ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

СДСМ

paridenari1

ФЗО тврди: Не е можно доцнење од 30 дена на породилното

По изјавите на СДСМ дека исплатата на породилни отсуства доцни 30 дена, се огласија од Фондот за здравствено осигурување со тврдење дека надоместотза породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец.„Надоместот на породилно отсуство е процес поврзан со работодавачот на осигуреничката. Во моментот на исплата на плата од страна на работодавачот, УЈП доставува електронски информации за платените придонеси за соодветниот месец до Фондот, кои се обработуваат и одобруваат од подрачните служби, заедно со надоместоци за друг вид на боледувања, се доставуваат до Дирекцијата на Фондот. Оттука се доставуваат до УЈП за подготовка на МПИН. Потоа пресметаните надоместоци се исплаќаат континуирано. Да потенцираме ФЗО исплаќа бруто надомест, односно пензиски и други придонеси“, стои во соопштението.Од Фондот појаснуваат дека најголем дел од надоместоците се исплаќаат од 10 до 20 во тековниот месец, но има исплати и до крај на месецот.„Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот. Доколку има доцнење тоа е поради доцнење на пријава или на исплата на плати кај работодавачот“, велат од Фондот.Уверуваат дека буџет за надоместоци има, и доказ за тоа е дека заклучно во месец октомври 2025 година досега се обработени и исплатени 6.268 предмети на породилно отсуство.Во септември 2025 година биле обработени 7.319 предмети и за истиот број на лица е извршена исплата, со вкупен износ од 384 милиони денари.„Тоа укажува дека дел од пресметките за октомври се уште се во обработка и исплата“, велат од ФЗО.

Македонија | пред 2 месеци

media-library28ao0od2a8321jN9lKC

СДСМ обвинува: Мајки со бебиња остануваат без денар – породилното доцни со недели

Членката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска обвини дека државата доцни со исплатата на породилните надоместоци, поради што, како што тврди, голем број мајки со новороденчиња остануваат без средства за основни потреби.Според Радеска, породилното се исплаќа со задоцнување од 20 дена, а имало случаи и со повеќе од еден месец. Таа посочи дека дел од мајките се јавувале во Фондот за здравствено осигурување барајќи информации за исплатата, при што добивале одговор дека ваквото доцнење „било во ред“.Радеска оцени дека ситуацијата е недозволива и наведе дека во минатото, ниту во услови на економска криза ниту при хакерски напади, не се случувале вакви доцнења. Според неа, причината за актуелните проблеми лежи во „неспособноста и расипничките приоритети“ на актуелната влада.Од СДСМ прашуваат зошто, како што велат, нема средства за мајките и бебињата, додека Владата троши на „луксузни автомобили, мебел и тендери за блиски компании“. Партјата бара Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати надоместоци и да воведе фиксен датум на исплата секој месец.Дополнително, СДСМ побара Владата јавно да ја соопшти финансиската состојба на Фондот и да објасни каде завршиле средствата предвидени за породилните надоместоци. Тие прашуваат и дали доцнењето е поврзано со неликвидност на буџетот.„Ќе бидеме гласот на жените кои денес се чувствуваат изневерени од државата“, порача Радеска, најавувајќи дека партијата ќе продолжи да реагира додека, како што велат, не бидат исполнети сите обврски кон мајките и новороденчињата.

Македонија | пред 2 месеци

aca-lukas-2

СДСМ бара одговорност по инцидентот на концертот на Лукас: „Институциите повторно задоцнија“

СДСМ реагираше на прекинот на концертот на Аца Лукас во Кавадарци, оценувајќи дека случајот укажува на повторно потфрлање на институциите задолжени за јавната безбедност. Според партијата, во локал со дозволен капацитет од 200 лица се собрале повеќе од 700 посетители, што, како што наведуваат, претставувало сериозен безбедносен ризик.Во реакцијата се наведува дека и Министерството за внатрешни работи и Општина Кавадарци биле известени за настанот, но не презеле мерки пред отворањето на концертот. Настанот бил прекинат дури по полноќ, околу 00:10 часот, кога локацијата веќе била преполнета.Од партијата поставуваат неколку прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, меѓу кои: зошто било дозволено започнување на концертот со бројка на посетители што ја надминува дозволената, зошто МВР не реагирало порано и дали од трагедијата во Кочани се извлечени потребните поуки.СДСМ оцени дека ситуацијата, како што ја опишуваат, претставувала ризик за стотици граѓани и дека биле создадени услови кои би можеле да доведат до сериозен инцидент.Од партијата побараа итна истрага и одговорност, како за организаторите, така и за институциите што биле задолжени да обезбедат безбедни услови за спроведување на настанот.

Македонија | пред 2 месеци

ipard-1140x401-1

СДСМ: Владата да побара одговорност од Трипуновски за суспендираните ИПАРД средства

СДСМ и денеска ја обвини владата дека го штити министерот за земјоделство Љупчо Трипуновски во контекст на, како што велат, „мега-скандалот“ со суспендирањето на ИПАРД средствата во вредност од над 130 милиони евра.Од партијата потсетуваат дека и по две недели од објавувањето на случајот, министерот не понудил одговори околу причините за блокирањето на европските пари, ниту пак доставил план како ќе се надмине ситуацијата. Како пример го наведуваат и документот што Трипуновски го испратил до собраниско тело, за кој тврдат дека е „без суштина и без конкретни информации“.Според СДСМ, суспендираните средства ја ставаат во неизвесност реализацијата на околу 3.000 потенцијални инвестиции и можноста за отворање до 10.000 работни места, а земјоделците се доведени во ризик поради вложени кредити и средства во очекување на поддршка.Оттаму прашуваат зошто владата не бара одговорност од министерот, посочувајќи дека тој „не може да остане на функција ако не чувствува одговорност“ за состојбата во секторот и „ако ја прикрива вистината“ од земјоделците.До моментот на објавување на текстот, од Министерството за земјоделство не дадоа дополнителен коментар на обвинувањата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволи да се случи настанот, бараме одговорност за пропустите на концертот на Аца Лукас

СДСМ бара одговорност за скандалот кој се случи во Кавадарци и на сред настап е приведен Аца Лукас. На концертот велат, имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200.„Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат.МВР, Тошковски и Јанчев мора да ги одоговорат:Зошто воопшто е дозволено настанот да започне и да влезат 700 луѓе?Зошто и покрај тоа што јасно ги прекршиле безбедносните протоколи организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност?Дали дискотеката ги запазила сите прописи, дали е регистрирана како ноќен клуб и кабаре, дали вака не е потенцијал за ново Кочани?Дали ништо не научија МВР и Тошковски повторно дозволува да се случуваат ризични настани по безбедноста на граѓаните како оној во Кочани?Дали МВР намерно дозволиле повеќе часови да се одржи настанот па дури потоа го прекинат?СДСМ бара итно да се отвори истрага и да се санкционираат сите кои дозволиле да се случи настанот, од МВР кои ништо не презеле па се до организацијата.Тошковски мора итно да излезе и да одговори и да понесе одговорност”, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjsk9oiu2h4622ZVKQxB

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски

Немам лошто мислење за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен, погледнете го извештајот, се враќаме назад, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Жерновски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.-Видете ја изјавата на претседателката на државата дека не е време за реформи, бидејќи се случуваат војни, идентичниот став претходно кажан од Груевски, тоа не може да биде случајно, рече Жерновски.Тој додаде дека тоа е вадење на демиџ контрол од „извештајчето“, кое е катастрофално и потоа се случува уште понагласено влијание на Груевски, кое беше намалено.-Така да на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски нема да биде физички присутен, ама кадровски во ставови и психички ќе биде присутен, допрва ќе го гледаме тоа, додаде ЖерновскиТој посочи дека седум години откако дојде СДСМ на власт напредувавме чекор по чекор во слободата на медиумите и завршивме во 2024 година на 36 место, пред Словенија, која беше 42, а Албанија на 99 место. Само 6 месеци откако дојдоа на власт од 36 паднавме на 42 место.-Падот се должи на желбата на една власт да ги јавне медиумите. Допрва ќе гледаме сличности со Груевски, рече членот на ИО, Андреј Жерновски на Канал 5 Телевизија.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydot3rpjk8ji7cDVIb7R

Пренџов: СДС го користеше судството за свои политички цели

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година нагласи дека за време на владеењето на СДС биле предложени законски решенија преку кои биле поставувани партиски кадри во Судскиот совет, институција која ги избира, именува и казнува сите судии во државата.„Во Собранието предлагавте законски решенија, во кој што стававте партиски кадри, од Судски совет, тоа се луѓето коишто ги избираат, именуваат, казнуваат сите судии во Македонија“, вели Пренџов.Пренџов посочи дека во изминатите 30 години, кога СДС биле на власт, немало реализирани капитални проекти, а криминал и корупција се заканувале и го контролирале функционирањето на државата. Тој додаде дека владеењето на СДС се базирало исклучиво преку судството и обвинителството.„СДСМ изминатиот период немаше добри проекти, вие исклучиво функциониравте и владеевте преку обвинителството и преку судството. Бидејќи обвинителството апсеше по наредба на Зоран Заев, а судството судеше исто така по наредба на Зоран Заев“, подвлече Пренџов.Пратеникот Пренџов заклучи дека граѓаните заслужуваат транспарентно, професионално и независно судство, кое не се користи за партиски цели.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeijihji111fhdOHiNN3

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат.„Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден доаѓа пратеник и објаснува како тоа не било добро, како тоа била дискриминација на оние кои што земале поголеми пензии“, рече Петрушевски.Петрушевски побара некој од партијата да излезе и да каже јасен и официјален став.„Убаво  е да излезе некој и да одговори кој е ставот на СДСМ, со оглед на актуелноста на темата и она кое што овој период се случува во Уставниот суд, а тоа е преиспитување на уставноста на оваа одлука. Замислете, почитувани граѓани пред се, преиспитувањето на одлуката е дали било дискриминација на оние пензионери кои што земале големи пензии, затоа што не добиле процентно поголеми суми, а овие биле повластени со маливе пензии, затоа што добиле два пати по 5000 денари“, кажа Петрушевски.Според него, апсурдно е што Уставниот суд преиспитува дали постои дискриминација, а и како што вели, постојат повеќе врски меѓу СДСМ и оваа одлука за приспитување.„Замислете го апсурдот на ова, преиспитување на ова, преиспутвање на одлука, која што патем речено е директно поврзано со СДСМ од неколку апсекти. Прво, видовме овде како пратеници на СДСМ, ја бранеа Кацарска,  која што е судија известител,  а меѓу другото, позната е по тоа што се изучува на меѓународни факултети како не треба да се суди еден предмет, и која што молсаквично напредуваше во својата кариера за време на СДСМ после оние монтирани случаи“, истакна Петрушевски и додаде:„Неколку врски има меѓу СДСМ и оваа одлука за преиспиутвање од страна на Уставниот суд. Така што мора да знаеме дали СДСМ мисли дека ова зголемување на пензиите не е добро“.

Македонија | пред 2 месеци

lap-top

СДСМ обвинува за хаос со студентските ваучери: „Неспособноста на власта ги направи младите колатерална штета“

Опозициската СДСМ со ја критикува Владата за начинот на кој се спроведуваше мерката за ваучери за електронска опрема за студентите од прв циклус, оценувајќи дека станува збор за „целосен дебакл на една неспособна власт“.Како што наведуваат од партијата, процесот бил изведен со бројни пропусти: на студентите најпрво им биле издадени ваучери, потоа истите биле поништени, а дел од младите добиле и потврди дека апликациите им се одобрени. Некои веќе успеале да подигнат уред, за подоцна да добијат известување дека ваучерот не важи. Во медиумите, посочуваат од СДСМ, се појавиле и информации дека постдипломци добиле ваучери иако не ги исполнуваат условите.Од СДСМ тврдат дека системите се уриваат веднаш штом ќе се отвори апликацијата, постапката се менува од минута во минута, а критериумите се применуваат хаотично, што создава оправдано сомневање за можни злоупотреби.„Отворени, па затворени пријавувања, испратени па поништени потврди, доделени ваучери без услови – ова е единствениот резултат на неспособноста на ДПМНЕ“, стои во реакцијата.Од партијата алармираат дека студентите кои веќе подигнале уред со одобрениот ваучер сега не знаат каква ќе биде нивната правна положба и дали ќе треба да го враќаат уредот.„Младите не смеат да бидат колатерална штета на неорганизираноста на власта. Македонија заслужува функционална држава, а не систем што се распаѓа на една мерка со една интернет страница“, додава СДСМ, прашувајќи „кој ќе ја преземе одговорноста за хаосот и забуните што ги создаде оваа власт“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryndeu8iq22ien2lP65ya

Филипче: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, не се договара со луѓе што прашуваат колку чинат животите од Кочани

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање категорично ги демантираше шпекулациите за каков било таен  договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во одговорот, тој потенцираше дека е апсолутно невозможно да постои договор со политичари кои поставуваат прашања „колку чинат животите на децата во Кочани“ .„Јасно демантирам - нема било каков скриен, таен, полутаен договор за било што со ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се има договор што со луѓе кои што прашуваат колку чинат животите на децата во Кочани. Не може да има договор со луѓе кои што кажуваат дека сега не е време за реформи, било време на војни. Не може да има договор со луѓе кои што оставија 10.000 семејства во земјоделството без приходи заради корупција. Не може да се  има договор со луѓе кои што ништо не прават во образованието, ги оставија наставниците без зголемени приходи, нема раст на платите. Не може да има договор со луѓе кои ништо не прават во здравството, освен што неколку луѓе мешетараат од клиники и договараат тендери и договорени спецификации“, рече Филипче.Тој додаде дека не може да се има договор со луѓе кои што ја оставија државата на периферија на Европа, додека Албанија, Црна Гора ќе станат земји членки на Европска Унија. При тоа, Филипче порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимава со решавање на проблемите на државата и граѓаните, а не со СДСМ.„Не знам зошто тие се занимаваат со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, ама пред се со проблемите на граѓаните, кои што силно им тежат на грбот, а не се ни обидуваат да ги решат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Медиасет | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Единствено што прави СДСМ е барање поддршка на семејствата и откривање на вистината за Кочани

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја истакна определбата на СДСМ за целосно расчистување на случајот, нагласувајќи дека партијата и натаму ќе продолжи со институционални и демократски механизми да се бори за откривање на целата вистина за трагедијата во Кочани и за поддршка на семејствата.„Затоа побаравме и анкетна комисија, и надзорна комисија на расправа во Собранието. Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ќе ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од оваа трагедија”, порача д-р Филипче.Тој упати и порака до родителите и целата јавност, потенцирајќи дека СДСМ од првиот ден дејствува искрено и во интерес на семејствата.„И затоа порачувам и на родителите, и на целокупната јавност, сè што правиме од почетокот до непосредно после трагедијата е барање за поддршка на семејството и откривање на вистината за овој случај”, додаде д-р Филипче.Лидерот на СДСМ категорично ги одби клеветите и обвинувања за водење на некрофилска политика, изнесени од страна на премиерот Мицкоски во неговото вчерашното интервју, истакнувајќи дека напорите на СДСМ за доследно, транспарентно и институционално да се бори за целосно расчистување на случајот и за правда за семејствата не е некрофилска политика.„Нема да се откажеме од намерата да останеме цврсто во одбраната на јавниот интерес, ќе ги искористиме сите демократски алатки кои што ни се нудат, и како политичка партија, и преку Собранието, и преку расправите кои што ги побаравме за да вистината конечно излезе на виделина”, порача претседателот на СДСМ, д-р Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryndeu8iq22ien2lP65ya

(Видео) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно.„Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче.Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има.„Ова им го додолжиме на родителите, ова им го додолжиме на сите граѓани, ова го должиме на целото општество. Ова е еден голем тест за зрелоста во нашето општество“, рече Филипче.На прес-конференцијата Филипче посочи дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми да се истражи секој детал од оваа трагедија, и тоа е причината поради која што пратеничката група на СДСМ побара Анкетна комисија во Собранието.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqjcjbmco7cpbbTxXsCg

Водњанскиот комплекс во СДСМ

Исклучувањето од партија на член на СДСМ, а член на новиот Советот на Карпош е само задоцнета реакција, пишува во колумна на ФБ, Љубомир Костовски, уредникот на Глобус магазин.Тој ја анализира состојбата во СДСМ, а особено кадровската политика.Колку ли само погрешни активисти се ставени на погрешни мести и ја помагаат ерозијата на партијата! Затоа што се „активисти“... СДСМ се уште пати од тој - го викаме така во Скопје како одлика на старите времиња - водњански комплекс. Биографиите на избраните функционери со малку меморија лесно не враќаат кон старите елити, кон „водњанците“ кои палеа и гасеа, па морало тоа да продолжи во генерациите после нив. Не може да доаѓаат на функции деца израснати крај базени во дворовите, со никакви егзистенцијални проблеми во животот, кои кон партиското членство гледаат само „капиџик“ за продолжување на таквиот свој живот. Тие први ќе ве предадат. Да не говориме за разно-разни пријателски совети кои ќе стават директно на добитна комбинација за пратеничка во Парламентот (кутрата вдовица имала маж од Струмица) или професорка со познато моминско презиме од Штип (силната штипска струја си го зема „својот дел“ во кадровкото екипирање) ама таа претходно веќе променила стотина партии. И ете обете кога падна партиска одлука за повлекување на пратениците од Собранието си останаа таму! И станаа независни. Денес едната е во крајно десна партија!!Да не говориме за постојаните лизгања во коалицирањето со ЛДП на пример и слични ситуации кои однапред воделе во катастрофални загуби при изборите, ама по правило. Таквите ситуации треба да се видат и со заврзани очи - се дава крилја на партија со минорни потенцијали на што се трошат сопствени гласови а никогаш се немало добиено реванш. Ама никогаш од 1994 година наваму! Ја споменувам таа година како показател дека сегашната елита во Комората цели 31 година од тогаш беше главен кочничар на процесите во земјава како начин да се одржи затворениот криг на „елитизмот“ и натаму попречува било каква социјална програма и толку години откако се збогати во една од највалканите приватизации во земјава.Во право беше Заев кога по своето повлекување по изгубените локални избори 2021 година рече дека урбана мафија вложила во тие избори 200 милиони евра. Па ќе вложи и сега, па ќе го гради „Скопје на Вардар“ алијас „Београд на води“ во преостанатиот зелен дел од кејот и секој вложен денар ќе го однесе како иден супер профит на сигурна сметка. За да финансисра , меѓу другото, и некои други избори. Е таа групација го купила и советникот во Карпош, тој им е битен. Да не говорам за „политичкото неискуство“ на кандиатката - лекарка во Карпош, која инаку многу ја ценам како стручњак, а која „кутрата“ направила огромен кикс сликајќи се со својот против-кандидат во помирлив тон. Знаеме кој стои зад новиот градоначалник на Карпош и каде земаше плата, како и тоа дека од таму, од таа каса многу лекари потоа лесно добиваат поткрепа во патувања до разни семинари во странство. Се се гледа толку лесно. Ама треба да се гледа и согледа она што дури и слепците би го виделе, пишува Костовски.

Коментари | пред 2 месеци

filipce-51

СДСМ бара надзорна расправа и Анкетна комисија за независно испитување и одговорност за трагедијата во Пулс

Лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче објави дека пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.„На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија. Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание”, напиша Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Еден од најлошите извештаи на ЕУ е поразителна слика за власта на Мицкоски

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешното обраќање на седницата каде се разгледуваше Извештајот на Европската комисија, порача дека документот претставува силна и јасна опомена но и доказ за катастрофалните политики на владата на Мицкоски.„Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила од Европската Комисија. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава“, предупреди Филипче.Според него, иако од 2015 наваму државата вложуваше силни напори да се врати на правиот пат, сегашната влада нема никаков интерес за евроинтегративниот процес и повторно не води кон назадување.„И сега трендовите не се поразлични, владата се обидува да ги покрие, да врши влијание на сите независни институции кои што се надвор од извршната власт. Најмногу, најсилно, најексплицитно, на судската власт, јавен и јасен притисок што за прв пат предизвика од 1991 година јасна реакција од судската фела. Преседан, би рекол, општествен не само во државата“, истакна Филипче на денешната шеста седница на Националниот совет за евроинтеграции.Филипче исто така посочи дека наведеното во извештајот не се само за политички формулации во документот, туку реалност која граѓаните ја чувствуваат секој ден.„За жал во многу области во кои што порано бележавме успеси, сега има, и тоа се дефинира или како ограничен напредок, или нема напредок, или дури на назадување. Ама тоа не е нешто што само стои на хартија, тоа е нешто што граѓаните, посебно бизнис секторот го чувствуваат, секој ден се повеќе и повеќе“, рече Филипче.Тој исто така предупреди дека Европската унија, која минатата година имаше само еден услов за отворање преговорите, а тоа беше решавањето на спорот со соседите по ваков извештај може да воведе и нови услови.„Ако до минатата година имаше само еден услов за почеток на преговорите, а тоа е решавање на билатералниот спор со еден од соседите, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови да се отпочнат преговорите“, предупреди претседателот на СДСМ.Филипче заклучи дека извештајот е огледало во кое се гледа вистината за власта на Мицкоски кој ја изолира државата, ги блокира реформите и ја оддалечува Македонија од европската перспектива.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања