„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_6411

Талески: Наместо одговорност Мицкоски и ДПМНЕ молчат за скандалите со Гаши, се враќа неказнивоста

,,Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе гласаат за интерепелацијата на претседателот на Собранието. Имаме обврска да застанеме на патот на башибозукот и безаконието коешто од првиот ден го промовираа партиите од власта.Ако имаа барем малку почит, ако сакаа барем малку да си го сочуваа образот, оваа интерепелација ќе дојдеше од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.Каде е денеска Мицкоски да порача дека никој не е над народот, законот и уставот, ќе има одговонрост? Нели така со полна уста ги уверувавте граѓаните дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност, дека секој што ќе работи спроривно од правилата и законот ќе одговара?За само два месеци се случија серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ а одговорност нема за никого. Во опозиција секоја изјава ја започнуваа со „одговорност“ сега седнаа во удобни фолтеји и веднаш ВМРО-ДПМНЕ ја смени плочата. Веднаш функционерите од власта станаа недопрливи. Знаете на што потсетува тоа? На 2016 година. Како што гледаме се враќа 2016 година и тоа на голема врата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не гледаат одговорност и кај никого од власта.Да почнеме по ред. Прво, се случи тежок безбедносен инцидент на аеродромот во Скопје. На 1 август, во 10.00 часот наутро, шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието, по налог на претседателот на Собранието, дошол на аеродромот, нападнал вработен на ТАВ и внимавајте, нападнал полицаец, го турнал, и се заканувал со пиштол.Спротивно на сите правила и прописи. Како во некој вестерн филм, како во Дивиот Запад. Значи шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието се стави над законите. Само затоа што било побарано претседателката на Косово да помине скенер. Е сега зашто тврдам дека се враќа 2016 година? Затоа што исто како во времето на Груевски и Мијалов прво преку МВР најпрво се обиде да го забошоти случајот кој се случил рано сабајле околу 10.00 часот.МВР на Тошковски не ја удостои јавноста со прес конференција, да кажат што се случило тој ден. Си молчеа, збор не зуцнаа. Веста касно вечерта на 1 август прво ја објавија националните медиуми, па дури потоа, вечерта пред полноќ искочи првична верзија на МВР.Со денови сите молчеа, каква одговорност, какви бакрачи, Мицкоски замижа со двете очи.Се молчеше и од Белиот дворец. Сите ги снема, занемеа, тотален молк.Дури откако темата се крена во јавноста и почнаа силни реакции МВР, под притисок на јавноста беше принудено нешто да направи и да соопшти што се случило.Шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието доби кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.Според пријавата Синани на први август претпладне стигнал со возило со полициска ротација.Излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.Се поднесе дициплинска постапка за шефот на обезбедувањето, но за политичка одговорност повторно молк. Толку.Иако во својот извештај, МВР констатираше дека обезбедувањето било незаконски испратено на аеродромот, со што одговорноста директно ја насочи токму кон Гаши кој ја дал наредбата на обезбедувањето.Токму со ова ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски требаше да бидат првите коишто ќе побараат одоговорност за Гаши после оваа констатација на МВР.Значи МВР, не СДСМ, не опозицијата, МВР контатираше дека надвор од своите надлежности претседателот на Собранието го испратил обезбедувањето на аеродромот по што следувал инцидентот.И да, точно е дека претседателот на Собранието нема надлежност да дава такви наредби. Обезбедувањето е под МВР, има Началник и пред него одговараат. Прекршени се десетина правила.Оттука, јасно е дека одговорност треба да има.И Мицкоски имаше шанса да побара политичка одговорност. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаа шанса да побараат политичка одговорност. Но не го направија тоа. Си молчите. Човек да се запраша дали сте вие истите од пред изборите?Заборавивте на се си ги погазивте сите свои ветувања.Го слушаме вчера премиерот Мицкоски вели барањето одговорност било глупост! Каква глупост, да не беше трагично ќе беше смешно.А внимавјате во какви глупости влегува министерот Тошковски. Наутро во извештај на МВР пишува дека имало незаконска наредба од Гаши, а вечерта го брани дека немало основа за одговорност.Ете колку малку требаше, за целата јавност да се увери дека со Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ нема правда, нема одговорност. Повторно високите функционери ќе бидат заштитени како бели мечки.Јас ве уверувам дека додека се на власт ниту еден фукнционер нема да одговара. Исто како што функционираше тандемот Груевски - МијаловНели секој функционер ќе одговараше? Ама овој инцидент не беше единствениот скандал.Се случи скандал и со употреба на службените возила на претседателот на Собранието на свадба во Косово. Потоа се случи уште поголем скандал со минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола.Станува збор за тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце и пропуштање на приватни возила и лица без контрола кои патувале во поворка заедно со Гаши и сватовите.Границата со Косово била отворена за службените возила на Гаши, но и за други приватни возила кои исто така биле дел од поворката по невестата.Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без контрола. Никој не знае во тие возила што поминало, што се носело преку границата. Класична злоупотреба на граничен премин и прекршување на законите.Затоа се поставува прашањето дали оваа граница воопшто постои?Под притисок на СДСМ, Панче Тошковски ги потврди сите објавени информации за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и ги призна сите пропусти на граничниот премин Блаце.Наместо Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат, кога веќе секако беа фатени во скандалот и мораа да го признаат, тие се обидоа одговорноста да му ја натоварат на раководителот на смена на граничниот премин Блаце. Овој човек не е тој кој дал наредба да бидат пропуштени сватовите без контрола.Наим Рамука е човекот кој одобрил ваков излез од државата, а потоа и влез при враќање на поворката. Рамука кој токму Тошковски го поставил за Началник на Центарот за гранични работи Север.Ова почитувана јавност е партиски договор на ДПМНЕ и ВЛЕН и јасно е денеска зошто нема одговорност за началникот на граничниот премин, ниту за Тошковски кој го поставил. Нема одговорност ниту за Претседателот на Собранието.И додека никој не одговара и не носи политичка одговорност ВМРО-ДМНЕ удри по полициските службеници кои работат на граничниот премин „Блаце“.Единствени казнети се полициските службеници со казни по процент на плата. Ова е тотална срамота.За инцидентот на аеродромот вината кај извршителот, удривте по самарот, за одговорноста на граница кај раководителот на смена, удривте каде што ви текна, само за да го заштитите партискиот дил меѓу ДПМНЕ и ВЛЕН.Какво лицемерие и лажење на граѓаните. Пред избори сите ќе одговараат, по избори пу пу не важи никој од власта не одговара. Е тоа е ДПМНЕ и ќе биде само полошо. Мицкоски ја враќа неказнивоста од 2016 ДПМНЕ ја на голема врата.Христијан Мицкоски ја пропушти првата шанса да се одважи и да го смени Гаши. Само така ќе докажеше дека си стои на својот збор за одговорност на политичарите. Еве шанса за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи тоа не го направија досега нека гласаат денеска. Ако не гласата нема да можат никого да обвинуваат за ништо. СДСМ нема да стои на страна, нема да дозволи повторно да се приватизира државата. Одговорност ќе има.”, вели претеникот Миле Талески за интерпелацијата на претседателот на Собранието.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: Секоја вечер има пукање, со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див запад

,,Синоќа ново пукање, уште едно во низата, а повредено е младо момче од 19 години со прострелна рана.Дополнително, во Струга, исто така во текот на вчерашната вечер околу 1 часот е запалено возилото на Началникот на полицијата.Ова е второ запалено возило на полицаец за кратко време, после палењето на возилото на инспектор од Виница. Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити.Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, се пука речиси секој ден, се палат возила на полицајци, има криминални пресметки. Хаос.Само пред 4 дена имаше исто така пукање во Арачиново. Пред 10 дена се случи убиство кај Мавровка, пред тоа во Чаир, Синѓелиќ, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица...А сторителите досега не се пронајдени. Од вкупно 8 убиства и обиди за убиства досега едвај едно има расчистено Тошковски. Криминалците бегаат од затворите, Тошковски не може да ги лоцира, на северната граница никој нема контрола се поминува како хотел Промаја.Улиците станаа небезбедни, граѓаните стравуваат за својата безбедност. Криминалците прават што сакаат.Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.Дали Мицкоски ќе собере храброст и да го повика на одоговрност Тошковски или ќе го брани?”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Откако родителите набавија школски прибор, Мицкоски ќе ги замрзувал цените на моливите

,,Мицкоски со денешната изјава дека на утрешната седница на Владата ќе се разгледувала можност за замрзување на цените на школските прибори, потврди дека е целосно одлепен од реалноста и си поигрува со граѓаните. Дали Мицкоски знае дека е почната школската година и дека родителите веќе ги набавија сите потребни материјали и прибор за своите деца?Не е за верување обидот на Мицкоски да ги изманипулира родителите дека ете Владата нешто ќе помогне за учениците. Платите не ги покачува, цените на прехрамбените производи не ги замрзува, но ќе ги замрзен цените на школскиот прибор кој е веќе набавен од мнозинството ученици и родители. Ова е потсмевање на маката на родителите и ништо друго.Додека соседните Србија и Црна Гора ги замрзнаа цените на прехрамбените производи, Мицкоски го уништува стандардот на граѓантие за да им угоди на компаниите. Не е ни чудо што наши сограѓани веќе патуваат за Србија за да набават основни производи за прехрана. ВМРО-ДПМНЕ секој ден докажува дека економската состојба и стандардот на граѓаните само ќе се влошуваат од ден во ден.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ ќе гласа за смена на Гаши

,,Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе гласаат за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши.За само два месеци се случија серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ а одоговорност нема за никого.Таков е случајот и со претседателот на Собранието.Имаше скандалозен инцидент на аеродромот во Скопје во кој меѓу другото обезбедувњето на Гаши нападна полицаец, се закануваше со пиштол и ги прекши правилата и законите.Во својот извештај, МВР контатираше дека обезбедувањето било незаконски испратено на аеродромот, со што одговорноста директно ја насочи токму кон Гаши кој ја дал наредбата на обезбедувањето.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски требаше да бидат првите коишто ќе побараат одоговорност за Гаши после оваа констатација на МВР.Се случи скандал со службено возило на свадба. Потоа се уште поголем скандал со минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола.Мицкоски ветуваше дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност доколку се докаже дека работел спротивно на правилата и законите а сега ревносно го брани Гаши после сите скандали.Политичката одговорност мора да има и затоа пратениците на СДСМ ќе гласаат за итерпелацијата а во дискусијата во македонското Собрание ќе ги изнесат сите аргументи.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6365

Трајче Стојчевски е нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Денеска, на 26-тата изборна конференција, едногласно од страната на младите социјалдемократи за нов претседател на СДММ – Социјалдемократската младина на Македонија е избран Трајче Стојчевски.Во обраќањето пред младите Стојчевски се заблагодари на довербата и порача дека одговорно и посветено ќе работи за обединување на прогресивните млади луѓе, унапредување на социјалдемократијата и враќање на СДММ на победничките патеки.-Обединети во нашата заедничка визија за праведно и правично општество, со еднакви можности, големи можности за младите, за подобро утре, за посветла иднина. Ние сме прогресивна младина, втемелена во верувањето дека светот може и мора да биде подобро место за сите. Нашата идеологија не е збирка на апстрактни верувања туку реалност, таа е моќна сила која ги води нашите постапки, нашите одлуки и нашата визија за иднината.Токму тоа е нашата водилка : Силна младина, незапирлива иднина. Предизвиците со кои се соочуваме се големи, но огромна е нашата решителност. , рече Стојчевски.Ново избраниот претседател на СДММ додаде дека социјалдемократите нема да дозволат никој да биде замолчен.-Ние сме генерација која одбива да биде замолчена. Нашата посветеност за социјалната правда, солидарност, праведност, еднаквост и слобода за сите не е само минливо чувство, тоа е самиот темел на нашиот социјалдемократски идентитет. Ние се бориме за едно општество за сите, без разлика на родот, етничката припадност, религијата, сексуалната ориентација, попреченоста, социјалното потекло или економскиот статус. Ние сме носители на идеологијата која се стреми да ги подигне маргинализираните, се бориме против елиминација на сите форми на дискриминација, да обезбедиме секој поединец да има можност да го достигне својот целосен потенцијал. Приоритет ни е родовата еднаквост. Веруваме во солидарна заедница, во која секој дава се од себе и секој помага секому. Токму затоа јавните услуги, образованието, здравството и правдата мора да бидат квалитетни и достапни за сите без исклучок, рече Стојчевски.Власта по само неколку месеци го покажа своето вистинско лице, ветуваа блескава иднина, а веднаш ги погазија дадените ветувања, ја предадоа довербата на граѓаните, кажа Стојчевски, зборувајќи за катастрофалниот почеток на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.Стојчевски потекнува од локалниот клуб на СДММ Штип, досега ги има поминато сите скалила во младината, бил член на Извршниот одбор на локалниот клуб, потоа Претседател а досега ја извршуваше и функцијата Потпретседател на СДММ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: Фијаско се политиките на ДПМНЕ, наставниците бараат повисоки плати

,,Единствено фијаско се погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот во сите сфери. СДСМ без помпа и слободно излезе денес да ги поддржи наставниците кои бараат повисоки плати кои ги заслужуваат. Притисоците кои го прави ВМРО-ДПМНЕ и навредите кон оние кои се противат на лошите политики се одраз на стравот од оние кои се надеваа на праведност и почит - просветните работници.Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија.Иако им ветуваа поголеми плати на наставниците како опозиција, само што седнаа во фотелјите ја сменија плочата и сега велат нема пари. Тоа веќе не е фијаско туку се вика лажење!СДСМ 7 години ги покачуваше платите на наставниците дури и во ковид кризата и за време на енергетската криза. Секој септември се покачуваа платите на наставниците и кумулативно зголемувањето достигна 55%.Мицкоски и ДПМНЕ го погазија достоинството на наставниците кои се клучна алка за подобар образовен процес на идните генерации.Доста се правдате и лажете по прес конференции од белиот дворец, земете работете и покачете ги платите на наставниците.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_2695

Филипче: Поддршка за наставниците, во буџетот има пари за поголеми плати

“Денес сум тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлукатa на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на раст на плати.Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати и би рекол понижени и запоставени од Владата”, вечи Венко Филипче, претседател на СДСМ и додава:Мицкоски јасно покажува дека го запоставува образованието, ги запоставува оние кои ни ги учат и воспитуваат децата.Оправдувањата дека нема пари во буџетот се неприфатливи.Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори.Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во царина и така натаму.Буџетот има пари, но платите не се приоритет. Ако имаше средства во времето на СДСМ, и тоа во најголемите светски кризи, здравствена, економска, енергетска како нема пари овој септември за да се покачат платите на просветните работници.Овој собир пред почетокот на учебната година е алармирање на власта за погрешните политики во образованието.Апелирам Владата да се соземе и сфати дека без редовно покачување на платите, во услови кога цените растат и тие не ги контролираат како тоа што го правеше СДСМ, животниот стандард ќе паѓа.Економијата нема да расте како што најавуваат и ќе создадат се потежок живот за граѓаните и работниците.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

,,Нема оправдување – Покачете ги платите!“, СДСМ утре организира собир на наставници и просветни работници.

Под мотото „Нема оправдување – Покачете ги платите!“, СДСМ, преку Комисијата за образование утре, 1 септември, организира собир на наставници и просветни работници.Собирот е закажан да започне во 11.30 часот пред Министерството за образование и наука.На собирот ќе се искаже револтот од погрешните политики во образованието од страна на Владата на Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска.„Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта да ги промени погрешните политики“, апелираат од СДСМ во повикот за собирот.

Македонија | пред 1 година

IMG_6199

Шутаров: Проектот за БТР е одговорност на мнозинството во Советот од ВМРО ДПМНЕ

Кај Советот на град Скопје избран во 2021 година лежи одговорноста за јавниот превоз во однос на ново модерно еколошко трансформирање од сегашниот јавен превоз, нешто сосема ново што ќе одоговори и ќе ги задоволи потребите на граѓаните на градот Скопје, истакна советникот на СДСМ Гордан Шутаров на денешната седница на советот на Град Скопје.Шутаров, побара став од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која партија сега ја практицира централната власт, бидејќи за проектот БРТ има донесено закон во Собранието.Овој проект е одговорност на оваа централната власт, не може да нема став за нешто за што се добиени пари, течат камати за неисполнување на обврските, кои владата треба да ги плати, за проектот којшто треба да добие зелено светло од Советот на град Скопје, рече Шутаров, додавајќи дека финансиските обврски за БРТ, кој е европски проект, стануваат оптоварување и за град Скопје и за владата.Шутаров нагласи дека СДСМ јасно, гласно, транспатентно и недвосмислено како и досега образложено ќе гласа за БРТ и за набавка на нови еколошки автобуси.Треба да почне постапка која ќе овозможи нови автобуси, не за ден-два, туку година/две, а овој совет ќе го заврши мандатот. Ние треба да оставиме нешто позитивно за идниот совет на Град Скопје, истакна советникот на СДСМ Гордан Шутаров и запраша до каде е најавеното сервисирање на 30 автобуси, со оглед на тоа дека започнува учебната година, во тек се уписите на студентите.

Македонија | пред 1 година

IMG_6303

Јанчева: СДСМ е на страна на скопјани, ДПМНЕ ако добила согласност да ги гласа програмите

Советничката на СДСМ Љубица Јачева на денешната седница на Советот на Град Скопје истакна дека програмите треба да бидат усогласни согласно ребаланост усвоен на минатата седница, доколку постои искрена желба содржаното во програмата да биде реалзирано до крајот на годината.Советничката група на СДСМ и коалицијата ќе ја поддржи програмата, се надевам и мнозинството во Советот, доколку добило зелено светло од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Јачева.Во однос на наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека доставувале предлози за ослободување од комуналии, Јачева потсети дека тие се доставуваат само врз основа на усвоена програма за уредување.Доставувате точки за ослодобување од комуналии крајно популистички, без пресметани суми, па го доведовте овој совет во неблагорадна состојба да гласа и да „одгласува“, односно да носи решенија за непостапување. Само јавноста да знае колку е искрена желбата ВМРО-ДПМНЕ општините да бидат ослободени од комуналии, истакна советничката на СДСМ Љубица Јачева.

Македонија | пред 1 година

IMG_6303

Јанчева: ВМРО ДПМНЕ да ја прекине блокадата на Советот и да ги гласа клучните проекти за Скопје

,,Скопје цели три години е заглавен град на кој му се случува историска катастрофа која му ја нанесоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Прво ја донесоа Арсовска на градоначалничката позиција, а потоа откако се испокараа за рацете во медот почнаа да ја блокираат работата на Град Скопје, преку мнозинството во Советот.Затоа Скопје е во ваква хаотична состојба.Наместо да носат одлуки и да работат за доброто на скопјани, оние кои го уништија Скопје веќе подолг период меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани, кој е крив за хаосот што тие го направија.Тоа денеска треба да заврши. Ниту ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ниту пак Арсовска не можат да побегнат од одговорноста за хаосот што го направија во Скопје.Советничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на Советот очекува препукувањата за тоа кој е крив да завршат конечно и колку толку во периодот што следи, до крајот на мандатот, да направат нешто за Скопје и скопјани. Затоа впрочем и беше средбата на Арсовска со Мицкоски.Од ВМРО ДПМНЕ како мнозинство и од Арсовска очекуваме конечно да се усогласат, да се договорат и да ги поддржат проектите и програмите кои се во интерес на скопјани.Наместо блокади, ВМРО ДПМНЕ, во Советот, да ја поддржи Одлуката за потреба од набавка на нови еколошки автобуси кои заедно со Арсовска им ги ветија на скопјани, како што заедно го ветија и бесплатниот јавен превоз, за кој абер нема да се реализира.Понатаму, очекуваме да го поддржат проектот за модерен, еколошки транспорт БРТ.И секако, да ги изгласаат програмите кои се неопходни за да функционира Град Скопје.Да ја поддржат:Програмата за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена; Програмата за заштита на животната средина,Програмата за активности од областа на сообраќајот; Развојниот план за јавен превоз на патници во Град Скопје;Програмата за локален економски развој;Програмата за заштита на Парк на природата Гази Баба;Програмата за заштита на природата за Заштитен предел Водно;Програмата за енергетска ефикасност...И сите измени и дополни на Програмите кои произлегуваат од Ребалансот на буџетот кој е изгласан.Заглавени се бројни и значајни проекти. Скопје е во тотален хаос, скопјани тоа не го заслужуваат.Блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета и мора да прекинат.Скопје се дави во смет, нечисто е, секојдневно никнуваат нови депонии...нема траг од исчистените 82 во првите 82 дена... нема ново зеленило, нема нови велосипедски патеки, нема нови булевари... нема ништо од ветеното во програмата "За модерно Скопје"Јавниот превоз е во катастрофална состојба и пред колапс, недостасуваат стотина автобуси за редовното одвивање на возниот ред, а тие што ги има се нередовни, се расипуваат па дури и се палат со што е се и небезбедни.Се наоѓаме пред стартот на новата учебна година, изгласувањето на одлуките е најмалку што во овој момент може да направат ДПМНЕ и Арсовска.Советничката група на СДСМ и коалицијата е и ќе биде конструктивна, како опозицијата во Советот.Ќе ги поддржиме овие одлуки, за доброто на скопјани.”, вели Љубица Јанчева од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

,,Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на заменичките места, на двојните директори а во Царина сакаат да воведат уште еден, втор заменик директор.Ете такви законски измени предлагаат ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието.Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па си измислуваат позиции заменик на заменик директор.Досега вакво нешто е невидено ниту чуено, Царина да има директор, заменик директор и уште еден, втор заменик директор.Кого ќе заменува вториот заменик во Царина? Директорот, заменикот директор или самиот себе?Очигледно гладни се коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ па освен ВЛЕН треба да има заменик и за ЗНАМ.Наспроти бомбастичните најави за рационалност и намалување на позициите власта штанца директорски позиции само заради задоволување на партиските апетити.Нема пари за плати на работниците ама има пари за нови измислени позиции?Бараме ВМРО ДПМНЕ да го повлече катастрофалниот Закон во Собрание.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Ново пукање, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

,,Синоќа се случи уште едно во низата пукања, овој пат во Арачиново, има и тешко повредени. Со Тошковски на чело на МВР и ДПМНЕ во власта улиците станаа небезбедни, се пука на секој чекор. Криминалците напаѓаат по улиците затоа што немаат страв од Тошковски.Пред една недела имаше пукање со убиство кај Мавровка, пред тоа во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица...Ниту трага ниту глас од сторителите, од 8 убиства и обиди за убиства досега Тошковски има едвај едно расчистено.Тошковски нема контрола ниту над северната граница која е предадена на приватно управување на ВЛЕН. Таму не се знае што се случува и како се поминува. Криминалците бегаат од затворите а Тошковски не може да ги лоцира.Ќе побара ли денеска Мицкоски одоговрност од Тошковски или ќе го брани и понатаму?Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи и Тошковски после сите скандали треба да си поднесе оставка.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Владата ги излажа пензионерите, но ќе ја наруши и стабилноста на ПИОМ

,,Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе ги зголеми пензиите за сите пензионери за 5.000 денари. Но ова ветување не само што не се исполни, туку и го постави прашањето за долгорочната стабилност на Фондот на ПИОМ.Во реалноста, пензионерите ќе добијат покачување од само околу 1.000 денари, што е далеку од она што им се бетуваше и далеку од очекувањата и потребите на најранливата група во општеството.Кога Мицкоски најави покачување на пензиите за 5.000 денари, многу пензионери поверуваа во тоа и очекуваа да се случи, за подобрување на животот во услови на растечки цени на основните потреби.Но, со последната одлука на владата, пензионерите беа изненадени и разочарани кога разбраа дека на своите сметки нема имаат дополнителни 5.000 денари во септември.На пензионерите секако им следува покачување на пензиите во септември, а потоа и во март согласно методологијата за постојан раст на пензиите. На тоа покачување кое секеко им следи власта додава само 1.000 денараи а не 5.000 денари како што ветуваше.Оваа разлика од 4.000 денари не е само обичен математички пропуст, туку показател за начинот на кој владата на Мицкоски сака да ги користи пензионерите како инструмент за политички поени. Многумина пензионери веќе изразија незадоволство од ваквата измама, оценувајќи ја како удар на веќе кревкото доверие во институциите.Покрај ветувањето кое не беше исполнето, постои и поголем проблем кој произлегува од актуелната политика на линеарни покачувања на пензиите. Имено, ваквата практика, без разлика на балансот на придонесите, претставува значителен ризик за стабилноста на ПИОМ.Линеарните покачувања создаваат дополнителен финансиски притисок врз фондот, кој се соочува со проблеми во одржливоста. Зголемувањето на износите кои ПИОМ треба да ги исплаќа секој месец, во услови на ограничени приливи од придонеси, може да доведе до ситуација каде фондот нема да биде во можност да ги исполни своите обврски кон пензионерите.Политиките на владата на Мицкоски, носат со себе сериозни долгорочни последици. Ако ПИОМ се најде во ситуација на недостаток на средства, владата ќе мора или да ги намали пензиите или да бара дополнителни извори на финансирање, што пак ќе значи поголеми даноци или нови задолжувања на државата.Во секој случај, последиците ќе ги почувствуваат сите граѓани, а најмногу оние кои се најзависни од пензиските примања – пензионерите. Неисполнетото ветување за зголемување на пензиите не само што ги остави пензионерите со огорченост, туку и го доведува во прашање иднината на пензискиот систем.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

Разчараност кај наставниците, СДСМ ги зголеми платите за 55% а со ДПМНЕ ништо, 0%, велат СДСМ

,,Голем е револтот, но и разочарувањето на просветните работници од власта на ДПМНЕ.Наставниците во септември нема да го добијат очекуваното зголемување на платите од 12%, иако Мицкоски и ДПМНЕ тоа го ветуваа.ДПМНЕ го погази ветувањето за унапредување на образованието.Секој знае дека нема квалитетно образование без инвестиција во образовниот кадар.Вложувањето во наставниците е инвестиција во иднината на нашите деца, но и на целата држава.Но, Мицкоски и Јаневска немаат концепт за образование, ниту има намера да ги зголеми платите на наставниците. Повторно, ДПМНЕ во сите работниците гледа евтина работна сила.Владата на СДСМ во време на најголема здравствена и економска криза ги покачуваше платите.Со СДСМ наставниците секоја година, во септември, новата учебна година ја започнуваа со повисока плата.Во септември 2019 и 2020 година добија покачување по 5 отсто, во септември 2021, 10 отсто. Во септември 2022 и 2023 година СДСМ ги покачи платите во образованите на два пати по 15 отсто.Кумулативното, СДСМ ги зголеми платите во образованието за над 55 отсто.СДСМ и денеска е на страна на наставниците. Бараме Владата на Мицкоски да го исполни ветувањето и платите да им бидат покачени. Пари има! Во прашање е определување на приоритетите каде тие пари ќе се вложат.На наставниците им следуваат повисоки плати и обврска на Мицкоски и неговата влада е тоа зголемување да го реализира.Идните генерации, учениците заслужуваат квалитетно образование, опремени училишта и секако задоволни и ценети наставници, кои ќе ги образуваат и инспирираат.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања