Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

„Пирамид билдинг солушнс“ ги отфрла обвинувањата на СДСМ: Тендерите се законски и транспарентни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8206qpgac7r548muQ0t

Компанијата „Пирамид билдинг солушнс“ ДООЕЛ Скопје остро ги демантира обвинувањата изнесени од Антикорупцискиот тим на СДСМ, оценувајќи дека станува збор за селективно и тенденциозно прикажување на податоци со цел да се наруши угледот и деловната репутација на фирмата.

Во писмено соопштение доставено до медиумите, од компанијата наведуваат дека во последните денови се соочуваат со јавни напади и клевети изнесени од претставници на СДСМ, во кои, како што велат, намерно се изоставуваат клучни факти и се создава искривена слика за нивното работење.

— реклама —

„Пирамид билдинг солушнс“ посочува дека повеќе од 15 години успешно и континуирано работи на македонскиот пазар, без ниту еден утврден скандал, постапувајќи исклучиво согласно законите, прописите и правилата за јавни набавки, во услови на реална пазарна конкуренција.

Од компанијата нагласуваат дека во јавните настапи на СДСМ е премолчано дека значителен дел од договорите за јавни набавки биле склучени и реализирани токму во период кога СДСМ ја имала власта, а институциите биле раководени од нивни функционери. Според „Пирамид билдинг солушнс“, тие договори биле законски добиени, целосно реализирани и претставуваат доказ за континуираниот раст и развој на компанијата во изминатите години.

— реклама —

Во прилог на своите тврдења, компанијата доставува детална табела со реализирани договори за јавни набавки по години и по договорни органи, вклучително и институции управувани од кадри на СДСМ, што, како што наведуваат, јасно ја потврдува транспарентноста и законитоста на нивното работење.

Превземи PDF.

Во однос на тврдењата за наводни поврзаности со политички структури и ангажмани на блиски лица до функционери, од „Пирамид билдинг солушнс“ наведуваат дека таквите обвинувања се неосновани, непроверени и во функција на дневнополитички пресметки, додавајќи дека доколку постојат конкретни докази, тие треба да бидат доставени до надлежните институции, а не да се пласираат во јавноста како инсинуации.

Компанијата апелира бизнис-секторот да не биде вовлекуван во политички конфликти и предупредува дека ваквите неосновани напади нанесуваат директна штета не само на конкретни компании, туку и на целокупната деловна клима и економијата во државата.

Од тие причини, „Пирамид билдинг солушнс“ бара јавно извинување во рок од 24 часа од објавувањето на демантот, во спротивно, како што најавуваат, ќе ги искористат сите расположливи правни механизми за заштита на својот углед, интегритет и деловна репутација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Мицкоски нека се грижи за своето здравје – ние сме загрижени за здравјето на Македонија поради тебе

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryld6n5dnbs1kq1TZI382

СДСМ: Мицкоски, што вели Black Cube, дали визите се вистински или лажни како вашите вести

Македонија | пред 8 часа

media-librarypuonom89qceu5AhNovk

СДСМ: Мицкоски вели „сè е супер и до јуни ќе завршиме“, а од 10 клучни реформски точки само 2 се исполнети

Македонија | пред 9 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: „Одлично е сè“ – вели Мицкоски, а граѓаните ја плаќаат сметка за неговите бајки

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања