„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

gasi

СДСМ: Гаши потврди дека одговорноста е кај Тошковски

,,Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска призна дека свадбарите со приватни возила на граничниот премин Блаце поминале без контрола од страна на полицијата и потврди дека одговорноста за тоа е кај Тошковски, кој е на чело на МВР.Гаши ги потврди сите информации коишто ги објави СДСМ за пропустите и злоупотребите на граничниот премин Блаце и ја лоцираше одговорноста кај Тошковски.Потонати се сите обиди одговорноста да се префрли на некој раководител на смена.Рибата смрди од главата а глава на МВР е Панче Тошковски и тој мора да понесе одогорност.Ајде да видиме дали ќе охрабри сега Мицкоски да побара оставка од Тошковски?Ќе побара ли одговорност од Тошковски, ќе побара ли од било кого одоговрност за бројните скандали или ќе мјаука и понатаму во нивна заштита?”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6252

Кузеска: Политичката одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

,,Политичката одговорност која ја ветуваше Мицкоски пред изборите испари откако тој и неговите сопартијци седнаа во фотелјите. Му завршија работа лагите и ветувањата во предизборието, а сега во Владата пее нова песна.Сите се криви освен тие, сите други се одговорни за состојбите освен финкционерите на власта, сите претходни биле полоши од нив. Ова сценарио на обвинување на претходниците и оправдувања има краток животен век и граѓаните веќе не ги толерираат оправдувањата.За само два месеци се случија серија скандали на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а одоговорност нема за никого. ВМРО-ДПМНЕ на големо ја врати неказнивоста која беше главна карактеристика на Владата на Груевски. Прашање на време е кога ќе ни се случи некој нов Диме Спасов кога со апсурни објаснувања ќе се штитат политичарите од власта.Денес ќе се потсетиме и побараме одговорност уште еднаш за сите скандали кои се случија а кои ВМРО-ДПМНЕ сака да ги сокрие. Одиме по ред:1.Се случи организирана партиско – политичка акција за пуштање на Рамадани, со дрска злоупотреба на државната граница, државни институции и државни возила.Наместо оставка од Тошковски, истрага и одговорност од секој, нема одговорност за никој. Нема за началниците на границата, за фатените во злоупотреби во овој мега скандал.Мицкоски ревносно ги штити извршителите сите до еден. ОЈО се уште молчи. Бараме одговорност и судски постапки за сите инволвирани.2.Се случи скандал со минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола. Нема одговорност за началникот на граничниот премин, ниту за Тошковски кој го поставил. Нема одговорност ни за Претседателот на Собранието Африм Гаши, Мицкоски вели работел подобро од претходниот. Со смешни аргументи се обидува да го заштити по секоја цена а ветуваше дека секој политичар кој ќе ја злоупотреби функцијата ќе одговара.Мицкоски да се одважи и да побара промена на Гаши.3.Загрозена е безбедноста на северната граница. Границата е решето, а Мицкоски го шити шерифот поставен од Тошковски, Наум Рамука, заради партиски дил со ВЛЕН. Ќе има ли одговорност за Рамука или Мицкоски и Тошковски ќе дозоволат да прави што сака на границата со Косово?Одиме понатаму,4.На скопскиот аеродром се случи огромен инцидент во кој меѓу другото обезбедувњето на Гаши нападна полицаец, се закануваше со пиштол. Повторно, Мицкоски го штити Гаши, нема одговорност.6.Безбедноста во државата е влошена. Се случија 8 убиства и обиди за убиства за само шест месеци а само едно расчистено целосно. Нема никаква одговорност од Тошковски. МВР е целосно нефункционална институција и безопасна за криминалците откако ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски ја раководат. Одговорност нема.8.Изгоре 7% од вкупната територија во Македонија, над 1.500 километри квадартни поради неспособноста на Тошковски и владините институции. Одговорност нема од никого.9.Десет затвореници избегаа од затворот Шутка. Неспособните Пандов и Тошковски не се разрешени. Никој не понесе одговорност.10. Пуштени се затвореници осудени за 27 април кои наместо на лекување слободно се шетаат на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и во друштво на тој што ги пушти, Пандов. Нема одговорност за никого.11. Нема одговорност за Јанушев кој си лапнал поклон од 325.000 евра. До каде е ДКСК со случајот?12. Нема одговорност за Сања Божиноска која е фатена во два скандали и која се скри од јавноста мислејќи дека ќе се заборават скандалите поврзани со нејзината работа во приватниот сектот. Одговорност ниту промена на министерката нема.Нема одговорност за Гаши, за началниците на границата, за министрите, за партиски кадри кои се фатени во криминал.Мицкоски пропушти шанса на дело да го докаже она што го ветуваше, а тоа е одговорност за сите функционери кои ќе направат злоупотреба на функцијата. За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е мисловна именка политичката одговоност. Затоа сега кога го гледаме како секој ден најавува нешто и споменува одговорност, нека си ја погледне прво неговата Влада, неговите кадри и неговите скандали.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: Барањата за зголемување на платите доаѓаат од работниците, работа на Мицкоски е да најде пари

Барањата за зголемување на платите потекнуваат од работниците и премиерот Христијан Мицкоски тоа мора добро да го знае. Ова е одговорот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на новинарско прашање за обвинувањата од страна на премиерот Христијан Мицкоски дека Синдикатите се синхронизирани со СДСМ во барањата за повисоки плати.Според Филипче, покрај тоа што премиерот мора да знае дека на работниците им следуваат повисоки плати, негова обврска е тоа зголемување добро да го испланира.„Премиерот мора добро да испланира во буџетот како ќе продолжи да ги зголемува платите на работниците не да се обидува да продолжува со политиката од едно минато време, од минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога Северна Македонија беше рај на евтина работна сила“, истакна Филипче од Струмица.Претседателот на СДСМ потсети дека во времето на СДСМ и покрај кризите во кои функционирала државата – ковид, економска и енергетска криза секогаш имало пари за работниците. Филипче постави една хипотетичка ситуација – што би се случило доколку сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ се соочи со криза?„Можете да замислите што ќе се случи ако такви кризи и се случуваа сега на оваа влада? Таа не може да се снајде во овие услови кога нема некаква криза што да мислиме ако повторно настане некаква криза. Што ќе биде со државата ако ВМРО-ДПМНЕ ја води владата и државата во време на некаква криза. Веројатно некаков game over, крај на играта“, вели Филипче.Тој потенцира дека граѓаните и работниците знаат дека тие се природен партнер на Социјалдемократскиот сојуз и дека и во најтешките времиња СДСМ секогаш се грижи за работниците и за подобрување на нивниот стандард и услови за живот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

,,Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ манипулираат со линеарното зголемување на пензиите.Пензионерите се излажани и денеска Мицкоски потврди дека нема да добијат плус 5.000 денари како што им се ветуваше.ВМРО-ДПМНЕ најавуваше зголемиување на пензиите за 5.000 денари а сега велат дека нема да биде 5.000 денари туку на рати по 2.500 денари и тоа во септември и во март кога секако се зголемуваат пензиите заради усогласувањето.Значи пензионерите би имале секако покачување според методологијата за усогласување во септември и во март. На износот што пензионерите секако би го добиле во септември и во март наредна година ВМРО-ДПМНЕ на тоа додаваат околу 1.000 денари, ништо повеќе.Така разликата од она што пензионеите би го добиле со усогласувањето, и тоа што ќе го добијат на крај пензионерите е околу 1.000 денари повеќе. Значи нема зголемување на пензиите од 5.000 денари.Дополниелно рушењето на системот на усогласување на пензиите со просечната плата, односно со само линеарен раст, има ризик владата во иднина воопшто да не ги зголемува пензиите.“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6236

Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Струмица присуствуваше на поставување камен темелник на новиот пазар во Струмица кој ќе биде најголем пазар во државата. Пазарот ќе се протега на површина од 42.000м2 и е еден од многуте проекти на градоначалникот Костадин Костадинов и општината. Филипче истакна дека ваквите проекти го зголемуваат квалитетот на целокупното живеење во една општина.„Камен-темелникот на воведувањето во работа на градскиот пазар тука во Струмица за прв пат со таков капацитет со над 40 илјади квадради којшто има вредност од над 230 милиони денари во ваков еден крај во којшто земјоделството е главна дејност, граѓаните ќе го осетат како благодат. Ова не е единствен проект, градоначалникот спомна уште неколку проекти коишто или се одвиваат или допрва ќе треба да почнат во општината. Заедничко за сите тие проекти е што сериозно го зголемуваат квалитетот во општина Струмица. Тоа е доказ дека градоначалниците на СДСМ работат одговорно во интерес на граѓаните, работат рационално и навистина брзо ги остваруваат сите проекти што се ветени во нивните програми“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce

„Замислете што ќе се случи ако ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата во криза, тоа ќе биде 'Game over'“, Филипче го критикува Мицкоски

„Ужасна неспособност кај Мицкоски да се справи со сите предизвици“, ова го констатираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прашање дали оставиле празен буџет за да сега не може да се покачи минималната плата за работниците и наставниците. Според Филипче, СДСМ владеел без штрајкови, а ВМРО-ДПМНЕ ја политизира работата.Според Филипче, ако СДСМ можела да најде пари во време на криза, тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаат изговори.„Барањата за зголемување на платите потекнува од работниците. Премиерот мора да испланира како ќе продолжи да ги зголемува платите на работниците, а не да продолжува со политиките од едно друго време, кога работниците беа евтина работна сила“, рече Филипче.Првиот човек на СДСМ, Филипче вели и: „Тие не можат да се снајдат во услови кога нема криза, а замислете што ќе се случи ако ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата во криза, тоа ќе биде 'Game over'“.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги тргнат рацете од синдикатите, бараат од СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги тргнат рацете од синдикатите“, велат од СДСМ и додаваат:Власта да ги тргне рацете од синдикатите, да ги остави да се борат за работничките права.Она што гледаме дека повторно се случува е политичко мешање и притисок врз синдикатите од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ.Ова значи гушење на гласот на работниците, на синдикатите, за да ги замолчи. Целта е да се подели синдикатот и да нема притисок никаков врз власта за погрешните политики и тоа што нема покачување на платите.Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше поголеми плати пред изборите на работниците сега станува јасно дека нема да го исполни ветувањето. Со оваа власт нема да има поголеми плати.СДСМ со години реализираше успешен социјален дијалог, ги почитуваше и синдикатите и работниците а платите ги зголемивме во сите сектори.ВМРО-ДПМНЕ сега ја враќа политиката на злоупотреба од 2015 година. Работниците да бидат предмет на корупција а синдикатите предмет на оцрнување.СДСМ останува на страната на работниците, ние преку Собранието, но и преку сите демократски механизми кои ни се на располагање ќе вршиме притисок врз актуелната власта да ги промени погрешните политики.

Македонија | пред 1 година

IMG_6196

Трајчулевски: Бегството на Рамадани било организирано, бараме одоворност од Тошковски и Рамука

,,Мицкоски и Тошковски вчера одмолчеа на прашањата кои ги постави СДСМ за бегството на Блерим Рамадани. Тошковски и МВР се скрија во глувчешка дупка бидејќи добро знаат дека информациите кои ги поседува СДСМ се точни и не може да ја скријат вистината за бегството на Рамадани.Затоа, како што најавивме, денес ги објавуваме сите информации кои ги добивме од свиркачи по што бараме ОЈО да започне итна истрага. Истовремено, потребна е неотповиклива оставка од Тошковски и сите лица за кои имаме информации дека се вклучени во организација на бегството на Рамадани.Како што вчера објавивме и според информациите до кои дојде СДСМ, на 10.8. додека Блерим Рамадани требало да биде во куќен притвор, тој всушност бил на Косово.За неговиот транспорт до Косово бил задолжен ни помалку ни повеќе, туку Началникот на северната граница со Косово, Наим Рамука. Човек кој е неодамна поставен на оваа позиција од Тошковски.Согласно информациите, Наим Рамука со возило Рено, го земал Блерим Рамадани од живеалиштето каде бил во куќен притвор. Од таму се упатиле кон границата со Косово кај Блаце и во 18 часот и 40 минути, по лентата за товарен сообраќај, ја поминале границата без никаква контрола.Наим Рамука, за потсетување, е истиот началник на Тошковски кој ги пропушти Гаши и сватовите да поминат без контрола на истата граница.Потоа, вечерта на 10.8, на ист начин, без контрола Рамука и Рамадани ја поминуваат назад границата кон Македонија и Рамадани се враќа во живеалиштето каде требало да биде во куќен притвор.Одиме понатаму.На 14.08, четири дена подоцна, односно на денот кога Рамадани официјално ја напушта државата, преку границата го носи друго лице.За транспорт, овој пат со возило марка Фолксваген Пасат и скопски регистарски таблички, е задолжено лице вработено во општина Чаир како раководител. Неговиот идентитет нема да го откриеме и ќе почекаме тоа да го направи ОЈО.Ова лице и Блерим Рамадани на границата со Блаце биле пропуштени од раководителот на смена без контрола, кој пак добил директна наредба да ги пропушти од погодете кој, Наим Рамука.Раководителот од општина Чаир го носи и остава на Косово Блерим Рамадани и за многу кратко време се враќа назад и повторно ја поминува границата без никаков документ. Според информациите, тој немал ниту лична карта ниту пасош со себе, но по наредба бил пропуштен да помине назад.Почитувани граѓани, ова е скандал од светски размери.Прашуваме, што правел Тошковски и полицијата додека со часови Рамадани бил надвор од државата? Како е тука виновен било кој друг освен МВР што криминалец баран со меѓународна потерница, се шета преку границата кога сака и како сака.Има ли поголем доказ дека ова е акција на МВР со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ за да се пушти Рамадани на слобода?Ќе молчи ли повторно Тошковски за неговата вмешаност во овој скандал? Ќе продолжи ли да го брани Наим Рамука кој очигледно ја има приватизирано границата за свои политички потреби со амин токму на Тошковски?Ќе има ли конечно одговорност или Мицкоски и Тошковски ќе продолжат да ја префрлаат вината на други?СДСМ бара:ОЈО веднаш да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир.Да се истражи кој се учествувал во пуштањето на Рамадани и да се покренат постапки против сите. Доколку ова не го направи ОЈО, ќе сметаме дека го штити МВР и Тошковски од одговорност, но и сите останати инволвирани во овој случај.Бараме Тошковски итно да поднесе оставка, а пред тоа да го направи, да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово почнувајќи од Наим Рамука кој се однесува како шериф на границата.Секако, Рамука ова не би го правел без амин од Тошковски, затоа двајцата мора да заминат. Му порачуваме да не се обидуваат преку жртвени јагниња од пониските ешалони да ја покриваат својата одговорност.Бараме итна и неoдложна одлука за декласификација на камерите и снимките од границата за јавноста да ги види и се увери во нашите информации. Доколку ова не се направи, јасно е дека Тошковски сака да ја сокрие вистината. ОЈО и истражните органи, многу лесно може да ги проверат овие наводи преку камерите, но и граничниот систем за контрола на патници.”, вели Митко Трајчулески, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

,,Додека трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок, Мицкоски вели нема пари за поголеми плати за работниците. Иако им ветуваше поголеми плати пред изборите сега создава алиби дека нема да го исполни ветувањето.Кога треба да се покачи минималната плата за работниците Владата на Мицкоски нема пари. Само кога треба тој, Мицкоски и неговите министри да патуваат тогаш има пари и за луксузирања, и за скапи карти од 20.000 евра, и за бизнис класи, за бројни делегации...Не е дека нема пари, има пари доволно, прашањето е на приоритети.ВМРО-ДПМНЕ го потценува трудот на работниците и ги смета за евтина работна сила.Затоа со оваа власт нема да има поголеми плати.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6196

Трајчулески: Бегството на Блерим Рамадани е организирано од структури на МВР и вработени во институциите

,,Време е јавноста конечно да ја дознае вистината за скандалот поврзан со бегството на Блерим Рамадани, вистина која се крие од страна на МВР по секоја цена. Вистина која ја разоткрива целосната шема за тоа кој го организирал и овозможил бегството на Рамадани. И како всушност е партизирана и узурпирана државната граница со Косово од страна на структури од власта.Денес ќе поставиме прашања, и доколку Владата и МВР не се одважат да излезат и јавно да ја соопштат вистината за целата организација на бегството на Рамадани,, СДСМ ќе го објави целиот скандал. По сите информации кои ги имаме јасно е дека Владата и МВР точно знаат што се случило и молчат.Денеска го прашуваме Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и им даваме можност сами да излезат во јавноста со фактите, а потоа да започне процес на истрага и оставки од сите вклучени во скандалот со бегството на Блерим Рамадани.Прво, дали е точно, дека на 10.8., кога Рамадани бил во куќен притвор, тој всушност си бил на Косово? Дали е точно дека на тој ден околу 18 часот и 40 минути, Рамадани со возило, без да биде застанато на границата, бил однесен на Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија? Потсетуваме дека ги имаме деталите и секоја лага на Владата и институциите во однос на ова е кривично дело.Понатаму, прашуваме, дали е точно дека на 14.8 односно дента кога е избеган Рамадани, тој ја напуштил државата на ист начин со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите, а повторно пропуштен на граничниот премин без никаква контрола?Дали ова не значи дека не станува збор за бегствто, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции? Дали ова не е всушност партиско полициска организирана шема?Го прашуваме Тошковски, дали е можно човек баран со меѓународна потерница буквално да се шетал преку границата два пати додека де факто е во притвор кој треба да го обезбедува МВР?Која е улогата на МВР во овозможување на прошетките на Рамадани и негово конечно напуштање непречено на државата?Очекуваме одговори во следните 24 часа, доколку не ги добиеме, ќе ги објавиме сите информации од свиркачите кои ги добивме.”, вели Митко Трајчулески, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на нашиот мандат

,,Целата процедура како и исполнувањето на потребните предуслови за проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на мандатот на СДСМ.Благодарение на СДСМ денеска имаме дополнета, односно проширена позитивна листа со лекови кои им се потребни на граѓаните, меѓи кои и за висок притисок, срцеви заболувања итн.После цели 13 години СДСМ ја отвори оваа можност за современа и поефикасна терапија за граѓаните.Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, целосно усогласен со европските правилници.Минатата, 2023 година беше формирана и стручна комисија откако претходно беа усвоени нови критериуми.На тој начин за граѓаните се отвори можноста да имаат нови лекови а за фармацевтските компании да можат да почнат со навремена подготовка на документацијата.Актуелната власт само го заврши процесот во оваа фаза. За жал процесот не е комплетиран до крај.За да биде целосно комплетиран целиот процес потребно е оваа листа да се интегрита и да се дополни заедно со болничките лекови.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Обидот ЗНАМ да се дистанцира од ВРЕДИ е трагикомичен

,,Обидите на ЗНАМ и Максим Димитриевски да се дистанцира од Вреди се најблаго кажано трагикомични. Прво се посрамотија со тоа што најавуваа дека при првиот скандал ќе излезат од Владата а сега удобно си седат во фотељите после низа скандали.Сега дополнително се посрамутуваат и се обидуваат да фингираат некаква расправија со цел да ја намалат штетата. Тоа е навреда за граѓаните и оние кои им дадоа поддршка.Димитриевски ветуваше дека ќе биде контролор во власта на работата на албанските партии и фактор на стабилност, но се покажа дека тој не е никаков фактор и дека го интересираат само неколкуте функции кои ги доби од Мицкоски.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kuzeska

Кузеска: Граѓаните се чуствуваат небезбедно заради секојдневните убиства

,,За неколку месеци државата се претвори во Див Запад, небезбедно место каде сред бел ден се случуваат убиства во центарот на главниот град.Од вчера сме познати во регионалните медиуми по ништо друго освен по убиства и ова е состојба која е резултат на неспособноста на МВР и Тошковски.Веќе 8 убиства или обиди за убиства се случија откако е Тошковски министер а има разрешница само на едно. Ова ги охрабрува насилниците кога знаат дека нема ефективни истраги.ВМРО-ДПМНЕ наместо да манипулира и ја префрла вината кај СДСМ, да го смени Тошковски кој потфрли во секој поглед и да ги заузда криминалците и насилниците кои добија сила откако е ВМРО-ДПМНЕ власт.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Бараме оставка од Тошковски и детелна истрага за скандалот со злоупотреба на границата

,,На денешната прес конференција СДСМ ги објави информациите од свиркачите за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и скандалот со злоупотреба на граничниот премин Блаце. СДСМ побара оставка од Тошковски, декласификација на снимките од граничнниот премин и идетална истрага за скандалот.-Време е за одговорност, онаму каде што вистински е лоцирана, почнувајќи од министерот Тошковски па се до крај. Бараме целосно да се декласифицираат и да се објават снимките од граничниот премин Блаце за време на целиот ден. Граѓаните да видат кој се поминал без контрола но и да се види дали и други возила се пропуштаат на граничниот премин Блаце. Тоа ќе биде основа и за истражните органи да постапуваат. Бараме Тошковски да си даде оставка. На тој начин ќе остави простор истражните органи, Јавното обвинителство, во транспрентна постапка и без притисок да ја утврди одговорноста на сите инволвирани во овој голем скандал. ОЈО да отвори детлна истрага и овој скандал да има разрешница. Секој што го прекршил законот мора да одговара!, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Ова е голем скандал кој не значи само тешка злоупотреба на граничниот премин, туку и своеволие, прекршување на законите и потенцијлно направени кривични дела кои допрва треба да се истражуваат. Безбедноста на границите ни е нарушена а граничната контрола целосно суспендирана и ставена под партиска команда на ВЛЕН и ДПМНЕ. Ова е недозволиво и опасно за државата членка на НАТО и одговорност мора да има.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kuzeska

Кузеска: Наим Рамука, а не раководителот на смена е тој што одобрил незаконско поминување на граница

,,Под притисок на СДСМ, Панче Тошковски ги потврди сите објавени информации за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и пропустите на граничниот премин Блаце. Вчера, СДСМ им даде рок од 24 часа на Тошковски и МВР да бидат чесни и да објават како дошло до овој скандал и кој е вистински одговорен за тоа.Наместо Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат, кога веќе секако се фатени во скандалот и мораа да го признаат, тие се обидуваат одговорност да му ја натоварат на раководителот на смена на граничниот премин Блаце. Овој човек не е тој кој дал наредба да бидат пропуштени Гаши и сватовите без контрола.Затоа, СДСМ денес ќе ги објави сите податоци од свиркачите и ќе се дознае дека ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски лажат и се обидуваат да го скријат вистинскиот кривец и извршител во скандалот.Според нашите информации, наредбата ја издал новоназначениот началник на Центарот за гранични работи Север, Наим Рамука.Согласно информациите кои ги добивме, еден час пред да поминат Гаши и сватовите, Наим Рамука заради наводна контрола, дошол на граничниот премин. Во суштина Рамука дошол за да го обезбеди поминувањето без контрола на Гаши сватовите.Наим Рамука е човекот кој одобрил ваков излез од државата, а потоа и влез при враќање на поворката. Не човекот кој го обивнува Тошковски, раководителот на смена на Блаце, туку Рамука кој токму Тошковски го поставил за Началник на Центарот за гранични работи Север.Прашуваме, зошто Тошковски сака да го заштити Наим Рамука и го „мести“ раководителот на смена? Дали Тошковски повторно ќе се обиде да излаже и да го заштити својот нов началник на сметка на чесни луѓе кои си ја работат работата?До кога ќе траат лагите на МВР и ВМРО-ДПМНЕ? Ќе си поднесе ли конечно Тошковски оставка?Ова е голем скандал кој не значи само тешка злоупотреба на граничниот премин, туку и своеволие, прекршување на законите и потенцијлно направени кривични дела кои допрва треба да се истражуваат.Безбедноста на границите ни е нарушена а граничната контрола целосно суспендирана и ставена под партиска команда на ВЛЕН и ДПМНЕ. Ова е недозволиво и опасно за државата членка на НАТО.Време е за одговорност, онаму каде што вистински е лоцирана, почнувајќи од министерот Тошковски па се до крај.Прашуваме: Уште колку вакви примери има на злоупотреби, за пропуштање на возила и лица на граничниот премин без контрола?Затоа,1. Бараме целосно да се декласифицираат и да се објават снимките од граничниот премин Блаце за време на целиот ден.Граѓаните да видат кој се поминал без контрола но и да се види дали и други возила се пропуштаат на граничниот премин Блаце.Тоа ќе биде основа и за истражните органи да постапуваат.2. Бараме Тошковски да си даде оставка.На тој начин ќе остави простор истражните органи, Јавното обвинителство, во транспрентна постапка и без притисок да ја утврди одговорноста на сите инволвирани во овој голем скандал.3. ОЈО да отвори детлна истрага и овој скандал да има разрешница. Секој што го прекршил законот мора да одговара!”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања