Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
image-149

Нападите врз предметите на СЈО и црната кампања преку мадиумите на Орбан во Македонија се дел од организирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок, вели СДСМ.

„Станува извесно дека блискиот сојузник на ВМРО, Виктор Орбан, може да се соочи со пораз на изборите во Унгарија. Оваа нова реалност ја гледа и самиот Груевски.

— реклама —

Наместо да ја отслужува казната во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на осудениот криминалец во Белата палата.

Така изгледаат „реформите“ во ВМРО: нема повеќе потпретседатели, сите се тргнати лично од Мицкоски.  Се расчистува патот за еден човек – за враќање на поранешниот лидер, додека Мицкоски е само чувар на фотелјата.

— реклама —

Клучниот чекор во ова сценарио е систематскиот напад врз Специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку орбановата медиумска мрежа во Македонија, веќе се води црна кампања.

— реклама —

Целта е јасна: дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување.

Станува збор за организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот да се претстави како жртва.

— реклама —

Истовремено, се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се презема целосна контрола врз судството и обвинителството.  Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“.

Ова е директен напад врз владеењето на правото, врз правдата и врз европската перспектива на државата“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања