Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија по падот на светските берзи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V
Скопје1.мк

По падот на цените на светските берзи власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија. Цените на светските берзии паднаа а во Македонија од денеска се зголемени цените на горивата, велат од СДСМ.

„Зошто граѓаните да плаќаат поскапо? Или владата намерно им зема повеќе пари на граѓаните.

— реклама —

Просечната дневна потрошувачка на дизел гориво во Македонија се движи меѓу 1.800 тони дневно а на бензин околу 260 тони.

Во ситуации како вчера кога е зголемена побарувачката, потрошувачката на дизел гориво може да надмине 2.000 тони.

14 денари по литар, колку што е зголемувањето, тоа се 450.000 евра дневно или над 3 милиони евра неделно, колку што со новиот правилник е предвидено да се менува цената.

— реклама —

Значи 3 милиони евра би платите граѓаните повеќе само ако не се корегира веднаш цената со оглед на падот на цените на светските берзи.

Каде завршуваат овие 3 милиони евра?

— реклама —

Кој има интерес од сегашното зголемување на цената? Продавачите?

Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера?

Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро.

— реклама —

Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации. Секоја работа за Мицкоски е бизнис. Тоа граѓаните многу добро го знаат.

Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања