ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

СДСМ

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да расчисти со Филипче ако сака да биде релевантен политички субјект

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение пишува за аферата со стоковите резерви со што според нив, се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт.„Отписот на 2000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен заменик министер за земјоделство, па потоа истите количини најверојатно завршувале на црниот пазар во соседна држава, алудираат дека ова е организирана злоупотреба од страна на тогашната власт.И покрај укажувањата дека пченицата постоела и била употреблива, направен е записник што го тврди спротивното, т.е документ со контрадикции, кој сепак е прифатен на владина седница.Тоа значи дека Заев, Николовски и актуелниот претседател на СДС во опозиција, Венко Филипче, како дел од тогашната владина структура, формално легитимирале документ што не кореспондирал со фактичката состојба на терен.Ако СДС има намера да се реформира и да стане релевантен политички субјект во земјава, мора да покаже зрелост и да се огради од сите функционери на минатата власт.Тоа подразбира дистанца од Заев, Николовски, а и од Филипче, бидејќи тоа се фигури кои го спречуваат секој обид за вистински реформи во партијата”, пишува ВМРО-ДПМЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-library1p26djid1o1pfPvIwIo

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување уверува: Исплатата на пензиите е стабилна и редовна

Исплатата на пензијата за ноември веќе започна и ќе заврши во понеделник, реагира Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој рече дека е неизвесно дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период и дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци.Фондот уверува дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира.„Не треба да има никаков сомнеж или страв дека ќе нема пензии. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на пензиите ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година”, се вели во соопштението.Според Фондот, шпекулациите, како што велат, кои се пласираат од страна на СДСМ се неосновани и служат единствено за вознемирување на пензионерите и на граѓаните.„Неодговорно е да се тврди дека исплатата на пензиите е доведена во прашање, кога веќе се знае дека буџетот на Фондот на ПИОМ за наредната 2026 година е речиси 151 милијарда денари за исплата на пензии (2 и пол милијарди евра), за здравственото осигурување на пензионерите, како и за транзициските трошоци кон трите пензиски друштва од вториот столб“, соопшти Фондот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: За доброто на сите Филипче да собере сила и да замине од СДСМ

„Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави и вели загрижен бил за стандардот на граѓаните, како и за пензионерите конкретно. Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше. Вака ли се грижеа тие за пензионерите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ, стои во соопштението е партија во која поединци се грижат за личниот џеб.„Нешто што Филипче може да направи за доброто на сите е да собере сила и да замине од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за секој еден граѓанин подеднакво. Впрочем на ВМРО-ДПМНЕ му верува народот што се докажа и покажа неодамна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

filipce-ck-sdsm

Филипче: Странските инвестиции паднати од 800 на само 200 милиони евра, капиталот бега од неспособната влада

Поради лошите политики на власта инвестицискиот циклус е запрен, странските инвеститори немаат доверба во владата, ги затвораат компаниите и си заминуваат, предупреди претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој посочи дека според последните податоци од Народната банка има драстичен пад на странските директни инвестиции.„За девет месец инвестицискиот циклус е запрен. Кога се споредува со последната година од владеењето на СДСМ, кога директните странски инвестиции биле над 800 милиони евра, сега се едвај 200 милиони евра. Не се само што нема раст во третиот квартал годинава, има одлив од 21 милион евра, компаниите затвораат, капиталот наместо да доаѓа, си оди“, рече Филипче.Тој додаде дека фактот што некои од страските компании најавија затворење на погоните е доволно јасен сигнал за промашените економски политики на власта.„Странските инвеститори немаат  доверба очигледно во државава, немаат доверба во луѓето коишто ја водат државата и тоа е еден од најјасните сигнали за недоверба во економските политики на оваа влада. „Аптив“ компанијата затвора, компанијата „Дура“ исто така, а имаме информации дека уште неколку големи странски компании се спремаат за затворање. Каква беше реакцијата на премиерот слушнавме -„не било крај на светот“. Можеби не е крај за него, ама за многу семејства, многу луѓе, многу деца тоа е крај“, рече Филипче.Не само странските компании, како што кажа Филипче, најави за затворање има и од страна на домашните компании.„Домашни компании се затвораат поради тоа што еден од главните приливи коишто претходно го имале на средства, а тоа е редовниот поврат на ДДВ, сега го немаат. Се касни со месеци и се губат едноставно работни места. И се гледа негрижата едноставно за ниту еден сегмент во државата. Оправдувањата се аматерски, недозволиви. Бизнисот не познава изборни циклуси. Тој бара предвидливост, бара стабилност, бара партнерски однос. сето тоа што не го гледаат од оваа влада“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt0kml6225cejfCSlqRZ

Филипче: Оджливоста на ПИОМ е нарушена, сметката празна - власта ги става во ризик и пензиите на идните генерации

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција укажа дека поради продлаболчената буџетска дупка во Фондот за ПИОМ и погрешните политики на владата на премиерот Мицкоски, во неизвесност се ставени не само исплатите на пензиите на сегашните, туку и на идните пензионери.„Повеќе од 50% од сумата вкупна што фондот треба да ја исплати на пензионерите за нивните пензии не доаѓа од Фондот за пиом. Ги субвенционира владата затоа што Фондот тие пари ги нема. Се поставува прашањето што ако владата утре не може да ги субвенционира тие 50%? Каква е сигурноста на работниците кои што секој месец со своите придонеси го полнат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување? Каде се нивните пари? Каква е сигурноста дека идните пензионери ќе имаат редовни пензии? Се доведува во ризик редовната исплата на пензиите, се доведува во ризик дали сегашните работници, а утре пензионери воопшто ќе имаат фонд од којшто ќе можат да зимаат пензии“, рече Филипче.На прес-конфренцијата, Филипче нагласи дека одржливоста на Фондот за ПИОМ  е нарушена и сметката е празна и поради тоа што Фондот за ПИОМ должи пари и на Фондот за здравствено осигурување и приватните друштва.„Одржливоста на фондот е нарушена и сметката е празна поради тоа што се должат пари од страна на Фондот за ПИОМ и дополнителни 10 милијарди денари кон здравствениот фонд и приватните друштва, ама тоа никој не го коментира и затоа се молчи. Се поставува прашањето од каде сега ќе кратите за да можат да се исплатат пензиите во овој хаос којшто го создадовте“, рече Филипче.Тој додаде дека дополнително со решението на власта се дискриминирани 12.000 пензионери кои живеат во странство.„Тие се исклучени од пензиите само поради тоа што не живееле тука. Комисијата за дискриминација веќе донесе одлука, што значи дека следат нови тужби и нови трошоци за државата“, рече Филипче.При тоа, Филипче нагласи дека јасно е зошто власта го зема унгарскиот кредит, не заради капитални инвестиции, поддршка на фирми и општини, туку  како што кажа,очигледно тие пари со сомнително потекло се потрошени за трошоци, за кампањски политики на владата.„Затоа му порачувам и на премиерот Мицкоски и на власта, престанете да напаѓате, се препелкате во сопствена кал. Хаосот се должи само како резултат на вашата неспособност, на немањето капацитет, на немањето капацитет, немање желба вистински како што треба да се води државата, на немањето грижа вистинска за граѓаните, за работниците, за пензионерите, за нивниот стандард“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

Filipce-2-SDSM-1

Спасовски останува координатор на СДСМ, најавуваат од утре објава на „страшни скандали“ на луѓе блиски до Владата

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес комференција објави дека пратеникот Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на партијата и дека се надминати недоразбирањата.Филипче ја потврди информацијата дека Спасовски побарал повеќе да не биде координатор меѓу двата круга од локалните избори.„Причина беше недозразбирање од техничка природа кое што го разрешивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање бидејќи доведе до една непријатна ситуација која не беше намерна ниту тенденциозна. По разговорите и по расчистување на недоразбирањето, Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група”, рече Филипче.Тој најави дека СДСМ од утре ќе започне со објавување на серијал како што рече„страшни скандали“ на повеќе прес-конференции „за да видат граѓаните кои луѓе блиски до Владата што прават и што се случува зад завесата“.

Македонија | пред 1 месец

filipce-51

(Видео) Филипче: Фондот е празен, пензионерите се во ризик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека Фондот за ПИОМ се соочува со огромен буџетски дефицит, со што во ризик е доведена одржливоста на пензискиот систем. Дупката во ПИОМ која денес изнесува една милијарда евра, како што кажа Филипче е последица на промашените политики на владата на премиерот Мицкоски.„За само година и пол се врати оној систем на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој што ние го затекнавме во 2017 година, кога исто така дупката во ПИОМ изнесуваше околу 50% проценти или точно 48%“, рече Филипч.Говорејќи за состојбата со Фондот за ПИОМ, Филипче потсети дека во период на владата на СДСМ со правилни и домаќински политики и пензискиот систем беше одржлив и имаше редовно зголемување на пензиите.„Освен што имаа пензионерите редовно и соодветно зголемување на пензиите, се намалуваше и дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Постепено од тие 48% дојде се дојде до 32%, со тенденција и понатаму да се намалува со тие политики коишто ги носевме заедно со Светска банка, коишто тука кај нас со години наназад партиципираат во спроведувањето на структурните реформи“, рече Филипче.Тоа што сега се случува со Фондот за ПИОМ како што кажа Филипче, е уште еден доказ за упад во системот, рушење на системот, немање желба за вистински реформи кои што ќе обезбедат долгорочност на сите мерки, сигурност на сите граѓани од сите категории.„И сега, ако во 2023 година после тоа постепено закрепнување во Фондот за ПИОМ благодарение на нашите политики, со редовно зголемување соодветно на пензиите беа потребни 29 милијарди денари, сега за 2026 година ќе бидат потребни 62 милијарди денари“, посочи Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-library2untsafth3is86YkfhK

Андоновска: СДС да не го брани криминалот на Заев, Филипче и Николовски ,,тежок” 800.000 евра

Трајан Димковски, по насока на поранешното раководство на СДСМ, извршил отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, со што го оштетил државниот буџет за близу 800.000 евра, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за Заев, Филипче и Николовски, приватниот интерес секогаш бил пред државниот, дури и во услови на глобална криза.„Јавноста мора да знае, дали отпишале 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви, па преку Димковски овие продукти завршувале на црн пазар во соседна држава? Дали исто така, Димковски ќе одговара за сите овие тројца кои се прв ешалон на тогашната власт? Затоа ли Николовски е толку гласен деновиве? Дали во СДС има страв дека се одмотува клопчето и ќе се дознае вистината?“, праша Андоновска.

Македонија | пред 1 месец

media-library96es14v3rdg0ay4R8va

(Видео) СДСМ алармира: ФЕНИ е во застој, работниците се оставени на цедило, ништо од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ

Вуко Мелов, советник и претседател на ОО СДСМ Кавадарци соопшти дека печката за производство на фероникел во ФЕНИ е изгасена. Овој факт, вечи сериозно укажува дека новиот инвеститор, нема намера да започне со рестарт на фабриката.„Пропаднаа сите изјави и најави на власта на ВМРО- ДПМНЕ, премиерот Мицкоски, градоначалникот Јанчев за наводен рестарт на компанијата.Власта ги остави работниците буквално на цедило. Иако во предизборните кампањи лесно власта даваше ветувања дека компанијата ќе ги исплати сите плати на работниците, ќе ги исплати сите доверители, и ќе започне за брзо со производство а со тоа ќе го врати работниците назад на своите работни места.Од тоа денес во најголем дел нема ништо. Голем број од работниците останаа без работа, без егзистенција. Работниците останаа без една исплатена плата, на дел од вработените не им е исплатена ниту една од платите кои им се должат. Доверителите, транспортерите исто останаа неисплатени”, вели Мелов.

Македонија | пред 1 месец

Oliver-Spasovski

Оливер Спасовски сака да ја напушти координаторската функција во таборот на СДСМ

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ, но, како што посочи, причината не се резултатите од локалните избори, туку несогласувањата со партискиот предлог за стратегија на „црвени линии“ во спорот со Бугарија.Спасовски бил против ваков партиски пристап, предупредувајќи дека воведување фиксни линии во чувствителен меѓудржавен дијалог може да ја усложни позицијата на Македонија и да ја ограничи флексибилноста во надворешната политика.Неговите забелешки, според партиски извори, не биле прифатени, по што тој побарал да се повлече од координаторската улога во Собранието. Со тоа тој ги демантираше шпекулациите дека се работи за уште една кадровска смена во пакетот одлуки на новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче, кои уследија по партискиот пораз на локалните избори.Спасовски останува пратеник, но неговото повлекување од координацијата во пратеничката група дополнително ги отвори прашањата за внатрепартиските односи и за различните ставови во СДСМ околу надворешно-политичките теми. Партијата засега не соопшти кој ќе ја преземе функцијата координатор.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydhofmdqf75lqeb9vQm6

СДСМ зборува за нов корупциски скандал: Наместо лозарите, финансиска поддршка од 10 денари по килограм за винариите

На прес-конференција на Комисијата за земјоделство на СДСМ, партискиот претставник Александар Димитриевски изнесе обвинувања дека Владата донела одлука за финансиска поддршка на винариите од 10 денари по килограм откупено грозје, што, според партијата, претставува сериозен ризик од корупција и е на штета на лозарите.Според Димитриевски, на 25 ноември на владина седница била усвоена измена на програмата за интервентниот фонд со која се воведува нова мерка – финансиски надоместок за откупувачите на грозје, а не за производителите. Одлуката, како што тврдеше тој, сè уште не е објавена во „Службен весник“.Партијата предупреди дека мерката е ограничена исклучиво за грозје откупено во периодот 17 септември – 31 октомври 2025 година и дека би ја користел мал број вински визби. Димитриевски оцени дека се работи за значителни средства во висина од неколку десетици милиони денари, кои би биле распределени кај ограничен број корисници.СДСМ го праша министерот за земјоделство Цветан Трипуновски врз основа на каква анализа е донесена мерката и дали е усогласена со секторските групи и со претставниците на производителите. Партијата побара и појаснување дали однапред е познато кои винарии ќе ја добијат поддршката.На пресот беше наведено дека оваа одлука следи по претходното одбивање да се утврди производствената цена на сортите Вранец и Смедеревка, како и по одбивањето на предлогот на СДСМ за дополнителна поддршка од 3 денари за лозарите. Од партијата оценуваат дека земјоделските субвенции се недоволни и дека повеќе категории земјоделци остануваат без поддршка.СДСМ побара Владата да ја повлече мерката и ги повика Антикорупциската комисија и Обвинителството да ги испитаат околностите под кои е донесена. Според партијата, станува збор за потенцијална злоупотреба на буџетски средства со која се фаворизираат одредени откупувачи на сметка на лозарите.Од Владата и Министерството за земјоделство засега нема официјална реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 месеци

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

СДСМ: Владата намерно не бара екстрадиција на Никола Груевски

СДСМ обвини дека Владата признала оти нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски. Од партијата сметаат дека со ова се потврдува нивното тврдење дека институциите свесно избегнуваат да ја обноват постапката.Според СДСМ, признанието „го руши секој изговор“ на Владата и, како што наведуваат, укажува на „вистинската врска“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Од партијата обвинуваат дека актуелната власт е „заробена од бегалец кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија“.СДСМ тврди дека Груевски „од Будимпешта е центарот на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ“, а дека премиерот Христијан Мицкоски е „само извршител“. Во соопштението се наведува дека тоа, според партијата, се гледа во политичките чекори на Владата, меѓу кои ги посочуваат злоупотребата на институциите во партиски цели, притисоци преку полицијата, АНБ, УЈП и инспекциските служби, како и напади врз независни институции и политичка хајка врз опозицијата.СДСМ дополнително посочува дека земјата се соочува со меѓународна изолација, блокирани реформи и намалување на медиумските слободи, што, како што велат, е „копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски“.Партијата најавува дека ќе се спротивстави на, како што ги нарекува, обидите Македонија повторно да стане заложник на Груевски и на „ретроградни политики кои граѓаните веќе еднаш ги поразија“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv3617ak30n3uawjCgUR

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, на денешната седница за пратенички прашања, укажа  дека политиките на актуелната власт директно ја ограничуваат мобилноста на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за живот.Во обраќањето Битиќи посочи дека покрај покачувањето на возачката дозвола за Б категорија за 30%, граѓаните кога сакаат да патуваат надвор од државата се соочуваат и со прескапиот документ-зелен картон. Во отсуство на министерката за финансии Гордана  Димитриеска-Кочоска, до која беше наменето прашањето, Битиќи побара писмен одговор на прашањето - кога ќе се укине зелениот картон и конечно ќе се стави крај на оваа скапа бариера за мобилноста на граѓаните.„Ако во првото прашање зборував за тоа како државата им ја поскапува мобилноста на младите со 30% повисоки трошоци за авто-школа, морам да укажам дека истиот рефлекс на ограничување продолжува и кога некој граѓанин конечно ќе добие возачка дозвола. Наместо да се олесни циркулацијата на луѓе, идеи и труд, државата држи високо кренат уште еден бедем, а тоа е зелениот картон. Тој е претворен во постојан трошок за излез од државата, односно тоа е една симболична и финансиска рампа што ја плаќаат студентите од програмата „Еразмус“, сезонските работници, лекарите кои одат на обука во странство, семејствата што сакаат за викенд да прошетаат надвор од границите, некоја мала компанија која врши извоз на роба и  сака да внесе додадена вредност за нашата економија“, рече Битиќи.Тој додаде дека ваквиот „данок на мобилност“ е дел од пошироката политичко-економска матрица на Владата.„Овој „данок на мобилност“ не е изолиран административен куриозитет, туку спаѓа во истата политичко-економска матрица што ја гледаме во Предлог-буџетот за 2026 година, односно популистичка реторика за „грижа“, а во суштина преферирање на лесни приходи, непродуктивни трошоци и административна комоција пред структурни реформи и европска нормализација“, рече Битиќи.Во обраќањето Битиќи посочи дека трошоците за живот растат по сите основи поради погрешните политики на власта, што на свој грб го чувствуваат граѓаните.„Кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се фали со „дисциплина“, а истовремено пробива фискални правила и крати капитални инвестиции, граѓанинот го чувствува тоа на најконкретен начин, односно во секој дополнителен издаток што го казнува неговото право да се движи, да работи, да учи и да се поврзува. Зелениот картон, во таа смисла, е политика што ја прави границата поскапа, ја стеснува економската шанса на малите и ги демотивира токму оние кои ја движат економијата со својот труд“, посочи Битиќи.Притоа, Битиќи додаде дека мобилноста е јавен интерес, а не привилегија, а државата бидејќи држи високи бариери за движење на луѓе, знаење и труд, не гради европска економија туку гради затворен круг на ниска продуктивност и висока фрустрација.„Ако навистина сакаме да ги задржиме младите дома, треба  да им дадеме шанса на малите извозници, да го олесниме животот на работниците и на дијаспората, мора да престанеме да ја претвораме границата во каса“, рече Битиќи.

Македонија | пред 2 месеци

Minister-Bisera-Kostadinovska-Stojchevska-768x512-1

Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот за македонски јазик

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање  на инспекторатот.Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на инспекторатот, рече Костадиновска Стојчевска и побара буџетот за оваа институција да се врати на износот од 2.033.000 денари, колку што изнесуваше во буџетот за 2025 година.-Со намалениот износ не е можно да се обезбеди вработување на потребниот број инспектори и административен кадар, извршување на редовни активности на терен, опремување и тековно функционирање на институцијата, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека инспекторатот за употреба на македонскиот јазик е нова институција, основана врз основа на законот за употреба на македонскиот јазик, чија цел е да го следи спроведувањето на законските обврски во инситутциите, образованието, културата и јавниот простор.Костадиновска Стојчевска побара поддршка од сите пратеници за овој амандман.Барам поддршка за оваа институција да може конечно, откако е формирана во 2024, да профункционира, затоа што откако е воспоставена, нејзиниот буџет само се крати, а со тоа не се покажува вистинска грижа за зачувување, унапредување на македонскиот јазик, нагласи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во обраќање пред собраниската комисија за финансирање и буџет.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Без реформи, уставните измени не се доволни за почеток на преговори со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Националната конвенција за Европската Унија порача дека „единствениот пат напред за земјава се европските интеграции“, оценувајќи дека најновиот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата. Тој истакна дека Северна Македонија го добила најлошиот извештај во последните повеќе од десет години.„Жалам што го добивме најлошиот извештај на Европската комисија за нашата земја изминатите повеќе од деценија. Јасно е констатирано дека изминатата година реформи нема. Единствен полош извештај е оној од 2015 година, кога бевме оценети како заробена држава, но власта и сега го прави истото“, изјави Филипче.Тој предупреди дека доколку продолжи политиката на застој и одбивање на реформи, постои реален ризик земјата да биде вратена чекор назад во евроинтегративниот процес. „Ако вака продолжиме, не сум сигурен – можеби Европската унија повторно ќе не врати на ниво на скрининг“, нагласи лидерот на СДСМ.Според Филипче, нема гаранција дека билатералниот спор со Бугарија ќе остане единствен услов за напредок во преговорите. „Можно е тоа да не биде единствениот услов. Зошто? Затоа што не сме подготвени. Нема придвижување во подготовките за отворање на кластерите, особено на првиот – fundamentals“, рече тој.Како еден од најсериозните проблеми ги посочи недонесувањето на трите клучни патокази: за владеењето на правото, за функционирањето на демократските институции и за јавната администрација. Филипче смета дека дури и доколку уставните измени се изгласани, преговорите со ЕУ нема да можат да започнат веднаш.„Да се случат уставните измени утре, ние сепак нема да можеме веднаш да ги почнеме преговорите. Тоа ја доведува во прашање политичката волја на оваа влада да направи вистински чекори во евроинтеграциите“, рече тој.Филипче додаде дека ваквата стагнација се случува во момент кога ЕУ испраќа јасни сигнали дека е подготвена да го забрза процесот на проширување. „На последниот состанок амбасадорката на Данска јасно порача: ние некогаш бевме најголемите скептици за проширувањето, а сега даваме зелено светло и ги охрабруваме сите земји-кандидати да продолжат со реформите, затоа што проширување евидентно ќе има“, истакна лидерот на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања