Промени тема
Контакт

СДСМ: Владата не сака да ги покачи платите на работниците – сака нов авион за Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o
Unsplash / илустрација

Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, вели СДСМ.

„Работниците протестираат за достоинствени плати на улиците, за да можат да ги платат сметките и да обезбедат храната а Владата ги игнорира и најавува купивање нов авион.

Ова е навреда за секој чесен работник, за секое семејство кое се бори со тешкото секојдевие, со високите трошоци и поскапувањата.

Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат законското решение на СДСМ во Собранието за 600 евра минималната плата и поддршка на компаниите.

— реклама —

Не сакаат ниту да дојде на дневен ред затоа што не сакаат да ги покачат платите на работниците и не сакаат да им помогнат на компаниите.

— реклама —

Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос.

Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купива авион на грбот на народот.

— реклама —

За граѓаните и за работниците „нема пари“, само за луксузот на премиерот – мора да има, така функционира оваа криминална власт, во мафијашки стил.

СДСМ останува на страната на работниците и ќе продолжи да се бори за повисоки плати за работниците, економска правда и враќање на достоинството на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 46 минути

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 8 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 23 часа

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања