Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност, вели Огњеновиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryabq38g73gh5g9pB0FIv

Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците, вели Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ.

„Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој?

Нели има „сејф сити“ камери, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, не чул, додека дрога од 5 тони така лесно се пренела?

Без поддршка, заштита и логистика од структури во власта, во МВР, во Царина, криминал од вакви размери не е можен.

Прашање е уште колку вакви пратки дрога редовно поминувале, колку уште тони дрога се пренесени преку македонските граници. И уште колку тони дрога се уште се шверцува.

Овој картелски скандал покажува до каде одат пипците на криминалот и корупцијата на власта.

— реклама —

СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, а овој случај е уште една потврда за тоа.

Секојдневието на македонските граѓани е како во мафијашки филм.

Криминални тендери, шверц на 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра.

— реклама —

За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност.

Обвинителството мора конечно да се разбуди и да отвори истрага.

Кој се во Македонија е вмешан во шверцот на дрога? Колку дрога е помината преку границите? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари? Кој ќе одговара?

— реклама —

А одговорност ќе има, кога-тогаш.

Работата не е завршена.

Сите ќе одговараат“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: Тендер-патриотите сакаат на сила да се вметнат во историјата

Македонија | пред 13 часа

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

СДСМ го обвини Мицкоски: Со една реченица призна дека граѓаните со години пиеле неисправна вода

Македонија | пред 16 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски призна — две години ги труеле граѓаните на Гостивар

Македонија | пред 1 ден

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

СДСМ: Водата е небезбедна во десетици населени места, бараат јавно објавување на сите анализи

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања