Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лицемерие Филипче и СДСМ: Гласаа против Безбеден град а сега бараат казни за тие со нерегистрирани возила и без возачка

СДС и Венко Филипче се со двојни аршини, ништо не се менува, се останува исто, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.,,Тоа се потврди и овој пат со проектот ’Безбеден град’. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат.Изминатиов период јавноста беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.А од друга страна, СДС и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДС и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДС и Филипче.Но, на СДС, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Реформи во ВМРО: Наместо нови лица – стара банда, велат од СДСМ

СДСМ со сооштение реагира на одлуката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за реформи во партиските структури.,,Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија. Ги постави своите најблиски другари. Томовски - за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите. Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски. Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби - Драган Ковачки.Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата. ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.Го презеде МВР, Обвинителството и судовите. Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите. Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ. Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ: СДСМ тргнувајќи од сопственото искуство мисли дека секој што е на власт краде и се бори за привилегии

Обвинувањата што СДСМ ги упатува кон претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија,  Максим Димитриевски и ЗНАМ како политички субјект, се класична политичка манипулација и замајување на јавноста. Нападите на СДСМ се неосновани, тенденциозни и целосно без докази, велат од Движењето ЗНАМ.„Оваа партија во изумирање наместо со  аргументи и факти  повторно настапува со навреди, конструкции и популистички флоскули, обидувајќи се да ја дефокусира јавноста од сопствениот политички и економски дебакл.Максим Димитриевски никогаш не криел дека има лична и професионална кариера надвор од политиката. За разлика од кадрите на СДСМ кои со години егзистираат исклучиво од државни функции, Димитриевски е човек кој се докажал и во бизнисот и во политиката и покажал дека има став и интегритет.Максим Димитриевски, за разлика од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е човек и политичар без ниту еден корупциски скандал зад себе. Димитриевски никогаш не бил дел од корупциски афери и криминални набавки на вакцини и скандали за изградба на болници.За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по  луксузни јахти низ светот, тој не поседува „златни визи“ и не оди на журки во Дубаи.Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија оценува дека наводите за „луксуз“, „тендерска коалиција“ и наводно расипничко трошење се чиста клевета. Истата таа партија што денес морализира, ја задолжи државата со милијарди евра, симболичен економски раст и зад себе остави бројни корупциски афери без одговорност.Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија сака да потенцира дека сите јавни набавки и финансиски постапки поврзани со институциите се законски, транспарентни и под надзор на надлежните органи.ЗНАМ останува доследен на принципите на отчетност, одговорно управување и крај на партиските монополи. Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните.Граѓаните многу добро знаат кој ја донесе државата во економска и институционална криза, а кој нуди нов и поинаков политички пристап“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypbth5ohsfoabdg4l4Dt

Минчев: СДСМ денес е окупирана партија, Заев и Филипче се водат од лични интереси

Во интервју за неделникот Фокус, Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, даде јасен и принципиелен осврт на состојбите во СДСМ, партија во која политички израснал и во која, како што истакнува, со години вложувал искрена и целосна посветеност.„СДСМ за мене не беше само партија. Тоа е емоција. Тоа беше државотворна политичка сила во која искрено верував, во која политички растев и се залагав за социјална правда, силни институции и европска Македонија“ - нагласи Минчев.Тој оценува дека денешната СДСМ суштински се разликува од партијата каква што била во минатото, посочувајќи дека во изминатата деценија го изгубила кредибилитетот кај граѓаните поради коруптивни практики, институционален клиентелизам и сериозни отстапки од националниот интерес.„За жал, СДСМ денес е окупирана партија од актуелното раководство, поточно од двоецот Заев – Филипче, кои се водат исклучиво од лични интереси. Сѐ додека ова раководство е на чело на партијата, СДСМ не оди кон обнова, туку кон политичка пропаст“ - вели Минчев, потенцирајќи дека ваквата оценка ја изнесува со политичка одговорност и со жалење, имајќија предвид историската улога што СДСМ ја имала во државата.Осврнувајќи се на можноста за евентуално обединување меѓу СДСМ и Движењето ЗНАМ, Минчев е дециден дека такво сценарио не е можно без вистинско соочување со минатото и преземање јасна одговорност.„Не можете да се обедините со некого кој не се соочил со сопственото минато. Не можете да градите иднина ако старите практики сe уште се бранат, релативизираат или премолчуваат“ - истакна тој.Според Минчев, ова не е прашање на лични односи, суети или политички калкулации, туку исклучиво прашање на принципи.„Ова е прашање на принципи. А принципите или ги имаш, или ги немаш. Тие не се ставаат во заграда кога е тешко, ниту се тргува со нив кога политички одговара“ - порача Минчев.Тој подвлекува дека Движењето ЗНАМ е формирано токму како одговор на одбивањето да се прифати корупцијата како „нормалност“ и клиентелизмот како „реалност“, со јасна цел – враќање на моралот, достоинството и одговорноста во политиката.Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија останува отворено за сите граѓани кои веруваат во чесна, директна и принципиелна политика, со јасен став дека без одговорност и суштинска промена нема простор за компромиси со старите практики.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykkktejgv0nsr6qfJyxi

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра, вели Јована Тренчевска - потпретседателка на СДСМ.„Преку ребаланс на буџетот,  само со рационално кратење на трошоците од луксузот на власта може целосно се обезбедат до 200 милиони евра за: -зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците. -поддршка на компаниите и приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите. ВМРО да не ги плаши приватните компании и работодавачите. Решението на СДСМ значи поддршка на двете страни, и на работниците и на работодавачите односно компаниите во приватниот сектор. Пари во буџетот има, прашањето е на приоритети. Само за зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари односно 120 милиони евра. Со кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, возила, мебел, патувања, репрезентации, договорни услуги, комфор на функционерите, се обезбедуваат 130 милиони евра. Со кратење на делот „разни трансфери“, од хонорари, времени вработувања се обезбедат дополнителни 75 милиони евра. Значи само со кратење само во овие категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра. Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите. На овој начин компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност. Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците. Не држат изговорите на владата дека ако се покачи минималната плата ќе се загрози економијата или работата на компаниите. СДСМ во својот мандат ја зголеми минималната плата  од 8.000 на 22.000 денари па не се затворија работни места, не се загрози економијата. Напротив, со повеќе пари кај граѓаните и поддршка на компаниите се зголемува потрошувачка и расте домашното производство. Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи“, додава Тренчевска.

Македонија | пред 1 месец

maksim-dimitrievski-03-696x465

СДСМ: Максим Димитриевски јавно си призна дека не живее од плата

Во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ никој не живее од плата тоа веќе сите го знаат. Максим Димитриевски од ЗНАМ јавно си призна дека не живее од плата, вели СДСМ.„Додека работниците се борат за зголемување на минималната плата за да имаат за леб, власта на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ужива во луксуз.Се купува нов мебел, службени коли, уживаат во луксузни патувања, се гоштеваат со папаја, манго, дури и нов владин авион се планира.Исто како Груевски со очилата и мерцедесот, така Мицковски со часовниците од 65.000 евра.Тендерската коалиција живее на грбот на граѓаните.Тендери за ортаците на Мицкоски и Максим Димитриевски. 161 тендер за еден ортак на Мицкоски, 1,2 милиони евра за друг ортак на Максим преку Пошта, 52 тендери за трет...Народот гладува, а тие живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби.Со ваква политика на приватен бизнис за тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.Истата приказна на Максим како со Мицковски.За нив политиката е само приватен бизнис“, велат од партијата.

Македонија | пред 1 месец

pari

СДСМ со решение: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди јасно, конкретно и остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра преку ребаланс на буџетот. Нема простор за изговори на власта: пари во буџетот има, но тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги трошат за луксуз и криминални тендери, велат од опозициската СДСМ.„За зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра.Само со рационално кратење на трошоците во две буџетски категории може целосно да се обезбедат потребните средства.Кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, патувања, репрезентации, договорни услуги, возила, мебел и комфор на функционерите, може да се обезбедат меѓу 90 и 130 милиони евра.Со кратење на делот „разни трансфери“ може да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.Со кратење само во овие две категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра.Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите, со што компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците.Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys6v37c3und5s6cg749Y

Филипче - Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска одржа состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот се разговараше за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.Претседателот Филипче изрази благодарност за ангажманот на  ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди.Филипче нагласи дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.Воедно, Филипче порача дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.

Македонија | пред 1 месец

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче со решение за 600 евра плата: Помалку луксуз - поголеми плати за работниците

 Дозволете да се обратам на две теми, прво Предлог-Законот за минимална плата којшто го поднесовме во Собранието, затоа што ги гледаме ставовите пораките коишто доаѓаат од владата. Имено стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години.Соочени со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ ништо не направија за да платите имаат континуиран соодветен раст, за да може луѓето да излезат и да врзат крај со крај до крајот на месецот во услови кога цените неконтролирано растат, кога синдикалната кошничка надминува 66.000 денари, само за храна и пијалоци е потребно повеќе од третина, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче„Тоа барање кое што го слушнавме на протестот на Сојузот на синдикати за минимална плата е сосема на место, соодветно и се темели на реални потреби на работниците. Затоа го поднесовме законот за 600 евра минимална плата. По вторпат го поднесуваме законот, првиот пат беше на крајот на 2024-та година, тогаш власта го одби и тука на површина излегува континуитетот на нашите политики. Имено континуирано растеше минималната плата за време на мандатот на владата на СДСМ. Тогаш кога имаше протести или протести во најава, тогашната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ тие ги поддржуваше, а сега кога има можност и кога треба платите да им ги зголеми, тоа не го прави. И тука на површина освен што излегува конзистентноста на нашите политики, излегува на површина и нивното лицемерие. Ништо не прават за да го подобрат стандардот на граѓаните. Не може да има пари само за луксузирање, за 161 тендер за една фирма, за луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт, за една мала група на луѓе околу врвот на власта а сите други да страдаат во државата. Затоа ќе го кажам и нашиот предлог како да се стигне до парите кои што се потребни за да се зголеми минималната плата и со тоа да се обезбеди достоинствен живот на работниците.Значи според законот којшто го поднесовме нашата пресметка затоа се потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво. А имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго. И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата. Првата ставка категорија 42 од Буџетот, стоки и каде што се планирани 27,5 милијарди денари. И тука влегуваат патни дневни расходи тука влегуваат договорни услуги, репрезентации, ручеци, нови коли, мебел, комфор за функционерите од власта. Ако се скрати помеѓу 20-30 % од оваа категориј,а се стигнува до сума на пари од 5,5-8 милијарди денари односно 90 до 130 милиони евра. И веќе тука се задоволуваат потребите за зголемување на платите на работниците. Понатаму, имајќи предвид дека со формираа нови министерства, дека тука кабинети се опремуваат се вработуваат повторно по партиски клуч луѓе, имаме категорија 46 - субвенции трансфери, ставка 464 разни трансфери којашто е  тешка 22 милијарди денари од кои што со 20-тина проценти да се обезбедат кратење, да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра. Значи, во само две категории 46 и 42 може да се обезбедат помеѓу 130 или 205 милиони евра, сосема доволна сума на пари. Прво да се зголемат платите на работниците до 600 евра и одам чекор понатаму, да се излезе во пресрет на барањето и потребата на приватните компании да се субвенционираат придонесите за празните осигурувања со цел да и приватните компании ги зголемат платите на работниците без да имаат дополнителен терат во плаќање на придонесите. И тоа е нешто што мислам дека е сосем разумно .Мислам дека и на компаниите им е тоа потребно, без да се загрози нивната ликвидност. Со ова практично сметам дека е јасно дека нема простор за изговори. Ако владата сака тогаш ова кратење може да се направи само во овие две ставки на Буџетот. Нека дадат предлог за ребаланс веднаш ќе го поддржиме во Собранието. Не може да се планира пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците. Помина скоро пола мандат од оваа влада, еве веќе е месец февруари. Во првите две години од владата на СДСМ до 2019 година, социјалната помош се зголеми за 300%  од 3.000 на 11.700 денари, значи пари може да се најдат. Понатаму минималната плата за 60% во првата половина од мандатот, од 8.000 на 14.500 денари се зголеми. Во здравството во првата половина од мандатот платите на докторите практично се дуплираа, преку основно зголемување на 40% и повеќе од триплирање на сумата која што докторите зимаат и медицинските сестри за дежурство и надоместоци за ноќните смени. Значи, ако се сака ако си има вистинска желба, волја ако се има идеја да се излезе во пресрет на потребите вистински на граѓаните во Буџетот има средства да се најдат и еве како тоа сметам дека може да се направи. Втората тема на која што сакам да коментирам е изолацијата намерна на нашата земја. Очигледно е веќе дека ниту се спроведуваат реформи, ниту се прават потребните чекори да се фати возот за Европска Унија на којшто веќе многу напред одат Црна Гора и Албанија. Црна гора веќе го пишува договорот за пристап во Европската Унија веќе се затвораат сите поглавја. Тоа што нема желба оваа влада да се направат вистински реформи во правосудството, тоа што дополнително се прави партизација на сите по сите инстанции во правосудството, обвинителство, судии и така натаму е доказ дека се нема желба и волја да се оди понатаму. Силното влијание на премиерот Орбан на Унгарија се гледа секој ден. Започна како финансиска зависност со кредитот од милијарда евра, за кој што никој не знае каде се парите отидени, понатаму во делот на транспортот преку приоретизирање на пругата север југ и покрај тоа што Коридорот 8 е не само за транспорт туку и безбедносен Коридор,кој  што се стави во втор план. Се прекина па сега еве прават обиди да се да се продолжи. Понатаму, во делот на медиумите јасна и мрежата на унгарските медиуми кај нас кои што креираат силно антиевропско расположение кај граѓаните. Тоа го гледаме секојдневно и еве сега последно со некаков проект во енергетиката, за кој што повторно е заинтересирано фирма блиска до примерот Орбан. Очигледно е дека оваа поврзаност со вакви авторитарни режими на северот од нас не држи во изолација. Премиерот јасно кажа, дека нема да има уставни измени, веќе не ни крие дека нема да има чекор напред кон Европа. Ја цитирам за жал и претседателката, „Измислен е патот кон Брисел“. Граѓаните мора да знаат дека оваа владата ја држи земја во изолација оставена во овие комплексни геополитички случувања како изолирана земја на влијание на Русија. Утре ќе се отвораат нови проблеми кога Црна Гора и Албанија ќе станат земји членки на Европската Унија. Еве го кај е времето брзо поминува, тоа може да се случи за една или две години 2027-2028, времето минува ништо кај нас не се случува, нема реформи, нема чекор напред. Можеа да се започнат реформите уште целиот пат којшто ВМРО-ДПМНЕ и тогаш го блокираше од 2023 година, веќе се поминати три години од тогаш, а ние стоиме во место изложени на дефокус, на лажни кампањи, на ширење на анти-европски наратив, на криминални тендери и  тоа е се што оваа власт за жал прави“, додава Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj0ca56edjhle7SQF15G

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето што се закануваа дека ќе тепаат и убиваат сликани со Спасовски, протестираат ли по насока на СДС?

Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар.Но, она коешто е сомнително е како баш овие кои протестираат за да возат без возачки, имаат слика во кампања на СДС и нивниот носител на ИЕ 2 Оливер Спасовски.СДС да одговори дали стои зад оние кои вчера бараа да возат без возачка дозвола и без регистрација на возилата? Дали ова е начинот на кој СДС ќе посегне да му наштети на проектот “Безбеден град”?Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои се закануваа со убиство и правдата да биде задоволена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryabq38g73gh5g9pB0FIv

За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност, вели Огњеновиќ

Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците, вели Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ.„Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој?Нели има „сејф сити“ камери, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, не чул, додека дрога од 5 тони така лесно се пренела?Без поддршка, заштита и логистика од структури во власта, во МВР, во Царина, криминал од вакви размери не е можен.Прашање е уште колку вакви пратки дрога редовно поминувале, колку уште тони дрога се пренесени преку македонските граници. И уште колку тони дрога се уште се шверцува.Овој картелски скандал покажува до каде одат пипците на криминалот и корупцијата на власта.СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, а овој случај е уште една потврда за тоа.Секојдневието на македонските граѓани е како во мафијашки филм.Криминални тендери, шверц на 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра.За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност.Обвинителството мора конечно да се разбуди и да отвори истрага.Кој се во Македонија е вмешан во шверцот на дрога? Колку дрога е помината преку границите? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари? Кој ќе одговара?А одговорност ќе има, кога-тогаш.Работата не е завршена.Сите ќе одговараат“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrhb9sbv0ki648OKTANs

Признание од Владата: „Буџетот не е во најдобра состојба“, тврди СДСМ

Сојузот на социјалдемократи на Македонија оценува дека Владата на Христијан Мицкоски јавно го потврдила она на што опозицијата со месеци предупредува – дека државниот буџет е во сериозна криза и дека во него недостигаат значителни средства. Повод за ваквите обвинувања е изјавата на министерката за енергетика Сања Божиновска, која, според СДСМ, отворено признала дека финансиската состојба е далеку од стабилна.„Како што знаете, Буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме“, изјавила Божиновска, што, според СДСМ, претставува директно признание дека државната каса е празна. Од партијата велат дека оваа изјава е уште еден доказ дека во буџетот недостигаат најмалку две милијарди евра, како што претходно повеќепати укажувал и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Според опозицијата, додека Владата тврди дека нема средства за зголемување на платите и пензиите, истовремено непречено се реализираат, како што велат, сомнителни и криминални јавни набавки. СДСМ наведува дека има пари за 161 тендер доделени на една фирма, за 51 тендер преку општините за „омилена фирма“, за девет милиони евра за двајца вработени, како и за 1,2 милиони евра доделени на фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.Од партијата обвинуваат дека единствено за граѓаните нема средства, посочувајќи дека Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра и дека со ваквата финансиска политика ја турка државата кон економска криза. Според СДСМ, следниот чекор на Владата ќе биде задолжување со скапи кредити, по што, како што тврдат, ќе следи и реализација на проектот „мигранти за пари“.СДСМ предупредува дека веќе започнал прилив на странски „економски работници“, додека домашните работници остануваат без соодветна заштита и без повисоки примања. Партијата оценува дека се остваруваат нивните претходни најави и дека признанијата од самата Влада само ја потврдуваат, како што велат, сериозноста на финансиската состојба во која се наоѓа државата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Картелски скандал без преседан – како 5 тона дрога поминале преку Македонија кон Србија?, прашува СДСМ

Опозициската СДСМ обвини дека заплената на околу пет тони дрога во соседна Србија, за која се наведува дека потекнува од Македонија, претставува еден од најголемите картелски скандали во регионот и побара итна и целосна одговорност од надлежните институции.Од партијата посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, дополнително ја засилува сериозноста на случајот. СДСМ прашува како е можно толкава количина наркотична дрога да ја мине македонската граница и да заврши на српска територија без, како што велат, поддршка или пропуст од структури во власта и институциите.Во соопштението се наведува дека Владата молчи, додека јавноста со денови чека одговори на клучните прашања – кој дозволил дрогата да помине, кои институции потфрлиле и дали постои вмешаност на високи функционери во, како што го квалификуваат, картелскиот ланец.СДСМ потсетува дека подолго време алармира за поврзаност меѓу криминални структури во Македонија и Србија, додавајќи дека сè уште нема одговор ниту за фотографиите на премиерот Христијан Мицкоски со лице со иницијали С.З., познато како Симе, кое било уапсено во друг случај поврзан со дрога, оружје, муниција и поголема сума пари.Во реакцијата се наведува и дека во судските постапки во Србија и Црна Гора се цитираат таканаречени „Sky“ преписки во кои се споменува „шефот Оскар“, додека истовремено Соединети Американски Држави подготвуваат закон за Западен Балкан со фокус на борбата против корупцијата и организираниот криминал.СДСМ оценува дека случајот ја става Македонија во исклучително негативен контекст и порачува дека за ваков, како што велат, картелски скандал мора да има одговорност, нагласувајќи дека „работата не е завршена“ и дека сите инволвирани, без исклучок, ќе мора да одговараат пред јавноста и институциите.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

СДСМ обвинува: Повлекувањето на Кедев е дел од сценарио за заташкување на здравствен скандал

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, оцени дека повлекувањето на д-р Сашко Кедев од Здравствениот совет при Министерството за здравство претставува сериозен скандал и отвора сомнежи за организирано заташкување на случајот со наводни непотребни кардиохируршки операции.Според Цветановски, повлекувањето на Кедев не е случајно ниту временски, ниту суштински. Таа посочи дека оставката е примена во Министерството за здравство на 23 јануари, а како причина Кедев навел незадоволство од „започнатите контролни процеси“. Дел од медиумите, пак, пренесоа дека меѓу клучните забелешки е и работата на комисијата која требало да ги продолжи проверките за случаите на сомнителни и непотребни операции на срце.Цветановски нагласи дека датумот 23 јануари е особено индикативен, бидејќи доаѓа само два дена по отворањето предмет од страна на Обвинителството, на 21 јануари, наводно „по допрен глас“, по јавните настапи на Жан Митрев, во кои изнесе обвинувања и клевети кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.„Министерот за здравство ја крие оставката на Кедев и за медиумите тврди дека таа не е пристигната, иако документот е примено уште на 23 јануари“, изјави Цветановски.Таа потсети дека токму Кедев во ноември 2025 година јавно го објави, како што рече, најголемиот скандал во македонското здравство, поврзан со сомнежи за непотребни операции. И покрај тоа, два и пол месеци не следувале конкретни постапки, немало кривични пријави, ниту биле објавени имињата на инволвираните лекари и приватни здравствени установи.„Два и пол месеци поминаа во молк и заташкување. Потоа Жан Митрев излегува со клевети на национална телевизија, Обвинителството експресно отвора предмет, а само два дена подоцна се повлекува Кедев. Дали ова е случајност? Ништо не е случајно“, порача Цветановски.Таа го поврза случајот и со, како што рече, односот на премиерот Христијан Мицкоски кон правосудството, прашувајќи дали ова е „чувството за правда“ што тој го демонстрира преку јавни настапи и говори во Собранието.Клучното прашање, според СДСМ, е дали јавните обвинувања на Митрев биле насочени кон тоа да се изврши притисок за повлекување на Кедев и да се сопре истрагата за наводните злоупотреби во здравството.„Дали ова е цената што граѓаните треба да ја платат за да се заштити еден човек од одговорност? Зошто д-р Жан Митрев толку долго молчеше и сам не се пријави во Обвинителството? Дали се чекаше време за прикривање траги?“, праша Цветановски.Таа порача дека за ваков скандал никој нема право да молчи или да калкулира и дека, како што истакна, „одговорност ќе има – за сите, без исклучок“.

Македонија | пред 1 месец

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Опозицијата бара 600 евра минимална плата веднаш: „Од први до први не се живее“

Од СДСМ порачаа дека е време премиерот Христијан Мицкоски да се соочи со реалноста на работниците и да „погледне во своите часовници вредни 65.000 евра“, кои, како што наведуваат, чинат колку 150 минимални плати и за кои работник со минималец би работел 12 години.Според СДСМ, на работниците им е потребна достоинствена минимална плата од 600 евра сега, а не по најави за две години, бидејќи со сегашните примања и високите трошоци едвај преживуваат. Тие посочуваат дека потрошувачката кошничка за четиричлено семејство изнесува 66.413 денари, што значи дека за покривање на основните егзистенцијални потреби се потребни 2,8 минимални плати. Со две минимални плати, нагласуваат од партијата, едно работничко семејство не може да има достоинствен живот.Опозицијата укажува дека со континуираните поскапувања на храната, електричната енергија, греењето и со инфлацијата, на граѓаните не им стигаат парите од први до први. Наместо изговори и одложувања, Владата, според СДСМ, мора веднаш да обезбеди средства за повисоки плати, додавајќи дека „не може да има пари за криминални тендери, а да нема пари за работниците“.Во реакцијата се поставува и прашањето како е можно власта да се фали дека земјата е „четврта економија во Европа“, а истовремено да биде на дното по висината на платите. СДСМ тврди дека македонските работници денес имаат најниска минимална плата во регионот и во Европа, при што наведува дека Косово ја зголемува минималната плата на 500 евра, Албанија од 1 јануари 2026 година воведе минималец од 500 евра, Србија ја зголеми минималната плата на 500 евра, а во Црна Гора таа веќе се движи меѓу 600 и 800 евра.Како последица на ваквите политики, според СДСМ, квалификуваните работници масовно заминуваат, младите се иселуваат, а државата се претвора во пазар за „економски работници“. Од партијата оценуваат дека ова води кон намерно обезвреднување на трудот и намалување на цената на работата, доколку тоа, како што велат, не е и свесна цел на актуелната власт.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања