Промени тема
Контакт

Тензии во Собранието: одбиен предлогот за минимална плата, СДСМ ја напушти салата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Пратениците на СДСМ ја напуштија денешната собраниска седница откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред, и покрај тоа што пред Собранието истовремено се одвиваше протестната блокада организирана од Сојуз на синдикати на Македонија со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра и останатите плати да пораснат за 100 евра.

Од СДСМ информираа дека нивната пратеничка група побарала дополнување на дневниот ред со законското решение кое ги инкорпорира синдикалните барања, но предлогот не бил ставен ниту на расправа, ниту на гласање. Ова, според опозицијата, претставува директно кршење на деловничката процедура и воспоставување двојни стандарди во работењето на законодавниот дом.

— реклама —

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, реагираше дека правото на опозициските пратеници не смее да биде помало од правото на пратениците од власта и побара претседателот на Собранието, Африм Гаши, јавно да образложи зошто предлогот за зголемување на минималната плата не бил ставен на гласање, и пред пратениците и пред граѓаните кои протестираа пред зградата на парламентот.

Спасовски појасни дека СДСМ го поднела предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што, како што нагласи, бил исполнет условот точките поднесени до крајот на претходниот месец да се најдат на дневен ред. Дополнувањето или корекцијата на текстот, според него, согласно Деловникот не претставува ново поднесување и не смее да биде причина за блокада.

— реклама —

Тој оцени дека барањето на синдикатите минималната плата да се зголеми на 600 евра, односно 36.960 денари, е реално и финансиски остварливо, доколку постои политичка волја. Притоа потсети дека во периодот кога СДСМ била на власт минималната плата се зголемила од 8.600 на 22.400 денари, што, според него, покажува дека системско покачување е можно.

— реклама —

Од СДСМ остро реагираа и на, како што наведоа, селективниот пристап на претседателот на Собранието, истакнувајќи дека во минатото на дневен ред биле ставале законски предлози доставени дури и на самиот почеток на седниците, но само кога тие доаѓале од редовите на власта. По едночасовната пауза, пратеничката група на СДСМ одлучи да не учествува во продолжението на седницата, оценувајќи дека ваквата практика дополнително го нарушува дигнитетот на Собранието и создава нерамноправна позиција меѓу пратениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 9 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања