ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

СДСМ

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

СДСМ: Мицкоски со нови изборни пораки – повторување на „српскиот модел“?

СДСМ реагира дека најновите изјави на премиерот Христијан Мицкоски, во кои повторно говори за можни избори, се „директен сигнал“ дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го следи моделот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Во партиското соопштение, Мицкоски е наречен „мали Вучко“, а неговите настапи СДСМ ги оценува како координација со процесите во регионот.Партијата посочува дека симултаното појавување на „лажни анкети“ и најави за избори потсетува на политичките решенија во Србија, каде Вучиќ само неколку часа претходно најавил предвремени парламентарни избори.„Вучиќ модел“ и реконструкција како шминкањеСДСМ наведува дека вчерашната реконструкција на Владата е „обично шминкање“ – практика што долго ја применува Вучиќ, по што следат дополнителни објаснувања и, најчесто, распишување избори.„Овој модел денес го гледаме и во Македонија“, стои во соопштението.Регионални паралели: Орбан – Вучиќ – Груевски – МицкоскиСДСМ потсетува дека на пролет Унгарија оди на избори, каде што владее партијата ФИДЕС на Виктор Орбан – политички сојузник и за Вучиќ и за Груевски. Според СДСМ, оваа „вертикала“ функционира со години, а во таа линија се вметнува и Словачка со премиерот Роберт Фицо.Партијата предупредува дека во овие држави избувнаа масовни протести предизвикани од корупција, а истиот феномен – велат – се чувствува и во Србија, каде граѓаните речиси цела година протестираат поради „катастрофалната корупција“, која, меѓу другото, се поврзува и со падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, каде загинаа 16 луѓе.СДСМ посочува и на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој пред два дена обвини српска компанија со седиште во Белград – „Roaming Networks“ („Dot Networks“) – дека преку сервери учествувала во вмешување во изборите во САД во 2020 година.Покрај тоа, партијата потсетува дека српските медиуми со години објавуваат делови од „СКАЈ“ преписките добиени преку ЕВРОПОЛ, кои водат до криминални структури во Србија, Црна Гора, па и пошироко. Во Србија се очекува да се открие кој стои зад шифрата „Оскар“.„Кај нас барем е лесно – сите знаеме кој е македонскиот ‘Оскар’. Имаме и мал и голем ‘Оскар’“, порача СДСМ.Посочено е и неодамнешното апсење на поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини поради корупциски истраги поврзани со дијалогот Белград–Приштина.СДСМ оценува дека доколку Србија оди на избори на пролет, истото ќе се случи и во Македонија.„Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат луксуз да го дочекаат падот на српскиот режим. Тогаш ќе се откријат сите поврзаности, сите приказни“, наведува партијата.Според СДСМ, бегалскиот статус на Груевски директно зависи од исходот на изборите во Унгарија, па затоа „по секоја цена мора да обезбеди власт во Македонија под своја контрола“.СДСМ порача дека Македонија повторно се наоѓа пред фаза на политичко „прочистување“, со алузија на најавите за „катарза“ од страна на Мицкоски.„Изгледа дека соседите ја живеат нашата 2015 година. Не грижете се – ние повторно сме двојно подобри. Верзија 2.0 штотуку почна да работи“, стои во соопштението.Партијата завршува со политичка порака:„Време е за нов лист. Нова сила, нова енергија, нов тим и вистински правец: Европа. Работата не е завршена.“

Македонија | пред 1 месец

media-library71sfi9c85oalcrkZl6Y

Филипче: Ние ги спремивме новите бомби, ја повикуваме европската главна обвинителка да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите

Во пресрет на нови политички тензии, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека утре ќе биде обелоденет нов скандал кој, како што рече, ги инволвира „членови на владејачката структура“. Според него, опозицијата располага со документи за сериозни злоупотреби.„Ние ги спремивме новите бомби, 2.0. Утре следува нов скандал. За сè имаме документација“, изјави Филипче, алудирајќи на нов бран политички снимки и докази.Филипче со остра реторика ја повика европската главна обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија и да се запознае со, како што тврдеше, малверзациите што ги прави власта со европските фондови, особено со ИПАРД програмата.„СДСМ ја повикува Лаура Ковеши лично да се увери во злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ со европските фондови. Овде се загрозени 130 милиони евра. Наместо одговорност по апсењето на нивниот директор за Финансиска поддршка, гледаме само спинови и префрлање вина врз опозицијата“, рече Филипче.Тој нагласи дека според нивните сознанија, злоупотребите ги вршеле лица блиски до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Очекуваме со ангажман на Ковеши овој скандал конечно да се расчисти. Македонија не е темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ каде може да се игра со европската иднина и парите на граѓаните“, посочи Филипче.Филипче откри дека партијата веќе формирала антикорупциски тим, составен главно од млади активисти и истражувачи.„Овој тим ќе ги обработува скандалите што ги гледаме секојдневно. Ќе анализира документи, ќе поднесуваме пријави до национални и меѓународни институции“, додаде тој.Најави и онлајн платформа каде граѓаните ќе може да пријавуваат сомнежи за корупција.Интересен е и планот за меѓународна соработка: СДСМ ќе иницира контакт со италијанските антикорупциски институции.„Ќе побараме помош од институциите во Италија кои со децении се бореа со Коза ностра. Ако тие успеаја да се справат со најорганизираната мафија во Европа, тогаш и ние можеме да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

СДСМ за премиерот Мицкоски: „Мали Вучко“ го следи моделот на Вучиќ

СДСМ обвини дека најавите на лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за можни избори се дел од, како што велат, „усогласени политички чекори“ со власта во Србија. Од партијата потсетуваат дека претседателот Александар Вучиќ истиот ден зборувал за избори, а неколку часа подоцна слични пораки стигнале и од Мицкоски.Во соопштението се тврдеше дека Мицкоски го следи политичкиот модел на Вучиќ, особено во делот на најави за избори по реконструкција на владата — процес што македонската влада го започна вчера. Од СДСМ оценуваат дека овој политички пристап е веќе виден „во повеќе земји од регионот“.Паралелно, партијата ги поврзува случувањата со изборните процеси што напролет ја очекуваат Унгарија и можните избори во Србија. Во соопштението се наведува дека протестите во Унгарија, Словачка и Србија се последица на корупциски скандали и дека дел од тие случаи, според нив, имаат регионални импликации и политички поврзаности.СДСМ потсетува и на истрагите и обвиненијата поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и на обвинувањата што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати за вмешаност на белградска ИТ-фирма во изборите во САД. Сето тоа, според партијата, го отсликува „регионалниот политички контекст“ што може да влијае и врз Северна Македонија.Од СДСМ тврдат дека доколку Србија оди на избори напролет, Македонија би можела да се соочи со сличен развој на настаните, особено, како што велат, поради зависноста на политичките актери во земјава од исходите во соседството.

Македонија | пред 1 месец

nikola-gruevski-45

СДСМ за Груевски: Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс

Никола Груевски, некогашниот „голем“ премиер на Македонија, човекот што така „мајсторски“ ја зави земјата во црнило, ја остави во безнадежност и сонуваше за изолација само за себе и за својата клика. Парадоксално, нели?, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение.„Денес, тој гениј сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија?Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели мудрости откако побегна од правдата.Човекот кој прислушкуваше 20.000 граѓани, апсеше, купуваше Мерцедес од 650.000 евра (народни пари нормално) и очила за сонце од 30.000 евра (за подобро да ја види сопствената корупција).Човекот кој изнесе 2 милијарди од земјата (а сега вели не бил сигурен дали биле 2 или 7 милијарди, очигледно многу пари за броење), веројатно за да си го финансира сонот во азил.Тоа е истиот тој Груевски чијшто најблизок круг го сочинуваат: министерка за внатрешни работи што возела украден автомобил, ни помалку ни повеќе од Дејвид Бекам, министри што закупувале цели катови во луксузни хотели, и се занимаваат со криминал.Херој?Никако. Повеќе личи на Мики Маус, Дизни јунак од цртан филм кој држи лекции на другите.Наместо да седи во Идризово и да пишува мемоари со наслов „Како ја ограбив Македонија“ (би бил бестселер), тој од својот будимпештански луксуз произведува Будимпештански бајки за деца, измислени приказни од чиста досада.Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс како телевизиска ѕвезда од сапунска серија, во криза.Тоа е Никола – нашиот „beauty influencer“ и трендсетер!И покрај активното пишување бајки и белетристика, тој стигнува, како некогаш, насекаде – дури и да ја води својата партија од далечина. Активно учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи по луѓе со измислени Дубаи сказни за деца, против оние што донесоа слобода за Македонија.И го остави малиот Мицко да го продолжува неговиот славен пат. Зошто самиот да го работи валканиот дел од работата кога некој друг може наместо него, и тоа од далечина?Никола, наш црн Грујо, биди барем еднаш во животот маж и дојди во Скопје. Ќе ти приредиме убав пречек. Ќе има многу луѓе, ротации, протокол, лисици, сè на највисоко ниво, баш како што сакаш.Смееш ли?Или, можеби, си се навикнал на унгарски гулаш па не ти одговара македонско тваче гравче”, стои во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024

СДСМ со совет до Сиљановска Давкова да не го слуша нивниот водач-бегалецот Груевски

СДСМ ја советува претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која иако рече дека политички партии не коментира, сепак во изјава им посака побрзо да ја надминат кризата, да не го слуша експремиерот и бегалец, Никола Груевски.„Новата сила, енергијата и новиот тим на СДСМ носи криза само за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тоа веќе е видливо но допрва на сите ќе им биде јасно, вклучутелно и на Давкова. И Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има совет за претседателката Гордана Сиљановска Давкова: Имате доволно години и искуство да не го слушате повеќе вашиот водач Никола Груевски“, велат од СДСМ.Партијата порачува дека тој концепт еднаш бил поразен и повторно ќе се случи тоа.„Едноставно е погрешно и штетно за иднината на државата. Тој криминален концепт еднаш беше поразен и повторно ќе биде поразен сосе неговите ученици кои денеска ја крчмат Македонија. Никола Груевски пишува на Фејсбук дека е време за војни а претседателката Давкова јавно го кажува тоа како нејзин став дека „не е време за реформи“ затоа што е време за војни. Осуден и побегнат криминалец, кој украде 2 милијади евра народни пари од Будимпешта диктира повторна изолација на Македонија, нов грабеж и да ја управува Владата на далечинско. СДСМ е тука тоа да го спречи. Работата се уште не е завршена“, соопштија од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp0gc607pc6tieDY6Ddm

СДСМ со порака до новиот претседател на ДКСК: „Постапете за корупцискиот случај од 9 милиони евра, фактите се на ваша маса“

СДСМ го повика новоизбраниот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, веднаш да се зафати со случајот кој партијата го квалификува како корупциски скандал тежок девет милиони евра.Според нив, фирма основана минатата година со само двајца вработени успеала во период од шест месеци во 2025 година да добие шест државни тендери во вкупна вредност од девет милиони евра. Четири од договорите, како што наведуваат, се доделени од Генералниот секретаријат на Владата, еден од ЕСМ и еден од Министерството за администрација.Партијата нагласува дека документите, фактите и доказите за случајот се веќе објавени, достапни за јавноста и официјално доставени до ДКСК заедно со пријава поднесена од СДСМ.„Новиот шеф на ДКСК треба само да ги погледне, да ја прочита пријавата и да делува“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека „работата не е завршена“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygliaaar8dcqceuWyByO

(Видео) СДСМ:Исти криминални шеми, иста банда, Обвинителството да постапи за скандалот од 9 милиони евра

СДСМ бара Јавното обвинителство да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.,,Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема. Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага. Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија. Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност.Власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните. Мицкоски само го продолжува тоа што го научил од неговите учители“, рече Кузеска.

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce

СДСМ со сатирична офанзива: „Гответе со Мицкоски“ – рецепт за политичка лага

СДСМ со јавна објава излезе во жестока сатирична офанзива против ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи текст под наслов „Гответе со Мицкоски – рецепт за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ“.Во политичкиот памфлет, напишан во форма на кулинарски водич, СДСМ ја исмева владејачката партија откако ВМРО-ДПМНЕ ги поврзуваа со наводни злоупотреби на ИПАРД-фондовите. СДСМ ги напрекува ВМРО-ДПМНЕ „долго готвена каша од лаги“.Во саркастичниот текст се „мери и меша“ цел политички список: Зоран Заев, Венко Филипче, „прстофат поранешен министер“ и неколку роднини – како алегорија за тоа како, според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја конструира својата реторика.„Заев мора долго да се динста, и пет години откако е во политичка пензија. Венко, како свеж, се меша со претходно маринирани лаги“, стои во текстот, кој преку иронија го критикува наративот за семејни врски, корупција и злоупотреби.Памфлетот завршува со „тајната состојка“ – потсетување дека ИПАРД е европски фонд со исклучително строги правила, дека средствата се исплаќаат како рефундација и дека секој прекршок е под европска контрола. СДСМ саркастично додава дека вистинскиот проблем е кај „директорот, панкерот и кумовските врски на Мицкоски“.Во соопштението, опозициската партија посочува дека ВМРО-ДПМНЕ „има многу добри готвачи, учени од најдобриот шеф Груевски“, воведувајќи нов бран политичка иронија. Памфлетот завршува со порака: „ВМРО-ДПМНЕ лаже – а народот знае: кој лаже, тој и краде.“Сатиричниот настап на СДСМ е дел од заострената реторика меѓу двете најголеми партии, во период кога политичката партија е под силни турбуленции и активни внатрепартиски процеси.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvvoq1g14ci7nbnz9KeW

Кичевски за „распадот“ на СДСМ го обвинува Филипче: „Коцкарот кога губи, посегнува и по последното што го поседува, а тоа е неговиот дом“

Внатрепартиските тензии во СДСМ добија нова димензија откако поранешниот висок функционер Васко Кичевски јавно го обвини лидерот Венко Филипче дека со последните политички потези ја влече партијата во опасна зона.Според него, начинот на кој се води СДСМ не наликува на демократска организација и личи на управување мотивирано од личен опстанок, а не од интересот на членството. Кичевски смета дека Филипче се наоѓа во улога на човек кој очајнички се обидува да се одржи на позицијата и при тоа ги префрла вините за неуспесите на сите други околу себе.„Коцкарот кога губи, посегнува и по последното што го поседува, а тоа е неговиот дом,“ предупредува тој, алудирајќи дека Филипче ја става партијата на коцка само за да се зачува лично. Во неговата анализа, лидерот на СДСМ е соочен со две можни патеки, но ниту една не носи стабилност. Првата е да се обиде да постигне договор со различните струи во партијата, но тогаш, како што вели Кичевски, Извршниот одбор би останал суштински ист и „диригентската палка, се разбира, нема да биде кај Венко“.Втората опција е Филипче да формира автономен Извршен одбор составен според негови мерки и без влијание на внатрешните групации, но тогаш ризикува да остане без кворум во Централниот одбор, што практично би ја блокирало способноста на партијата да носи одлуки. Кичевски дополнително укажува дека последните чекори на раководството само го разголиле суштинскиот проблем: отсуство на демократски механизми и концентрација на моќ без контрола. „Потегот што го повлече Венко уште еднаш покажува дека СДСМ е султан-партија и нема никаква врска со демократска партија,“ вели тој, инсистирајќи дека моделот на функционирање мора да се промени од темел. Како излез, Кичевски смета дека измената на Статутот е неопходна и итна, бидејќи само со сериозна реформа партијата може да го врати демократискиот капацитет и да спречи понатамошно продлабочување на кризата што, според него, веќе станува егзистенцијална.

Македонија | пред 1 месец

media-library83h8t9gi3567cw9y5WV

Шок промени во СДСМ: Извршниот одбор колективно си поднесе оставка

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, по предлог на претседателот д-р Венко Филипче, целото раководство колективно поднесе оставка. Од функциите се повлекоа заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор.Оставките се доставени до Централниот одбор и до претседателот Филипче, кој го води процесот на длабоки внатрепартиски реформи.Според соопштението, овој чекор се оценува како „одговорен и морален“, со кој раководството отвора простор за „нова сила, нова енергија и ново поглавје“ на СДСМ.Партијата најавува период на кадровско освежување, реорганизација и мобилизација, со вклучување на нови лица во највисоките структури.На една од следните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи нов состав на органите на партијата. Од СДСМ уверуваат дека на сите функции ќе бидат избрани „најкомпетентните личности“.Со ова, СДСМ започнува најголема реконструкција на раководството во последната деценија – процес кој треба да ја одреди идната стратегија и позиција на партијата на политичката сцена.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryevigqpkollbsds7l7xZ

Филипче: СДСМ е државотворна партија со јасна визија за младите и силна борба против корупцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телма потенцираше дека политиките на партијата отсекогаш биле во духот на социјалдемократијата, насочени кон градење праведно и европско општество, а тоа ќе остане јадрото и во иднина.„Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со години, децении, биле истите – државнички, во духот на социјалдемократијата, еднаквост, социјална правда. И никогаш од тие принципи и постулати партијата во својата историја не отстапила“, рече Филипче.Тој нагласи дека СДСМ останува партија изградена на неколку цврсти темели: борба против корупцијата, јасна евроинтегративна ориентација, подобрување на животниот стандард на граѓаните и спротивставување на националистичките политики на ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ е партија што се темели на силна борба против корупцијата, на евроинтеграции, на обезбедување што поголеми приходи за граѓаните и борба против националистичките елити како ВМРО-ДПМНЕ. Тие, сè што прават, е само да го делат населението и граѓаните, додека државата стагнира, а на владејачката елита ѝ врват само бизнисите“, порача Филипче.Во интервјуто, тој потсети и на мерките кои СДСМ ги презеде во изминатите години за унапредување на животниот стандард дури и во време на криза, преку раст на платите, пензиите и решавање на долгогодишни проблеми.„Имаме примери од минатото како сме се грижеле за граѓаните и за нивниот стандард, дури соочени со големи кризи. Благодарение на тие социјалдемократски политики, граѓаните видоа огромен бенефит – раст на платите, раст на стандардот, раст на пензиите, решавање на повеќедецениските проблеми што ја држеа земјата заглавена“, изјави Филипче.Тој посочи дека новото време носи нови предизвици и дека СДСМ ги подготвува своите идни политики во таа насока – особено фокусирани на младите луѓе кои бараат реални можности за напредок, развој и останување во земјата.„Потребни се нови политики кои ќе адресираат и нови гласачи – тоа се младите луѓе кои изминатите неколку години веќе стануваат полнолетни и бараат посебни можности. Бараат опции и кога не ги гледаат, се иселуваат од земјата. Нашата програма ќе содржи и многу за нив“, рече Филипче.Тој додаде дека младите очекуваат реформи, критериуми базирани на знаење, а не партиска книшка, и нови економски можности.„Младите луѓе бараат можности, бараат да нема партизација, бараат вистински критериуми за да можат да напредуваат, бараат нови технологии, бараат регулирање на финансиските крипто пазари, на пример“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ бара одговори за тендери вредни 9 милиони евра

СДСМ обвини дека Владата на Христијан Мицкоски цел ден не дала никакво образложение за информациите што партијата ги објави за, како што тврди, спорни тендерски постапки вредни речиси 9 милиони евра доделени на фирма со двајца вработени, формирана минатата година.Според социјалдемократите, институциите игнорирале повеќе прашања поврзани со критериумите, законитоста и причините поради кои токму оваа компанија била избрана како најповолен понудувач.Од СДСМ велат дека молкот на Владата отвора сомнежи за можни неправилности и дека јавноста има право да знае како се трошат буџетските средства. Во партиското соопштение се наведува дека одговори стигнале единствено од ВМРО-ДПМНЕ, што СДСМ го толкува како индиректна потврда дека, како што велат, „партиските структури имаат увид во процесите што треба да бидат исклучиво институционални“.Социјалдемократите тврдат дека станува збор за „организирана шема за испумпување на јавни пари“ преку повторливо доделување тендери на ограничен број компании, поврзувајќи го случајот со поранешни големи афери од периодот на владеењето на Никола Груевски.Од партијата најавуваат дека ќе продолжат да објавуваат документи и докази кои, според нив, укажуваат на злоупотреби, и бараат вклучување на сите надлежни органи – Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и другите институции – за независна истрага.До затворањето на текстот, од Владата немаше официјален коментар на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

Dimce-Arsovski-27.06.2022

Арсовски го демантира СДСМ:Таму се уште владее заевизмот

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, преку својот Фејсбук профил остро ги демантираше наводите на СДСМ дека има каква било поврзаност со сопственикот на фирмата „Дигитал оне“, која добила милионски државни тендери.Вели дека единствената сличност со сопственикот Кристијан Арсовски е презимето, нагласувајќи дека ниту го познава човекот, ниту му е роднина по која било основа.„Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство“, напиша Арсовски.Тој додаде дека обидот да се поврзе со случајот е доказ дека во СДСМ „сеуште владее влијанието од заевизмот“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryldu1vkc171t6dyp2yHM

Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека во периодот од 2019 до 2021 година, во време на глобална криза, власта предводена од СДСМ не ги надополнувала стоковите резерви, туку, како што тврди, ги „празнела и препродавала“.Андоновска изјави дека околу 2.000 тони јачмен и пченица, во државна вредност од околу 800.000 евра, биле отпишани од залихите „по насока на Заев, Филипче и Николовски“, додека јавноста била уверувана дека ситуацијата е под контрола.Според неа, за да не се забележи кусокот, биле склучени два тендери со соседна држава за набавка на дополнителни 20.000 тони жито, со цел „пополнување на дупките во резервите“.„Со овие тендери очекувале да ги покријат недостатоците и јавноста да заборави што се случило“, изјави Андоновска, додавајќи дека 800.000 евра „завршиле во приватни џебови“, а отпишаните количини биле препродадени „на црн пазар во друга држава“.Таа оцени дека, наместо да се огради од одговорните, СДСМ „и понатаму ги штити своите функционери“, што, според неа, ќе доведе до „понатамошен пад на довербата и поддршката“ за партијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryob6606bffif33entlDJ

(Видео) СДСМ: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.“Фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро 9 милиони евра, народни пари.И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно. Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори. Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра. Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски? Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага. Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме.Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите. Мицкоски е само негов ученик и извршител. Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш. За сите Крадењето мора да престане, веднаш”, рече Димитријевиќ.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања