Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library65a9ce1nk8pu7m7a8Ch

Оставка од Панче Тошковски после толку многу трагедии и згаснати животи е првиот чекор кон одговорност и основен услов за некаква промена на системот кој не успеа да ги заштити жртвите, велат од опозициската партија СДСМ.

„Заедничко за сите трагедии е потфрлањето на МВР со кое раководи Панче Тошковски.

— реклама —

За последната трагедија во Карпош, во која згаснаа животите на мајка и малолетна ќерка, во период од две години имало дури 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана.

МВР било информирано, алармирано, но реакција немало.

— реклама —

Во Велес, сериски насилник одзеде два животи – на младата Росица и на нејзиниот татко. МВР на Тошковски повторно потфрли. Дури шест месеци после тоа се уште се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно.

Во Старо Нагоричане, сериски убиец одзеде пет женски животи, иако жителите со години пријавувале и предупредувале МВР не реагирало навреме.

Во трагедијата во Кочани, згаснаа 64 животи, а Тошковски наместо одговорност, ги штитеше неговите началници.

— реклама —

Уште колку трагедии и животи треба да се загубат?

Кога институциите потфрлаат и кога човечки животи се губат поради системски пропусти, мора да има политичка и морална одговорност.

— реклама —

Крвави ви се рацете“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања