Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-libraryocbjqtf5pca36EpvliR

Филипче и Дончиќ во Загреб потпишаа Меморандум за соработка меѓу СДСМ и СДП

Во рамки на посетата на Загреб, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче и претседателот на СДП Хрватска, Синиша Хајдаш Дончиќ, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете партии.Со потпишувањето на Меморандумот, СДСМ и СДП Хрватска ја потврдуваат заедничката посветеност на вредностите и принципите на европската социјалдемократија, како и определбата за продлабочување на соработката меѓу прогресивните политички сили во Европа.Целта на Меморандумот е зајакнување и унапредување на меѓупартиската соработка преку размена на искуства, политички решенија  и заеднички придонес за развој на демократијата и социјален напредок.Како клучни цели и задачи кои произлегуваат од Меморандумот, се зајакнување на демократските институции и инклузивната демократска култура, промовирање на социјалната правда, солидарноста, еднаквоста и човечкото достоинство, како и поддршка на работничките права, социјалниот дијалог и модернизацијата на социјалните политики.Меморандумот предвидува соработка и размена на искуства во повеќе области, меѓу кои партиска организација и развој, креирање јавни политики, социјална и економска политика, политики за работнички права, учество на младите и жените во политиката, локално управување, зелена  транзиција, како и соработка во процесот на европска интеграција и регионална стабилност.Соработката ќе се реализира преку конкретни активности како заеднички работни групи, конференции и тематски дебати, обуки, размена на експерти и редовни консултации меѓу партиските раководства.Со потпишувањето на Меморандумот, СДСМ и СДП Хрватска ја зајакнуваат меѓупартиската соработка и ја потврдуваат заедничката заложба за демократска, социјално праведна и европска иднина.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

СДСМ прашува: Дали клеветата кон Филипче беше алиби за повлекувањето на Кедев

Од СДСМ поставија сериозни прашања за, како што наведуваат, координирани потези на власта поврзани со здравствениот скандал со наводно непотребни операции на срце извршувани во приватни клиники, откако Сашко Кедев се повлече од комисијата што требаше да го разгледува случајот.Според СДСМ, и покрај сериозноста на обвинувањата и јавните објави за овој скандал, од неговото појавување до денеска нема конкретни институционални постапки. Како што наведуваат, јавноста не е информирана кои лекари и кои приватни клиники се инволвирани, нема транспарентност околу наодите, а досега не е поднесена ниту една кривична пријава.Во партиската реакција се поставува прашањето дали настапот на Жан Митрев со обвинувања кон Венко Филипче бил искористен како повод власта да го повлече Кедев од комисијата, со што, според СДСМ, се отвора сомнеж за политичко влијание и прикривање на одговорност.„Ова ли е цената што сите треба да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека молкот на институциите и отсуството на конкретни чекори остава впечаток дека се купува време – за прикривање на траги, избегнување на одговорност или евентуално бегство од правдата.Опозицијата оценува дека за ваков скандал никој нема право да молчи или да калкулира и порачува дека ќе инсистира на целосно расветлување на случајот. „Нашата порака е јасна – ќе има одговорност, сите до еден“, наведуваат од СДСМ, барајќи итна реакција од надлежните институции и целосна транспарентност пред јавноста.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryamnv31vi0dvpf3Q0GVs

Имаме чувство дека власта го контролира правосудството, вели СДСМ

Од СДСМ изразија сериозна загриженост дека актуелната власт воспоставува контрола врз правосудството, оценувајќи дека наместо вистински реформи, се спроведува процес на политизација на судиите и обвинителите, што директно ја загрозува европската перспектива на државата.Според СДСМ, Европска унија ѝ обезбедила на Македонија околу 200 милиони евра финансиска поддршка за владеење на правото и реформи во правосудството, но премиерот Христијан Мицкоски, како што наведуваат, започнал процес на поставување свои обвинители и судии, со што се поткопуваат сите досегашни напори за независно судство.Од партијата прашуваат како ќе реагира Европската унија кога ќе види усвоени закони за правосудството кои не се усогласени со европските препораки и кога ќе се соочи со, како што тврдат, партиски и семејни поставувања во судските и обвинителските структури. Според нив, ваквите практики отвораат дилема дали државата се движи кон интеграција во ЕУ или кон самоизолација.СДСМ потсетува дека Европска комисија во последниот извештај за Македонија нотирала сериозни слабости во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и функционирањето на Собранието. Наместо да ги адресира овие забелешки, Владата, според опозицијата, намерно отвора конфликти со соседите за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите со ЕУ.Во реакцијата се наведува дека се води анти-ЕУ кампања во која Европа се обвинува за сите проблеми, додека, како што тврдат од СДСМ, вицепремиерот и близок соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ, присуствува на настани со отворено анти-европски политичари и со групи кои се поврзуваат со рускиот претседател Владимир Путин.Според СДСМ, додека во соседна Србија одредени функционери се соочуваат со судски постапки, кај нас се носат закони со кои се овозможува целосна контрола врз судиите и обвинителите, на што, како што потсетуваат, Европската унија веќе реагирала со критики.Опозицијата прашува дали ова е патот по кој Македонија сака да оди – кон модел на изолација и авторитаризам, или кон членство во европското демократско семејство. Тие потсетуваат дека дури 71 процент од граѓаните ја поддржуваат интеграцијата во Европската унија, што, според нив, значи дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се спротивни на јасно изразената волја на народот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ со остра порака до Владата: Минималната плата не го покрива ни основното преживување

Од СДСМ порачаа дека платите на работниците мора да се зголемат веднаш, а не по најави и проекции за две или четири години, оценувајќи дека актуелната економска политика не одговара на реалните животни трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.„На работниците не им требаат изговори ниту најави за 2028 година. Платите треба да се покачат сега, затоа што парите не им стигаат од први до први“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека животниот стандард е сериозно загрозен, а минималната плата не обезбедува основна егзистенција.Од партијата реагираат и на изјавите и настапите на премиерот Христијан Мицкоски, прашувајќи дали тој чекал две години кога купувал часовници во вредност од 65.000 евра, додека работниците се принудени да преживуваат со примања што не ги покриваат ниту основните трошоци.Според последните податоци, минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што, како што посочуваат од СДСМ, значи дека ниту две минимални плати не се доволни за покривање на основните потреби. Со сегашното ниво од околу 400 евра, минималната плата, според опозицијата, не обезбедува заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците во едно просечно домаќинство.„Работниците буквално се борат за парче леб и не можат да чекаат до 2028 година“, велат од СДСМ, оценувајќи дека Македонија денес има најниска минимална плата не само во регионот, туку и во Европа.Во реакцијата се споредуваат и состојбите во соседството. Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази, во Албанија од 1 јануари 2026 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, во Србија со владина одлука е зголемена на 500 евра, додека во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра.СДСМ предупредува дека последиците од ниските плати веќе се видливи, со масовно заминување на квалификувани работници и млади луѓе во странство, додека во земјата се увезува работна сила. Според партијата, ваквите политики водат кон дополнително намалување на вредноста на трудот, доколку тоа, како што наведуваат, не е и свесна цел на актуелната власт.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Затворањето на постмониторингот не е успех на Мицкоски ниту на неговата анти ЕУ кампања

СДСМ истакнува дека во периодот од 2017 до 2024 година, преку спроведување на реформски мерки, земјата бележела значителен напредок во областите на владеење на правото, слободата на изразување и граѓанските слободи. Анализата на меѓународните индекси, како што се „Freedom in the World“, „Rule of Law Index“ и „Human Rights Index“, покажува јасно подобрување на политичките права и заштитата на слободите на здружување и изразување.Според Freedom House, резултатите се зголемиле од 4/3 во 2017 година на стабилни 67–68/100 во 2023 година. Истиот тренд се потврдува и од World Justice Project, кој забележал подобрување на рангот на земјата, како и од V-Dem Human Rights Index, кој се зголемил од 0.78 на околу 0.82.Медиумските слободи, исто така, доживеале значителен напредок, со ранг на Reporters Without Borders од 111. место во 2017 година на импресивно 36. место во 2024 година. Сепак, според СДСМ, повторното доаѓање на ВМРО на власт во мај 2024 година веќе покажува знаци на влошување, со пад на индексите за медиумите на 42. место во 2025 година и критики за притисок врз новинарите и корупција.Парламентарното укинување на комисијата за постмониторинг дијалог од страна на Советот на Европа, според СДСМ, не претставува успех на актуелната власт, туку е последица на реформите спроведени во претходниот период. И покрај ова, надзорот над човековите права и демократијата ќе продолжи преку периодични извештаи и механизми на Советот на Европа и ЕУ.СДСМ апелира до граѓаните да се спротивстават на секое назадување и да ги поддржат демократските вредности, нагласувајќи дека само заедно може да се обезбеди подобра иднина за Македонија.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Предлог законот на СДС за 600 евра минимална плата е доказ дека ако не ја крадеа државата додека беа на власт, работниците денес ќе имаа и повисока минимална плата

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на најавениот Предлог-закон на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра, оценувајќи дека документот е нецелосен и без јасен финансиски план. Од партијата посочуваат дека иако СДСМ навела дека за мерката се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно приближно 110 милиони евра, не е објаснето од каде би се обезбедиле тие средства.Според ВМРО-ДПМНЕ, позитивен аспект на предлогот е тоа што, како што наведуваат, се признава дека минималната плата можела да биде зголемена и за време на владеењето на СДСМ, но дека тоа не било направено. Во партиското соопштение се тврди дека наместо тоа, биле направени злоупотреби на државни средства, меѓу кои и околу 170 милиони евра за набавка на канцероген мазут, што, според нив, довело до загадување на воздухот и штета по здравјето на граѓаните.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека доколку тие средства биле рационално користени, работниците денес ќе имале значително повисока минимална плата, дури и над 600 евра. Во реакцијата се обвинуваат СДСМ и ДУИ за, како што наведуваат, систематско злоупотребување на државните пари и ставање на личните интереси пред интересите на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-library0isa29qnifii7pTLcSC

Штерјова: Новите членови на Управните одбори со срамни стручни биографии а богати партиски сивија

Советничката од СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, која е член на Мандатната комисија, посочи дека е точно дека биографиите на новите 117 членови на управните и надзорнитр членови им биле поделени на членовите на Комисијата, но требало да ги добијат сите советници за да видат дека се работи за партиски кадри и дека местата се пополнуваат со луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и од другите коалициски партнери.„Кандидати за советници на листите на ВМРО ДПМНЕ во општините и во Градот Скопје, партиски членови, донатори на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, фамилијарни врски со високи партиски функционери, цели партиски фамилии кои се вдомени во државни институции на високи позиции, се дел од предлозите.Дали овие лица се поставени таму за јавните претпријатија да служат за партиската агенда, а не за интересите на граѓаните? Како ќе објасните дека оваа кадровска понуда е водена од јавниот интерес?Со ова очигледно сакате да се оддолжите кон вашите членови од штабовите, срамни стручни биографии, наспроти богати партиски сивија”, рече Штерјова.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски тврдеше дека никогаш не одлучува партиски, дека сите се кандидати имаат професионално и стручно искуство, за кои уверува дека ќе ги решаваат проблемите во јавните претпријатија.„Јас никогаш партијата не ја ставам пред интересите на граѓаните”, рече градоначалникот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери се разоткриени, само глумат грижат за работниците и затоа вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Вечерашниот протест организиран од Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со СДС и Левица, покажа дека нивната поддршка за работничките права е ограничена. На улиците се собраа околу 1.000 лица, а наместо да седнат на маса и да договорат конкретни решенија, тие ги избраа протестите како единствен начин на делување.Според ВМРО-ДПМНЕ, истите политички партии и нивните синдикати одбија понуда за покачување на платите од 40 проценти во рок од две години, што ја доведува во прашање нивната искрена грижа за работниците. Лидерот на СДС и нивните сојузници, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ја глумат загриженоста, додека реално не преземаат конкретни чекори за подобрување на животниот стандард.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека доследно се грижи за стандардот на живот на граѓаните и останува посветено на поддршка на сите кои бараат достоинствени плати и подобри услови за работа.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите

СДСМ ги поддржува барањата на работниците и на Сојузот на синдикатите, истакнувајќи дека секој работник заслужува достоинствена плата за живот. Имајќи ја предвид тешката положба на работниците и намалениот животен стандард на граѓаните, партијата најавува поднесување законски решенија во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и покачување на платите за 100 евра во останатите сектори.Покрај тоа, СДСМ ќе предложи и законски мерки за замрзнување на платите на функционерите. Детали за овие законски решенија ќе образложи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на претстојната прес-конференција.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нови примери од анти-ЕУ кампањата

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ свесно создава конфликти со соседните држави, меѓу кои Бугарија и Грција, со цел да ја оправда изолацијата на државата и да ги блокира евроинтегративните процеси, обвинувајќи ја Европската Унија за сопствените неуспеси, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Од партијата наведуваат дека во изминатиот период се бележат низа примери на, како што ја оценуваат, анти-ЕУ кампања на актуелната власт. Според СДСМ, владата на премиерот Христијан Мицкоски намерно отворила конфликт околу македонскиот јазик, прашање кое, како што истакнуваат, одамна било затворено. Дополнително, посочуваат дека биле демантирани и официјални ставови на бугарското Министерство за надворешни работи, по што, според нив, повторно следеле прозивки и одбивање средби, со чекање на нови покани од бугарска страна.СДСМ оценува дека ваквиот пристап резултирал со нови критики од Бугарија кон Македонија и прашува, како што велат, кому сè уште не му е јасно што прави актуелната власт. Според опозицијата, станува збор за организирана кампања чија цел е кај граѓаните да се предизвика негативен однос кон Европската Унија и таа да се прикаже како виновник за застојот, наместо владините политики.Од СДСМ нагласуваат дека овие, како што ги нарекуваат, политики на намерна изолација веќе произведуваат конкретни последици, меѓу кои и проблемите со влезот и движењето на камионите и тешкотиите во транспортот. Според партијата, владата имала цели шест месеци на располагање да го реши овој проблем, но и покрај тоа што била свесна за него, не презела ништо.Во соопштението се посочува и дека, според последните истражувања на јавното мислење, дури 71 отсто од граѓаните ја поддржуваат идејата за членство на Македонија во Европската Унија. СДСМ оценува дека тоа јасно покажува оти политиките на ВМРО-ДПМНЕ се спротивни на волјата на мнозинството граѓани и ја водат државата кон економска и политичка маргинализација.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys1e9gft6upggfAq42Jr

Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешното обраќање во Собранието,  на настанот „Анализа на јавното мислење за процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ во 2025 година", наведе неколку причини кои упатуваат на тоа дека власта има антиевропски манири, кои се загрижувачки и државата ја ставаат во фаза на  стагнација и изолација.„Влошувањето на односите со соседите не е во духот на пристапувањето кон Европа. Не може да се каже го решивме, го вративме старото име и да се влошуваат односите со соседна Грција, кога тоа не е така. Што е целта? Да се привлечат симпатии кај некои гласачи, коишто тоа навистина го очекуваа тоа врз основа на ветувањата на оваа власт во очи кампањата во 2024 година? Или континуираното влошување на односите со непримерни изјави со Бугарија? Не е тоа во духот на Европа“, рече Филипче.Во обраќањето Филипче додаде дека не е во духот на Европа внесувањето на сомнителен капитал од Србија.„Не го кажувам јас српскиот свет, го кажа Извештајот на Европскиот парламент. Не може да се дозволува без контрола да се носи капитал којшто бил одбиен од Европска унија. Се поставува прашањето зошто се отвораат врати на таков сомнителен капитал во земјава? Не може и не е во духот на европските манири да се носи резолуција во Собрането во која што се забранува слобода на говор, да внимава опозицијата што зборува“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, сериозно загрижуваат и изјавите од власта во однос на одлуката за електронската евиденција за влез во ЕУ,  коишто го подгреваат антиевропскиот наратив.„Од лани е таа одлука. Не може сега вие да кажете, Европа е крива. Не може се нас нешто учителката да не мрази.Ние знаеме што ќе биде, ама на нас е кај сакаме да бидеме и кон што сакаме да одиме и да се движиме. Нема префрлање на одговорностите. Власта значи пред сѐ одговорност. Се знае кои се обврските„, рече Филипче.Во обраќањето, Филипче предупреди дека нема поместување ниту во доследно исполнување на реформската агенда.„Повторно е тоа несработување на домашната задача. Еве два конкретни примери, за да знае јавноста дека не е проблем желбата и иницијативата од страна на опозицијата да се работи вистински на реформската агенда. Законот за енергетика, којшто зеднички го поднесовме со заеднички амандмани, за да во последен момент последниот амандман биде донесен спротивно на препораките на Европската Унија. Не може да гласаме за таков закон кој што треба да биде само про-форма дел од европската агенда или законот за Судски совет каде не се во целост имплементирани препораките од Оценската мисија. Не може да се маскираат работите“, рече Филипче, додавајќи дека граѓаните веќе стануваат сè посвесни за тоа што треба да се направи и како регионот оди напред.Претседателот Филипче ги посочи последните податоци од истражувањето кои покажуваат дека кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува поддршката за пристапување во ЕУ.„Еден многу добар податок што мислам дека значи многу, а тоа е тоа што гласачи на ВМРО-ДПМНЕ изминативе две години, и тоа е најсигнификантна разлика, имаат поддршка кон пристапувањето на земјава кон Европската Унија. Тоа е многу добар податок. Гледаме дека континуирано е тоа кај поддржувачите на СДСМ. Така да сметам дека тоа мора да се издвои. Лошата работа во тоа е што премиерот Мицкоски не е во тие луѓе.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-librarym34l4jnhr0cr4Y6MGhf

Критика од Калајџиев за Маричиќ и СДСМ: Ако вредеа, немаше вака да завршат

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев со остра критика се огласи по изборот на Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со ваквите потези „си пука во нога“.„СДСМ си пука во нога; ако Бојан Маричиќ и сличните нешто вредеа, немаше да завршат вака!“, порачува Калајџиев.Изборот на Маричиќ за претседател на ДИК следи по неговата активна политичка кариера во рамки на СДСМ. Тој беше еден од клучните луѓе во периодот по 2017 година, прво како советник за евроатлански интеграции на тогашниот премиер Зоран Заев, а потоа и како главен технички преговарач со Европската Унија. Во 2023 година стана и министер за правда, функција која ја напушти по промената на власта и изборниот пораз на СДСМ.Маричиќ важеше за еден од најлојалните и најекспонираните кадри на поранешното партиско раководство, особено во процесите поврзани со Преспанскиот договор и евроинтеграциите, кои денес се предмет на силни политички поделби во јавноста.

Коментари | пред 1 месец

paridenari1

СДСМ со поддршка за барањата на синдикатите: Партијата нема да организира учество на протестот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека целосно ги поддржува денешниот протест на работниците и барањата на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите, нагласувајќи дека протестите мора да останат автентичен и независен израз на незадоволството на работниците.Од СДСМ посочуваат дека партијата принципиелно ќе продолжи да ги поддржува барањата на секоја група граѓани на кои им е потребна помош, но дека нема и нема да даде организирана, партиска поддршка за протестот.„Нашите членови, како дел од синдикатите, можат автентично и индивидуално да учествуваат во протестите, но СДСМ нема да организира партиско присуство. Протестите мора да останат независни и веродостојни, исто како што и нивната организација е автентична“, соопштуваат од партијата.Во соопштението се нагласува дека во периодот кога СДСМ беше на власт немало потреба од протести на улиците, бидејќи платите континуирано растеле, дури и во услови на најтешки економски и здравствени кризи. Како што наведуваат, во тој период владините политики биле насочени кон интересите на граѓаните, а не кон поединци.„Парите завршуваа кај граѓаните. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари“, се вели во реакцијата.СДСМ остро реагира и на ставовите на Независната стопанска комора, оценувајќи дека нивната реакција е исклучиво во заштита на приватниот бизнис интерес на премиерот Христијан Мицкоски.„Драго ни е што еден по еден излегуваат на виделина и го покажуваат своето вистинско лице. Граѓаните сега јасно гледаат кој работи за скапите часовници на Мицкоски. Листата станува сè подолга“, наведуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Македонија | пред 1 месец

Oliver-Spasovski

Спасовски: Барањето за минимална плата од 600 евра е оправдано и неопходно

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изрази целосна поддршка за протестот на работниците и за активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија, нагласувајќи дека борбата за достоинствени плати е легитимна и неопходна во услови на растечка инфлација и поскапувања.Според Спасовски, граѓаните живеат сѐ потешко, бидејќи зголемените цени директно го намалуваат животниот стандард, додека платите не го следат растот на трошоците за живот. Во таа насока, тој оцени дека барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра е оправдано и реално.„Инфлацијата и поскапувањата го јадат стандардот на граѓаните. Затоа барањата на работниците се сосема оправдани и неопходни“, истакна Спасовски.Тој потенцираше дека СДСМ и од опозициска позиција цврсто стои зад работниците и синдикатите, потсетувајќи дека партијата предложила закон за зголемување на минималната плата, како и конкретни законски решенија и амандмани за покачување на платите во повеќе сектори, кои, како што наведе, биле одбиени од актуелната власт.Спасовски потсети и на резултатите од периодот на владеење на СДСМ, кога, според него, било покажано дека е можно поинаков пристап кон работничките права и платите.„Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари. Тоа се факти кои покажуваат дека со соодветни политики може да се подобри животниот стандард“, рече тој.На крајот, Спасовски порача дека обврска на секоја влада е да обезбеди достоинствени плати и сигурна иднина за работниците, нагласувајќи дека без силни и задоволни работници нема стабилна економија ниту одржлив развој.

Македонија | пред 1 месец

media-library3cd8tojnvljnbkoF6ta

Филипче: Целосна поддршка за работничкиот протест, платите растеа само за време на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата, оценувајќи дека зголемувањето на платите е реално, оправдано и неопходно за опстанокот на работничките семејства.Филипче информираше дека на вчерашната седница на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија било донесено едногласно решение партијата да застане зад синдикалниот протест и јавно да ги поддржи барањата на работниците. Според него, станува збор за легитимни и објективни барања, бидејќи поголемата плата не е луксуз, туку услов за достоинствен живот.Тој потсети дека за време на владите предводени од СДСМ платите континуирано растеле, при што минималната и просечната плата речиси се удвоиле, и тоа во период на тешки глобални кризи, како ковид-пандемијата и енергетската криза. Филипче нагласи дека таквиот раст бил резултат на добро водена економска политика, зголемени капитални инвестиции и силен прилив на странски инвестиции.Според него, овие практики денес се напуштени, а актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не покажува капацитет за стабилно економско управување. Наместо реални мерки за подобрување на животниот стандард, како што рече, државата се соочува со постојани нови задолжувања кои ќе паднат на товар на идните генерации.Филипче изрази жалење што власта пред неколку месеци не го поддржала предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата, додавајќи дека партијата и во иднина ќе продолжи да предлага законски решенија насочени кон раст на платите и подобрување на економската сигурност на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања