Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) оцени дека одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не претставува „техничка пауза“, туку сериозно предупредување за насоката во која се движи државата.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека Македонија ја плаќа цената на, како што велат, погрешните политики на премиерот Христијан Мицкоски, кои водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери, при што земјата се доведува во позиција на држава од „третиот свет“.

СДСМ ја обвинува Владата дека нејзината надворешна политика е сведена на антиамерикански активности, посочувајќи го вицепремиерот Стоилковиќ како пример за, според нив, отворени проруски ставови и директни врски со Москва.

— реклама —

Истовремено, од опозициската партија предупредуваат на, како што ја нарекуваат, агресивна анти-Европска Унија кампања, при што, наместо спроведување реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија и повторно се отвораат, како што велат, затворени прашања со цел да се оправда изолацијата и да се избегнат вистински решенија.

— реклама —

Според СДСМ, мерката на САД е индикатор за реалната позиција на Македонија на меѓународната мапа, оценувајќи дека државата се движи кон сериозна меѓународна маргинализација.

Од партијата посочуваат дека ова се само првите чекори и потсетуваат дека САД веќе носат Закон за Западен Балкан, насочен кон борба против криминалот и корупцијата.

СДСМ најави дека ќе продолжи, како што велат, јасно, гласно и одговорно да ја разоткрива „опасната агенда“ на власта и да се бори против политиките на изолација, криминал и нарушување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryoectsngc9te1a174i6K

„Ние ја прокоцкавме шансата, Венко и ботовите не сфаќаат ништо“ – ексфункционерот Кичевски со жестоки критики кон СДСМ

Коментари | пред 13 часа

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Вучиќ управува со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, следуваат разврски во Србија“

Македонија | пред 13 часа

media-library6uepkmu2hnji14N3sL5

Лукаревска: Вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања