Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ: Корупцијата цвета, во извештајот на Транспаренси, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

Граѓаните секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, велат од опозициската СДСМ.„161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени., 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта....5 тони дрога преку граница, се случи најголемиот нарко -скандал во регионот со дрога од Макеоднија која била шверцувана во Србија.Наместо реформи во правосудството власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ.Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта.Сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година.Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додаваат од СДСМ

Македонија | пред 1 месец

media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Тензии во Собранието: одбиен предлогот за минимална плата, СДСМ ја напушти салата

Пратениците на СДСМ ја напуштија денешната собраниска седница откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред, и покрај тоа што пред Собранието истовремено се одвиваше протестната блокада организирана од Сојуз на синдикати на Македонија со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра и останатите плати да пораснат за 100 евра.Од СДСМ информираа дека нивната пратеничка група побарала дополнување на дневниот ред со законското решение кое ги инкорпорира синдикалните барања, но предлогот не бил ставен ниту на расправа, ниту на гласање. Ова, според опозицијата, претставува директно кршење на деловничката процедура и воспоставување двојни стандарди во работењето на законодавниот дом.Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, реагираше дека правото на опозициските пратеници не смее да биде помало од правото на пратениците од власта и побара претседателот на Собранието, Африм Гаши, јавно да образложи зошто предлогот за зголемување на минималната плата не бил ставен на гласање, и пред пратениците и пред граѓаните кои протестираа пред зградата на парламентот.Спасовски појасни дека СДСМ го поднела предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што, како што нагласи, бил исполнет условот точките поднесени до крајот на претходниот месец да се најдат на дневен ред. Дополнувањето или корекцијата на текстот, според него, согласно Деловникот не претставува ново поднесување и не смее да биде причина за блокада.Тој оцени дека барањето на синдикатите минималната плата да се зголеми на 600 евра, односно 36.960 денари, е реално и финансиски остварливо, доколку постои политичка волја. Притоа потсети дека во периодот кога СДСМ била на власт минималната плата се зголемила од 8.600 на 22.400 денари, што, според него, покажува дека системско покачување е можно.Од СДСМ остро реагираа и на, како што наведоа, селективниот пристап на претседателот на Собранието, истакнувајќи дека во минатото на дневен ред биле ставале законски предлози доставени дури и на самиот почеток на седниците, но само кога тие доаѓале од редовите на власта. По едночасовната пауза, пратеничката група на СДСМ одлучи да не учествува во продолжението на седницата, оценувајќи дека ваквата практика дополнително го нарушува дигнитетот на Собранието и создава нерамноправна позиција меѓу пратениците.

Македонија | пред 1 месец

media-library5um6bd0ato5dfMVHU0z

Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски, вели СДСМ

Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, вели СДСМ„За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се потребни околу 200 милиони евра. Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за работниците.Со решението на СДСМ, преку ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, службени возила, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и поддршка на приватните компании без да им се загрози ликвидноста.Но Власта го избра својот луксуз наместо егзистенцијата на работниците и не го прифаќа ова јасно и одржливо решение.Груевски купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра со пари на граѓаните.Мицкоски носи часовници вредни над 60 илјади евра, или 150 минимални плати, и сега сака авион од стотици милиони евра.Нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа што Владата планира купување нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt8fvofge0898f23QXCw

(Видео) Државниот врв е за набавка на нов авион оти овој се рарсипува, за опозицијата тоа е „расипништво“

Треба да се набави нов државен авион за официјални и државни потреби, порача директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, оценувајќи дека државата, доколку сака да се претставува сериозно на меѓународно ниво, мора да располага со соодветни транспортни капацитети.Според Томовски, постојниот авион не ги задоволува потребите на државните институции. Тој посочи дека леталото е склоно на чести дефекти, повеќепати било испраќано на сервисирање, има ограничен капацитет од околу шест седишта и не овозможува превоз на соодветни делегации. Во таа насока, Томовски оцени дека сериозен државен имиџ подразбира и сериозни возила и авион.Изјавата веднаш предизвика реакции од опозициската СДСМ, од каде што ја обвинија Владата дека, во време на економски притисоци и ниски приходи, приоритет ѝ е луксузот, а не животниот стандард на граѓаните. Од партијата посочија дека додека работниците тешко ги покриваат основните трошоци за живот и додека минималната плата не се зголемува, Владата размислува за купување авион за премиерот и за, како што велат, туристички патувања.Според СДСМ, за зголемување на минималната плата и за поддршка на приватниот сектор би биле потребни околу 200 милиони евра, додека за авион се споменуваат уште стотици милиони евра. Опозицијата оцени дека власта одбива да обезбеди повисоки плати, но не се откажува од луксузните трошоци.Во реакцијата, од СДСМ направија и споредба со претходните влади, наведувајќи дека поранешниот премиер Никола Груевски купувал луксузни автомобили и скапи лични предмети со пари на граѓаните, а дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски, според нив, сака да оди чекор понатаму преку набавка на авион вреден стотици милиони евра.Полемиката околу државниот авион ја отвори пошироката дебата за владините приоритети, односно дали во услови на економски предизвици и барања за повисоки плати, државата треба да инвестира во скап авион или средствата да ги насочи кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

avion

СДСМ: Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, Владата планира купување луксузен авион

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос, вели СДСМ.„Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра.За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за авион уште стотици милиони евра повеќе не се доволни.Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра.Мицкоски има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати и сака да купува авион од стотици милиони евра, за туристички патувања.Ученикот сака да го надмине учителот во луксузирање врз грбот на народот.И Томовски запнал за авион од стотици милиони евра, како да се надева на процент од набавката за семејната фирма?Малку да не им се 161 тендер досега?Сè е бизнис во ВМРО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydnp783b299cs0TJxAjC

Димитриевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

СДСМ веќе со денови предупредува на последните настани поврзани со најголемата заплена на марихуана во регионот: 5 тони дрога во соседна Србија, која потекнува од Македонија, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ„Ова е скандал од огромни размери кој го открива длабокиот криминал на актуелната власт предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски.Според неофицијални информации од медиумите во Србија, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога (DEA).Поради оваа меѓународна соработка, премиерот Мицкоски веќе една недела нема одговор на клучното прашање: како 5 тони марихуана успеале да ја преминат границата, да излезат од Македонија и да влезат во Србија?Овој молк не е случаен, туку индикатор дека во тврдењата има вистина. Бидејќи фактите укажуваат дека без поддршка на структури во власта, МВР, Царината и други институции, ваква огромна шверцерска операција би била невозможна. Затоа е паниката во власта. Наместо да се соочат со фактите, тие водат медиумска кампања за дефокусирање на јавноста од енормните количини запленета дрога. СДСМ бара итна, независна и транспаррентна истрага која ќе даде одговор на клучните прашања: Кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница? Дали Симе, од сликите со Мицкоски е исто така дел од мрежата? Ова нема лесно да заврши! Сите ќе одговараат“, вели Димитријевиќ.

Македонија | пред 1 месец

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ: Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра 

Владата на Мицкоски не сака да ја зголеми минималната плата на 600 евра и директно ги остави работниците сами во борбата за гол опстанок, вели СДСМ.„По две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници живеат сè потешко, додека вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари. Животот поскапува, а платите стагнираат, тоа е суровата реалност на македонските работници.Наместо да го прифати предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра за сите ранотници, владата склучи селективен договор кој опфаќа само околу 10.000 административни службеници. Притоа беа целосно се игнорирани останатите јавни службеници и останатите илјадници работници во приватниот сектор.Фактите се поразителни: околу 200.000 работници земаат плата под 30.000 денари. Тоа значи продлабочување на сиромаштијата, губење на достоинството на трудот и забрзано иселување на младите и квалификуваните луѓе.Минималната плата мора да важи за сите – во јавниот и во приватниот сектор, во фабриките, конфекциите и малите компании. Селективни решенија и козметички договори не го решаваат проблемот.Решението на СДСМ е јасно, реално и изводливо. Минималната плата веднаш се зголемува за 50%, односно за 12.000 денари, и достигнува 600 евра. Тоа е мерка што директно го подобрува животот на работниците – сега, а не некаде во иднина.Со ребаланс на Буџетот и со кратење на луксузот на власта – службени возила, мебел, патувања, кабинети, може да се обезбедат околу 200 милиони евра. Тие средства се доволни и за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании, без да се загрози нивната ликвидност.Но владата на Мицкоски ги извиси работниците и си го избра сопствениот луксуз“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library28plki67uefgeTxR3CO

СДСМ: Кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?

После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница, вели опозициската СДСМ.„Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан.Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5тони дрога и “лесно невидливо” да ја преминат границата и да заминат за Србија?Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна царина? Зошто немало контроли? Што правеле АНБ и АР?На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога.Од медиумите видовме дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери.Прашањето е кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Николовски, началници, раководители, инспектори, службеници. Кој?Заплените кои ги прави власта не се одговор на главните прашања туку дефокус од скандалот со 5 тони дрога.Но и тоа не може да ја спаси власта. Доколку се запленети нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.Затоа што дозволиле нелегално да се произведува и складира марихуана изминатите две години.Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на владата.Нема бегање. Сите ќе одговарате“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

sdsm-i-mickoski

СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците

Така наречениот договор којшто денеска е постигнат со УПОЗ е потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на работниците на 600 евра, вели СДСМ.„Овој договор се однесува на само мал број административни службеници, околу 10.000 не земајќи ги во предвид сите јавни службеници како на пример вработените во државните акционерски друштва и останатите работници.После две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници тешко живеат бидејќи вредноста на синдикалната  кошница порасна на 66.000 денари.Второ, периодот од покачување на платите минимално и тоа за две години од сега не е одговор на потребите на работниците на кои платите да им се покачат сега, оваа година.Околу 200.000 работници моментално земаат плата под 30.000 денари, што ја продлабочува сиромаштијата и го поттикнува иселувањето на младите и квалификуваните.Затоа минималната плата треба да се покачи за сите вработени, во јавниот сектор, во приватниот сектор и приватните компании, фабриките, конфекциите.Решението на СДСМ е реално, одржливо и целосно ги задоволува потребите на сите работници кои земаат минимална плата, сега и веднаш. Со решението на СДСМ минималната плата се покачува за 50%, односно за 12.000 денари и тоа сега.Само со ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, како коли, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании да им се загрози ликвидноста.Власта го избра својот луксуз пред животните, егзистенцијални потреби на работниците.Владата на Мицкоски ги изигра работниците“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library4onh518qipl0bsfoi1v

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поврзувајќи ги со, како што рече, низа скандали и сомнежи за криминал поврзани со производство и трговија со марихуана.Петрушевски изјави дека, според ВМРО-ДПМНЕ, името на Зоран Заев се појавува во речиси сите случаи во кои постои сомнеж за криминал, заедно со Венко Филипче, кого го нарече негов близок соработник. Тој оцени дека јавните настапи на Заев се, како што рече, „изблик на нервоза“ поради наводи дека лица блиски до него биле фатени „на лице место“.Пратеникот тврди дека Заев не ја говори вистината кога вели дека не гради во Дубаи и дека постојат јавни сведоштва според кои и тој и Филипче поседуваат т.н. златна виза. Според Петрушевски, Филипче претходно објаснувал дека визата ја добил како лекар, а постави прашање врз која основа Заев ја добил истата.Во обраќањето, Петрушевски истакна дека, според ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од Заев била основоположник на бизнисот со марихуана во Македонија. Тој тврдеше дека околу 70 проценти од запленетата дрога ѝ припаѓа на фирма поврзана со кадар на СДСМ, односно со лице блиско до Заев, додавајќи дека само во текот на вчерашниот ден во струмичкиот регион биле запленети околу 30 тони дрога.Како што наведе, станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, која, според неговите зборови, е поврзана со Тони Котев, познат како М’гчев, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село, при што формалната сопственост била на неговиот син, Христијан Котев. Петрушевски додаде дека Котев бил познат и по бизнис-релации со Вице Заев.Тој изјави дека, според документи со кои, како што тврди, располага ВМРО-ДПМНЕ, фирмата на Котев во период пократок од шест месеци во 2025 година испорачала 19 тони марихуана до скопска фабрика, каде што подоцна започнала полициска акција. Дополнително посочи дека дозволата за работа фирмата ја добила во 2020 година, кога премиер бил Заев, а министер за здравство Филипче.Петрушевски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш укажувала оти лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале на лица блиски до Заев, а не врз основа на исполнување на законските услови, наведувајќи и други примери на фирми кои добиле дозволи во истиот период.Од ВМРО-ДПМНЕ упатија апел до Јавното обвинителство да ја испита поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата во која била запленета марихуаната, како и да се утврди зошто, според нивните тврдења, Заев лично се интересирал и контактирал со државни институции во врска со случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.Петрушевски порача дека борбата против криминалот, според ВМРО-ДПМНЕ, е јасна и дека, како што рече, ќе дојде крајот на „наркокартелот на Заеви“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е заробена партија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска остро ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека партијата функционира како „заробен систем“ управуван од еден човек – лидерот Христијан Мицкоски.Според СДСМ, со последните одлуки Мицкоски ги отстранил сите потпретседатели и целосно ја укинал внатрепартиската рамнотежа, воспоставувајќи авторитарен модел на раководење во кој, како што тврдат, сите одлуки зависат исклучиво од него. Како дел од тие промени, од функциите биле тргнати Тимчо Муцунски, Александар Николовски, Владо Мисајловски и Гордана Кочовска.Во партиското соопштение се наведува дека наместо реформи, ВМРО-ДПМНЕ се трансформирала во „приватна фирма“, каде што приоритет имаат тесни интереси и приватни зделки, особено преку јавни набавки. СДСМ дополнително обвини дека ваквиот модел овозможува и непречено функционирање на незаконски активности, вклучително и шверц на дрога преку границите.Социјалдемократите тврдат дека на местото на отстранетите функционери се поставени најблиските соработници на Мицкоски, при што еден од нив бил задолжен за организација и контрола на тендерите, а друг за контакти и соработка со безбедносните служби.„Станува збор за затворен систем на контрола, моќ и бизнис-зделки, во кој партијата е целосно заробена“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryod8jha00559t6yk7q50

Димитријевиќ: Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога води директно до врвот на власта

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта, затоа цела недела нема информации, а а јавноста е сведок на организирана владина медиумска кампања  за дефокусДимитријевиќ посочи дека цела недела нема одговор на клучното прашање, како толкава количина дрога поминала преку македонската граница и кој ќе одговара за тоа.„ Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус.Од јавно објавените фотографии може да се види дека запленетата дрога во Србија била пакувана во големи картонски кутии со димензии 60 на 40 сантиметри, со по 4 до 5 килограми марихуана во најлонски кеси. Тоа значи многу пратки, и многу возила, камиони. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери или камиони требало да ја поминат границата. Како?“, рече Димитријевиќ.Притоа, Димитријевиќ истакна  дека и за последните акции за запленет, одговорноста е кај власта.„МВР молчи за тоа како 5 тони преминале преку македонската граница ама објавува дека заплениле 40 тони канабис во земјава. Ако навистина се запленети 40 тони нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.“Тој нагласи дека без поддршка и заштита од институциите, ваков шверц не е возможен.„Без поддршка, заштита и логистика од врвот на власта шверцот на огромна количина дрога преку границата не било возможно. Од Скопје до Табановце има 48 километри, со гранична и царинска контрола. Каде се камерите на „Safe City“? Каде е полиција? Каде се екипите на Мобилна царина? Каде се контролите?“, рече Димитријевиќ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека најавената заплена на 40 тони марихуана, масло од канабис и биомаса од страна на Министерството за внатрешни работи не го одговара клучното прашање – кој дозволил пет тони дрога да поминат преку македонската граница.Од СДСМ оценуваат дека власта води медиумска кампања за дефокусирање на јавноста, додека МВР молчи за одговорноста на институциите. Според партијата, за транспорт на пет тони дрога потребни се повеќе камиони, што, како што наведуваат, не можело да се случи без знаење или поддршка од структури во МВР, Царината и други државни институции.„Началници, раководители, службеници, инспектори и функционери мора да понесат одговорност. Без институционална поддршка, невозможно е да се шверцуваат тони дрога преку државната граница“, велат од СДСМ.Партијата бара МВР да престане да ја избегнува одговорноста и јавно да одговори кој овозможил шверц на пет тони дрога и кои лица ќе бидат повикани на одговорност.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygnhkeqs6573nav8JV7N

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите се иселуваат

-Изолираноста на Македонија во моментов плаши, затоа што таа само ќе се продлабочува и на ниеден начин нема да го спречи иселувањето, ниту ќе ги врати младите. Напротив. И покрај изјавите на премиерот дека млади се враќаат тука со авиони, прашањето е дали воопшто има визија за нивната иднина тука, додаде рече Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ, во гостувањето во емисијата Стадион во Канал 77.Фрчкоски рече дека најзагрижувачки  е  фактот што заминуваат млади, образовани луѓе.-Тоа е тивка катастрофа. Државата вложува во нив, а резултатот го користат други земји. Ова е последица на долгогодишна несигурност и лоши политики, додаде тој.Во контекст на надворешната политика, Фрчкоски истакна дека во однос на стратешкото партнерство со САД денес сме подалеку од било кога досега-Партнерството со САД отсекогаш било исклучително важно за Македонија. Но, имам впечаток дека, од она што е во периметарот, денес сме подалеку од било каква поддршка и партнерство отколку било кога. Немаме конкретни односи, туку шетање по ходници на премиерот од кои не добиваме ништо. Во Давос немаше средба со сериозен лидер, а истовремено декларативно гаиме симпатии кон САД, додека сме на една друга, дури ни европска линија, која во јавната комуникација многу пати ја споменуваме. Тоа е оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, која на крајот не завршува кон Запад и САД, туку веројатно кон Москва, рече Фрчкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Одговорноста за дрогата од пет тони и за домашните заплени е во врвот на власта, вели СДСМ

СДСМ соопшти дека одговорноста за картелскиот скандал со пет тони дрога од Македонија, запленети во Србија, како и за последователните заплени во земјава, се наоѓа во самиот врв на власта. Од партијата оценуваат дека молкот на институциите е директен доказ за сериозноста на случајот и за постоењето на системски пропусти.Според СДСМ, и по поминати неколку дена, јавноста сè уште не добила одговор на клучното прашање – како пет тони дрога успеале да поминат преку македонската граница. Тие нагласуваат дека без поддршка или најмалку премолчена согласност од структури високо во власта, во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други надлежни институции, не е можно да се шверцуваат толкави количини наркотични средства.Од опозициската партија посочуваат дека поврзаноста на криминални структури од Македонија и Србија станува сè поочигледна и дека, како што велат, наскоро ќе излезе на виделина целата вистина за овој случај. Воедно, тие ја критикуваат и, како што ја нарекуваат, медиумската кампања и дефокусот со информации за наводни големи заплени на марихуана во земјава.„Доколку навистина се запленети 40 тони или повеќе нелегално произведена марихуана, тогаш повторно одговорноста е кај власта“, наведуваат од СДСМ. Според нив, логично се наметнува прашањето како е можно изминатите две години нелегално да се произведува и чува толкава количина марихуана без реакција на надлежните органи.СДСМ директно прашува која институција потфрлила – дали Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство или некоја друга државна институција. Од партијата порачуваат дека наместо, како што велат, бегање од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ мора јавно да одговори кој дозволил пет тони дрога да се шверцуваат преку граница и кој конкретно ќе понесе одговорност за тоа.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања