, а не спречиле.Наместо дефокус и бегање од одговорноост власта да одговори:Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил во државата да никнат 40 фудбалски стадиони марихуана?СДСМ нема да дозволи овој скандал да се заташка. Одговорност мора да има – за сите“, се вели во соопштението,

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања