Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Власта дели тендери како колачи – 74 тендери само за една фирма за две години

Додека владата на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра, додека кратат 40 милиони евра субвенции за земјоделците, има за нов авион, лукзус, мебел, возила, и згора на се, дели тендери како колачи, велат од СДСМ.„Кога се носат часовници од 65 илјади евра, нема време за работниците и граѓаните има само за приватен бизнис.Едни исти фирми, блиски до власта, добиваат огромен број тендери, со милионски милонски суми за краток период. 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра за само две години добила фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје.Наглиот раст на договорите започнува во 2024 година и продолжува во 2025 година. Само минатата година се склучени 59 договори, најголем дел со општини раководени од ВМРО-ОКГ.Симптоматично е што вредноста на договорите речиси целосно се поклопува со проценетата вредност на тендерите –што е класичен индикатор, сериозен сомнеж за наместени јавни набавки.161 тендер за семејната фирма на Томовски. 51 тендер за друга фирма преку општини. Сега 74 тендери за трета фирма блиска до власта.За сите овие скандали повеќе од 54 дена молчат Обвинителството, ДКСК, Финансиската полиција.На сите треба да им биде јасно дека одговорност ќе има.Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува да ги разоткрива шемите со криминални тендери.Одговорност ќе има.Работата не е завршена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Модуларната болница во Тетово е симбол на импровизациите на СДС, вели Манасиевски

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 лица, повторно е во фокусот на политичките обвинувања, откако членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изнесе сериозни критики на сметка на поранешната власт на СДСМ и тогашниот министер за здравство Венко Филипче.Манасиевски изјави дека несреќата претставува „најцрн симбол“ на начинот на кој, според него, се управувало со здравствениот систем, обвинувајќи за импровизации, законски измени по итна постапка и занемарување на безбедносните стандарди. Тој посочи дека во периодот на пандемијата бил изменет Законот за градење, при што модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, со што, како што наведе, биле заобиколени редовните процедури и контроли, а одобрението за поставување го издавало Министерството за здравство.Според Манасиевски, јавните тврдења на поранешната обвинителка Лејла Кадриу упатуваат на сериозни пропусти при изградбата, меѓу кои поставување панели со пур пена наместо со камена волна, како и отсуство на елаборат за електрична енергија и соодветна разводна табла. Тој оцени дека станува збор за безбедносни отстапки што, според нивните наводи, имале фатални последици.Дополнително, Манасиевски тврди дека постоела можност ковид-пациентите да бидат сместени во постојните капацитети на болницата, но наместо тоа бил реализиран проект вреден милиони евра. Тој праша каде завршиле средствата од обезбедените 30 милиони евра, наведувајќи дека за изградбата биле потрошени околу 300.000 евра.Во својата изјава, тој посочи и дека поранешната обвинителка Кадриу била суспендирана откако побарала градежно вештачење, што, според него, отвора сомнеж за притисоци и партизација на правосудниот систем.Од ВМРО-ДПМНЕ бараат целосна истрага и утврдување на одговорност, оценувајќи дека граѓаните заслужуваат правда и транспарентност во врска со случајот што ја потресе јавноста.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypcj7jiv5m2ph0naaS63

СДСМ: ВМРО-ОКГ ги злоупотребува жртвите од модуларната болница за црна кампања

СДСМ со остра реакција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги злоупотребува загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка и дефокус од, како што наведуваат, најголемиот нарко-скандал во државата.Од партијата тврдат дека власта нема одговор на прашањата како пет тони дрога ја преминале границата и кој ќе понесе одговорност, па наместо тоа, според нив, се пласираат „лажни вести, црни кампањи и јавен линч“.Во реакцијата се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ прво го користела доктор Жан, претставник на здравствена установа, за, како што тврдат од СДСМ, „измислена афера“ со цел напад врз претседателот на партијата Венко Филипче.„Сега и 14-те загинати во несреќата во модуларната болница ги злоупотребуваат за своја црна кампања и дефокус од криминалот со дрогата од пет тони“, се наведува во реакцијата.Од СДСМ оценуваат дека е недозволиво трагедијата во која животот го загубија 14 лица да се користи за политички цели и апелираат на одговорност и почит кон семејствата на настраданите. „Шокантно е колку немаат срам и човечност, па си поигруваат со чувствата на семејствата“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Кој дозволил одгледување марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони?, прашува СДСМ

СДСМ обвини дека власта молчи за, како што го нарекува, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како пет тони дрога ја поминале македонската граница и кој ќе понесе одговорност. Од партијата посочуваат дека изминале 15 дена без конкретни одговори од институциите.Во реакцијата се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и други функционери, не дале објаснување за случајот, туку, според СДСМ, се впуштиле во медиумска кампања со тврдења за наводно запленети 100 тони нелегално произведена марихуана.СДСМ оценува дека доколку навистина станува збор за таква количина, тоа би значело дека институциите целосно потфрлиле. Според нив, за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што го споредуваат со повеќе од 40 фудбалски стадиони. Оттука прашуваат кој дозволил толкава површина да се користи за одгледување и зошто не биле извршени теренски контроли.Од опозициската партија посочуваат дека Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и надлежните инспекциски служби, според нив, две години не презеле соодветни мерки. Дополнително, се поставуваат прашања за улогата на безбедносните служби и за тоа како толкава количина дрога била транспортирана, складирана и пакувана без да биде забележана.СДСМ прашува и како пет тони дрога ја поминале границата покрај, како што наведуваат, илјадници камери од системот „Сејф сити“, скенери и контроли од полицијата и царината.Од партијата порачуваат дека нема да дозволат случајот да биде заташкан и најавуваат дека ќе продолжат да бараат одговорност, оценувајќи дека одговорноста, како што велат, се наоѓа во врвот на власта.

Македонија | пред 3 седмици

media-library8hq3j8pg4vqe8YoVd7f

Филипче: Власта удри и по средните винарии, треба да продадат 30% од грозјето за да добијат субвенции

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава од Моклиште, Кавадраци, нагласи дека со новите критериуми за добивање субвенции владата директно ги оштетува  средните винарии, а новите правила за субвенции одат  во прилог на само неколку големи компании.„Средните винарии имаат обврска да продадат,  30% од грозјето на најголемите една или две винарии, со цел да воопшто стигнат до субвенција. Сето ова оди во прилог на потребите на само една или две големи винарии. Лозарите, тие кои мака мачат на сонце на лозовите насади, малите винари, средните винари, сите се намерно оштетени, намалени им се парите или воопшто нема да можат да ги земат, што е една катастрофа за овој регион“, рече Филипче.Тој додаде дека во новата Програма за субвенции во земјоделството и парите се скратени и условите за добивање субвенции се усложнети.„Владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина, помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ“, рече Филипче.Во изјавата Филипче нагласи дека лозарите не можат да очекуваат позитивни вести кога станува збор за поддршката од државата.„За жал, сметам дека лозарите оваа година немаат да има добри вести во однос на тоа што значи поддршка од страна на владата за развој на овој сектор. Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба, пљачка и незаинтересираност за луѓето.Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: Огласот на ВМРО-ДПМНЕ е повик за „нови криминалци“ на локално ниво

СДСМ остро реагираше на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за генерален реизбор на претседатели на 76 општински комитети, обвинувајќи ја партијата дека, како што наведуваат, „ја комплетира структурата за нова локална поставеност како организирана криминална група“.Во партиската реакција, ВМРО-ДПМНЕ се нарекува „ВМРО-ОКГ“, а се тврди дека огласот претставува повик за, како што наведуваат од СДСМ, „нови криминалци на локално ниво“. Според опозициската партија, двајцата секретари на премиерот Христијан Мицкоски подготвиле оглас за избор на раководства во 76 општински комитети, кои, според нивните обвинувања, би требало да работат на „криминални тендери“, „соработка со службите“ и „покривање на теренот за дистрибуција на опијати“.СДСМ во соопштението наведува дека сите позиции на централно ниво, според нив, веќе се распределени, посочувајќи дека Мицкоски ги укинал потпретседателските функции и поставил секретари, за кои тврдат дека се задолжени за тендери и за соработка со безбедносните структури.Во реакцијата се споменува и поранешниот премиер Никола Груевски, за кого СДСМ наведува дека се подготвува терен за негово враќање од Унгарија, оценувајќи дека станува збор за „главниот и единствен газда“ на, како што ја нарекуваат, „ВМРО-ОКГ“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

СДСМ: Четиринаесет дена молк за 5 тони дрога запленета во Србија, кој ќе понесе одговорност?

СДСМ обвини дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што наведуваат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како пет тони дрога успеале да поминат преку македонската граница и кој ќе сноси одговорност.Од партијата посочуваат дека молкот на Владата, предводена од Христијан Мицкоски, како и на надлежните функционери, претставува, според нив, индиректна потврда дека случајот допира до највисоките владини структури.СДСМ реагира и на изјавата на Мицкоски во која спомнал заплена од 100 тони марихуана, прашувајќи како било можно толкаво количество да се произведува без институциите да реагираат. Според нив, за производство на таква количина би била потребна значителна површина и континуирана логистика, што отвора сомнежи за евентуални пропусти во контролите.Партијата поставува прашања за улогата на Министерството за внатрешни работи, инспекциските служби и безбедносните агенции, како и за функционирањето на системот „Сејф сити“, прашувајќи како е можно шлепери со дрога да минуваат покрај камери, скенери и контроли.Од СДСМ порачаа дека нема да се откажат од барањето одговорност и повикаа на целосно расчистување на случајот. Од Владата засега нема официјален став на обвинувањата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryamnv31vi0dvpf3Q0GVs

СДСМ: Владата ги намали субвенциите за 40 милиони евра, земјоделците се понижени

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ги намалила субвенциите за земјоделците од 140 на 100 милиони евра, што, според партијата, претставува директен удар врз домашното производство и егзистенцијата на земјоделските семејства.Од СДСМ тврдат дека пред изборите биле ветувани 180 милиони евра субвенции, а наместо зголемување, земјоделците добиле кратење од 40 милиони евра. Дополнително, како што наведуваат, условите за добивање субвенции се усложнети, зголемени се праговите, а укината е и авансната исплата што претходно обезбедувала финансиска сигурност.Партијата ја обвини Владата дека нема средства за субвенции и за зголемување на минималната плата, но, како што велат, има средства за луксузни трошоци и за сомнителни тендери.Во соопштението се наведува и дека поради, како што тврдат, неправилности, била суспендирана ИПАРД 3 програмата, со што, според СДСМ, се доведуваат во прашање и европските средства наменети за поддршка на земјоделството.Од Владата засега нема официјален одговор на обвинувањата на опозициската партија.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

СДСМ: 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница, цела Влада не знае, како да не се од тука

13 дена нема одговор како 5 тони дрога, вредна околу 40 милиони евра, поминале преку македонската граница, велат од опозициската СДСМ.„Сите молчат.Кои се луѓето граница, во Царина, во полиција, во МВР, началници, директори, службеници?65 илјади камери од Сејф сити, скенери, контроли, полиција и никој ништо не знае?Мицкоски се прави дека не знае, Тошковски не знае, Николовски не знае, Тарчуловски не знае, Томовски не знае.Цела Влада не знае. Како да не се од тука.На граѓаните веќе им е кристално јасно дека молкот е најсилна потврда дека најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога води до врвот на власта на ВМРО-ЗНАМ.СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка. Сите ќе одговараат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library2877un0pufru1GduPPg

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, вели СДСМ.„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што  политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд.Додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.Носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.Следува целосно погребување на правдата и правната држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

image-149

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски 

Нападите врз предметите на СЈО и црната кампања преку мадиумите на Орбан во Македонија се дел од организирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок, вели СДСМ.„Станува извесно дека блискиот сојузник на ВМРО, Виктор Орбан, може да се соочи со пораз на изборите во Унгарија. Оваа нова реалност ја гледа и самиот Груевски.Наместо да ја отслужува казната во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на осудениот криминалец во Белата палата.Така изгледаат „реформите“ во ВМРО: нема повеќе потпретседатели, сите се тргнати лично од Мицкоски.  Се расчистува патот за еден човек – за враќање на поранешниот лидер, додека Мицкоски е само чувар на фотелјата.Клучниот чекор во ова сценарио е систематскиот напад врз Специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку орбановата медиумска мрежа во Македонија, веќе се води црна кампања.Целта е јасна: дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување.Станува збор за организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот да се претстави како жртва.Истовремено, се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се презема целосна контрола врз судството и обвинителството.  Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“.Ова е директен напад врз владеењето на правото, врз правдата и врз европската перспектива на државата“, велат од партијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

СДСМ: Владата не сака да ги покачи платите на работниците – сака нов авион за Мицкоски

Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, вели СДСМ.„Работниците протестираат за достоинствени плати на улиците, за да можат да ги платат сметките и да обезбедат храната а Владата ги игнорира и најавува купивање нов авион.Ова е навреда за секој чесен работник, за секое семејство кое се бори со тешкото секојдевие, со високите трошоци и поскапувањата.Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат законското решение на СДСМ во Собранието за 600 евра минималната плата и поддршка на компаниите.Не сакаат ниту да дојде на дневен ред затоа што не сакаат да ги покачат платите на работниците и не сакаат да им помогнат на компаниите.Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос.Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купива авион на грбот на народот.За граѓаните и за работниците „нема пари“, само за луксузот на премиерот – мора да има, така функционира оваа криминална власт, во мафијашки стил.СДСМ останува на страната на работниците и ќе продолжи да се бори за повисоки плати за работниците, економска правда и враќање на достоинството на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk1cc0t2fofm379WmlZ2

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ подготвува враќање на Груевски и уривање на правниот систем

Во тек е координирана политичка операција чија цел е враќање на Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата., вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ. „Откако ги видовме резултатите од истражувањата во Унгарија, станува извесно е дека блискиот пријател на Мицкоски, Орбан може да се соочи со пораз на изборите. Тоа го виде и Никола Груевски. Наместо во Идризово, ВМРО му планира враќање во Белата палата. Така изгледаат „реформите“ во ВМРО. Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренција – се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски. Мицкоски е само чувар на фотелјата. Клучниот чекор во ова сценарио е нападот врз СЈО и пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку орбановите медиуми во Македонија, пред сè преку Алфа, веќе се води црна кампања со наратив за „политички прогон“ и „монтирани случаи“. Целта е јасна – дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување. Ова не е случајна медиумска офанзива. Ова е организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и да се претстави бегалецот Груевски како жртва. Истовремено се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се поставуваат партиски луѓе на клучни позиции и се слабее институционалната независност. Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“. Ова не е внатрепартиска работа на ВМРО. Ова е директен напад врз владеењето на правото и европската перспектива на државата“, вели Кузеска.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

СДСМ за случајот со марихуаната: Без поддршка и логистика на структури во власта ваков шверц не би бил возможен

11 дена молк од власта. Нема одговор како 5 тони дрога, по некои проценки вредни 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија, велат од СДСМ. „Кој ќе одговара? Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка. Без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции – ваква шверцерска операција на дрога не била возможна. Дополнително, последните информации објавени во медиумите во Србија отвораат нови сомнежи. Медиумите наведуваат дека уапсениот функционер на СНС (сестринска партија на ВМРО) кој се поврзува со откриените 5 тони дрога во Крушевац – Србија, е близок со министерот за одбрана, Братислав Гашиќ. Доколку овие информации се точни, се отвораат нови прашања. Дали нарко - скандалот води до Томовски, директор на СОЗР и ново назначен организациски секретар на ВМРО? Каква е поврзаноста на фирми на роднини на Ивица Томовски? Јавноста очекува одговори. А одговорност ќе има, за сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

СДСМ: ВМРО-ЗНАМ не сака да ја покачи минималната плата, го избра сопствениот луксуз наместо потребите на работниците

Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред, велат од СДСМ.„Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната седницата.Додека работниците протестираа пред македонското Собрание, внатре во собраниската сала беа понижени од пратениците на тендер коалиција ВМРО-ЗНАМЗатоа, во знак на протест пратениците на СДСМ ја науштија седницата.Барањата на претставниците на Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра или 36.960 денари се реални и издржани. Во буџетот има пари, само со пренамена на две категории се обезбедуваат 200 милиони евра, доволно да им се излезе во пресрет на работниците.Но, владата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака да ја покачи минималната плата, го избра сопствениот луксуз наместо потребите на работниците.Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, се ели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања